You are on page 1of 11

Програма за училишен клуб

2020/21 год.

Целта на овој училишен клуб е да се помогне на учениците да ги развијат


своите животни вештини, полесно да ја пребродат транзицијата од
основно во средно образование и да станат активни младинци во нивната
заедница. Овој клуб го водат тројца лидери избрани од учениците кои
имаат свој ментор- професор. Клубот се состанува два пати неделно по
часовите, првиот ден се зема теоретскиот дел за дадена тема, а вториот
активности поврзани со таа тема. Еден состанок трае 45мин. Лидерите
треба да распределат во кој ден која активност ќе ја имаат. Клубот
започнува со работа од 18.09.2020
I ПОЛУГОДИЕ
СЕПТЕМВРИ

I СОСТАНОК
Активност бр.1 (10мин)
-Презентација на напрограмата, мисијата и визијата на училишниот клуб.
Одредување денови за средба и сл.
Активност бр.2 (10ми)
-Присутните ученици се делат по двајца. Тие седнуваат еден наспроти
друг и се гледаат во очи 2мин без да зборуваат. Откако ќе поминат 2мин
секој запишува што мисли за тој наспроти него на пр.кое е негово омилено
јадење, дали спортува и сл, а потоа го читаат тоа што го запишале.
Следниот чекор е нивно запознавање и давање на точните одговори на
претпоставките. Целта на оваа активност е да се прочита говорот на
телото.
Активност бр.3 (10мин)
-Секој од учесниците кој сака да го води овој клуб треба да се претстави и
да каже зошто тој е најдобар кандидат за тоа.
Активност бр.4 (10мин)
-По пат на тајно гласање се избираат тројцата лидери кои ќе го водат овој
клуб.
Забелешка: Доколку лидерите не се одговорни во понатамошниот период
професорот-ментор има право да повика нови избори.

Активност бр.5 (15мин)


-Учесниците се делат во 3 групи. Секоја група добива по еден од лидерите
и ги составуваат правилата на клубот кои треба да се почитуваат на
пр.Сослушај го туѓото мислење и сл. А потоа сите групи ги споделуваат
правилата и заедно составуваат една листа.

II СОСТАНОК
Тема: Доверба
Лидерите треба да истражуваат и да ги извлечат најважните работи за
довербата и да подготват усна презентација на теоретскиот дел.
Активност бр1
Лидерите го презентираат теоретскиот дел за довербата (20мин)
Забелешка: лидерите имаат слободна кој метод на презентација ќе го
изберат, може да вклучат и некои активности.

III СОСТАНОК
Тема: Доверба
Активност бр.1 (10мин)
-Доброволци накратко кажуваат што научиле на претходниот состанок и
кажуваат свој став за довербата.
Активност бр.2 (10мин.)
-Учесниците се делат во парови, едниот учесник треба да ги покрие очите,
а другиот учесник да застане зад него. Целта е учесникот со затворени очи
да стекне доверба во тој зад него и да се препушти наназад во неговите
раце. Истото се повторува обратно.
Активност бр.3 (10мин)
-Учесниците се делат во парови, едниот учесник има врзани
очи.Учесниците со врзани очи се на една страна, а останатите се
распоредени на различни места. Кога лидерите ќе означат почеток целта
на паровите е учесникот со врзани очи да ги следи инструкциите на
неговиот партнер и да стигне до него.
Активност бр.4 (15мин)
-Евалуација. Секој пар кажува како се чуствувал, дали имал доверба и сл.

IV СОСТАНОК
Тема Креативност
Лидерите треба да истражуваат и да ги извлечат најважните работи за
креативноста и да подготват усна презентација на теоретскиот дел.
Активност бр1
Лидерите го презентираат теоретскиот дел за креативноста(20мин)
Забелешка: лидерите имаат слободна кој метод на презентација ќе го
изберат, може да вклучат и некои активности.
Активност бр.2
Клубот распишува оглас за уметници кои сакаат да цртаат и ги повикува
на следниот состанок.

V СОСТАНОК
Активност бр.1 (5мин)
-Доброволци накратко кажуваат што научиле на претходниот состанок и
кажуваат свој став за КРЕАТИВНОСТА.
Активност бр.2 (40мин)
-Учесниците уметници цртаат цртежи на слободна тема и прават
изработки од дрва,лисја, тестенини и сл.

VI СОСТАНОК
Активност бр.1
-Учесниците прават изложба на цртежите и изработките во училиштето и
ги продаваат по симболични цени. Со парите ги купуваат понатамошните
потребни материјали за работа на клубот.

ОКТОМВРИ
Во текот на овој месец учесниците имаат задача да го разубават нивното
училиште. Со тимот од уметници ќе имаат задача првично да ги купат
потребни материјали со собраните пари, да изработат скица и да започнат
со цртање на училишните ѕидови.Лидерите се слободни да внесуваат и
други активности.

НОЕМВРИ

I СОСТАНОК
Тема: Емпатија
Лидерите треба да истражуваат и да ги извлечат најважните работи за
емпатијата и да подготват усна презентација на теоретскиот дел.
Активност бр1
Лидерите го презентираат теоретскиот дел за емпатија (20мин)
Забелешка: лидерите имаат слободна кој метод на презентација ќе го
изберат, може да вклучат и некои активности.

II СОСТАНОК
Активност бр.1 (15мин)
-Лидерите поставуваат прашања, а учениците на секое прашање се
групираат во група во која припаѓаат. На пр. Во кој месец сте родени?
Задачата на учесниците е да се поделат во групи според тоа кој месец се
родени на пр. сите што се родени во Март застануваат во една група.
Други прашања: Каква боја на очи имате? Каков жанр на музика слушате
и сл.
Активност бр.2 (15мин)
-На средина на просторијата се поставува леплива трака. Сите учесници
застануваат еден до друг зад линијата. Лидерите поставуваат прашања и
учениците што ќе се пронајдат во некое прашање ја отскокнуваат
линијата. На пр. Кој има 15год. Сите учесници кои имаат 15год ја скокаат
линијата и се враќаат назад. Целта е да покажат емпатија едни со други.
Активност бр.3 (15мин.)
-Учесниците дискутираат како се чувствуваа кога ја прескокнаа линијата
сами, а како кога ја прескокнаа заедно со некого.

III СОСТАНОК
Тема:Комфорт зона
Лидерите треба да истражуваат и да ги извлечат најважните работи за
комфорт зона и да подготват усна презентација на теоретскиот дел.
Активност бр1
Лидерите го презентираат теоретскиот дел за комфорт зона (20мин)
Забелешка: лидерите имаат слободна кој метод на презентација ќе го
изберат, може да вклучат и некои активности.

IV СОСТАНОК
Активност бр.1 (20мин)
-Секој од учесниците поединечно кажува кој е неговиот талент кој досега
не сакал да го покаже (цртање, везење, пишување и сл.)
Активност бр.2 (25мин)
-Учесниците изработуваат пано/ рамка во која на следниот состанок секој
ќе го покаже својот талент. Изгледот на рамката е слободен и зависи од
креативноста на учесниците.

V СОСТАНОК
-Учесниците во ходникот на училиштето ја поставуваат рамката и на неа
ги закачуваат нивнити изработки и дела. Целта на оваа активност е
излегување надвор од комфорт зона.
VI СОСТАНОК
Активност бр.1 (15мин)
-Учесниците дискутираат за претходната активност, како се чувствувале
по поставувањето на нивната творба и сл.
Активност бр.2 (25мин.)
-Учесниците изработуваат кутија за пофалби и поплаки која сами ја
дизајнираат. До крајот на годината секој учесник може во неа да остави
анонимно писмо кое на крајот од годината ќе се чита.
Активност бр.3 (5мин)
-Учесниците сами одлучуваат која ќе е темата на следниот состанок, а
лидерите смислуваат активности.

VII СОСТАНОК
СЛОБОДНА ТЕМА

VIII СОСТАНОК
СЛОБОДНА АКТИВНОСТ

ДЕКЕМВРИ
Доаѓаат подготовките за новогодишните и божиќните празници. Секој
клуб е слободен да избере во кои денови клубот ќе се состанува. Во овој
период треба да се изработат декоративни украси со кои ќе се разубави
училиштето. Може да се направи некоја презентација за Нова Година, да
се израдуваат децата со посебни потреби и лицата од геријатрија со што ќе
им се изработат скромни подароци, честитки и сл.

II ПОЛУГОДИЕ
ЈАНУАРИ (25-29)
I СОСТАНОК
Активност бр.1 (30мин)
-Впечатоци од зимскиот одмор на секој учесник.
-Лидерите се слободни да додадат некоја активност.

ФЕВРУАРИ

I СОСТАНОК
Тема:Донесување одлуки
Лидерите треба да истражуваат и да ги извлечат најважните работи за
донесувањето одлуки и да подготват усна презентација на теоретскиот
дел.
Активност бр1
Лидерите го презентираат теоретскиот дел за Донесување одлуки (20мин)
Забелешка: лидерите имаат слободна кој метод на презентација ќе го
изберат, може да вклучат и некои активности.

II СОСТАНОК
Активност бр.1 (10мин)
-Учесниците дискутираат за претходната тема донесување одлуки.
Активност бр.2 (25мин)
-Учесниците се делат во тимови.Секој тим наоѓа по еден пробле што се
случува во училиштето. Тимот прави brainstorming од одлуки како да го
реши проблемот, а потоа ги набројува позитивните и негативните
последици од секоја одлука. На крајот ја избира одлуката со повеќе
позитивни страни
Активност бр.3 (10мин)
-Секој тим ја презентира одлуката и начинот на која ја донел.

III СОСТАНОК
Тема: Дискриминација и булинг
Лидерите треба да истражуваат и да ги извлечат најважните работи за
дискриминација и булинг и да подготват усна презентација на теоретскиот
дел.
Активност бр1
Лидерите го презентираат теоретскиот дел за дискриминација и
булинг(20мин)
Забелешка: лидерите имаат слободна кој метод на презентација ќе го
изберат, може да вклучат и некои активности.

IV СОСТАНОК
Лидерите заедно со учесниците и стручната служба организираат 4 дебати
во кои може да учествува секој. На дебатите се дискутира за застапеноста
на дискриминацијата и булингот во училиштето и начините као да се
спречи.
I година

V СОСТАНОК
Дебата со II година

VI СОСТАНОК
Дебата со III година

VII СОСТАНОК
Дебата со IV година

VIII СОСТАНОК
-Состанок со ученичка заедница, стручна служба и директор во кој ќе се
дискутира за заклучоците од сите дебати.
МАРТ
Во овој месец учесниците ќе работат на тема Екологија. Секој клуб е
слободен да избере какви активности ќе прави. Се препорачува да се
направи план за чистење на дворот во училиштето, да се изработат корпи
од стариот искршен инвентар(столови, клупи и сл) и да се направат обуки
за сите ученици за тоа колку е важно да се чува нашата планета. Може да
се изработуваат флаери, постери и транспаренти на оваа тема. Целта е да
се подигне свеста кај средношколците.

АПРИЛ

I, II И III СОСТАНОК
Изработка на велигденски украси, честитки и јајца кои потоа ќе се даваат
на целна група одредена од учесниците(пр.деца со посебни потреби,
социално загрозени семејства, геријатрија и сл). Целта е да се развие
хуманоста и емпатијата на учесниците.

IV СОСТАНОК
Тема: Уметност
Лидерите треба да истражуваат и да ги извлечат најважните работи за
уметноста и да подготват усна презентација на теоретскиот дел.
Активност бр1
Лидерите го презентираат теоретскиот дел за уметност(20мин)
Забелешка: лидерите имаат слободна кој метод на презентација ќе го
изберат, може да вклучат и некои активности.

V СОСТАНОК
-Учесниците на овој состанок изработуваат лични уметнички дека кои ќе
бидат изложени во ходникот на училиштето и покрај секое дело оставаат
по една мисла од нивниот омилен уметник.
VIСОСТАНОК
Тема: Волонтирање
Лидерите треба да истражуваат и да ги извлечат најважните работи за
волонтирањето и да подготват усна презентација на теоретскиот дел.
Активност бр1
Лидерите го презентираат теоретскиот дел за волонтирањето(20мин)
Забелешка: лидерите имаат слободна кој метод на презентација ќе го
изберат, може да вклучат и некои активности.

VII СОСТАНОК
-Споделување на искуствата на учесниците кои веќе волонтираат во некоја
организација, кои се бенефитите од тоа и сл.
-Лидерите се слободни да додадат некоја активност

VIII СОСТАНОК
СЛОБОДНА АКТИВНОСТ
ПР. забава, квиз, игри, спорт и сл

МАЈ
Во овој месец клубот добива задача да направи едномесечна секција
заедно со неколку професори ментори(ПР.драма, хор, оркестар и сл) со
кои ќе изберат учесници соодветни за таа секција. Целта на оваа секција е
да изработи финален производ (драма, концерт и сл) кој ќе се изведува
пред публика и картите ќе се наплаќаат. Со парите од картите ќе се купи
нешто потребно за училиштето.
ЈУНИ
ПОСЛЕДЕН СОСТАНОК
Активност бр.1 (15мин)
-Преглед на сите активности во текот на годината
Активност бр.2 (15мин)
-Читање на писмата од кутијата која претходно е изработена
Активност бр.3 (15мин)
-Впечаток на секој од учесниците во клубот

You might also like