You are on page 1of 1

Наставна единица: Македонскиот јазик во периодот меѓу двете светски

1. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави. Во секој од деловите
започнала силна асимилаторска политика што подразбира наметнување на тамошниот јазик.
- Во Вардарска Македонија, северниот дел која ѝ припаднала на Србија, официјален бил српскиот
јазик; во Пиринска Македонија, источниот дел која ѝ припаднала на Бугарија се наметнал
бугарскиот јазик, а во Егејска Македонија, јужниот дел-грчкиот.
- Најостри мерки против макдонскиот народ се спроведуваат во Егејска Македонија, македонскиот
јазик се забранува со посебен закон дури и за домашна употреба. Ваквата агресивна политика на
Грција била поставена и пред Друштвото на народите. Под тие притисоци грчката влада
пристапила кон изготвување на буквар по македонски јазик-Абецедар (1924). Напишан на
лерински говор и латиница, тој никогаш не нашол практична примена поради грчкиот отпор. И
покрај тоа, Абецедарот значи официјално признавање на македонското население и јазик.
2. Борбата на македонските писатели од овој период преку своите дела напишани на македонски
јазик заснован на западномакедонските говори.
- Македонскиот јазик станува јазик на театарската сцена-се пишуваат и изведуваат драми на
народен говор. На тетарската сцена преку драмите, прво „Ленче Кумановче“ 1928, подоцна
преименувана во „Бегалка” напишана на кумановски говор од Васил Иљоски, „Печалбари” 1935
од Антон Панов прво, напишана на својот роден говор, стумичкиот /дојрански, а потоа
преработена на западномакенонско наречје и „Парите се отепувачка” 1937/8 од Ристо Крле,
напишана на својот роден струшки говор. Скопскиот театар ја прифатил и премиерата се одржала
1938.
- Во поезијата, Кочо Рацин со збирката поезија „Бели мугри”1939-ја зацврстила улогата на
западномакедонското наречје, особено на централните говори, како основа за македонскиот
литературен (стандарден) јазик.
- Македонскиот културен живот во Бугарија доаѓа до израз преку активноста на македонската
емиграција во Софија, организирана преку Македонскиот литературен кружок. Како позначајни
литературни остварувања од овој период се бележат збирките поезија „М’скавици” 1940 и „Пеш
по светот” 1941 од Коле Неделковски напишани на западномакедонско наречје врз основа на
велешкиот говор.

Заклучок: Литературните дела меѓу двете светски војни јасно ја потврдија народната основа на
македонскиот јазик.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
- Да умеете да ги категоризирате надворешните јазични фактори што ја условуваат јазичната
ситуација меѓу двете светски војни.
- Да ги осознаете општествено политиките карактеристики од овој период и теророт кој се вршел
врз македонскиот народ на географски, општествен, политички, културен и јазичен план.
- Забрана на употребата на македонскиот јазик од страна на угнетувачите.
- Борбата на македонските писатели од овој период, на тетарската сцена и во поезијата.

You might also like