You are on page 1of 30

Ракувачи со машински уреди и постројки

ГАСНИ ТУРБИНИ

2. ГАСНИ ТУРБИНИ

Видови и состав на постројката

1. Гаснотурбинските постројки - ГТП, во зависност од работниот циклус се делат на:

a) изобарни (p=const.) и изохорни (v=const.)


b) изотермни (t=const.) и изохорни (v=const.)
c) изобарни (p=const.) и изотермни (t=const.)
d) изобарни (p=const.) и адијабатски (ѕ=const.)
e) политропски

2. Во зависност од одвивањето на работниот процес гасотурбинските постројки - ГТП можат да


бидат:

a) со отворен и затворен процес на работа


b) со примарен процес на работа
c) со секундарен процес на работа
d) изобарни и изохорни
e) адијабатски

3. На шемата е прикажана гасотурбинска постројка - ГТП:

a) со отворен процес на работа


b) со заворен процес на работа
c) нуклеарна паротурбинска
постројка
d) класична паротурбинска
постројка
e) хидротурбина
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

4. На принципиелната шема на гасотурбинската постројка - ГТП од затворен тип, компресорот е


означен со позиција:

a) 1 – еден
b) 2 – два
c) 5 – пет
d) 9 – девет
e) 7 - седум

5. Со позиција 2 на шемата на гасотурбинската постројка - ГТП е прикажана:

a) комората за
согорување
b) компресорот
c) турбината
d) генераторот
e) електромоторот

6. Главни делови на гасната турбина се


се:

a) вратило, ќукиште, опрема за доведување и припрема на гориво, сигурносна и


контролна арматура
b) вратило, ќукиште, сигурносна и контролна опрема
c) ќукиште, горивна комора и вратило
d) сигурносна и контролна опрема, ќукиште
e) комора за согорување, компресор
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

7. На сликата се прикажани

a) ќукиште и ротор на гасна


турбина
b) ќукиште и вратило на гасна
турбина
c) ќукиште и дијафрагми на
гасна турбина
d) комора за изгорување и
ротор на гасна турбина
e) ќукиште и ротор на парна
турбина

8. Која е аналогијата помеѓу парните и гасните турбини?

a) гасните турбини наместо пумпа имаат компресор


b) гасните турбини имаат комора за согорување
c) гасните турбини немаат кондезни пумпи
d) гасните турбини имаат центрифугален погон
e) гасните турбини имаат пумпа наместо компресор

9. Заради високите температури на кои се изложени работните лопатки кај гасните турбини:

a) истите се обложени со ќерамичка превлака и имаат специјални канали за ладење


b) истите се со дополнителен челичен слој
c) имаат посебен профил
d) имаат напречни отвори за подмачкување
e) се исти како кај парните турбини

10. Топлинските загуби кај гасните турбини може да се поделат на :

a) внатрешни и надворешни загуби


b) примарни и секундарни загуби
c) почетни и стекнати загуби
d) мали и големи загуби
e) механички и статички загуби
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

11. На шемата е прикажана гасотурбинска постројка - ГТП со:

a) регенерација
b) загревање
c) прегревање
d) рекуперација
e) зрачење

12. Снагата на гасотурбинска постројка – ГТП со отворен кружен процес, може да се регулира
на два начини:

a) температурна и комбинирана температурно - количинска регулација


b) температурна и со промена на притисокот
c) изобарна и адијабатска регулација
d) волуменска и количинска регулација
e) температурна и со промена на геометријата на турбината

13. Максималната температура која може да ја издржат работните лопатки кај гасните
турбини, обложени со ќерамички слој:

a) изнесува 1200оС
b) изнесува 1600оС
c) изнесува 800оС
d) изнесува 500оС
e) изнесува 2000оС

14. Основната ф-ја на турбинското масло е:

a) подмачкување и ладење на лежиштата и запчестите преноси на турбината, како и


заптивање со цел да се обезбеди сигурност при работата на контролниот и
регулациониот систем
b) подмачкување и ладење
c) подмачкување и заптивање
d) ладење и заптивање
e) регулација
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

15. Кај гасните турбини се користат ротациони компресори од:

a) аксијален и радијален (центрифугален) тип


b) акциони и реакциони
c) едно степени и повеќестепени
d) ниско и високо притисни
e) едно и повеќестепени

16. Топлинскиот коефициент на корисно дејство на реален процес во гасотурбинска постројка


ГТП, зависи од:

a) компресискиот однос, внатрешниот коефицинет на корисно дејство на компресaорот и


турбината и од температурата на гасовите на влез во турбината
b) компресискиот однос, внатрешниот коефицинет на корисно дејство на компресорот и
турбината
c) компресискиот однос и од температурата на гасовите на влез во турбината
d) од температурата на гасовите на влез во турбината
e) од видот на турбината

17. Колкава е вредноста на компресискиот однос и температурата на гасовите на влез во


турбината кај гасотурбински постројки - ГТП:

a) компресискиот однос се движи од 8 – 20, а температурата на гасовите од 1100 до


1400оС
b) компресискиот однос се движи од 8 – 12, а температурата на гасовите од 800 до 1000оС
c) компресискиот однос се движи од 4 – 8, а температурата на гасовите од 800 до 1000оС
d) компресискиот однос се движи од 14 – 35, а температурата на гасовите од 800 до
1000оС
e) компресискиот однос се движи од 6 – 18, а температурата на гасовите од 300 до 500оС

18. Вкупните загуби во гасотурбинската постројка - ГТП, покрај внатрешните и надворешни


загуби во гасната турбина, се:

a) механичките загуби, загуби во комората за согорување и загуби во генераторот на


електрична енергија
b) загуби во комората за согорување и загуби во генераторот на електрична енергија
c) механичките загуби и загуби во генераторот на електрична енергија
d) примарни и секундарни загуби
e) нема дополнителни загуби

19. Постојат две врсти на комори за согорување кај гасотурбинските постројки – ГТП:

a) повеќесекциона комора и вертикална едноделна комора


b) хоризонтална и вертикална комора
c) едноделна и дводелна комора
d) дводелна и троделна комора
e) примарна и секундарна комора
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

20. На шемата се прикажани двете врсти на комори за согорување кај гасотурбински постројки
- ГТП. Со позиција А е означен:

a) доводот на гориво
b) доводот на воздух
c) уредот за палење
d) свеќицата
e) надворешно куќиште

21. Регулацијата на гасните турбини во зависност од принципот на изведба, може да биде:

a) механичка, хидраулична и хидраулично - електрична


b) рачна и механичка
c) автоматска и полуавтоматска
d) дирекна и индирекна
e) посредна и непосредна

22. Со регулација на гасната турбина се постигнува:

a) сите подолу наведени одговори


b) одржување на константен број на вртежи на турбоагрегатот во одредени граници
c) одржување на константна вредност на притисокот на воздухот или гасовите на влез во
комората за согорување, односно турбината
d) одржување на константна вредност на количината на воздух, односно на флуидот во
комората за согорување и потрошувачката на гориво
e) заштита на гасотурбинската постројка од недозволено прекорачување на вредноста на
влијателните параметри кои може да предизвикаат пречки во работата и може да ја
загрозат сигурноста на погонот
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

23. Инструментите за мерење на бројот на вртежи на вратилото на турбината се викаат:

a) тахометри
(обртометри)
b) брзиномери
c) протокомери
d) омметри
e) барометри

24. Според принципот на работа тахометрите може да бидат:

a) сите подолу наведени одговори


b) механички (центрифугални, фрикциони, вибрациони и т.н.)
c) магнетоиндукциски
d) електрични и електроимпулсни
e) фотоелектрични и стробоскопски

25. Манометрите имаат одредена инерција и не може да регистрираат на кратко траење на


притисокот. За да се добијат посакуваните резултати мора да се постават следните услови:

a) да покажуваат константна вредност на при-


тисокот по можност без грешки и закаснување,
не смеат да реагираат на механички осцилации
(пр. на фундаментот на машината), опслужу-
вањето мора да е едноставно и потребните
електрични приклучоци мора да одговараат на
вообичаените напони и фреквенции
b) не смеат да реагираат на механички осцилации
(пр. на фундаментот на машината), опслужува-
њето мора да е едноставно и потребните
електрични приклучоци мора да одговараат на
вообичаените напони и фреквенции
c) опслужувањето мора да е едноставно и
потребните електрични приклучоци мора да
одговараат на вообичаените напони и
фреквенции
d) опслужувањето мора да е едноставно
e) ниедно од наведеното
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

26. Во зависност од принципот на работа и конструкцијата на самите уреди, за мерење на


протокот на работните флуиди, се користат следните методи:

a) сите методи наведени подолу


b) директни мерења
c) динамички мерења
d) површински мерења
e) проточни мерења

27. Водењето на оптималниот режим на работа опфаќа:

a) сите подолу наведени услови


b) одржување на температурата на воздухот после ладилникот под 60 оС и редовно
одведување на кондензатот кај ладилникот
c) проверување на филтрите и нивно чистење, редовно запишување на работните
параметри на постројката
d) контролирање на нивото на масло во резервоарот, температурата на маслото после
ладилникот не смее да биде повисока од 45 оС, а во лежиштата повисока од 70 оС
e) одржување на вибрациите во дозволените граници, пратење на звуците и ударите во
компресорот

28. Организацијата на одржување на гасотурбинските постројки - ГТП подразбира:

a) три врсти на ремонти, мал (тековен) ремонт, среден и генерален


b) мал и среден ремонт
c) мал и голем ремонт
d) среден и генерален ремонт
e) примарен и секундарен ремонт

29. На сликата е прикажана шема на системот за подмачкување на:

a) гасна турбина
b) парна турбина
c) хидро турбина
d) комбинирана парна и гасна турбина
e) мотор со внатрешно согорување
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

30. Во продолжение е дадена шема на гасотурбинска постројка - ГТП, со мерни места. Со што
се мери бројот на вртежи на компресорот ?

a) Динамометар со оптички
сензор за брзината
b) Тахометар
c) Протокометар
d) Пирометар
e) Манометар
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

Експлоатација на постројката

1. На шемата рекуперативниот разменувач гас – гас, е означен со позиција:

a) 4 - четири
b) 6 - шест
c) 5 - пет
d) 3 - три
e) 1 - еден

2. За погон на гасните турбини се користи:

a) природен гас, нафта и гас добиен во процесот на гасификација на јаглен


b) само нафта
c) природен гас и нафта
d) само природен гас
e) кокс, лигнит

3. Со сина и црвена боја на шемата на гасотурбинска постројка – ГТП, е означен трактот на:

a) водата – пареата
b) водата – гасот
c) гасот – воздухот
d) воздухот – водата
e) гас - гас

4. Кај гасотурбинските постројки - ГТП, во однос на паротурбинските постројки, постојат две


основни разлики и тоа:

a) работниот флуид низ целиот кружен циклус не ја менува агрегатната сосотојба, туку
останува во гасна состојба и зголемувањето на притисокот на работниот флуид се врши
во гасна состојба со помош на компресор
b) низ гасната турбина струи гас, а низ парната турбина струи пареа
c) гасната турбина мора да има компресор
d) гасните турбини се поголеми од парните турбини
e) гасните турбини работат со дозвучни брзини
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

5. Дадена е принципиелна топлинска шема на гасотурбинска постројка - ГТП со затворен


процес на работа. Со позиција 9 и 7 се означени:

a) 9 – пумпа за гориво
и 7 – вентилатор за
воздух
b) 7 – пумпа за гориво
и 9 – вентилатор за
воздух
c) 9 – пумпа за вода и
7 – вентилатор за
воздух
d) 9 – пумпа за вода и
7 – пумпа за масло
e) 9 и 7 – пумпи за
гориво

6. Електромоторот за почетно пуштање во погон е означен со позиција:

a) 6 - шест
b) 5 - пет
c) 7 - седум
d) 1 - еден
e) 4 - четири

7. За колку време се постигнува оптимален режим на работа кај гасотурбинските постројки –


ГТП ?

a) од 30 s до 30 min
b) од 30 min до 3 h
c) од 3 h до 3 дена
d) од 30 min до 10 дена
e) од 30 h до 3 недели

8. Кои се главните термодинамички параметри на гасотурбинската постројка – ГТП ?

a) Единечната потрошувачка на работниот флуид – гас, воздух, топлинската енергија,


единечната техничка работа, ефективната работа на блокот, степенот на корисно
дејство
b) Работниот флуид – гас, воздух, топлинската енергија, единечната техничка работа,
ефективната работа на блокот, степенот на корисно дејство
c) Топлинската енергија, единечната техничка работа, ефективната работа на блокот,
степенот на корисно дејство
d) Ефективната работа на блокот, степенот на корисно дејство
e) Масата, тежината и брзината
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

9. Што значи одржување на фреквенција на струјата од 50 Hz, при експлоатација на


гасотурбинска постројка – ГТП?

a) Тоа значи дека се одржува стална вредност на бројот на вртежи на роторот на


вратилото на турбината, компресорот и генераторот, од 3000 min-1
b) Тоа значи дека се одржува стална вредност на бројот на вртежи на роторот на
вратилото на турбината и компресорот од 3000 min-1
c) Тоа значи дека се одржува стална вредност на бројот на вртежи на роторот на
вратилото на компресорот и генераторот од 3000 min-1
d) Тоа значи дека се одржува стална вредност на бројот на вртежи на роторот на
вратилото на пумпата и генераторот од 3000 min-1
e) Тоа значи дека се одржува стална вредност на бројот на вртежи на роторот на
вратилото на комората за согорување и генераторот од 2500 min-1

10. Како се надминува проблемот со појавата на маслен удар и маслен вртлог?

a) Со многу брзо преминување на критичните фреквенции


b) Со постепено преминување на критичните фреквенции
c) Со бавно преминување на критичните фреквенции
d) Со преминување на сопствените фреквенции со дефинирана процедура
e) Со исклучување на турбината

11. На шемата се означени:

a) работните параметри
на гасотурбинска
постројка – ГТП
b) шема на
термоенергетска
постројка
c) термоенергетска
постројка со
когенерација
d) парна и гасна турбина
e) комора за согорување

12. Со ознаките T1, p1, m1 се претставени:


a) температурата, притисокот и
протокот на воздухот пред
влезната загревна комора
b) температурата, притисокот и
протокот на гасот пред влезната
загревна комора
c) температурата, притисокот и
протокот на гасот пред
компресорот
d) температурата, притисокот и
протокот на воздухот пред
комората за согорување
e) температурата, притисокот и
протокот на воздухот пред
гасната турбина
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

13. На сликата е дадена шема на гасотурбинска постројка – ГТП со:

a) два степени на компресија и два степени на експанзија со рекуперација на топлината


b) два степени на компресија и два степени на експанзија
c) два степени на компресија
d) два степени на експанзија
e) со меѓуладење

14. Кои се главни погонски параметри на гасните турбини и во кои граници вообичаено се
движат?

a) влезна температура на гасовите во турбината 800-1200 оС (1500 оС), компресиски однос


15-20 (35), топлински коефициент на корисно дејство 25-35 % (40%)
b) влезна температура на воздухот во компресорот 800-1200 оС (1500 оС), компресиски
однос 5-20 (35), топлински коефициент на корисно дејство 25-35 % (40%)
c) влезна температура на гасовите во комората 800-1200 оС (1500 оС), компресиски однос
15-20 (35), топлински коефициент на корисно дејство 25-35 % (40%)
d) излезна температура на гасовите во трубината 800-1200 оС (1500 оС), компресиски
однос 15-20 (35), топлински коефициент на корисно дејство 25-35 % (40%)
e) излезна температура на гасовите во компресорот 800-1200 оС (1500 оС), компресиски
однос 15-20 (35), топлински коефициент на корисно дејство 25-35 % (40%)

15. Најчесто употребувани системи за задвижување на гасната турбина се:

a) електромотор, Дизел мотор, парна турбина, пнеуматски задвижувач


b) Дизел мотор, парна турбина, пнеуматски задвижувач
c) електромотор, парна турбина, пнеуматски задвижувач
d) електромотор, Ото мотор, парна турбина
e) клипна и парна пумпа
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

16. Стартувањето на гасните турбини може да се врши:

a) со целосно автоматизиран систем, полуавтоматски и со рачен систем


b) целосно автоматски и со рачен систем
c) само рачен систем
d) комјутерски воден систем
e) полуавтоматски и со рачен систем

17. На шемата се означени:

a) лежиштата
b) спојките
c) подмачкувањето
d) мерните места
e) вратилата

18. На шемата е даден приказ на:

a) системот за
подмачкување
b) системот за
ладење
c) системот за довод
на воздух
d) системот за довод
на гориво
e) системот за
обезвоздушување
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

19. На шемата на гасотурбинската постројка – ГТП, со позиција 3 е прикажана:

a) гасната турбина
b) влезот на воздухот
c) компресорот
d) излезен отвор
e) комората за согорување

20. На шемата е прикажан:

a) блок дијаграм на типичен контролен систем на гасотурбинска постројка – ГТП (на


англиски јазик)
b) шема на работа на гасотурбинска постројка – ГТП (на англиски јазик)
c) систем за управување на гасотурбинска постројка – ГТП (на англиски јазик)
d) блок дијаграм на типичен контролен систем на паротурбинска постројка – ПТП (на
англиски јазик)
e) блок дијаграм на типичен контролен систем на термоенергетска постројка – ТЕП (на
англиски јазик)
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

21. На шемата е прикажан:

a) систем за задвижување на
гасотурбинска постројка - ГТП
b) систем за подмачкување
c) систем за противпожарна
заштита
d) генератор
e) компресор

22. На сликата е претставена:

a) oснова на гасотурбинска
постројка - ГТП, со габаритни
димензии во mm
b) oснова на гасотурбинска
постројка - ГТП, со габаритни
димензии во cm
c) oснова на гасотурбинска
постројка - ГТП, со габаритни
димензии во m
d) oснова на гасотурбинска
постројка - ГТП
e) тлоцрт на погон

23. Старт – стоп постапката кај гасотурбинска постројка – ГТП, подразбира:

a) Исправна сигнализација, мониторирање на виталните параметри, автоматски


контролен систем, обработка на добиените сигнали
b) Исправна сигнализација, мониторирање на виталните параметри, обработка на
добиените сигнали
c) Мониторирање на виталните параметри, автоматски контролен систем, обработка на
добиените сигнали
d) Исправна сигнализација и обработка на добиените сигнали
e) Обработка на добиените сигнали
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

24. На шемата е даден приказ (англиски) на:

a) контролен монитор на кој се дадени најважните параметри на комресорот, комората


за согорување, турбината, лежиштата, погонот, генераторот и изолацијата
b) контролен монитор на кој се дадени најважните параметри на комората за
согорување, турбината, лежиштата, погонот, генераторот и изолацијата
c) контролен монитор на кој се дадени најважните параметри за турбината, лежиштата,
погонот, генераторот и изолацијата
d) контролен монитор на кој се дадени најважните параметри на пумпата, котелот,
турбината, лежиштата, погонот, генераторот и изолацијата
e) контролен монитор на кој се дадени најважните параметри на котелот, кондензаторот,
турбината, лежиштата, погонот, генераторот и изолацијата

25. Под поимот погон се подразбира:

a) производство, пренос, распределба и користење на електричната енергија


b) периодичен преглед на термоенергетската постројка, заради утврдување на состојбата
и погонската спремност
c) работа која се врши со цел термоенергетската постројка да се одржува во технички
исправна состојба
d) оптимален режим на работа
e) работа, која има за цел поголеми поправки, замена на дотраените делови

26. Издавањето на налог, вршење надзор и непосредни технички работи во погон, при
одржување, ревизија и ремонт, а од кои зависи безбедноста на луѓето, имотот, односно
погонот, можат да го вршат само:

a) лица кои имаат соодветна стручна квалификација, според правилникот на работната


организација. Сите работи на делови на постројките што се во работа или вон погон,
мора да се изведуваат под надзор на одговорно стручно лице.
b) само овластени лица од раководителот
c) само сменоводителот
d) само менаџерите
e) секој може
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

27. Техничката документација, зависно од значењето и големината на постројката, по правило


треба да содржи:

a) Техничка документација за објектот, машините или апаратите со шема на постројката,


која мора да ги содржи основните податоци
b) Упатство за ревизија на објектот и постројката. Упатство за ремонт на објектот и
постројката
c) Роковник за систематско одржување, со кое се регулираат поедините редовни работи,
како што се: подмачкувањето, промената на маслото, испитување на маслото, замена
на поедините делови и т.н.
d) Главните карактеристики на објектот, постројките, машините и апаратите. Упатство за
погон на објектот и постројката. Упатство за одржување на објектот и постројката
e) сите наведени документи

28. Секоја гасотурбинска постројка – ГТП, мора да ја поседува следната документација за:

a) примопредавање на должноста на смените, наредби и упатства, погонските промени,


реагирањето на заштитните уреди
b) оштетувањата и мерките што се преземени за нивно отстранување, работните налози и
дозволите за работа на поедините делови на постројката при одржувањето
c) ревизијата, ремонтот или поправката, големините што ги покажуваат инструментите
значајни за технолошкиот процес кои ги пропишува корисникот
d) податоците што автоматски се регистрираат
e) сите наведени

29. Пред пуштање на генераторот после завршување на ремонтот потребно е да:

a) бидат завршени сите проверки, средени работни места и документацијата за


завршените ремонтни работи предадена на дежурниот персонал
b) неопходно е да се обезбедат сите прооди од монтажните конструкции
c) слободен пристап кон целата постројка
d) постројката визуелно се проверува детално
e) се што е наведено
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

30. На сликата е даден приказ на:

a) оштетени роторски лопатки од високотемпературна корозија кај гасни турбини


b) оштетени статорски лопатки од високотемпературна корозија кај гасни турбини
c) оштетени лопатки кај гасни турбини
d) оштетен дел од пумпа
e) оштетен дел од кондензатор
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

Одржување на постројката

1. Што е потребно да се отстрани прво, пред да се отвори гасната турбина, односно отстрани
горниот дел од телото?

a) Мора прво да бидат отстранети некои надворешни цевки, главниот канал за влез на
гасот како и заштитите од надворешни влијанија
b) Мора прво да бидат отстранети некои надворешни цевки
c) Мора прво да бидат отстранети главниот канал за влез на гасот како и заштитите од
надворешни влијанија
d) Мора прво да бидат отстранети заштитите од надворешни влијанија
e) Нема потреба да се отстранува ништо

2. Со цел да се постигне намалена емисија на СО, како опција се користи:

a) бајпас систем во комората за согорување со помош на вентилски механизам


b) вентилски механизам на влезот на воздухот
c) вентилски механизам на излезот на воздухот
d) вентилски механизам на излезот на гасот
e) не може да се регулира
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

3. Со отварање на бајпас вентилскиот механизам во комората за согорување, се постигнува:

a) протокот на воздухот низ горилниците да се зголеми, температурата на согорување да


порасне, со што емисијата на СО опаѓа
b) протокот на воздухот низ горилниците да се зголеми
c) температурата на согорување да расте
d) емисијата на СО да опадне
e) не се регулира ништо

4. На сликата е даден приказ на:

a) составни делови и габаритни димензии на индустриска гасна турбина во експлоатација


b) составни делови на индустриска гасна турбина во експлоатација
c) габаритни димензии на индустриска гасна турбина во експлоатација
d) гасна турбина во експлоатација
e) машинска хала
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

5. На сликата е даден шематски 3D приказ на постројка за комбинирано производство на


електрична енергија и топлина во Скопје. Правниот субјект се вика:

a) „ТЕ-ТО“ АД Скопје
b) РЕК Битола
c) РЕК Осломеј
d) ТЕЦ Неготино
e) ХЕЦ Маврово

6. На сликата е дадена принципиелна шема со работни параметри, при работа на „ТЕ-ТО“


Скопје. Постројката е со :

a) комбиниран систем гасна и парна турбина, за производство на електрична енергија и


топлификација
b) комбиниран систем гасна и парна турбина
c) комбиниран систем за производство на електрична енергија и топлификација
d) гасна турбина за производство на електрична енергија и топлификација
e) парна турбина за производство на електрична енергија и топлификација
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

7. На сликата е даден приказ на:

a) мониторинг систем на
работни лопатки
b) мониторниг систем на ротор
c) работно коло
d) статорско коло
e) пресек на гасна турбина

8. На сликата е даден приказ на:

a) online мониторирање и дијагностика на индустриска гасна турбина


b) online мониторирање на индустриска гасна турбина
c) online дијагностика на индустриска гасна турбина
d) online мониторирање и дијагностика на индустриска парна турбина
e) online мониторирање и дијагностика на индустриска хидро турбина
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

9. На сликата е даден приказ на:

a) гасна турбина и компресор после постапката чистење


b) ротор на гасна турбина
c) вратило на гасна турбина
d) гасна турбина после ремонт
e) куќиште на турбина

10. На сликите се прикажани:

a) работни лопатки на гасна турбина пред и после репарација


b) работни лопатки на турбина пред и после репарација
c) лопатки пред и после репарација
d) работни лопатки на компресор пред и после репарација
e) делови на турбина
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

11. На сликата е даден приказ на:

a) делови на високопритисен компресор од гасотурбинска постројка – ГТП за време на


ремонт
b) високопритисен компресор
c) нископритисен компресор
d) турбомашина
e) ротор на турбина

12. Кој вид на гориво може да се користи за погонување на гасните турбини, во отсуство на
природен гас:

a) нискоквалитетно или необработено масло


b) нафта
c) мазут
d) биогас
e) дрва

13. Кај гасотурбинските постројки – ГТП се користи систем на предзагревање на воздухот на


влезот во комората за согорување. Системот за загревање на воздухот најчесто се користи:

a) за време на зимската сезона


b) само при екстремно ниски надворешни температури
c) за време на есен
d) при лоши надворешни временски услови
e) за време на летниот период
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

14. Кои се операционите фактори кои влијаат на одржувањето кај гасните турбини?

a) видот и квалитетот на горивото, термичкиот циклус, големината на загубите и


надворешните услови
b) видот и квалитетот на горивото, термичкиот циклус
c) големината на загубите и надворешните услови
d) видот и квалитетот на горивото и надворешните услови
e) начинот на работа на персоналот кој ја опслужува постројката

15. Рутинското одржување за време на работа на гасната турбина опфаќа:

a) визуелно проверување (невообичаена бучава, вибрации, прегревање, истекување,


паѓање на изолациониот материјал, зачепување, корозија), проверка во работен
режим (притисок, температура, степенот на подмачкување, промени и др.)
b) само визулено проверување на состојбата на гасната турбина
c) проверка во работен режим (притисок, температура, степенот на подмачкување и др.)
d) проверка на виталните системи со помош на мерни инструменти
e) повремено незадолжително проверување

16. На шемата е даден приказ на:

a) ладење на влезниот воздух во компресорот, со помош на вода (бризгалки) за време на


работа на турбината
b) ладење на воздухот во компресорот
c) струење на воздухот во компресорот
d) гасотурбинска постројка
e) струење на гасот во компресорот, гасната турбина

17. Како влијаат надворешните амбиентни услови, поконкретно температурата, врз работата
на гасната турбина?

a) Ако температурата расте, гасната турбина троши ист волумен на воздух, но воздухот
тежи помалку како резултат на порастот на притисокот. Помало количество на воздух,
значи помало количество на гориво, со што се намалува снагата на турбината
b) Ако температурата опаѓа, гасната турбина троши ист волумен на воздух, но воздухот
тежи помалку како резултат на порастот на притисокот. Помало количество на воздух,
значи помало количество на гориво, со што се намалува снагата на турбината
c) Ако работи со помало количество на воздух, значи помало количество на гориво, со
што се менува снагата на турбината
d) Ако притисокот расте, гасната турбина троши ист волумен на воздух, но воздухот тежи
помалку
e) Промената на температурата нема влијание
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

18. Како влијаат надворешните амбиентни услови, поконкретно релативната влажност, врз
работата на гасната турбина?

a) Водената пареа има помала густина од воздухот, па ако влажноста е поголема тоа
значи дека надворешниот воздух е полесен. Ефектот е ист како и при пораст на
температурата, снагата на турбината опаѓа
b) Aко влажноста е поголема тоа значи дека надворешниот воздух е полесен
c) Водената пареа има помала густина од воздухот
d) Ефектот е ист како и при пораст на температурата, снагата на турбината се менува
e) Нема никаков ефект

19. Гасните турбини најчесто како гориво користат природен гас или лесно масло. Останатите
горива содржат корозивни компоненти, за што е потребна дополнителна опрема. Заради ова
снагата на гасните турбини во експлоатација се:

a) намалува за 15%
b) намалува
c) останува иста или се намалува
d) се зголемува
e) нема никакво влијание

20. Каква треба да биде темературата на влезниот воздух во компресорот, за коефицинетот на


полезно дејство на гасотурбинската постројка – ГТП да биде што е можно поголем?

a) Температурата на воздухот на влез во компресорот треба да е што е можно пониска


b) Температурата на воздухот на влез во компресорот треба да е ниска
c) Температурата на воздухот на влез во компресорот треба да е пониска
d) Температурата на воздухот на влез во компресорот зависи од атмосферските услови
e) Нема влијание промената на воздухот на влез во компресорот

21. Како се врши контролата на работа во експлоатација на гасната турбина?

a) Контролата на работа на гасната турбина во главно се врши преку количината на


гориво кое се уфрла во комората за согорување
b) Контролата на работа на гасната турбина во главно се врши преку видот на гориво
c) Контролата на работа на гасната турбина во главно се врши преку количеството на
кислород кое се уфрла во комората за согорување
d) Контролата на работа на гасната турбина во главно се врши преку количеството на
воздух и гас
e) Контролата на работа на гасната турбина не зависи од количината на воздух кое се
уфрла во комората за согорување

22. Дистрибуираниот состав на водење – DSC (Distributed Control System), конципиран е во


склад со погонските барања врз база на хиерархиска структура и се состои од повеќе
автоматски единици. Основната задача на овие единици е:

a) прифаќање, обработка на мерните сигнали, регулација, заштита и блокада, автоматско


управување и тн
b) прифаќање и обработка на мерните сигнали
c) регулација, заштита и блокада, автоматско управување
d) само автоматско управување
e) контрола на технолошкиот процес
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

23. Во ТЕ-ТО работните простории се изведени во склад со барањата во Правилникот за


заштита при работа за работни и помошни простории и простори. Едно од барањата е,
висината на работните простории во кои се развиваат непријатни или штетни мириси, пареа
или прашина, при внатрешно неповолни топлински услови, треба да е:

a) над 3 m
b) точно 3 m
c) помалку од 3 m
d) над 5 m
e) над 10 m

24. Утврдени извори на опасности кои се присутни во целокупниот технолошки процес во ТЕ-
ТО се:

a) механички, од електрична енергија, од пожар и експлозија, од движење при работа, од


штетни гасови, неповолни услови при работа, опасности од прекумерно напрегање
b) механички, од штетни гасови, неповолни услови при работа, опасности од прекумерно
напрегање
c) од електрична енергија, од пожар и експлозија
d) опасности од прекумерно напрегање
e) од промена на надворешната температура и притисок

25. Матрицата за оценка на ризикот ги зема во предвид:

a) тежината на повредите, времето на траење на опасноста, одстранување на


опасностите, веројатноста за појава и повторување
b) тежината на повредите, веројатноста за појава и повторување
c) времето на траење на опасноста
d) веројатноста за појава и повторување
e) бројот на работници

26. Тежината на повредите односно тежината на оштетување на здравјето може да биде:

a) многу лесна, лесна, тешка, многу тешка повреда и смртна повреда


b) лесна, тешка
c) трајна и зачестена
d) лесна и со смртни последици
e) можна и едвај можна
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

27. Колкава треба да биде вредноста на амбиентната температура, во услови кои владеат во
ТЕ-ТО, во зависност од тежината на работното место?

a) мирно седење (читање, пишување), лесна мануелна работа во стоечка состојба од 19


до 25оС, средно тешка работа, од 18 до 24оС, тешка и најтешка телесна работа најмалку
12оС
b) мирно седење (читање, пишување), лесна мануелна работа во стоечка состојба 20оС,
средно тешка работа, од 20оС, тешка и најтешка телесна работа најмалку 10оС
c) мирно седење (читање, пишување), лесна мануелна работа во стоечка состојба од 15
до 20оС, средно тешка работа, од 15 до 25оС, тешка и најтешка телесна работа најмалку
20оС
d) мирно седење (читање, пишување), лесна мануелна работа во стоечка состојба, средно
тешка работа, тешка и најтешка телесна работа најмалку 20оС
e) амбиентната температура нема влијание врз условите за работа

28. Бучавата се мери и на основа на тоа се одредува дали има потреба или не од превземање
на мерки за заштита на работникот во зависност од тоа колку долго се задржува во работните
простории. Најголеми извори на бучава се гасните турбини. Граничната вредност на бучавата
е:
a) 85 dB
b) 80 dB
c) 65 dB
d) 50 dB
e) 100 dB

29. Правилникот за заштита при работа за работни и помошни простории во ТЕ-ТО, се однeсува
на повеќе мерки. Една од мерките е за потребниот волумен и работна површина по работник.
Вредностите за потребниот волумен и работна површина се:

a) На секоја вработена особа потребна е површина поголема од 2 m2 , односно волумен


10 m3
b) На секоја вработена особа потребна е површина од 2 m2 , односно волумен 8 m3
c) На секоја вработена особа потребна е површина помала од 2 m2 , односно волумен
поголем од 10 m3
d) На секоја вработена особа потребна е површина поголема од 5 m2 , односно волумен
15 m3
e) Нема ограничувања

30. Поголем број на современите гасотурбински постројки - ГТП дозволуваат потполно


автоматско пуштање од ладна состојба со едно копче. Многу врвни ГТП, немаат постојан
дежурен персонал, а се пуштаат во погон и се запираат:

a) од диспечерски центри кои се наоѓаат на оддалеченост од повеќе стотици километри


b) од диспечерски центри
c) од комјутерски центри кои се наоѓаат на оддалеченост од илјадници километри
d) многу брзо и сложено
e) многу бавно
Ракувачи со машински уреди и постројки
ГАСНИ ТУРБИНИ

Предог прашања за практичниот дел:

Ракувачи со област Прашање бр.


Видови и состав на гасни
3, 4, 7, 11, 13, 20, 23, 25, 29, 30
Гасни турбини турбини
(50) Експлоатација на парни турбини 1, 3, 5, 7, 10, 11, 13, 14, 17, 18
Одржување на парни турбини 1-30

You might also like