You are on page 1of 2

СТАНДАРДИЗАЦИЈА И ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО 2015 ГОДИНА

Стандардите играат витална улога во осигурувањето на безбедноста и перформансите на


секаков вид на опрема која се користи во производството и дистрибуцијата на енергијата од
различни извори. Стандардите го поддржуваат развојот и ширењето на новите технологии, што
може да доведе до голем напредок во однос на намалување на отпадот и подобрување на
ефикасноста, додека, исто така овозможува зголемување на производството на енергија од
обновливи извори.
Европските тела за стандардизација работат заедно со Европската комисија и други
заинтересирани страни во развојот на европските стандарди, кои
овозможуваат интеграција на Европскот пазар за гас и електрична енергија, како и поддршка во
спроведувањето на ЕУ политиките за клима и енергија.
Како одговор на растечката загриженост за сегашните и потенцијалните влијанија на
климатските промени, ЕУ и земјите-членки се обврзааа на големи намалувања на емисиите на
јаглерод диоксид (СО2) и други стаклени гасови. Во споредба со нивоата од 1990 година, емисиите
треба да бидат намалени за 20% до 2020 година, за 40% до 2030 година и за 80% до 2050 година.
ЕУ, исто така, усвои амбициозни цели за заштеда на енергија преку подобрување на енергетската
ефикасност, како и зголемување на учеството на енергија што се добива од обновливи извори како
што се соларната енергија и енергијата од ветрот.
Европските стандарди даваат поддршка во имплементацијата на различни ЕУ директиви и
регулативи,особено во однос на енергетското етикетирање, екодизајнот, енергетските услуги,
обновливите извори на енергија, квалитетот на горивото, итн, како и Директивите на ЕУ за
заеднички правила за внатрешниот пазар на електрична енергија и гас (2009/72/ЕЗ и 2009/73/EC).

Европските тела за стандардизација CEN и CENELEC ја издадоа Програмата за работа за


2015 година. Што предвидува таа за енергетскиот сектор?

- Енергетско етикетирање
CENELEC, и понатаму ќе продолжи во развој и објавување на стандарди за информации за
производот и етикетирање во врска со потрошувачката на енергија на различни производи како
што се: вентилациони единици, правосмукалки, бојлери, резервоари за топла вода и сродни
производи; греалки, машини за миење садови, машини за перење и сушење, воздушна
климатизација, итн.

- Алтернативни горива
Оваа година се очекува европските тела за стандардизација да започнат со развој на нови
стандарди и ревизија на старите стандарди кои се подршка на ЕУ директивата за развој на
инфраструктурата за алтернативни горива. Оваа група на стандарди ќе вклучува стандарди за :
- Инфраструктура за напојување на електрични возила,
- Станици за полнење на возилата со водород и
- Станици за полнење на возилата и чамците со течен (TNG) и компримиран природен гас (CNG).

- Автомобилски горива
Во 2015 година се очекува усвојување на нови европски стандарди кои ги дефинираат барањата
и методите за испитување на: B 10 дизел гориво за возила (EN 16734) и дизел горива со висок
процент на FAME (метил естери на масни киселини) В20 или В30 (EN 16709).

- Квалитет на гас
Во согласност со целите на ЕУ Директивата за заеднички правила на внатрешниот пазар на
природен гас (2009/73 /ЕС), Европскиот пазар на гас станува се повеќе интегриран. Но, сепак
Европската агенција за соработка на регулаторите на енергија (ACER), идентификува постоење на
разлики во спецификациите за квалитет на гасот кои можат да доведат до рестрикции и
спречување на слободен проток и трговија на гас преку границите.
Со цел да се одговори на ова прашање, Европската комисија побара од CEN да се развие
стандард во насока на усогласување на спецификациите за квалитет на гас – за високо-калоричен
гас (H-гас) во Европа
Во првата фаза, работа се фокусираше на истражување и оваа фаза беше завршена во 2012
година. Втората фаза, која се однесува на развојот на стандард, е се уште е во тек и во 2015
година, се очекува CEN Техничкиот комитет "Гасна инфраструктура (CEN/TC 234) да го
финализира новиот нацрт-стандард EN 16726.

You might also like