You are on page 1of 2

Барокна уметност

Во периодот на 17 век Рим се појавува нов стил- барокот. Во Црквата се развива идејата за
богато и сјајно опремени ентериери и величествени церемонии со цел да се привлечат
верниците.Во 18 век барокот кулминира со својата последна фаза стилот -Рококо.

Архитектура и скулптура

Во периодот на барокот се отфрлаат хармоничноста и смиреноста на ренесансата, а се градат


градби со живи и немирни фасади, многу често и претерано украсени.

Плоштадите се главен елемент на барокниот урбанизам, каде главна декорација се


фонтаните збогатени со раскошни скулпторни композиции. Плоштадите се со затворени
елиптишни основи организирани помеѓу значајни елементи као фонтани, колонади и сл.
Најпознат плоштад е Св. Петар во Рим. Во архитектурата се појавуваат декоративни
елементи како многу резби и скулптури и други декорации на фасадите и внатрешноста со
цел да се стекне силен впечаток врз гледачот.

Најзначаен архитект и скулптор на 17 век е Жан Лоренцо Бернини. Тој учествувал во


изгрaдбата на црквата Св. Петар . Негово ремек дело е скулпторалната композиција Занесот
на Св. Тереза, дел од капелата Корнаро. Во оваа дело е прикажан момент кога ангел и го
прободува срцето на светицата Тереза со златна стрела.

Во Барокот скулптурите се одликуваат со раскошна волуменозност на телото и


драматични движења на облеката. Според темата, вајарството најчесто е претставено со
христијански теми, митолошки ликови и групи, а често се среќаваат портретни скулптури и
надгробни скулптури. Друг значаен италиански архитект и вајар е Боромини.

Сликарство

Во барокното сликарство се развиваат односите помеѓу светлината и сенките.Сликарите и


понатаму интерпретираат религиозни сoдржини, но присутни се и портрети и пејсажите.
Карактеристични се јаки бои, силни светлосни контрасти и илузија на длабок простор.

Најзначајни барокни сликари се Караваџо -Повикувањето на Св. Матеј, Диего Велазкез –


Дворски благороднички, Рубенс-Грабнувањето на Левкиповите ќерки, Рембрант -Час по
анатомија, Ноќна стража и др.

1
Екстазата на Св.Тереза Фонтаната ди Треви во Рим

плоштад Св.Петар – Рим

девојката со бисерни обици

You might also like