You are on page 1of 4

Денес сме сите тука бидејќи ние сме двојазично и мултиетничко училиште.

Декември е месец во кој кодификаторот на македонската азбука се родил и умрел и


месец кога се слави денот на наставата на турски наставен јазик.

Осврт на ликот и делото на Блаже Конески

Се собравме денес , година во која се обележуваат 101 година од


денот на своето раѓање, да го обележиме и прославиме ликот и делото
на нашиот великан Блаже Конески.

Детето родено во ова село , во оваа куќ а , е втемелувач и еден од


кодификаторите на современиот Македонскиот литературен јазик-
виден книжевен, културен и јавен работник: академик, поет, прозаист,
есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и
професор.

Основното образование го започнал во Небрегово, но по


преселбата го продолжил и завршил во Прилеп, каде завршил и нижа
гимназија, и како најдобар ученик во училиштето како стипендист оди
во Крагуевац, Србија да учи виша гимназија која ја завршува. По
завршувањето на гимназијата во Крагуевац, во Белград се запишува на
Медицинскиот факултет, но после еден семестар следи студии по
филологија, а по капитулацијата на Кралството Југославија, на
Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ продолжува да студира
филологија.

Конески има верба во своите знаења и во своите


предиспозиции. Знаеше дека и во мал народ може да се роди голем
човек.

Своето визионерство Блаже Конески го покажа многупати. Некоја


година пред целосното ослободување на нашата држава ја предвиде
идната ситуација. Уште во април 1989 ја напиша и веќ е на 17 мај истата
година ја објави својата песна Лажни пророци (По евангелието) и во неа
вака се искажа
Ќ е дојде време на лажни пророци
што божем во мое име
ќ е ве збираат по плоштадите,
ќ е креваат врева до небеси,
ќ е се бувтаат во градите.
Немојте да им верувате!
Тие мислат само на себеси.
Бес ги распина внатре
душите да ви ги затре.
Тие варосани гробови!
Не да им станете робови!
Кој ќ е се препознае меѓу
можниве пророци?

Мустафа Кемал Ататурк


Роден е во Солун, во 1881 година. Основното образование го завршил
во родното место. Во 1896 година се запишал во средното воено училиште
во Битола. Во 1899 година станал дел од воената школа во Истанбул и
дипломирал во 1902 година. Кемал Ататурк дипломирал на воената
академија на 11 јануари 1905 година.

На 19 мај 1919 година, тој пристигнал во Самсун. Неговата прва цел


била создавање на организирано национално движење против окупаторските
сили. После овој ден Ататурк го прогласил за ден на младоста и спортот.
На 23 април 1920, год. се отворило обранието и Мустафа Кемал бил
претседател на собранието. По сосдавањето на Република Турција овој ден
Ататурк го посветил на децата.

Со воспоставувањето на Република Турција, напорите за


модернизација на земјата започнале.

Мустафа Кемал Ататурк како реформатаор направил револуција така


што го отфрлил арапското писмо и го создал турсктата азбука со латинско
писмо.

Мустафа Кемал Ататурк умрел на 10 ноември во 1938 год.


Во нивна чест дел од нашите ученици ќ е прочитаат неколку песни од Блаже
Конески и Мустафа Кемал Ататурк .

Песна
О пеј ми, пеј ми!
Каква песна!
За едно пее
за друго збори:
„Се што си рекол,
се што си сторил,
случајно не е,
простено не е.”

Жед
А како мреам кога те гледам,
не знае никој, ниту ќе знае.
Тоа е подла жед – ќе речеш.
Тоа е потез на жедна рака
до ѕвезден предел – јас ќе речам.

Грабеж
Да можев да те грабнам како змев
со силни вилни ветришта и мрак,
па макар колку омразен и грд
и свесен дека пак презрен ќе бидам,
но барем сиот опиен за час
од силата на таков грабеж див.

Врв
Еве на врвот се искачив. Сам.
Тука не ме следи око ничие.
И што? Јас во себе пак го шепотам
Жалосниот сон на своето величие.

Реки
Ги пуштив реките да течат
дека се матни, дека мислат гласно,
и може негде некому да речат
што не сум знаел да изразам јасно.

Навреди
Кога би можел да ги изумам
трите навреди во мојот живот –
ох колку лесно би живеел тогаш?
Но тие тука се, присутни везден,
но тие живи се – будни и в соне,
и тие низ себе се пречистуваат
со привкус горчливо-тих.

Бура
Колку ненадно иде бурата.
В поле се мрачи, разлава ветар буен.
Демнеме. Сега прва молна ќе светне,
во нас ќе запали силен гнев.
Грмовни тонови, груби, искинати,
и настрвени како душите што ни се
дека во крвје тонеме.
А дали ќе можеш и тивка песна да зачуеш,
како цвет на гради стиснат,
сон, оти смевнато девојче ќе видиш,
како човечкото во тебе да плаче –
дали ќе можеш?

Љубов
Не иди зашто жалосна би била,
и колку да те копнеам – се ледам.
Што младоста во темен неврат скрила
ме влече назад со измамна сила,
но зар со подбив тоа да го гледам!
Сум сакал, сега цибрина ме свила,
не иди, љубов, жалосна би била.

Спомен
Не да те гонам како итра срна,
не како галаба в рака да те земам –
јас ќе те кријам во моево срце
како во гнездо ластовица скрита,
јас ќе те чувам како таен спомен
со ужас дека те заборавам.

You might also like