You are on page 1of 3

ООУ ,,Страшо Пинџур,, – Скопје

ПЛАН ЗА ДОМАШНА РАБОТА ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК за VI,VII, VIII, IX ОДД.

УЧЕБНА: 2020/2021 год.

ПОДГОТВИЛА
Елена Јованова
Цели на домашната задача

Учениците:

• Учениците, преку домашната задача да ја продолжат работата на часот;


• Учениците да се оспособат за самостојна работа;
• Кај учениците да се стекне работна навика;
• Учениците да ги утврдат знаењата, вештините (организациски, управувачки) и навиките;
• Кај учениците се поттикнува и развива чувство на независност, одговорност;
• Кај учениците да се развие чувство за одговорност кон работата и учењето што се
придонесува во насока на подготовка за самообразование
• Учениците да се научат да прибираат информации преку интернет или друга литература, за
соодветните теми;
• Ги насочуваат учениците,да дадат соодветна повратна информација;
• Претставуваат одлична можност, семејството да дознае повеќе за животот на своите деца
во училиштето (да се оствари поголема кохезија меѓу училиштето и домашната средина);
• Да се развијат способност за саморасудување и саморазмислување;
• Учениците да станат свесни за своето знаење

Продобивки од домашните задачи


 Се потикнува и се развива независност, одговорност,се развиваат организациски и
управувачки вештини, се стекнуваат работни навики
 Се развиваат вештини, способности за саморасудување и саморазмислување
 Учениците стануваат посвесни за своето знаење и сфаќаат дека училиштето не е
единственото место каде може да се дојде до информација

Обем и времетраење
При задавањето на домашните задачи секогаш треба да се има предвид да не биде
узурпирано слободното време кое им е потребно на учениците за релаксација по напорниот ден на
училиште. Односно, секогаш треба да се внимава на тоа да не дојде до оптоварување на учениците
и создавање одбивност кон нивноѐто изготвување.
Во однос на времетраењето, бидејќи се работи за ученици од вториот период одосновното
училиште, тоа ќе се движи од 30-90 мин во согласност со „Упатството за начинот и формата на
подготвување, планирање, задавање, реализирање и следење на домашните задачи на учениците во
основно образование„ .

Подготовка и планирање:
Истите ќе бидат планирани и подготвувани во текот на планирањето и подготовката на
наставните содржини во согласност:
- Наставната програма од соодветниот наставен предмет и очекуваните резуллтати од
учењето;
- Индивидуалните способности и развојните карактеристики на учениците {на тој начин
учениците ќе можат самоуверено да ги решат поставените проблеми и ќе одат чекор
напред во напредуваат и/или за учениците со посебни образовни потреби и задачи за
учениците кои сакаат поголем предизвик и/или надрените и талентираните ученици };
- Пристапот на учениците до ресурсите доколку подготвува домашна задача која бара
прибирање информации, истражување, анкетрирање и слично.

Следење, проверување и вреднување на домашните задачи


- Проврување од страна на одговорен ученик, секојдневно и периодично
- Повремено проверување од страна на наставник
- Читање/презентирање на домашната задача-повремено
- Праќање на маил и редовна праверка
Со што наставникот добива информаија за тоа, што
- научил ученикот од темата и дали таа била добро разработена и совладана,
- од претходите домашни, се гледа какви нови задачи може да се зададат
- како е решена домашната,може да се согледа што не е разбрано од страна на
ученикот
- кои чекори треба да се превземат во иднина за учениците да бидат поуспешни и
посамостојни во реализирањето на домашните задачи.
Повратаната информација за домашните задачи ќе биде усна или писмена и тоа
- од корективна природа,
- навремено ддена и
- според соодветно даден критериум.

You might also like