You are on page 1of 18

Инсталација и активирање на Windows 7

1
Инсталација и активирање на Windows 7

1. Подигнете го системот (boot) заедно со


Windows 7 инсталационото DVD.

Забелешка: Проверете дели CD/DVD


дравјот е селектиран во подесувањата на
BIOS-от. Ова обично автоматски е
подесено.

2. Кога ќе се појави известување на


екранот, притиснете го било кое копче за
да се подигне системот на
инсталациското DVD. (Погледнете ја
сликата од лево)

Забелешка: Ќе имате само 8 секунди за


да го притиснете копчето. Ако го
испуштите ќе треба повторно да го
рестартирате компјутерот.

3. Подесете ги јазичните преференци и


кликнете на копчето Next.
2
4. Кликнете на копчето Install Now за да се
започне инсталацијата. (Видете ја сликата од
лево)

5. Кликнете на I accept the license terms за


да ги прифатите условите и потоа
кликнете на Next. (Погледнете ја сликата
од десно)

6. Кликнете на Custom (advanced)


опцијата. (Погледнете ја сликата од лево)

3
Инсталација и активирање на Windows 7

7. Селектирајте ја партицијата или хард драјвот на кој сакате да се инсталира Windows 7


и потоа кликнете на линкот Drive Options (advanced).

Забелешка: Доколку хард драјвот или партицијата која сте ја селектирале не е


заклучена, тогаш може директно да кликнете на копчето Next и директно да одите на
чекор 9 бидејќи е бланко.

Предупредување: Може да немате како опција Drive options (advanced)


доколку инсталацијата е направена на boot, и не се превзема од
моменталниот оперативен систем.

4
8. Одберете на хард драјв опцијата или партицијата на која сакате да направите чиста
инсталација на Windows 7, потоа кликнете на опцијата за форматирање и потоа на
копчето Next.

Забелешка: Доколку вашите хард драјви се подесени на RAID, тогаш поврзете го


вашето USB со RAID деравјерите на него, кликнете на Load Driver, селектирајте го
фолдерот на USB кличот кој содржи RAID драјвери и инсталирајте го. Потоа, вашите
RAID драјвери ќе бидат подготвени за да селектираат и инсталираат на Windows 7.

Совети за опции на драјвот


(напредно)
· Доколку имате повеќе од
една партиција на хард
драјвот и сакате да се
ослободите од нив за да
направите повторно еден
голем драјв, тогаш
селектирајте ја партицијата
и кликнете на опцијата
Delete за секоја партиција
посебно. Сега направете
го чекорот бр. 8.

· За да ја соберете постојната партиција и да креирате нова за да го инсталирате на


нејзе Windows 7, одберете ја партицијата која сакате да се собере и кликете на
опцијата Extend. Впишете колку MB сакате да соберете (1 GB = 1024 MB). Сега
одберете ја новата проширена партиција и направете го чекор 8.
5
Инсталација и активирање на Windows 7

9. Сега ќе започне инсталацијата на Windows 7. (Погледнете ја сликата подолу)

Забелешка: За време на инсталацискиот процес, екранот може да трепка и


компјутерот ќе се рестартира неколку пати.

10. После финалното рестартирање, ќе го


видите ова на екранот.
(Погледнете ја сликата од десно)

6
11. Впишете го името на корисникот кој сакате да биде администратор и било кое име
за компјутерот, а потоа кликнете на копчето Next. (Погледнете ја сликата долу лево)

12. Внесете ја лозинката која сакате да ја користи администраторот. Внесете ја уште


еднаш и потврдете. Кликнете на копчето Next. (Погледнете ја сликата горе десно)

Предупредување: Лозинката е чувствителна на пишување. Hint-от е


видлив за сите корисници на компјутерот, така што немојте својата
лозинка да ја пишувате како hint.

Забелешка: Доколку не сакате вашиот кориснички акаунт да биде заштитен тогаш


можете да ги оставите овие полиња празни и директно да кликнете на на копчето
Next. Можете да креирате лозинка подоцна преку Control Panel User Accounts откако
ќе го инсталирате Windows 7 без потреба да внесувате hint.

7
Инсталација и активирање на Windows 7

13. Внесете го Windows 7 product key бројот. (Погледете ја сликата подолу за чекор 14)

14. Деселектирајте ја коцката Automatically activate Windows when I‘m online, а потоа
кликнете на копчето Next. (Погледнете ја сликата долу лево)

Забелешка: Можете да го активирате Windows 7 подоцна откако ќе проверите дека


функционира исправно. (Видете го чекор бр. 21 подолу)
If you chose to automatically activate Windows 7 online when you set up your computer,
automatic activation begins trying to activate your copy of Windows three days after you
log on for the first time.

15. Кликнете на препорачани подесувања: Use recommended settings. (Погледнете ја


сликата горе десно)

8
16. Селектирајте ја временската зона и подесете го вашето време и датум, а потоа
кликнете на копчето Next. (Видете ја сликата горе лево)
17. Кликнете за да ја подесите вашата мрежна локација. (Погледнете ја сликата горе
десно)

Забелешка: За највисока безбедност


одберете Public location.

18. Windows 7 ќе го подготви сега вашиот


десктоп да стартува со работа. (Видете ја
сликата од лево)

9
Инсталација и активирање на Windows 7

19. Инсталирајте ги сите драјвери, а потоа и сите Windows Updates.

20. Refresh your Windows Experience Index (WEI) score.

21. Одлично, се што е потребно сега е да го активирате Windows 7. (Видете ја сликата


долу)

10
Активирање на Microsoft Windows 7 оперативен систем преку
интернет (online )
Можеби ќе треба повторно да го активирате вашиот Windows 7 доколку:
· Го деинсталирате од еден компјутер и го инсталирате на друг вашиот Windows 7. За
време на инсталацијата впишете го продуктниот клуч кој доаѓа заедно со Windows.
Доколку автоматската активација не успее, следете ги упатствата кои ве водат низ
активацискиот процес на Windows 7 преку телефон. За активација имате 30 дена.
· Доколку направите значителни промени во хардверот на вашиот компјутер, како на
пример надоградување со нова меморија и хард диск во исто време. Ако се направени
големи хардверски промени и потребна е повторна активација на Windows, ќе бидете
известени и ќе имате 3 дена за да го активирате Windows-от.
· Доколку го реформатирате дискот. Форматирањето го брише активацискиот статус. Во
овој случај ќе имате 30 дена за да го активирате повторно Windows-от.
· Доколку сте имате вирусни или malware инфекции на компјутерот и е избришан
активацискиот статус.

· Мора да го активирате Windows 7 во рок од 30 дена по инсталацијата. Кога е


активиран Windows 7 , ќе бидете во можност да ги користите сите негови
карактеристики.
· Ако одберете Automatically activate Windows when I‘m online (автоматско
активирање онлине) кога сте го сетирале компјутерот, тогаш автоматската
активација ќе започне да активира копија Windows 7 во рок од три дена
откако сте се логирале за прв пат. Погледнете го МЕТОД ЕДЕН подоле.
· Доколку инсталирате Windows 7 на втор компјутер, ќе мора да купите
дополнителен продуктен клуч за да може да се активира втората
инсталација и да се продолжи со користење на Windows 7 на два компјутера.

Забелешка: Ова не важи за верзиите Windows 7 Beta или RC.

11
Инсталација и активирање на Windows 7

Пример: Windows 7 е активиран

Опција еден
Автоматско активирање на Windows 7

Забелешка: Ова важи кога сакате да направите чиста инсталација или инсталација
за надграба на Windows 7.

1. Кога ќе стигнете до овој чекор за време на процесот на инсталација подолу, впишете


го валидниот продуктен клуч (product key number) и кликнете на коцката за
автоматско активирање на Windows кога сте онлине (Automatically activate Windows
when I‘m online). (слика горе десно)

Забелешка: автоматската активација на копија од Windows 7, не подоцна од три


дена од првото ваше логирање.

12
Опција два
Мануелно активирање на Windows 7
1. Отворете Control Panel (All Items view), и кликнете на System иконата.
A) Одете на чекор 3 или
2. Отворете го старт мени-то, направете десен клик на копчето Computer и кликнете на
Properties. (Видете ја сликата подолу)

3. Под секцијата Windows activation, кликнете на 30 дена за активација. Потоа кликнете


на линкот Activate Windows now. (Видете ја сликата горе десно)

Забелешка: Доколку веќе сте поминале низ методот еден погоре, тогаш ќе видите
можност за активација за 3 дена или Activate Windows now.

13
Инсталација и активирање на Windows 7

4. Одберете ја опцијата за активирање


на Windows-от онлине веднаш (Activate
Windows online now). (Видете ја сликата
од лево)

5. Одберете UAC, потоа кликнете Yes.

6. Впишете го валидниот Windows 7


продуктен клуч, и кликнете на копчето
Next. (Погледнете ја сликата лево)

Забелешка: Нема да го видите овој


екран доколку сте го впишале бројот
за време на чистата инсталација или
инсталацијата за надградба на Win-
dows 7, или доколку сте го извеле
автоматското инсталирање погоре.

14
Забелешка: Доколку продуктниот клуч не е оригинален или не е валиден, голема е
веројатноста истиот да се користи од друг компјутер или е пиратски. За повеќе
информации околу оригиналноста на Windows, посетете ја веб страницата
http://www.microsoft.com/genuine/.

7. Доколку е успешно, кликнете на


копчето Close. (Погледнете ја сликата
од лево)

15
Инсталација и активирање на Windows 7

8. Windows 7 е сега активиран и е


легален. (Погледнете ја сликата од
лево)

Забелешка: Оригиналниот Windows поминува низ процес за проверка на


продуктниот клуч кој се користи заедно со хардверот кој е пријавен за време на
активацијата.

16
Активирање на Windows 7 преку телефон

Забелешка: Ова важи само за retail верзијата на Windows 7.

Доколку Online Activation била неуспешна првиот пат активирајте го производот со


јавување во Микрософт контакт центарот на 02 3090 890.

Доколку производот не се активира во рок од 30 дена ќе добивате известувања дека


користете нелегална копија на Windows и црна позадина.

Повеќе информации на www.microsoft.com/genuine

За бесплатна техничка поддршка, активација и информации за Microsoft производите обратете се во Microsoft центарот на
02 3090 890 или mkinfo@microsoft.com. Microsoft центарот е достапен секој работен ден од 08:00 до 20:00 часот.

17
За да нарачате дополнителни услуги
јавете се на 171 (повикот е бесплатен).

www.telekom.mk

18

You might also like