You are on page 1of 41

Проект за Фотоволтаична електрана (200 kW)

по предметот: Погон и управување на Електрични централи


TEKCTУAЛEH ДЕЛ
1. ТЕХНИЧКИ ОПИС
1.1. Функционално решение
1.2. Усвоено техничко решение
1.2.1 ИНВЕРТОРИ
ФOTOHAПOHCKИ ПАНЕЛИ
1.2.3. Надзор и комуникација — далечински надзор
1.2.4 ДЦ OPMAP
1.2.5. Заземјување
1.2.6 Кабли и конектори
1.2.7. Носечка конструкција на модулите
1.2.8. Метален електричен ормар
1.3. Заштита од напон на допир
2. ВОДЕЊЕ НА КАБЛИТЕ
2.1. Опис на трасата
2.2. Карактеристики на кабловските водови
3. ЕЛЕКТРИЧНИ ПРЕСМЕТКИ
3.1. Димензионирање на енергетски кабли и осигурувачи
3.2. Пресметки на вредностите на карактеристичните електрични величини во
системот
- ОСНОВНИ НАСОКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ И ЕВАКУАЦИЈА ПРИ ПOCTABУBAЊE
НА СОЛАРНИ ПАНЕЛИ
ГРАФИЧКИ ДЕЛ
1. CИTУAЦИJA СО КАВЕЛСКА TPACA
2. ПETTA ФАСАДА ОБЈЕКТ 1 - ПОВРЗУВАЊЕ НА СТРИНГОВИ
3. ПETTA ФАСАДА ОБЈЕКТ 2 - ПOBP3УBAЊE НА СТРИНГОВИ
4. ПРИНЦИПИЕЛНА ШЕМА 1
5. ВЛОК ШEMA НА ПОВРЗУВАЊЕ НА ПАНЕЛИ
6. ЕДНОПОЛНА ШЕМА НА ДЦ OPMAP
7. ЕДНОПОЛНА ШЕМА НА АЦ OPMAP
8. ЕДНОПОЛНА ШЕМА НА РО 1 OPMAP
9. ЕДНОПОЛНА ШЕМА НА РО 2 OPMAP
10. БЛОК ШЕМА НА ЕНЕРГЕТСКО ПOBP3УBAЊE НА ФОТОВОЛТАИЧНА
ЦEHTPAЛA
11. ДЕТАЛ ОД ЗАЗМЈУВАЊЕ
12. ДИСПОЗИЦИЈА НА ЕЛЕКТРО OПPEMA
TEKCTУAЛEH ДЕЛ

1. ТЕХНИЧКИ OПИC
Предмет на овој проект е изработка на техничка документација односно Основен
проект — фаза Електрика за изведба на фотонапонска централа со номинална
вредност од 206, 08кW за производство на електрична енергија сместена над кровната
конструкција. Произведените kWh електрична енергија од обновлив извор,
Инвеститорот ќе ги користи во текот на работниот процес за сопствени потреби. При
проектирањето на централата целосно се почитувани условите на локацијата односно
поставеноста и ориентацијата на објектот и барањата доставени во проектната задача
од страна на Инвеститорот. Предложениот соларен генератор е со моќност од 206.08
kWp.

1.1. Функционално решение


На дадената локација, изведени се објекти од лесна и незагадувачка индустрија и
деловен објект, на кој на дел од неговите кровни површини се предвидува
поставување на фотоволтаична централа за производство на електрична енергија од
сончеви зраци, со вкупен капацитет од 206,08 kW.

1.2. Усвоено техничко решение


На испроектираната фотонапонска електрична централа ќе бидат поставени вкупно 736
фотонапонски панели организирани во групи со 4 инвертори со моќност од 50кW. Се
препорачува набавка на инвертори од познатиот европски бренд KACO.

1.2.1 ИНВЕРТОРИ
Инверторот е таков енергетски преобразувач, кој што енергијата на еднонасочната
струја ја изменува (инвертира) во енергија на наизменична струја.
За претворање на еднонасочната во наизменична електрична енергија е предвидено
инсталација на инвертори од типот KACO :
Инвертер 1, 2, 3, 4 - тип KACO 50 со номинална моќност од 50kW панелите се поврзани
во 8 независни стринга по 23 панели во стринг.
За димензионирање на фотоволтаичната централа е користена софтверска алатка од
едниот од наведените производители на инвертори.( како прилог во проектот се дадени
техничките карактеристики на инверторите)
Слика од инвертер
1.2.2. ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛИ
Местото кое е предвидено за монтажа на опремата е доволно за да се постават
фотонапонски панели во просторот така да влијанието на дополнителни сенки од
околните предмети и меѓусебното влијание на сенки се минимизира.

Функционално решение

За изведба на централата, третирани се само објектите бр.9 и 13 на


(ОБЈЕКТ 1) и деловниот објект на (ОБЈЕКТ 2), затоа што нивните кровни
површини се соодветно ориентирани кон јужната страна (ОБЈЕКТ1 има
отклонување кон југозапад со азимут од 120 , додека ОБЈЕКТ2 има отклонување
кон југоисток од 780 и кон југозапад од 1020 ). Кровните површини имаат одлична
осонченост и немаат никакви пречки од зеленило и други повисоки објекти во
непосредната околина. Косината на кровот кај ОБЈЕКТ 1 и ОБЈЕКТ 2 изнесува 60.
Kaj OБJEKT 1 вкупната погодна кровна површина за поставуваіъе на модули
изнесува 400,08м2, а додека под модули се предвидува површина од 298,74м2.
Kaj OБJEKT 2 вкупната погодна кровна површина за поставување на модули
изнесува 1035,28м2, а додека под модули се предвидува површина од 896,23м 2.

OБJEKT 1 OБJEKT 2

KPOB 1 - 184 модули KPOB 2A - 276 модули


KPOB 2B - 276 модули

184 552
модули модули

BKУПHO: 736 модули

Рамката на ФВ модули е од алуминиум и најдобро е да лежи на


алуминиумска потконструкција и да биде фиксирана со алуминиумски средни и
крајни држачи. Заради тоа кај ОБЈЕКТ 1 и ОБЈЕКТ 2 на завршната кровна
површина изведена од ребрест лим, се поставуваат алуминиумски парчиња со
димензија од 54см на кои се фиксираат ФВ модулите.

изглед на основната алуминиумска потконструкција

При поставување на модулите и потконструкцијата мора да се внимава од


сите страни да се остави доволно простор за движење односно патека која ќе
служи за контрола и поправки.
Моќноста на фотоволтаичната централа зависи од самата моќност на
фотоволтаичните модули кои се предвидува да се постават.
Во овој случај се предвидуваат монокристални или поликристални ФВ
модули со моќност од 280W. Во оваа централа се предвидува поставување на
вкупно 736 фотоволтаични модули.

Истите се со димензија од цца. 99 х 1б4см и висина од 4,00см. Тежината


на еден модул изнесува од 18 - 21кг односно цца. 10,90 — 12,70кг/м2.

модули х 0,280kW = 206,08 kW фотоволтаична централа


Основните параметри за хармонизација на решението помеѓу панелите и инверторите се:
• Минимален прав напон за автоматски старт на инверторот
• MPPT прав напон после стартување
• Највисок прав напон
• Најнизок прав напон
• Најголема струја
• Најголема DC мок
1.2.3. Надзор и комуникација - далечински надзор
Во одбраните инвертори е предвидено поставување на COM—card, кои овозможуваат
преку постоечката LAN мрежа пренос на информации за работењето на електраната до
локации по барање на инвеститорот.
Производителот на инвертори нуди опција која преку комуникациски порти и со
поврзување во мрежа овозможува 24 часовен надзор на производството, со информации
за евентуални грешки во системот и нивно брзо елиминирање, како и други показатели
кои инвеститорот може да ги следи во континуитет. За ова е потребно и комуникациско
поврзување на објектот со некој телекомуникациски оператор преку кој ќе може да се
следи работењето на централата.

1.2.4. ДЦ OPMAP
Во ДЦ ормарот се сместени осигурачите и напонските одводници и склопката за
исклучување на соларниот генератор.

Заштитниот елемент од пренапони со категорија 2 е вграден во системот на инвертерот,


така што во обичен режим напонот го ограничува со одведување на енергијата во
земјата, а во диференцијалниот режим на одведување на енергијата во друг активен
проводник. Заштитата од пренапони треба да ги задоволува меѓународните стандарди
IEC 61643-1.

1.2.5. Заземјување
Инверторите, катодните одводници и панелите се заземјуваат на РЕ бакарна шина

која се наога во АС ормарот со жолто зелен проводник P/F 25m 2. РЕ шината во АС


ормарот се поврзува со постоечкото заземјување во разводниот ормар со жолто зелен
проводник P/F 25m2. Фотоволтаичните модули кои се прицврстени на алуминиумската

конструкција со струјни мостови изработени од жолто зелен проводник P/F 10m 2 се


поврзуваат меѓусебно и се поврзуваат на РЕ шината во АС ормарот. Пред и по

завршување на работите односно пред пуштање на Фотоволтната централа (PV) во


работа се мери отпорот на заштитното заземјување и добиените вредности се
искажуваат во стручен извештај. Измерените вредности на отпорот на заштитното
заземјување не смеат да изнесуваат повеќе од 5(Ω).

1.2.6. Кабли и конектори


Еднонасочниот кабелски развод ќе се изведе со флексибилни изолирани
проводници со соодветен пресек, вовлечени во пластично или метално црево. Врските
од DC соборните ормари до DC/AC разводот ќе се изведат со кабли со соодветен полн
пресек на проводниците. Поврзувањето на проводниците ќе се изведува со соодветни
клеми и спојници во панелната кутија, во DC собирното ормарче и на собирниците во
DC/AC разводот.

Ограничувања на падот на напон по основа на MPPT


Ограничувањето произлегува од фактот што инверторот преку следење на посредни
параметри ја дефинира оперативната точка на максимална моќност на ФВ панел.
Поголемите падови на напон во кабелските врски имаат за последица намалување на
ефикасното следење на точката на максимална моќ на панелите. Според тоа, заштедите
на кабелските врски имаат влијание врз намалувањето на годишното производство на
системот. Во определувањето на оптималниот пресек на проводниците се користи
комплексен математички модел кој покрај другото ги зема во предвид и наведените
моменти. Во Табела прикажани се минимални пресеци на основа на термички
оптоварувања:
Табела. Проводници помеѓу модулите и DC собирни ормари
Минимален пресек (мм2)
Ik(A) = 6 t (s) = 0.1
Изолација Cu - проводник Al - проводник
P
LPE 0.09 0.21
C

Табела. Проводници помеѓу DC собирни ормари и собирниците DC во


DC/AC постројката
Минимален пресек (мм2)
Ik (А) = 120 t (s) = 0.1
Изолација Cu — проводник Al — проводник
P
LPE 0.59 1.36
С
Оптимален пресек и пад на напон
0.91 2.08

Методологијата се cостои во определуваіъе на најмалите вкупни трошоци. При


тоа, за трошоци, земени во предвид и пресметани се загубите на енергија поради
падовите на напон, намалената ефикасност поради изместување на MPPT и трошоците
за кабел. За да се зголеми расположивоста на постројката и подобри степенот на
корисно дејство, прифатена е шемата со DC собирници помеѓу модулите и инвертерот.
Од едната страна на DC собирниците ќе бидат приклучени 2 доводни кабли за секој
стринг, а од другата страна еден инвертер. Доводите нема да содржат комутациони
елементи како што се прекинувачи или контактори, но ќе се приклучат преку соодветни
осигурачи директно на собирниците.

мс-4 Конектори
1.2.7. Носечка конструкција на модулите

Металната конструкција се прицврстува на фундаментот за покрив и на него се монтира


конструкцијата за панели. Со оглед на големиот број на модули, ирелевантно е дали носечката
конструкција ќе биде со решение со еден или повеќе реда. Потребната површина на просторот
незначително ќе зависи од тоа дали конструкцијата е за еден, два или повеќе реда.

1.2.8. Метален електричен ормар АЦ OPMAP


Секој AЦ ормар е металниот ормар каде ќе бидат сместени главна склопка за
исклучување и приклучок за мрежниот кабел.

1.3. Заштита од напон на допир


Напонот на допир е дел од напонот на грешка или напонот на заземјувачот што
може да се премости со допир. Овој напон на допир може да се дефинира и како
потенцијалната разлика меѓу проводливиот дел од уредот (електраната) или
проводникот под напон и земјата што ракувачот ја премостува со своето тело. До појава
на напон на допир доаѓа поради дефект на електричните инсталации и постројки, поради
невнимателна употреба, поради дотрајаноста на изолацијата и слично.
За заштита на персоналот од превисок допирен напон, како и за нормално работење
на електраната, во РО ормарите како средство за заштита е предвидено да се користи
заштитно заземјување согласно MKC.H.B2.754 и MKC H.B2.754/1 — Заземјување и
заштитни проводници. Истото ќе има заштитна и работна функција. Со примена на
заземјувањето се спречува на проводливите делови од електраната што не му припаѓаат
на струјниот круг да се одржи превисок напон на допир.
За оваа цел сите метални делови од електраната кои не се носители на струја т.е. во
нормални работни услови не се под напон ќе бидат поврзани на заземјувачот со Rpr - 2Ω.

На заземјувачот ќе бидат поврзани сите носечки платформи, нултата и


заземјителна шина на НИ таблата, куќиштето на инверторите и куќиштата на
комплетниот уред за развод (PП).
Ќе се користи мрежаст заземјувач од железно-поцинкувана лента од тип FeZn
25x4mm поставена во земја на длабочина од 0,8 m под теренот, на меѓусебно растојание
од 20m. Овој заземјувач е постоечкиот заземјувач кој е поставен при изведбата на
објектот.

Сите електромонтажни работи ќе се изведуваат согласно нормите, правилниците


и одредбите, валидни во моментот на монтажата.
По завршување со електромонтажните работи да се извршат неопходните
испитувања и мерења за пуштање во работен режим и да се состават соодветните
записници.

2. ВОДЕЊЕ НА КАБЛИТЕ
Изведбата на ИН кабловска мрежа во конзумното подрачје на TC 10/0,4 kV во
непосредна близина на објектот се врши со цел приклучување на новоизградените
инвертори за превземање на произведена електрична енергија од фотоволтаични
панели како и за сопствено напојување на објектот со можност за идни нови
потрошувачи и нивно квалитетно и доверливо поврзување со електричната мрежа на
EBH Македонија за пласман на произведената електрична енергија.
Основниот проект е изработен според важечките закони и MKC прописи и
стандарди, како и според препораките на EBH Македонија АД.

2.1. Опис на трасата


Кабелската траса на новопредвидените изводи започнува од НИ ормар, од каде се
планира кабелски траси со кабли од типот PPOO 4x95 mm2 до двата разводни ормари
(РО1 и РО2), каде ќе имаме довод од секој AЦ ормар со кабел PPOO 4x35 mm2. Заради
намалување на падовите на напон предвидено е поставување на ДЦ ормарите и
инверторите што поблиску до групата на панели на некој од фасадните sидови од
објектите, а со тоа ќе биде зголемена должината на енергетските кабли од инверторите
до АЦ ормарот кој е во непосредна близина на НН ормар.
Кабловските траси се дадени во графичкиот дел и се дадени во прилог.
2.2. Карактеристики на кабловските водови
Проводникот (соларниот кабел) кој се користи за меѓусебно поврзуваюе на ФБ
модулите во стрингови кои понатаму се поврзуваат со инверторите преку DC ормарот

има специјална примена во фотоволтаичните системи со голема отпорност на УB


зрачење и голема изолациона отпорност. Тип на кабел: PV1-F 0.6 /1KV 1 х 4/6мм2

3. ЕЛЕКТРИЧНИ П Р ECMETKИ
Анализирана е годишната потреба за електрична енергија на капацитетот
преку доставување од страна на Инвеститорот на сметки од фирмата трговец со
електрична енергија и како оптимално решение е одлучено дека вкупниот
капацитет на фотоволтаичната електрична централа согласно крововите кои се
погодни за искористување да биде 206,08kW, што се совпаѓа и со просторните
можности на соодветно ориентираните кровни површини.
Избраното решение опфаќа:
• Фотоволтаични модули поставени на фиксна алуминиумска
конструкција
• Инвертори
• DC/AC ормар (и)
• Соларен кабел, конектори, канали и друг ситен материјал

Оваа енергија за да може понатаму да се дистрибуира до потрошувачите,


потребно е да се трансформира. За таа цел ќе бидат поставени 4 трофазни
инвертори со моќност од 50 kW .
Инверторот мора да има дистрибутивно напојување за да почне со работа,
односно дистрибутивната мрежа е потребна самиот инвертор да се синхронизира
на неа. Притоа инверторот е комплетно автоматизиран и врши мерење на сите
електрични величини кои се достапни за набљудување односно мониторинг на
системот.
При своето функционирање овој објект не создава цврст отпад, па заради
тоа и нема потреба од негово отстранување од самата локација.
Системот, согласно својата намена, нема никакво негативно влијание врз
населението, поради тоа што загадувањето на животната средина кај ваквите
објекти е сведена на минимум.
Очекувано годишно производство coглacнo софтверската aлатка PV GIS
Годишното производството од системот 206,08kWp изразено по месеци:

Fixed system
Month Em
Jan
8970.00
Feb
12750.00
Mar
20420.00
Apr
26530.00
May
31030.00
Jun
34040.00
Jul
37270.00
Aug
33580.00
Sep
23760.00
Oct
16750.00
Nov
10660.00
Dec 8340.00
Total for year (kWh/kWp) 264100,0

3.1. Димензионирагье на енергетски кабли и осигурувачи


Пресекот на проводникот за пренос на електричната енергија се димензионира
така што при номинално оптоваруваwе не се загрева над дозволената температура, не
предизвикува недозволени падови на напон и ја има потребната механичка цврстина. За
таа цел избраниот проводник мора да ги исполнува електричниот, термичкиот и
механичкиот услов. Осигурувачите ги штитат проводниците и каблите од
преоптоварување и од куси врски со автоматско исклучување на напојувањето.

3.1.1. Димезионирање на напојниот кабел за еден инвертор од инверторот до


АЦ разводниот ормар
Пресекот на кабелот се одредува врз следниве критериуми:
- Допуштено струјно оптоварување
- Допуштен пад на

напон Тип на развод — С.

1. Струјно оптоварување

Ped
Ib=
√ 3∗cosφ∗U∗η
Координација на пресекот на каблите и заштитните уреди се остварува преку
следниве два услови:

In - номинална струја на заштитниот уред


Ib - номинална струја на оптоварување
Iz - дозволена струја на оптоваруваюе во зависност од услови на полагање за
соодветен тип на развод.

Iz - трајно дозволена струја на кабел (А) за соодветен тип на развод (Табела4)


k1 - корекционен фактор за група од неколку струјни кола или неколку повеќежилни
кабли (Табела 5) MKC H.B2.752
k2 - корекционен фактор за температура на околината кога се разликува од 20°С за
кабли положени во земја (Табела 9) MKC H.B2.752
I2 - струја која обезбедува сигурно активирање на заштитниот уред за еден час

Едновремената моќност изнесува:

Ped = Pi . kj
Ped
Ib= ( A)
√ 3∗cosφ∗U∗η

во прилог е дадена табеларен приказ на падовите на напон за сите инвертори.

3.1.2. Пресметка на пад на напон за најдолгата делница од НН РО до AЦ - РО

Сите електрични уреди во едно сложено електично коло не можат да се


напојуваат со електрична енергија со точно одреден номинален напон. Поради
електричниот (омски) отпор, при минување на електричната енергија низ проводниците
се јавува пад на напон по должината на проводниците.

Дозволен пад на напон

100∗l∗Ped
Δu %= 2
λ∗S∗U

Каде што:
Ped - максимална едновремена инсталирана моќност (W)
λ - специфична водливост на кабелот (табела 5-2) MKC H.B2.752
U - линиски напон (V)
l - должина на кабелот (m)
S - напречен пресек на кабелот (mm2)
Врз основа на зададените принципи на пресметка на загуби во електричната
инсталација, во прилог е дадена табела во која се разгледани поединечно сите делници
за дадената фотоелектрична централа, во која се земени поединечните должини и
предвидени пресеци на кабел (прилог табела).

3.2. Пресметки на вредностите на карактеристичните електрични величини во


системот
Карактеристични параметри на инверторот тип - KACO 50,0 kW. потребни за
пресметките
- Минимален влезен напон: Vdc min 580V, за сите типови
- Максимален влезен напон: Vdcmax = 1050V за сите типови

Во продолжение е дадена пресметката за секој инвертор


Карактеристични параметри на PV модулите од типот 280W потребни за
пресметките :
- Струја при кратка врска: Isc max. 8,98A
- Напон на отворено коло: Voc max. 39,16V

3.2.1 Димензионираwе на инверторите - DC страна


Согласно изборот за KACO 50 kW бројот на стрингови е 8 стринга по 23 панели
Согласно електричната шема за поврзуваюе на ФB модулите, за инвертер од
50kW, следи дека на влез на истите доаѓаат по 8 стринга со по 23 сериски поврзани
ФB модули или вкупно 184 ФB модули. Максималниот напон кој може да се појави на
краевите од секој стринг поединечно изнесува :
Vmax string = 39.16V * 2Зморули = 900.68Vdc
Потребно е да биде задоволен условот : Vdc min inv < Vmax str < Vdc inv

за стринг 580Vdc < 900.68Vdc < 1050Vdc


Максималната вредност на струјата која може да протече низ секој од
стринговите поединечно изнесува Imax string = Isc max / фактор на корекција = 8,98 А /
0,75 = 11,9 А (согласно табела во прилог)

Од добиените пресметки се добива дека на DC страната во нормален режим на


работа максималната струја е помала од 11,9A, а максималниот напон е 900,68V, според
тоа се избира следната заштита:
- Постоље со цилиндрични топливи осигурачи 12А за секој стринг
- Пренапонска заштита Up >1000V
Избор на каблите
- Вредност на коефициентите за пресметка на струјното оптоварување на каблите:
Коефициент Вредност Се однесува на:
f1-A 1.00 по однос на пресекот на проводникот (4mm 2 < 25 mm2).
топлотното оптоварување на почвата по однос на називниот
f1-В 1.00 напон на кабелот (1kV).

f2 0.82 Зависно од температурата на почвата.

f3 0.46 Зависно од бројот и размакот помеѓу каблите (сноп до 10).

f4 1.00 Зависно од температурата на воздухот (<=30oC).

f5 0.75 Начин на полагање на каблите (сноп >9 во кабел канал во


воздух).

f = f1 * f4 * f5 0.75 Сумарен коефициент за конкретната состојба

Ќе се користи DC собирен ормар; со 8 влеза за низи.


DC собирниот ормар содржи:
• 2х8 приклучоци со осигурачи од 12 А за позитивниот и негативен потенцијал
• збирна собирница за позитивниот и негативен потенцијал за група А
• збирна собирница за позитивниот и негативен потенцијал за група Б
• два збирни DC изводи
• АС заштитни елементи од пренапони 4P, 420V, 20-40kA за двата излезни извода
• диоди 1000V, 15А за двата стринга од групата А

Заштитниот елемент од пренапони се поврзува така да во обичен режим напонот го


ограничува со одведување на енергјата во земјата, а во диференцијален режим со
одведување на енергијата во друг активен проводник.
Заштитата од пренапони ги задоволува меѓународните стандарди IEC 61643-1.
Типот на катодниот одводник се избира за тешки услови на работа.

Забелешка : Бидејќи овие пресметки важат при идеални услови, потребно е да


се напомене дека во текот на летниот / зимскиот период истите реално не можат да се

постигнат поради зголемената / намалената сончева радијација која пристигнува на


земјината површина при што доаѓа до зголемување / намалување на работната
температура на сончевите ќелии со што се намалува / зголемува ефикасноста на фв
модулите, па според тоа вредноста на максималната моќност би била помала /
поголема за приближно оној процент колку што изнесува намалената / зголемената
ефикасност на ќелијата.
Проводникот (соларниот кабел) кој се користи за меќусебно поврзување на фв
модулите во стрингови кои понатаму се поврзуваат со инверторите преку DC ормарот
има специјална примена во фотоволтаичните системи со голема отпорност на УB
зрачење и голема изолациона отпорност.

Тип на кабел: PV1-F 0.6 /1KV 1 х 4/6мм2

3.2.2. Димензионирање на инверторите - АС страна


Номинална струја од инверторите е 76,5A се избира трополен автоматски
осигурач 100A (за сите инвертори). Сумарната струја од 2(ДВА) инвертори е излезната
струја од РО OPMAP. Инверторите се приклучуваат на заедничка собирница во РО

ормар со енергетски кабел NYY(PPOO) 4 х 35m 2.


Максималната излезна моќност на централата е Р= 206.08kW, а максималната
излезна струја од РО 1 и РО 2 кон НН ормар е 156,6A.
Фотоволтаичната централа се приклучува на НН енергетска мрежа преку
раставувач со ножести осигурачи NV250/200A.

З.2.З. Заштитно заземјување


Во секој случај ќе се користи веќе изведеното работно и заштитно заземјување за
трафостаницата.
Со оглед на применетиот систем на заштита отпорот на работното заземјување не смее
да надминува 2 оми. Овој отпор во ниеден случај или период на годината не смее да
биде поголем. Отпорот се проверува секоја година.
Ќе се користи постоечкиот систем на реботно заземјување од трафостаницата на која
ќе се приклучи и фотоволтната централа.
Заштитното заземјување се изведува одвоено. Оддалеченоста помеѓу работниот
заземјувач и заштитниот заземјувач треба да изнесува најмалку 20 m.
На заштитното заземјување се поврзува високонапонската опрема како и громобранската
заштита.
Максималниот напон на допир не надминува 65V бидејќи средниот напон нема
заземјена неутрала. Струјата на доземен спој не надминува 28А така да при отпор на
заземјувањето помало од 2 оми напонот на допир со сигурност е помал од 60V.
Бидејќи напонот на допир е помал од дозволениот обликување на потенцијалот со
соодветен распоред на лентата од заземјувачот не е потребно.
Фотоволтното поле ќе се штити со постоечкиот громобрански систем.
Во секој случај ќе се користи веќе изведеното работно и заштитно заземјување за
трафостаницата.

ОСНОВНИ НАСОКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ И ЕВАКУАЦИЈА


ПРИ ПОСТАВУВАЊЕ НА СОЛАРНИ ПАНЕЛИ
Овие насоки се составен дел на скриптата за заштита од пожари која е доставена
до секој изведувач и во која се содржани основните начела за процесот на горење,
причините за настанување на пожари, како и мерки и средства за нивно спречување и
гаснење.
Активности за поставување на соларни панели и нивно поврзување при кои може да
настане пожар.
- активности во поткровна површина каде се врши сечење или заварузање на метал
- активности на кров за сечење или заварување на метал
- активности за сечење или заварување на метал на површини со сува трева при
поставување на панели на земја
- поврзување на електричната инсталација и конверторот
- краток спој при проверка или пуштање на целокупната инсталација
- лабав контакт на споеви кои се со наизменичен напон над 220V
- поставување на изолација на споеви со загревање
- краток спој на веќе постоечка електрична инсталација при невнимание на
вработени.
Мерки за заштита при изведувагье на работите
• При изведување на било која работна активност при која може да настане горење
или пожар задолжително е поставување на најмалку еден ПП апарат S-9 (кој е
соодветно сервисиран) во непосредна близина на местото на активноста.
• На секој објект да има најмалку едно лице обучено за заштита од пожар и
евакуација
• Работни операции при кои е можна појава на искра, отворен пламен или топлина
да се изведуваат на места каде нема лесно запалива материја особено не на
поткровна површина или во близина на придружни објекти како котлари,
резервоари за гориво, приклучоци на гас и сл. Во спротивно да се обезбеди
местото да не се зголеми температурата на запаливите материјали.
• Доколку на кровната површина или на местото на работа има голи проводници
или приклучоци на електрична енергија со напон над 220V истите задолжително
мора да се покријат или изолираат за да не се предизвика краток спој.
• На вработените кои работат на кровните конструкции во секој момент треба да им
се обезбеди можност за напуштање на кровот од надворешна страна на објектот
(поради настанат пожар кој не е предизвикан од нив), а не низ поткровната
конструкција.

Мерки за заштита кои се превземаат пред изведба и примопредавање на објектот, а


се во насока на безбедна експлоатација на системот
• Опремата која е избрана (функционална или заштитна) треба да соодветствува на
техничките барања и на димензионираната моќност.
• Секој контакт на електричен проводник да биде изведен според признаените
технички правила.
• Меѓусебното поврзување на проводниците и на проводниците со опремата да
биде исклучиво во разводни ормари или разводни кутии.
• Не смее да има наставување на проводници поради недоволна должина, односно
секоја посебна линија мора да биде од еден кабел.

• Електричната опрема која се поставува во простор со посебни услови (отворен


простор, влага, прашина, експлозивна зона) мора да биде во соодветно изведено
куќиште во зависност од посебните услови.
• Пред отпочнување со активностите треба да се провери заштитното заземјување
на постоечката електрична инсталација.
• По завршување на активностите исто така треба да се провери заштитното
заземјување и поврзаноста на новата опремата со постоечкиот заземјувач.
• По завршување на поврзувањето во услови на максимална оптовареност на
новиот систем со термовизиска камера да се провери оптовареноста на системот
и поврзаноста на елементите односно дали има преоптоварени делови или
лабави контакти.
• Системот да биде така изведен што ќе оневозможи проток на електрична енергија
произведена од соларните панели кон јавната мрежа при снемување на мрежно
напојување со електрична енергија од избран снабдувач преку јавната мрежа.
ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД - ТЕРМИЧКО ДИМЕНЗИОНИРАЊЕ НА КАБЛИ
ОБЈЕКТ: Изведба на фотонапонска централа
ПРЕДМЕР -
СПЕЦИФИКАЦИЈА
ПРЕДМЕР

за фотоволтаична централа од 206,08 kW за производство на електрична енергија

p.бp опис на работа мера количина Изглед

1. Набавка, транспорт и
поставуваіъе на алуминиумски
профил (како потконструкција)
со сите потребни спојни
елементи
- должина 54см парч 1596,00
2. Набавка на крајни држачи за
прицврстуваіъе на модулите парч 248,00

3. Набавка на средни држачи за


прицврстување на модулите парч 1348,00

4. Набавка, транспорт и
поставување на
монокристални или
поликристални парч 736,00
фотоволтаични панели со
моќност од 280W
дим. 99 х 164 х 4,00см
5. Набавка, транспорт и
поставување на електро опрема
(детален опис на опремата во
Основниот проект — фаза
Електрика во графичките
прилози):
- Инвертор од европско потекло
со моќност од 50kW парч 4,00

- DC ормари со следнава опрема: парч 4,00


- ормар во IP66 изведба со
каблиовски уводници од горна и
долна страна со димензии 400
х 400 х 200 мм
- цилиндрични патрони
фото- волт.12А/1000V,
- пренапонска заштита 750VDC
- собирници за „+„ и „-„
- АС ормар со следнава опрема- парч 4,00
ормар во IP66 изведба со
кабловски увидници од горна и
долна страна со димензии
400х400х200м
- ТРОПОЛЕН осигурач 100A ЗР
С 10kA
- собирница за U, L2, L3, N

- РО ормар со следнава опрема парч 2,00


- ормар во IP66 изведба со
кабловски увидници од горна и
долна страна со димензии 800
х 800 х 300мм
- АЦ склопка 100A 4P С 10kA
- пренапонски одводник
- ножест осигурач
NV/NH 200/200A,
трополен
- собирница за U, L2, L3, PN
- Уред за отчитуваwе на
вредностите на инверторите
(мониторинг систем) парч 1,00
- Соларен кабел 4/6мм2
• од ФВ до DC ормари m 1000,00
• од DC ормари до инвертори m 100,00

Енергетски кабел
• NYY 4x95mm 2 m 50,00
• NYY 1x70mm 2 m 50,00
• NYY 4 х 35mm 2
m 50,00
• NYY 1 х 25mm2
(детален преглед во табели m 50,00
— фаза Електрика)

- ЛАН кабел, конектори МЦ4 вк 1,00


+ и -, штрафови и друг ситен
материјал
ГРАФИЧКИ ДЕЛ

You might also like