You are on page 1of 2

ООУ Круме Волнароски - Тополчани, Прилеп

Дневна подготовка за ден _______02.11.2021________


Наставник : Цветанка Кузманоска - Рипилоска

Одделение: IX
Наставен предмет: Англиски јазик
Наставна тема / подрачје:

Unit 5: Healthy Eating?

Наставна содржина:

Повторување на граматички структури- Comparatives and superlatives

Тип на час: Повторување, увежбување и утврдување на граматички структури


Цели: Очекувани исходи:
-да ги повтори и
утврди начините на - Учениците ги повторија и утврдија формите за степенување
степенување на на придавките, се запознаа со формата на нови неправилни
придавките со придавки и индивидуално работеа вежби од учебникот и од
употреба на работен лист
компаратив и
суперлатив, да
може да споредува
два или повеќе
предмети, личности,
појави и соодветно
да ги употребува во
говорот

Наставни форми: фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа


Наставни методи и техники:

- метод на практична работа, комуникативен метод, пишување, читање и


дополнување

Наставни средства: Корелација:


Учебници, тетратки,
училишен прибор, - со македонски јазик (придавки, степенување на придавки )
табла, креда,табела
од учебникот,
хамер, работни
ливчиња, ливчиња
за самооценување
и сл.
Методи и инструменти за следење на постигањата на учениците:
Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, изговор), усна
повратна информација,домашна работа, работно ливче, ливче за самооценување и сл.

Активности:
Воведни активности:
- Наставникот ги запознава учениците со целите и содржината на часот.
Наставникот бара од учениците да ги повторат начините на формирање на
придавки во компаратив и суперлатив . Учениците одговараат, кажуваат примери ,
наставникот им помага, ги потсетува и дополнува.

Учечко-поучувачки активности:
- Учениците, заедно со наставникот ја пополнуваат табелата од вежба 7 / 36 страна
која е претставена на хамер, излегуваат на табла и ги дополнуваат празните
места на хамерот со соодветна придавка во компаратив или суперлатив.
Наставникот ги надгледува , ги потсетува и им дава насоки.Наставникот ги
запознава со нова група на придавки кои имаат неправилна форма во компаратив
и суперлатив. Учениците ги запишуваат во тетратка. Учениците заедно со
наставникот ги решаваат вежбите од работниот лист, каде треба да состават
реченици во компаратив / суперлатив соодветно , да ги подредат правилно
зборовите во реченицата и да ги дополнат празните места со соодветна придавка.

Евалутивни активности:
- Учениците, индивидуално пополнуваат лист за самооценување, во кој ја
оценуваат нивната активност и усвоеноста на материјалот од часот . Наставникот
задава домашна работа .
Домашна работа:

- Вежба 8 и 9 на страна 36 од учебникот.


Диференцирани активности:

/
Рефлексија:
Целите на часот беа реализирани, учениците ги утврдија и увежбаа формите за
степенување на придавките , одговараа на прашања од наставникот и работеа
индивидуално.

You might also like