You are on page 1of 7

ПРИОРИТЕТИ ВО ПОГЛЕД НА ПОДОБРУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКО –

ПРОМОТИВНИТЕ СОДРЖИНИ И ЕЛЕМЕНТИ НА АРХЕОЛОШКИОТ


ЛОКАЛИТЕТ "ХЕРАКЛЕЈА"

1. Менување на прегорените светла на канделабрите кои го


осветлуваат локалитетот
2. Обиколување на големата базилика со дрвени/метални пешачки
конструкции (со цел да се избегне директно газење по
ѕидовите)(овој проект е започнат но не е довршен а и самиот
концепт предложен минатата година не ги исполнува вистинските
потреби на туристичката посета . Имено правецот на протегање на
новата недовршена платформа е во погрешна насока и тоа е
забелешка на туристите . Мој предлог беше платформата да се
протега во П форма околу десниот сектор на главниот мозаик те да
оди по линијата на десните ѕидови и да го заокружи мозаикот, те
платформата да завршува на другата страна (на западните ѕидови
од нартексот) со скалила кои ќе овозможат продолжување на
прошетката низ локалитетот во правец на Епископската Палата. За
жал сегашниот концепт е таков да платформата се движи во
обратен правец те кога ке се стигне до платформата (конструирана
врз источните/внатрешните ѕидови на нартексот таа се протега
налево и завршува на левиот сектор со скали кон наосотна
големата базилика (те ги враќа назад посетителите кон простор што
веќе го виделе ) ,со што се оставаат нерешени двата најосновни
проблеми во врска со пристапноста до најзначајните делови на
локалитетот . Првиот проблем е проблемот на веродостојно
доживување на убавината на големиот мозаик што може да се
постигне единствено во случај кога мозаикот се набљудува од
нормален агол те од страната на влезот во базиликата . За да тоа се
оствари потребно е платформата да биде поставена на западните
ѕидови на нартексот а не (како што е сега случај на источните /или
внатрешни ѕидови на нартексот ) со продолжување на протегањето
на платформата кон надворешните ѕидови на нартексот и
конструирање на скалила на таа страна (западната ) би се решил и
другиот проблем а тоа е лесен и едноставен и логичен пристап кон
епископската палата те кон целиот новооткриен дел од Хераклеја .
3. Нови и уредени патеки со јасна сигнализација и патокази низ
локалитетот со кои би се овозможил кружен тек на посетата.
4. Сигнализација за забрането газење по мозаиците (со визуелни
знаци и сигнали да се насочи туристот каде да се движи и каде не
смее да се движи )
5. Ноќна посета на Хераклеја . Со оглед на климатските услови во
Пелагонискиот регион во текот на полната сезона кога
температурите во пладневните часови стануваат неподносливи за
посетителите ,се јавува тој проблем на физичка исцрпеност и
малаксалост кај посетителите од неподносливото жешко и
притушно време . Мислам дека овој проблем би се решил на еден
многу позитивен и промотивен начин за самиот локалитет а тоа е
инфраструктурно уредување на локалитетот со ноќно осветлување
на архитетонските облици , на патеките и се разбира на мозаиците
со што ќе се овозможи ноќна посета на локалитетот која би станала
особено атрактивна и вистинско доживување за посетителите
доколку таа мистична атмосфера биде збогатена и со амбиентална
музика (момент што јас како водич веќе го применувам те го
збогатувам доживувањето со амбиентална музика и наидувам на
многу позитивен фидбек од страна на посетителите . Често пати ме
прашуваат каде би можеле да ја набават таа музика што јас ја
пуштам како амбиентална .
6. Амбиентална музика . Овој аспект не е се уште доволно ефикасно
решен , Имено би сакал да предложам да се овозможи со
едноставни инсталации кои би можеле да се додадат сега во текот
на реконструкцијата на музејот а кои би овозможиле звучниците и
плеерот за ваквата музика да бидат позиционирани горе во
секторот на терасата на театарот или во самиот театар .
7. Изработка на корпи за отпадоци со истата форма – во облик на
мали антички столбови ) какви што веќе постојат во Хераклеја а кои
се позитивно оценети од сите посетители кои коментирале на таа
тема те пофално се изразиле за амбиенталната вклопеност на тие
корпи во рамките на локалитетот )
8. Збогатување на впечатокот на туристите во однос на мозаичната
уметност ( со поставување на паноа директно на местото каде што
се наоѓа мозаикот – мозаичниот под те. во близина на секој
мозаичен под пооделно , со фотографии од мозаикот за да може
туристот да добие претстава за убавината и вредноста –
скапоценоста на мозаикот доколку истиот не е одгрнат од песокта
(редовна ситуација во зимскиот период а не ретко имаме дури и во
летниот период ситуација да повеќето од мозаиците се покриени
што значително влијае врз впечатокот на гостите за локалитетот те
доаѓа до разочарување заради неможноста да се видат сите
мозаици иако една од главните причини на посета на Хераклеја е
всушност промоцијата на овој локалитет како еден од најбогатите
во светот со мозаици . Практично Хераклеја е промовирана како
музеј на мозаичната уметност под отворено небо. )Неоткривањето
на мозаиците секако е лоша туристичка промоција на локалитетот
и овој потег на поставување на паноа со фотографии од мозаиците
би придонесол за ублажување на ваквиот проблем особено во
зимскиот период кога заради нивното заштитно покривање ,
мозаиците се целосно скриени од очите на посетителите)
9. Изложување на фотографии од мозаиците и во музејот во
Хераклеја од иста причина – увид во убавината и скапоценоста на
тие мозаици во зимскиот период
10.Поставување на паноа до самите објекти на кои би била прикажана
некоја можна те претпоставена реконструкција на објектот , со што
посетителот би го збогатил својот визуелен впечаток за градот и за
неговата слоевита историја Вакви визуелни реконструкции би биле
особено интересни за Термите , Големата Базилика и за Театарот.
(ваквите цртежи (би било уште поинтересно да бидат изработени и
комјутерски тродимензионални анимации) би можеле да бидат и
дел од постојаната поставка на малиот музеј во Хераклеја)
11.Збогатувања на музејската поставка со поголем број експонати но и
со визуелни помагала и текстуални содржини (информации кои ке
ја осветлат историјата на градот во локален но и во поширок
контекст од историски и уметнички аспект ) а кои ќе придонесат за
збогатување на сознанијата на посетителот за Хераклеја и општо за
историјата на Македонија [би сакал тука да напоменам (со оглед на
тоа што овој мој предлог приоритети е изработен минатата година)
дека проект за преуредување на музејот е веќе во фаза на
реализација . За жал јас не сум дел од тој проект и не учествувам
со никакви предлози иако сметам дека моите идеи доколку веќе
не се дел од самиот проект би можеле да го збогатат веќе
осмислениот концепт од страна на одговорните за тој проект ].
12. Поставување на пластифицирани табли со основни информации
за Локалитетот на влезните капии од локалитетот како на пр
работно време основни услуги и цени
13. Паставување на Табли на македонски ,англиски и некој друг јазик
над вратите на Сувенирницата со цел да се означи дека се работи
за сувенирница
14.Изведба на сува патека (калдрма) од влезот на Хераклеја (се мисли
на горниот влез кој минува покрај стражарницата и оди кон
театарот мунувајќи покрај тоалетите и вртејќи надесно оди
минува покрај придружните објекти (кои се изградени покрај
оградата на католичките гробишта) Ваква патека е исклучително
потребна особено во влажните сезони (особено пролет кога
почнува сезоната и кога е честа ситуацијата да посетителите
користејќи ја таа засега земјена патека заглибуваат во кал што
значително влијае на општиот впечаток за локалитетот. )
15.Исто така пожелно би било да се размислува за расчистување на
неколку пунктови во локалитетот што сега наликуваат на депонии
(посебно видлив и изложен на очите на посетителите е токму
пунктот зад тоалетите десно од патеката која води нагоре кон
театарот. тоа е делот каде што порано се наоѓаа протестантските
гробови кои за време на мандатот на претходниот директор беа
дислоцирани но просторот од тогаш остана несреден и навистина ја
нарушува амбиенталната чистота на локалитетот . Воопшто тој ред
на помошни простории покрај таа патека исто така го нарушува
амбиентот и би било убаво кога ѕидовите на тие простории би се
камуфлирале со некаква униформирана украсна фасада од камен .
)
16.Хортикултурно доуредување на локалитетот и неговата околина –
овој аспект бара сосема мал додатен ангажман од наша страна
кога станува збор за самиот локалитет и неговата најблиска
околина (Паркинг плац и најблиското окружување ) (( поголем
проблем е пошироката околина те пристапните патишта до
локалитетот од двете страни кои се во незавидна состојба , потоа
тука исто сериозен проблем е нечистотијата те присуството на тврд
отпад од секаков вид вдолж двете пристапни улици кои водат
кон Хераклеја , потребно е темелно отстранување на отпадот ,
чистење на речното корито на Сива Вода од отпад , дислокација на
Авто-отпадот Кој се наоѓа до Авторемонт и хортикултурно
уредување на целиот овој простор)).
17.Поставување на Големи паноа (со фотографии од Хераклеја)низ
градот кои би ги поканувале заинтересираните да ја посетат
Хераклеја (исти такви паноа би биле корисно да се постават и долж
пристапните патишта до град Битола и пошироко низ Македонија
18. Поставување на Поголеми и јасни патокази низ градот кои ке им
помогнат на туристите лесно да го пронајдат локалитетот .
19.Потпорна конструкција за лозница кај шанкот
20.Персонал за одржување на локалитетот во летниот период (во
текот на турустичката сезона (1март – 1 декември) - потребни се
двајца одржувачи – еден кој би се грижел за физичкото
одржување на откриените структури во локалитетот (косење трева
и отстранување на било каква вегетација од структурите како на
пример корнење на тревата од песокта со кои се покриени
мозаиците , откорнување и отсранување на израснатата вегетација
во театарот и воопшто секаде каде што таквата вегетација би
можела да предизвика ерозија и девастирање на откриените и
конзервирани структури во локалитетот И повеќе од потребно е
уште едно лице кое ќе се грижи за одржување на чистотата и
уреденоста на локалитетот и тоалетите те редовно ќе ги мие
тоалетите во текот на работниот ден , ке ја одржува чистотата на
малиот музеј , ке го отстранува тврдиот отпад од локалитетот и
неговата блиска околина , и особено ќе се грижи за
хортикултурното уредување на локалитетот и блиската околина .

СУВЕНИРИ

1. МАРКЕРИ ЗА КНИГИ СО МОТИВИ ОД ХЕРАКЛЕЈА И МОЗАИЦИТЕ


2. ПРИВРЗОЦИ ЗА КЛУЧЕВИ СО ИСТИТЕ МОТИВИ
3. МАГНЕТИ СО ИСТИТЕ МОТИВИ
4. ИЗРАБОТКА НА МАЛИ ВРАМЕНИ МОЗАИЦИ (МИНИЈАТУРНИ
МОЗАИЧНИ ПАНЕЛИ) СО ФРАГМЕНТИ ОД МОЗАИЧНИТЕ
МОТИВИ(оваа година иамвме такви сувенири)
5. ЗБОГАТУВАЊЕ НА ФОНДОТ НА РАЗГЛЕДНИЦИ СО НОВИ
ПРИМЕРОЦИ ОСОБЕНО СО МОТИВИ ОД МОЗАИЦИТЕ КОИ СЕ УШТЕ
ГИ НЕМА ВО АСОРТИМАНОТ НА СЕГАШНИТЕ РАЗГЛЕДНИЦИ
6. АРМОНИКА СО ЦЕЛОСЕН ПРИКАЗ НА МОЗАИКОТ ОД НАРТЕКСОТ НА
ГОЛЕМАТА БАЗИЛИКА
7. РАЗГЛЕДНИЦА ЦО ЦЕЛОСЕН ПРИКАЗ НА МОЗАИКОТ ОД НАРТЕКСОТ

8. ДА СЕ ПРЕПЕЧАТАТ ТЕ РЕИЗДАДАТ СЛЕДНИТЕ ДЕЛА

1. МАЛИОТ БУКЛЕТ ЗА МОЗАИКОТ ВО НАРТЕКСОТ ОД АНИЦА


ГЕОРГИЕВСКА
2. ДВЕТЕ КАПИТАЛНИ ДЕЛА НА ГОРДАНА ТОМАШЕВИЌ
- ХЕРАКЛЕЈА 3
- Ранохристијанските мозаици
3. ВОДИЧОТ ОД 2008 ГОДИНА (и овој предлог е реализиран во
текот на оваа сезона (2017)
4. АНТИЧКИ ТЕАТРИ од Томе Јанакиевски
5. ЦД – ХЕРАКЛЕЈА
9. ДА СЕ ЗБОГАТИ ПОНУДАТА ВО СУВЕНИРНИЦАТА СО ДРУГИ
СУВЕНИРИ И СО ЛИТЕРАТУРА ТЕ ПИШАНИ ИЗДАНИЈА КОИ БИ БИЛЕ
ИНТЕРЕСНИ ЗА ТУРИСТИТЕ
10.ЗБОГАТУВАЊЕ НА ПОНУДАТА НА СУВЕНИРНИЦАТА СО МАПИ НА
БИТОЛА , ПЕЛИСТЕР ,ДРУГИ КУЛТУРНО ИСТОРИСКИ СПОМЕНИЦИ И
ПРИРОДНИ РЕТКОСТИ НА МАКЕДОНИЈА ТУРИСТИЧКИ И
СООБРАЌАЈНИ МАПИ ННА МАКЕДОНИЈА (и овој пшредлог е
делумно реализиран со сетот нови промотивни материјали за
Битола меѓу кои и мали мапи од Пелистер и Битола. )
11.Поголема соработка со други туристички субјекти во Битола и
Македонија со цел стекнување на корисни информации за
туристите а кои би можеле да ги добијат како услуга во
сувенирницата во Хераклеја
12.Тековно снабдување на локалитетот со средства за хигиена и
одржување на локалитетот (тоалетна хартија , сапун, средства за
чистење , метли , џогери и сл )- ова делумно и се исполнува .

You might also like