You are on page 1of 7

Дејствието во ова вонвременско дело ја следи животната линија на младиот Рафаел,

студент без илузии – човек чија животна смисла е бесповратно изгубена поради
незадоволството што му го пружил истиот живот. Тргнувајќи од зачетната точка на
беспарица и безизлез, заклучокот кој несвесно го донесува е решение без точка на
враќање: исполнување на сопствениот суицидален нагон.

Но, токму истиот тој живот е непредвидлив и полн со изненадувања – во маргините на


темната вечер низ француските улици, ретроспекцијата кон минатото која му го обвиткува
срцето со копнеж, спречувањето на кобниот чекор се врши преку запознавањето на еден
сомнителен трговец, кој му нуди необичен прозивод кој ќе му го реши проблемот. Парче
кожа кое има чудесна моќ… оној кој ја поседува кожата, парче шагрин (француски – тага,
душевно страдање), ќе има се; но, за возврат, кожата ќе стане негов господар. Со секое
исполнување на извесните желби, таа постепено ќе се намалува, а со самото тоа, ќе се
намалуваат и деновите во животот на нејзиниот сопственик. Без да предвиди, Рафаел само
го одложува своето самоубиство… станува богат, познат, среќен, исполнет. Околу него
задоволства кои предизвикуваат завист, жени чија топлина се пренесува во неговата
постела, партиципација во општествениот живот во целост – се додека не сфати дека она
материјалното, во суштина, не ја заменува празнината во неговото срце. Тоа што не е сакан
и почитуван, туку предмет на лицемерие и зајадливост. Љубовта која отсуствува од
неговиот живот е долгот кој никогаш не ќе може да го исплати на неговата Полина.
Пријателство кое прераснува во нежност – наспроти страста која го врзува за една
бездушна жена. Одбивајќи да се присети на условот со шагринската кожа, Рафаел влегува
во дуел со животот.

Освестувањето означува чин на фаталност: свесен и неспособен да ги препознае и зграби


вистинските вредности во животот, ја губи Полина како што го губи животот.
Предностите од материјалното до духовното, од цената до вредноста, од сигурноста до
хармонијата – пресликани во животот на еден млад несреќниќ, со универзаелна поента…
животот е најскапоцената категорија која ја поседуваме.

„Шагринска кожа“ содржи три поглавја:

         „Амајлија“ („Le Talisman“),

          „Бездушна жена“ („La Femme sans cœur“) и

          „Умирање“ („L’Agonie“).

      Првото издание содржи предговор и „Моралност“ („Moralité“) кои се отстранети во


понатамошните изданија.

Епилог се појавува веднаш по последното поглавје…


           Арапски  натпис кој се наоѓа на шагренот и кажува дека споственикот ќе ги
„поседува сите нешта“.

        „Амајлија“ започнува со заплетот од „Последниот Наполеон“: младо момче по име


Рафаел де Валентин ги вложува своите последни пари и по нивното губење решава да си
го одземе животот, фрлајќи се во реката Сена. Но по патот, решава да влезе во една
несекојдневна продавница исполнета со интересни работи од целиот свет. Продавачот,
постар човек, му покажува парче шагринска кожа закачена на ѕидот. Старецот кажува дека
на кожата има „ориенталски“ натпис, за кој старецот вели дека е „санскрит“, но всушност е
арапски. Старецот тврди дека кожата ја исполнува секоја желба на нејзиниот сопственик,
намалувајќи се со секое исполнување. Рафаел не слушајќи го предупредувањето на
старецот веднаш ја зема кожата и посакува да се најде на кралски банкет исполнет со вино,
жени и пријатели. Во истиот момент неколку негови познаници и пријатели го повикуваат
на ваква забава. Тие поминуваат часови во јадење, пиење и зборување.

        Втората глава, „Бездушна жена“, е раскажана како еден вид на ретроспектива од


гледна точка на Рафаел. Тој на својот пријател Емил почнува да му ги раскажува своите
денови како студент, живеејќи во сиромаштија со постара стопанка и нејзината ќерка
Полина, залудно обидувајќи се да го освои срцето на прекрасната но ужасна жена по име
Фоедора. Патем бил подучуван од постар човек по име Растињак, кој го охрабрувал да се
потопи во светот на високото друштво. Користејќи ја љубезноста на неговите стопанки,
Валентин успева да се пробие во кругот на пријатели на Фоедора. Не можејќи да го освои
нејзиното срце, се претвора во мизерениот и разочаран човек најден на почетокот на
„Амајлија“.

       Дејството во „Умирање“ се случува неколку години по случувањата во првата и


втората глава. Валентин користејќи ја својата амајлија се здобил со големо богатство, но
на кожата како и на неговиот живот им се ближи крајот. Целата ситуација предизвикува
тој да почне да паничи, уплашен од самата помисла дека следната желба ќе му донесе
смрт. Тој го организира својот дом со цел да избегне да посака нешто: неговиот слуга,
Џонатан, подготвува храна, облека и посетители секогаш кога е потребно. Некои работи
надвор од неговата моќ го тераат да посака уште желби а со тоа кожата станува речиси
невидлива. Очаен, болниот Рафаел бара начин повторно да ја зголеми кожата, и оди во
топла бања со надеж дека ќе си ја поврати моќноста.

          Со кожата помала од лист на зеленика, тој е посетен од Полина во неговата соба, која
му изјавува љубов. Кога ја дознава целата вистина за кожата и дека нејзината улога во
неговиот живот е пресудната, таа се стаписува. Рафаел не можејќи да ја контролира својата
желба за неа причинува таа да избега во соседната соба за да му го спаси животот. Тој
тропа на вратата и ѝ изјавува љубов како и желба да умре во нејзините прегратки. Таа, во
меѓувреме, се обидува да се убие за да го ослободи од неговата желба. Тој ја крши вратата,
тие ја свршуваат нивната љубов во жесток момент на страст и тој умира.

Анализа на лик( Шагринска кожа- Оноре де Балзак)

Шагринска кожа е роман напишан од францускиот автор О.д.Балзак. Во романот е


раскажан тешкиот живот на Рафаел де Валентин којшто бил спремен да го згасне својот
живот, но со еден настан тоа све се менува. Ова дела спаѓа под филозофските дела коишто
бараат многу размислување за да се сфатат.
   Рафаел е  француско момче кое со негова голема несреќа ќе ги изгуби сите пари. Поради
тоа тој се чуствувал депресивно и како непотребен во светот. Неговиот живот тотално се
сменис со наоѓањето на "шагринската кожа". Таа кожа му ги исполнувала сите желби, но
со голема цена. Секој пат кога ќе му остварела желба, негова физичка енергија пополека се
губела, како и се намалувала шагринската кожа. Ова Рафаел го искористувал, знаејќи ги
последиците. Со тоа Рафаел ја покажува неговата алчност и барање на слободата на самиот
себеси.
   Статичноста на Рафаел се гледа од користењето на шагринската кожа, т.е добивањето на
посаканото нешто без користење на грам труд или вештина. Настаните во романот се
случуваат по барањата на Рафаел, но под дејство на кожата.
   Општеството во кое живее Рафаел е во периодот од реализмот. Стварноста на
општеството е мошне добро прикажана. Во тоа општество, Рафаел се борел за негова
слобода на човештво, што ја добил со кожата. Пронаоѓањето на кожата покажало дека се
се случува со причина. Животот е избор на опции коишто ни се дадени секојдневно и
секоја одберена опција доведува до промена на иднината.
   Рафаел, другите го гледаат како алчен човек,човек без морали којшто ги искористува
сите можни евенти во негова корист. На Рафаел не му веруваат за неговите магични
способноти, но ќе почнат со неговото споро снемување.
   Рафаел својата слобода и спокојност ја пронајдол во "шагринската кожа" којшто ја
искористил комплетно, која довела до негова смрт. Големото его на Рафаел довело до
негово снемување и големо жалење на неговите блиски.

Анализа на ликот на Рафаел Ди Валентин

,,Шагринска кожа" е дело на францускиот писател Оноре Де Балзак. Во ова дело се


зборува за Рафаел Ди Валентин, кој на многу лош начин учи што е поважно во животот.
Оноре Де Балзак, со својот величенствен начин на пишување, ни го доловува секој миг од
животот на Рафаел и неговото страдање.
Рафаел е младо момче кое живее во Париз и својот живот го посветува на коцкање.
Општеството во тој период може да се опише како општество во кое се гледаат моќта и
парите и каде коцката е главната разонода. Ликот на Рафаел, главниот лик во делото,
претставува статичен лик. Како главни показатели за тоа се што тој не презема никакви
мерки да се одвикне од коцкањето и живее според правилата на коцката, што со текот на
времето го вовлекува во провалија од која нема излез. Како лик се опишува и како прост,
затоа што не владее со голем број на карактеристики што би го граделе неговиот карактер.
Така што се доаѓа до заклучок  дека Рафаел е беден коцкар без цели во својот беден живот.
Рафаел, во главно, сите ликови го гледаат како наивен бедник кој е лесно да се измами.
Едни од тие ликови се останатите ковкари од коцкарницата. Од друга страна, продавачот
во продавнивата со антиквитети го гледа како алчен човек затоа што Рафаел веднаш се
согласува да ја земе кожата што тој му ја нуди. Само Полина во Рафаел ја гледа љубовта на
својот живот и човек за кој вреди да си го скратиш животот.
На крајот на делото, Рафаел ја сфаќа својата грешка. Грешката на алчноста. Грешката
предизвикана од желбата за богатство и моќ. Тоа тој го разбира од Полина, девојката во
која се вљубува. Тогаш тој сфаќа што е важно во животот. Дека е важна среќата и љубовта,
а не моќта и парите. Но за жал, тој тоа го разбира кога е на работ на својот живот. Животот
на Рафаел завршува откако шагринската кожа се тропи по неговата последна желба, а тоа е
да ја прегрне Полина.
Делото ,,Шагринска кожа" е дело кое ни покажува како со магичен предмет Рафаел учи за
животот. Ова дело сака да ни каже дека важна е среќата а не парите и дека треба да се
трудиме да бидеме среќни во животот бидејќи со тоа сме многу побогати отколку да
имаме пари.
Анализа на лик

Рафаел де Валентин

            Романот „Шагринска кожа“ од Оноре де Балзак ја раскажува приказната за млад


човек- Рафаело, кој во момент на очај наоѓа необична шагринска кожа. Таа ги исполнува
неговите желби, но, со секоја исполнета желба кожата се намалува заедно со животниот
тек на човекот. Настаните се сместени во Париз за време на 19-от век.
            Рафаело е динамичен лик, кој е жртва на деструктивното влијание на општеството и
богатството. Ако Рафаел се оженил со Паулина додека сѐ уште е сиромашна, можеби
живееле заедно долго време. Наместо тоа, тој ја следи Фоедора, симбол на социјална
измама, и е принуден да ја земе кожата.
            Заслепен од луксузот на буржоазијата тој станува несвесен за своите постапки и
како луѓето го гледаат. Рафаел станува арогантен, неговите пријатели го искористуваат
поради неговото богатство
Овој лик е комплексен, кој ги променува своите мислења од потребата да се докаже
пред луѓето околу себе. Тој тоа го прави преку немилосрдно самозадоволување, станува
алчен и арогантен. На крајот од романот тој учи дека мора да се плати за сè во животот.
Тој има кратка одмена кога ќе се ожени со ќерката на својата поранешна газдарица,
Паулина, но смртта бзро се приближува.
Во оваа книга е прикажана алчноста на луѓето да им се остварат сите желби без
никаков напор. Кога би го оствариле тоа ќе останат без желби, но човек без нив не постои.
"Шагринска кожа"- Оноре де Балзак (анализа на ликот Рафаел)

        

Во ова вонвременско дело дејствието ја следи животната линија на младиот Рафаел,


човек без илузии, човек чија животна смисла е изгубена поради незадоволството што му го
пружил животот.
            Рафаел е 22 годишно момче, разочарано од бедотија во која се одлучува на чекор за
самоубиство. Живее со неговиот татко, а животот му е полн со изненадувања.
           Темна вечер низ француските улици, ретроспекцијата кон минатото му го обвиткува
срцето со копнеж, запознава сомнителен трговец, кој му нуди необичен прозивод ,парче
шаргин за решавање на проблемите. Парче кожа со чудесна моќ. Оној кој ја поседува
кожата, ќе има се но, за возврат, кожата ќе стане негов господар. Со секоја исполнета
желба, постепено ќе се намалува, а со тоа, се намалуваат и деновите во животот на
сопственикот. Без да предвиди, само го одложува своето самоубиство. Станува богат,
познат, среќен, исполнет. Доживува задоволства кои предизвикуваат завист, но полека
сфаќа дека материјалното, не ја заменува празнината во неговото срце. Љубовта која
отсуствува од неговиот живот е долгот кој никогаш не ќе може да го исплати на неговата
Полина. Одбива присетување на условот со шагринската кожа, Рафаел влегува во дуел со
животот.
Себеси се цени за човек и успева во животот со кожата да стане богат и познат.
Останатите ликови го доживуваат како тој самиот себеси, познат и богат, а пак јас него го
сметам за несреќен. Секогаш е подобро да имаш кому да подариш љубов и кој да ти ја
возврати таа љубов, додека материјалните работи не земаат голем замав.
Заклучуваме дека доколку желбата е преголема за нешто таа ќе се оствари доколку
не губиме надеж, се трудиме и никогаш не се откажуваме.

Шагринска кожа од Оноре Де Балзак

Романот “Шагринска кожа“ е дело на Оноре Де Балзак. Во ова дело се


зборува за Рафаел Де Валентин кој добива шагринска кожа која му ги
исполнува сите желби, но со секоја желба кожата се троши. Откако кожата ќе
се потроши, Рафаел знае дека тој ќе умре, но тој продолжува со желбите.
            Низ романот можеме да забележиме длабоки промени на ликот, што
тоа го прави динамичен. Тој живее во 18-ти век во Франција каде што има
длабока поделба меѓу сиромашните и богатите. Рафаел е депресивна, алчна
личност кој никогаш не е себеси бидејќи сака да се вметне и да биде како
останатите богати. Овие карактеристики можат да се забележат кога тој беше
во антикварницата или моментот кога тој сакаше да се самоубие. Тој во
почетокот е пропаднат и депресивен, откако ќе почне да ја употребува
шагринската кожа, тој станува алчна, опсесивна личност која е многу
арогатна. Иако Полина била заљубена во него и сакала да му гледа сите
позитивни страни, сепак бил многу лоша личност. Тој не е свесен за своите
карактеристики и станува откако ќе биде масовно исмеан во бањата, но
претходно тој е внесен во своите пари и своите поседувања. Тој светот го
гледа како место каде што мора да се докажеш да си богат, инаку нема да
бидеш славен или сакан. Многу е страшно што и денес постојат такви луѓе,
луѓе кои се фалат со своите пари.
            Рафаел е личност која се развива длабоко низ овој роман и на крајот
му ги разбираме вистинските карактеристики.
Оноре де Балзак е роден пред околу 200 години во 1799 година во градот Тур – туренска покраина.
Татко му бил без благородничата партикула “де” но имал трезовна смисла за систематизација, трпение,
системи и идеи. 
Таа дарба ќе ја покрие едната половина на Балзаковата идна личност. Втората половина е во знакот на мајка
му која била религиозна, суптилна жена чија што библиотека со дела на мистичарите и илуминистите. 
Сен Mортен, Сведенборг, Бене Напишал повеќе дела од кои романот “Изгубените илузии” во 1829 ќе го објави
историскиот роман “Последниот Шуам”. 
Умира релативно богат ослабен од долговите во својата сила што ја изгадувал во Париз. 
Умрел кај Виктор Иго, кој во последниот миг стигна до умрениот.
На 21 август 1850 година огромна толпа на луѓе го следеле мртвото тело на Балзак до неговиот вечен дом до
гробиштата Пер-Лешез

Ликови

Рафаел
- Добродушен човек, но сиромашен и сотрен од виорот на животот.
Федора
- Убава, елегантна но суетна грофица.
Полина
- Милозлива и добродушна девојка.

Тема на книгата

Животот на Рафаел и моќта на Шагринска кожа.

- Во оваа книга се зборува за еден човек по име Рафаел кој сотрен од виорот на животот сака да се самоубие
во реката Сена.
Но не сака денски за да не го гледаат луѓето како си го одзема животот, тој причекува да се стемни.
Додека траел денот тој решил за последен пат да се прошета покрај брегот на реката Сена. Додека шета и
разгледува влегува во антикварница и почнува да разгледува. Тогаш продавачот му нуди необична Шагринска
кожа која има необична моќ.
Имено таа ја исполнува сеkoја желба на нејзиниот сопственик ; но под еден услов при секоја желба таа се
смалува и кога ќе се истроши сопственикот умира. Рафаел нe верува во тоа и со последните пари што ги има
ја купува кожата и решава да го одложи самоубивањето. Најмува стан и останува да живее во него.
Сопственикот на станот е милозливата Полина која го сака Рафел. Тој не обрнува внимание на тоа и
започнува да и се додоворува на убавата и суетна грофица Федора.
Таа има пари, моќ, убавина, но не сака љубов ; она што Рафаел и го нуди.
Тие почнуваат да излегуваат по театри, музеи, да се шетаат по паркови.
Но за тоа на Рафаел му требаат пари и затоа секогаш кога треба да излезе со Федора се молел да не врне
дожд зашто треба да најми кочија ; а нема пари.
Дури и еднаш кога се спремал за излегување надвор врнело дожд. Во собата влегла Полина и му оставила
пари за да најми кочија.
По многу пати излегување Федора го замолила Рафаел да и заврши некоја работа со некој од неговите
роднини.
Тој не ја одбива Федора и оди кај својот роднина.
Роднината на Рафаел не го сакал него затоа што бил сиромашен, а тој богат.
Кога роднината на Рафаел ја здогледува Федора веднаш и завршува работа без помош од Рафаел.
И оттогаш секогаш кога Федора била во близина на Рафаел, се однесувала како да не го познава.

Тогаш Рафаел ја сфатил играта на Федора и не сакајќи ја посакал првата желба - да биде богат.
Но не забележал дека кожата се намалила.
Во тие денови неговиот пријател Растињак го побарал Рафаел да му напише некој ракопис за многу пари.
Рафаел го пишува тој ракопис и зел многу пари по што се здобил со титулата маркиз и повеќе не бил оној
Рафаел кој мислел на самоубиство туку богат маркиз.
Тогаш се вратил во станот, им пратил пари на Полина и на мајка и за шест месеци кирија однапред, а им ги
вратил позајмените пари.
Тогаш забележал дека кожата се смалува.
По некое време тој не се чувстувал многу добро.
Една вечер за да се разведри отишол во театар.
Тогаш додека седел влегла една убава девојка од која на сите присутни во салата им застанал здивот но
Рафаел не се свртел.
Долго време стоеле еден покрај друг без да се погледнат кога наеднаш двајцата се свртеле и кога виделе, тоа
била Полина.
Двајцата се погледнале изненадувачки и Полина сама му рекла на Рафаел дека ќе го чека во станот каде што
порано живеел и тогаш избегал.
Рафаел не тргнал по неа, туку останал на своето место. Наредниот ден пред да тргне на состанок со Полина
тој повторно посакал желба.
Желба да Полина го сака, и желбата навистина му се исполнила.
И Полина се вљубила во него, но кожата повторно се смалила. Од тогаш тие двајца се засакале и почнале да
излегуваат.
По некое време се зеле. Кога Рафаел ја видел кожата дека е смалена ја фрлил во бунарот. Едно утро додека
појадувале во нивната вила слугата ја пронашол кожата и го прашал Рафаел што да прави со неа.
Кога Рафаел ја видел кожата се изненадил. Нејзе не и фалело ништо била потполно здрава и цврста како
камен. Тој ја зачувал но по некое време почнало да не му е добро и избегал на село.
Полина му испраќала многу писма но тој не и одговарал.
Нему му било се полошо и полошо затоа што од кожата останало уште малку. Кога сватил дека му доаѓа
крајот се вратил во вилата кај својата Полина. Тој легнал во смртна постела. Кога го видела Полина се
исплашила а кога и ја раскажал приказната за Шагринската кожа избегала во другата соба и се заклучила.
Меѓутоа кај Рафаел се појавила и последната желба да ја гушне Полина. Тој станал со последните сили, ја
отворил вратата но во тој момент кожата се истрошила и Рафаел умира во прегратката на Полина.

You might also like