You are on page 1of 7

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј” – Скопје


Факултет за електротехника и информациски технологии

ПРОБЛЕМИ И ЗАДАЧИ ПО ПРЕДМЕТОТ


ЕЛЕКТРИЧНИ МАШИНИ И ТРАНСФОРМАТОРИ

ТЕМА: „АСИНХРОНИ МАШИНИ“

5.2 Регулација на брзина на вртење и „Клосова формула”

Задача 1 (мнс-ам-4): За трифазен асинхрон мотор со намотан ротор, познати се следниве


податоци:
- номинална моќност 𝑃𝑛 = 11 kW
- номинален напон Un=380 V
- фреквенција f=50 Hz
- номинална брзина на вртење nn=953 vrt/min
- активен отпор на статорската намотка r1=0,415 Ω
- активен отпор на роторската намотка r2=0,132 Ω
- индуктивен отпор на растурање на статорската намотка xσ1=0,965 Ω
- индуктивен отпор на растурање на роторската намотка xσ2=0,27 Ω
- шема на соединување на намоткитеY/y
- коефициенти на трансформација 𝑘𝑒 = 𝑘𝑖 = 1,84
а) Да се определи вредноста на дополнителниот отпор што треба да се вклучи во колото
на роторот, за брзината на вртење на моторот да се намали за 30 %, при номинално
оптоварување.
б) Ако моторот премине во режим на кочење и ако брзината на почетокот на кочењето е
номинална, да се определи дополнителниот отпор при кој кочниот момент ќе биде 1,5 пати
поголем од номиналниот момент.

Решение:

а) Ако брзината на вртење на моторот се намали за 30 %, се добива:

𝑛 = 0,7 ∙ 𝑛𝑛 = 0,7 ∙ 953 = 667 𝑣𝑟𝑡/𝑚𝑖𝑛.

За лизгањето 𝑠, се добива:
𝑛𝑠 − 𝑛 1000 − 667
𝑠= = = 0,333.
𝑛𝑠 1000

Вредноста на дополнителниот отпор може да се определи од изразот за моментот. Kaко


резултат на тоа што загубите 𝑃𝑑 , 𝑃𝑚𝑒ℎ и 𝑃𝐶𝑢2 може да се занемарат, за електромагнетната
моќност, се добива дека важи:
𝑀𝑒𝑚 ≈ 𝑀𝑛

1
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје
Факултет за електротехника и информациски технологии

Притоа, номиналниот момент може да се пресмета како:

𝑃𝑛 11000
𝑀𝑛 = 9,55 ∙ = 9,55 ∙ = 110,3 𝑁𝑚.
𝑛𝑛 953

Сега, за електромагнетниот момент се добива следниов израз:

2 𝑟2′ + 𝑟𝑑′
𝑝 ∙ 𝑚1 ∙ 𝑈1𝑓 ∙
𝑀𝑒𝑚𝑛 = 𝑠 = 110,3 𝑁𝑚,
2
𝑟2 + 𝑟𝑑′

2
2 ∙ 𝜋 ∙ 𝑓1 ∙ [(𝑟1 + 𝑠 ) + 𝑋𝑘 ]

каде

𝑋𝑘 = 𝑋𝜎1 + 𝑋𝜎2 = 0,965 + 0,27 ∙ 1,842 = 1,88 Ω.
Ако во горниот израз се воведат следниве замени:

𝑟2′ + 𝑟𝑑′ = 𝑥
380 2
2
𝑝 ∙ 𝑚1 ∙ 𝑈1𝑓 3∙3∙( )
√3
𝐴= = = 1380 = 𝑐𝑜𝑛𝑠𝑡.
2 ∙ 𝜋 ∙ 𝑓1 2 ∙ 𝜋 ∙ 50

се добива следниов израз:

𝑥 2 − 3,887 ∙ 𝑥 + 1,33 = 0,
од каде
3,887 ± √3,8872 − 4 ∙ 1 ∙ 1,33 3,887 ± 3,12
𝑥1/2 = = .
2∙1 2
Решенијата на оваа квадратна равенка се:
𝑥1 = 3,5 Ω
𝑥2 = 0,38 Ω.
Како прифатливо се избира првото решение, од причина што 𝑥2 <𝑟2′ = 0,132 ∙ 1,84 = 0,446 Ω.

Сега, за 𝑟𝑑′ се добива:


𝑟𝑑′ =𝑥1 − 𝑟2′ = 3,5 − 0,132 ∙ 1,842 = 3,054 Ω.

Оттука, за дополнителниот отпор што треба да се вклучи во колото на роторот:

𝑟𝑑′ 3,054
𝑟𝑑 = = = 0,9 Ω
𝑘𝑒 ∙ 𝑘𝑖 1,842

2
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје
Факултет за електротехника и информациски технологии

б) Ако моторот премине во режим на кочење и ако кочниот момент е 1,5 пати поголем од
номиналниот момент, важи:
𝑀𝑘 = 1,5 ∙ 𝑀𝑛 = 1,5 ∙ 110,3 = 165,5 𝑁𝑚.

За лизгањето 𝑠, сега, се добива:

𝑛𝑠 + 𝑛 1000 + 953
𝑠= = = 1,953.
𝑛𝑠 1000

Ако повторно се воведат замените за А и x, кои беа употребени во претходната точка, за


електромагнетниот момент се добива следниов израз:

𝑥
𝐴∙𝑠
𝑀𝑒𝑚 = 𝑀𝑘 = ,
𝑥 2
(𝑟1 + 𝑠 ) + 𝑋𝑘 2

од каде се добива следнава квадратна равенка:

𝑥 2 − 14,651 ∙ 𝑥 + 14,1235 = 0,

чии решенија
14,651 ± √14,6512 − 4 ∙ 1 ∙ 14,1235 14,651 ± 12,57
𝑥1/2 = = .
2∙1 2
Решенијата на оваа квадратна равенка се:
𝑥1 = 13,61 Ω
𝑥2 = 1,04 Ω.
Сега, за овие решенија, за 𝑟𝑑′ се добива:


𝑟𝑑1 =𝑥1 − 𝑟2′ = 13,61 − 0,132 ∙ 1,842 = 13,164 Ω
𝑟𝑑2 =𝑥2 − 𝑟2′ = 1,04 − 0,132 ∙ 1,842 = 0,594 Ω.

Оттука, за дополнителниот отпор што треба да се вклучи во колото на роторот:

′ ′
𝑟𝑑1 13,164 𝑟𝑑2 0,594
𝑟𝑑1 = = 2
= 3,89 Ω и 𝑟𝑑2 = = = 0,175 Ω.
𝑘𝑒 ∙ 𝑘𝑖 1,84 𝑘𝑒 ∙ 𝑘𝑖 1,842

На крај, треба да се забележи дека, со цел да се реализира кочење со помала струја, односно
со цел да се постигне ист кочен момент при помала струја, се избира првото решение.
Значи:
𝑟𝑑1 = 3,89 Ω.

3
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје
Факултет за електротехника и информациски технологии

Задача 2 (мнс-ам-5): За трифазен асинхрон мотор со намотан ротор, познати се следниве


податоци:
- номинална моќност 𝑃𝑛 = 5,5 kW
- номинален напон Un=380 V
- фреквенција f=50 Hz
- номинална брзина на вртење nn=1440 vrt/min и
- 𝑀𝑚𝑎𝑥 = 2𝑀𝑛 .
Ако моторот е приклучен на номинален напон при номинална фреквенција, да се определи
брзината на вртење, ако моторот е оптоварен со момент:
а) 𝑀′ = 0,9 ∙ 𝑀𝑛 ;
б) 𝑀′′ = 1,53 ∙ 𝑀𝑛 . При колкав напон, во овој режим на работа, ќе се закочи роторот?

Решение:

а) Познато е дека Клосовата формула во поедноставен облик може да се запише како:

𝑀′ 2 0,9 ∙ 𝑀𝑛 0,9
= ′ = = , 𝑠 =?.
𝑀𝑚𝑎𝑥 𝑠 + 𝑠𝑘 2 ∙ 𝑀𝑛 2 𝑘
𝑠𝑘 𝑠 ′

Сега, за да пресмета 𝑠𝑘 , потребно е да се зададе Клосовата фромула за номинален режим:

𝑀𝑛 2 1
=𝑠 𝑠 = .
𝑀𝑚𝑎𝑥 𝑛 𝑘 2
𝑠𝑘 + 𝑠𝑛

Oттука, лесно може да се добие следната квадратна равенка:

𝑠𝑘2 + 0,16 ∙ 𝑠𝑘 + 0,0016 = 0

Решенијата на оваа квадратна равенка се:


1500−1440
𝑠𝑘1 = 0,0107 < 𝑠𝑛 = = 0,04
1500

𝑠𝑘2 = 1,04
Откако второто решение на оваа квадратна равенка ќе се оцени како прифатливо, истото
се заменува во првата Клосова равенка, со што се добива нова квадратна равенка, oвој пат
по 𝑠 ′ :

𝑠 ′2 − 0,662 ∙ 𝑠 ′ + 0,0222 = 0,

чиишто решенија се:

4
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје
Факултет за електротехника и информациски технологии

𝑠1′ = 0,6265 − отпаѓа бидејќи > 𝑠𝑘 ;


𝑠2′ = 0,0355.

Сега, за брзината на вртење, се добива:

𝑛′ = 𝑛𝑠 ∙ (1 − 𝑠 ′ ) = 1500 ∙ (1 − 0,0355) = 1447 𝑣𝑟𝑡/𝑚𝑖𝑛

б) Од условот на задачата:
𝑀′′ = 1,53 ∙ 𝑀𝑛 ,

за Клосовата равенка се добива:

𝑀′′ 2 1,53 ∙ 𝑀𝑛 1,53


= ′′ = = .
𝑀𝑚𝑎𝑥 𝑠 + 𝑠𝑘 2 ∙ 𝑀𝑛 2
𝑠𝑘 𝑠 ′′

Сега, квадратната равенка ќе биде:

𝑠′′2 − 0,3835 ∙ 𝑠 ′′ + 0,0222 = 0,

чиишто решенија:
𝑠1′′ = 0,32 > 𝑠𝑘 ;
𝑠2′′ = 0,0693.

Сега, откако второто решение ќе се оцени за прифатливо, за брзината на вртење се добива:

𝑛′′ = 𝑛1 ∙ (1 − 𝑠 ′′ ) = 1500 ∙ (1 − 0,0693) = 1396 𝑣𝑟𝑡/𝑚𝑖𝑛

Напонот, при кој роторот ќе закочи се одредува од следнава релација за моментите:

𝑀𝑚𝑎𝑥 𝑈𝑛
′′
= ( ′′ )2 ,
𝑀 𝑈
од каде:
𝑀′′ 1,53
𝑈 ′′ = 𝑈𝑛 ∙ √ = 380 ∙ √ = 332,4 𝑉.
𝑀𝑚𝑎𝑥 2

Задача 3 (мнс-ам-6): За трифазен асинхрон мотор со намотан ротор, познати се следниве


податоци:
- номинална моќност 𝑃𝑛 = 36,8 kW
- номинален напон Un=380 V
- фреквенција f=50 Hz
5
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје
Факултет за електротехника и информациски технологии

- број полови 2p=4


- 𝑀𝑚 = 3𝑀𝑛 , 𝑀𝑝 = 1,5𝑀𝑛 .
Ако моторот е приклучен на номинален напон при номинална фреквенција, да се определи:
а) критичното лизгање;
б) загубите на моќност во роторската намотка и
в) номиналниот полезен момент.
При пресметките да се занемарат: активниот отпор на статорската намотка, механичките
и дополнителните загуби на моќност.

Решение:

а) Од Клосовата формула важи:


𝑀𝑝 2 1
=𝑠 =
𝑠𝑘 2
𝑀𝑚𝑎𝑥 𝑝
𝑠𝑘 + 𝑠𝑝

Бидејќи 𝑠𝑝 = 1, Клосовата формула , сега ќе гласи:

2 1
= ,
1 2
𝑠𝑘 + 𝑠𝑘

од каде се добива следнава квадратна равенка:

𝑠𝑘2 − 4 ∙ 𝑠𝑘 + 1 = 0

Решенијата на оваа квадратна равенка се:


𝑠𝑘1 = 3,73
𝑠𝑘2 = 0,268
Како прифатливо се оценува второто решение, од причина што во првиот случај станува
збор за режим на кочница.

б) Излезната механичка моќност се пресметува според следнава релација:

1−𝑠
𝑃2 = ∙ 𝑝𝐶𝑢2 ,
𝑠
од каде
𝑠 𝑠
𝑝𝐶𝑢2 = ∙ 𝑃2 = ∙𝑃
1−𝑠 1−𝑠 𝑛

Бидејќи:
𝑃2 = 𝑃𝑛 = 𝑃𝑚𝑒ℎ(𝑣) − (𝑃𝑚𝑒ℎ + 𝑃𝑑 ),

6
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје
Факултет за електротехника и информациски технологии

за
𝑃2 = 𝑃𝑛 = 𝑃𝑚𝑒ℎ(𝑣) ,

па за загубите на моќност во роторската намотка се добива:

𝑠𝑛 0,0465
𝑝𝐶𝑢2 = ∙ 𝑃𝑚𝑒ℎ = ∙ 36800 = 1794,65 𝑊.
1 − 𝑠𝑛 1 − 0,0465

в) Номиналниот полезен момент може да се определи од релацијата;

𝑃𝑛
𝑀𝑛 = 𝑀2 = 9,55 ∙ , при што 𝑛𝑛 =?
𝑛𝑛

За да се определи номиналната брзина на вртење, потребно е прво да се определи


номиналнотот лизгање-𝑠𝑛 . Ако во Клосовата формула, предвид се земе номиналниот
момент, се добива:

𝑀𝑛 2 1 2
=𝑠 𝑠 = =
𝑀𝑚𝑎𝑥 𝑛
+ 𝑘 3 𝑠𝑛 0,268
𝑠𝑘 𝑠𝑛 0,268 + 𝑠𝑛

од каде се добива следнава квадратна равенка:

𝑠𝑛2 − 1,608 ∙ 𝑠𝑛 + 0,072 = 0

Решенијата на оваа квадратна равенка се:


𝑠𝑛1 = 1,56
𝑠𝑛2 = 0,0465
Повторно, како прифатливо, се оценува второто решение, од причина што во првиот случај
станува збор за режим на кочница. За номиналната брзина на вртење се добива:

𝑛𝑛 = 𝑛1 ∙ (1 − 𝑠𝑛 ) = 1500 ∙ (1 − 0,0465) = 1430 𝑣𝑟𝑡/𝑚𝑖𝑛

Оттука, за номиналниот полезен момент се добива:

𝑃𝑛 36800
𝑀𝑛 = 𝑀2 = 9,55 ∙ = 9,55 ∙ = 245,76 𝑁𝑚
𝑛𝑛 1430

You might also like