You are on page 1of 3

Име и Презиме

Сара Здравеска

Број на Индекс

2082007

Датум на полагање

04.02.2022

Проф.Др.Александар Илиевски

Асс.М-р.Ерика Пешкоска

Асс.М-р.Елена Стојанова Златева

Тест за завршен испит по предметот ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО

(Јануарска сесија 2022)


1. Објасни ја разликата меѓу договорот за заем и договорот за кредит!
2. Сакам определено лице од сопствен материјал да ми сошие 5 службени
костуми кои би ги носел на моето работно место. Костумите треба да бидат
сошиени според модел и нацрт кој е приложен до вршителот на работата. Јас
се обврзувам да му платам на лицето за секое парче по 3000 денари во рок
од 15 дена од приемот на костумите. Каков договор ќе склучат лицата и
објасни ги елементите на тој договор?
3. Определено лице А.А. на 15 годишна возраст сака да склучи договор за
продажба на мобилен телефон со лицето Б.Б. кој е на 30 годишна возраст.
Дали овие лица можат да склучат договор? Под кои услови може да биде
правно важен овој договор? Доколку не се добие согласност што ќе се случи
со овој договор?
4. Состав на договор по сопствен избор !

*Вкупен износ на поени 40

1. Со договорот за заем заемодавачот се обврзува да му предаде на заемопримачот


определен износ пари или определено количество други заменливи ствари, а засмопримачот
се обврзува да му го врати по извесно време истиот износ пари, односно истото количество
ствари од ист вид и квалитет.
Договорот за заем е консензуален договор настанува во моментот кога страните постигнале
согласност за неговите елементи. Натаму, тој е двострано обврзувачки догвор, со оглед на тоа
дека за двете страни постојат права и обврски. Во зависност од тоа дали заемопримачот, освен
враќањето на главницата должи и камата, договорот за заем е товарен, кога тоа не е случај, тој
е доброчин. Целта на договорот е позната, односно договорот е каузален. Најчесто е
неформален, нако кога станува збор за договорот за заем на пари најчесто страните избираат
да го склучат во писмена форма. Меѓутоа, кога давател на заемот е банка или друга финасиска
институција тогаш договорот (сега познат како договор за кредит) по сила на закон се склучува
во писмена форма.

2.Во овој случај се работи за договор на дело. Според Законот за облигационите односи,
договором за дело е таков договор со кој вршителот на работата (претприемач, изведувач на
работи) се обврзува да изврши определена работа за нарачувачот, како што е изработка или
поправка на некој предмет или извршување на некоја физичка или интелектуална работа и
слично, а нарачателот се обврзува за тоа да му плати надомест на оршителот на работата за
извршената работа.
Договорот за дело е консензуален договор, кој се склучува во моментот во кој страните
постигнале согласност на волјите за работата што треба да биде извршена и за надоместокот
што треба да биде платен. Договорот за дело е двострано обврзувачки затоа што од него за
двете страни произлегуваат права и обврски, кои се приближно еднакви, па поради тоа овој
договор е и еквивалентен. Овој договор е товарен зашто за извршената работа се плаќа
надомест. Договорот за дело е комутативен договор, зашто правата и обврските на неговите
страни се однапред определени и познати. Исто така, договорот за дело е и каузален, зашто
порачувачот го склучува врз основ на него да му биде извршена определена работа, а
вршителот на работата го склучува овој договор за да добие надомест за извршената работа
врз негова основа.
Договорот за дело се склучува на некој од начините на кои се склучуваат и другите
облигациони договори. Меѓутоа, содржи посебни одредби кои се однесуваат на склучување
на овој договор по пат на наддавање.
Елементи на договорот за дело, со оглед на неговата природа се:
а) извршување на работата и
б) плаќање на надомест.
Договорот за дело може да има и други елементи доколку спогодбено ги договориле неговите
страни.
Содржината на договорот за дело ја сочинуваат правата и обврските на неговите страни во
врска со:
а) извршување на работата;
б) предавање на изработената ствар;
в) гарантирање за својствата на извршената работа и
г) плаќање надомест.

3.Договорот со малолетник не може да биде склучен, без разлика за каков предмет се работи.

4. Со договорот за дар дарувачот се обврзува да му пренесе или да му предаде на


даропримачот во сопственост определен предмет, или да му отстапи некое право, или да му
отпушти долг, или да му преземе долг без надомест.
Договорот за дар е консензуален договор, склучен е во моментот кога дарувачот и даруваниот
постигнуваат согласност за подарувањето на стварта. Карактеристично за договорот е што е
еднострано обврзувачки договор, на дарувачот постои обврска нешто да стори или да даде, за
што не постои противчинидба на страната на даруваннот. Договорот за дар е доброчин,
даруваниот стварта ја добива без надомест. Договорот за дар се карактеризира и по тоа кој
може да се јави како страна на договорот. Така, дародавач може да биде само лице со полна
деловна способност, а под одредени услови определени со закон, дар може да дава и лице со
ограничена, односно посебна деловна способност. Даропримач може да биде секое лице кое
има правна способност. Но, ако дарот го прими деловно неспособно лице, законскиот
застапник на тоа лице може во рок од 30 дена да го одобри дарот со изјава дадена дарувачот.
Договорот за дар има два елементи:
а) стварта што се подарува и
б) волјата таа ствар да биде подарена.
Стварта што се подарува мора да биде во правниот промет онака како што стварта што се
продава мора да биде во правниот промет. Оттука, за ова ќе важи сè она што беше речено за
стварта како елемент на договорот за продажба. Волјата за стварта да биде подарена е она
што го разликува договорот за дар од другите договори каде што стварта се предава без
надомести. Постоењето на волја стварта што се предава да се предаде како дар и да се прими
како дар, иако по својата природа е субјективна категорија, во овој случај се јавува и како
основ на договорот (како цел или како што уште се нарекува кауза).
Содржината на договорот за дар ја сочинуваат правата и обврските на страните.
Даропримниот има право да бара предавање на стварта, а дарувачот обврска да го направи
тоа. За предавањето на стварта, односно за пренесување на правото кај договорот за дар важи
она што беше речено кај договорот за продажба. Така дарувачот одговара за ненавремено
исполнување на договорот како и за сво јствата на ства односно на правото што се пренесува.

You might also like