You are on page 1of 10

Здравствено образование

Универзитет „св. Кирил и Методиј“ - Скопје

Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“

Предмет: Здавствено образовние


Тема: Сипаници

Ментор: Изработил:
Проф. Др. Билјана Глигорова Теодора Стојоска 11517

Скопје,2019

1
Здравствено образование

Содржина

 Вовед..........................................................................................3
 Главен дел...................................................................................4
- Мали сипаници...................................................................4-5
- Варичела..............................................................................5-6
- Рубеола.................................................................................7-8
 Завршен дел.................................................................................9
 Коритена литература....................................................................10

2
Здравствено образование

Вовед

Сипаниците се средно тешки болести од групата на исипни грозници. Истите се


карактеризираат со многу висок степен на контагиозност (повеќе од 75-85%). Денес се
поретко се јавуваат благодарение на задолжителната имунизација. Од сипаниците често
се јавуваат морбилите (мали сипаници), варичелата и рубеолата.

3
Здравствено образование

Главен дел

Малите сипаници (морбили) се вирусна болест која може да има сериозни компликации.
Во минатото, малите сипаници многу често се јавуваа во детството. Денес, малите
сипаници ретко се јавуваат поради вакцинирањето.

Симптоми:Првите симптоми се треска, умор, кашлање, течење на носот, болни и црвени


очи и пациентот не се чувствува добро. Неколку дена после тоа се јавува осипување на
кожата. Осипот започнува на лицето, потоа се проширува надолу по телото и трае 4-7
дена. Најмногу една третина од лицата со мали сипаници имаат компликации. Тие
вклучуваат воспаление на ушите, дијареја (пролив) и пневмонија и може да биде
потребна хоспитализација. Кај околу од 1000 лица со мали сипаници се јавува
енцефалитис (воспаление на мозокот).

Слика 1. Мали сипаници (морбили)

Пренесување на болеста: Малите сипаници обично се пренесуваат со вдишување на


вирусот на мали сипаници кој во воздухот го исфрлило заразено лице преку кашлање или
кивање. Малите сипаници се една од најлесно преносливите од сите болести кои се

4
Здравствено образование

јавуваат кај човекот. Доволно е да се биде во иста просторија со лице кое има мали
сипаници за да може да се добие болеста. Лица кои имаат мали сипаници обично се
заразни од денот пред да се појават симптомите до четири дена откако ќе се појави
осипот. Периодот од моментот кога лицето е изложено на вирусот додека се разболи
обично изнесува 10 дена. Осипот обично се јавува околу 14 дена после изложување на
вирусот.

Спречување на болеста: Најдобра заштита од мали сипаници е вакцинирање со две дози


на ММР вакцината. Оваа вакцина овозможува заштита против инфекција со мали
сипаници, како и против заушки и рубеола. Првата доза на ММР вакцината треба да се
прими кога децата се на возраст од 12 месеци, додека втората доза се прима на возраст
од 4 години.

Лекување на малите сипаници:

Варичела Овчите сипаници се вирусна инфекција која ја предизвикува херпесзостер


вирусот (исто така познат како варичела-зостер вирус). Кај децата таа обично
предизвикува релативно лесна болест. Овчите сипаници може да бидат сериозна болест
кај возрасните лица и лицата со потиснат имунитет. Заразувањето во текот на бременоста
може да предизвика деформации на фетусот, лузни на кожата и други проблеми кај
бебето.

Симптоми: Болеста започнува ненадејно со малку покачена температура, течење на


носот, општо чувство на слабост и осип на кожата. Осипот обично започнува со мали
пликчиња кои се развиваат во меурчиња и после тоа се формираат красти. Осипот се
јавува во период од три до четири дена. Во било кој даден момент, раните се наоѓаат во
различна фаза на развој. Симптомите обично се јавуваат две недели откако лицето било
изложено на вирусот. Повеќето луѓе оздравуваат без никакви компликации, меѓутоа
понекогаш инфекцијата може да води кон сериозни компликации, на пример, пнемвонија
и воспаление на мозокот. Ретко, болеста може да биде смртоносна.

Пренесување на болеста: Во почетната фаза на болеста, вирусот се пренесува со


кашлање. Во подоцнежна фаза на болеста, вирусот се пренесува преку директен контакт
со течноста во меурчињата. Инфекцијата е многу заразна за лицата кои не прележале
овчи сипаници или кои не се вакцинирани. Луѓето се заразни од еден до два дена пред да
се појави осипот (тоа е во фазата кога им тече носот) и до пет дена откако ќе се развие
осипот (кога меурчињата формираат красти). Инфекцијата го активира имунитетот и
луѓето ретко повторно заболуваат од овчи сипаници.

5
Здравствено образование

Малите сипаници се лекуваат со одмор, пиење течности и парацетамол при висока


температура може да помогнат за некои од симптомите. Запаметете да се држите понастрана од
други луѓе, за да не ги заразите.

Слика 2. Варичела

Спречување на болеста: Се препорачува бесплатно вакцинирање на сите деца на возраст


од 18 месеци и на децата во првата година од средно училиште кои не примиле вакцина
против овчи сипаници и кои не ја прележале болеста. Вакцинирање исто така се
препорачува за лица над 14-годишна возраст кои не се отпорни на болеста. Оваа вакцина
се дава во 2 дози, на временско растојание од 1 до 2 месеци. Таа посебно им се
препорачува на лицата кои се изложени на голем ризик од болеста, на пример,
здравствени работници, лица кои живеат или работат со мали деца, жени кои планираат
да забременат и лица со потиснат имунитет кои живеат во исто домаќинство и се во
контакт со заразеното лице.
Варичелата може да се лекува со посебни антивирусни лекарства, на пример, со ацикловир.
Вашиот доктор од општа пракса може да ви даде совети на кои начини можете да ја намалите
нелагодноста која е поврзана со симптомите на инфекцијата. Овчите сипаници обично поминуваат
без лекување.

6
Здравствено образование

Рубеола е заразна вирусна болест која се јавува кај луѓето. Иако кај повеќето луѓе болеста
е умерена, во раната бременост таа може да предизвика вродени дефекти на фетусот или
спонтан абортус.

Симптоми на болеста: Симптомите на рубеола може да вклучуваат умерена треска, осип,


течење на носот, болно грло и често, отечени лимфни јазли. Исто така често се јавуваат
болки во зглобовите, посебно кај жените. Во ретки случаи, рубеолата може да се
комплицира со намалување на бројот на крвните плочки (тромбоцитопенија) што може
да предизвика крварење, или со енцефалитис (воспаление на мозокот).

Слика 3. Рубеола

Пренецување на болеста: Рубеолата се пренесува преку капки од носот или устата на


заразеното лице или со директен контакт. Од рубеола лесно се заразуваат лица кои не се
вакцинирани или кои претходно не ја прележале болеста. Периодот откако лицето било
изложено на вирусот до појавата на болеста обично изнесува од 14 до 21 ден. Лицата
заболени од рубеола обично се заразни седум дена пред да се појави осипот и четири
дена после тоа.

Спречување на болеста: Лицата со рубеола треба да останат дома најмалку четири дена
откако ќе се појави осипот и треба да избегнуваат контакт со лица кои не се имуни на
болеста. • Најдобра заштита од рубеола се постигнува со вакцинирање со ММР
вакцината, која штити од заболување од мали сипаници, заушки и рубеола. ММР
вакцината треба да им се даде на децата кога тие се на возраст од 12 месеци и четири

7
Здравствено образование

години. Со две дози од ММР вакцината се постигнува заштита од рубеола кај над 99
проценти од вакцинираните лица. ММР вакцината е безбедна и ефикасна вакцина која
долго време се користи насекаде низ светот. И покрај тоа што многу од постарите
возрасни лица се отпорни на рубеола затоа што биле вакцинирани или заразени како
деца, младите возрасни лица (посебно мажите) може да не се вакцинирани.
Вакцинирањето против рубеола е многу важно за жените (и мажите) на возраст кога може
да имаат деца за да се намали шансата бремените жени да дојдат во контакт со рубеола и
да се заразат. Многу е важно за сите жени кои планираат да забременат да знаат дали се
отпорни на рубеола. Жените кои планираат да забременат треба да направат крвна слика,
тоа може да го направи нивниот локален доктор, за да проверат дали се заштитени од
рубеола. Бремените жени не треба да примаат вакцина против рубеола и треба да се
избегнува забременување еден месец после примањето на вакцината.

Лекувањето на симптомите на рубеолата вклучува одмор и пиење многу течности.

8
Здравствено образование

Заклучок

Сипаниците со текот на времето се искорениле, но родителите денес се почесто одбиваат


да ги вакцинираат своите деца против сипаници и поради тоа голем е ризикот да се
вратат веќе искоренетите болести кои што можат да предизвикаат и смрт. Затоа
докторите препорачуваат да се вакцинираат децата се со цел да се избегнат овие болести
повторно да се искоренат.

9
Здравствено образование

Користена литература

1. http://www.mhcs.health.nsw.gov.au/publicationsandresources/pdf/publication-pdfs/doh-
8370/DOH-8370-MAC/at_download/file

2. http://www.mhcs.health.nsw.gov.au/publicationsandresources/pdf/publication-
pdfs/parenting/8400/doh-8400-mac.pdf

3. http://www.mhcs.health.nsw.gov.au/publicationsandresources/pdf/publication-
pdfs/diseases-and-conditions/8430/doh-8430-mac.pdf

10

You might also like