You are on page 1of 2

Рецепти

Кандидат: Марина Бундевска

1 рецепт со Тамоксифен

- Не е внесена дијагноза на болеста


- Не е напишана дозата на лекот
- Нема дата на пропишување на рецепт
- Нема печат од здравствената установа каде е издаден рецепт, потпис и факсимил од
лекарот кој го издал овој лек

2 рецепт со Аценокумарол

- Повторно, пропуштена е дијагнозата


- Нема дата на пропишување на лекот
- Нема печат од здравствена установа, потпис и факсимил на лекар кој го издал овој лек

3 рецепт со Еналаприл

- Пропуштена дијагноза
- Нема дата на пропишување на лекот
- Нема печат од здравтсвена установа, потпис и факсимил на лекарот кој го издал лекот

Тамоксифен

- Припаѓа на групата лекови хормонски антагониски (анти-естрогени) и се корисит при


случаи на рак на дојка или во случаи на неплодност.
- Се употребува секој ден во исто време.
- Несакани ефекти вклучуваат појава на симптоми на згрутчување на крвта (отоци во
екстремитети, болка во гради) или симптоми на мозочен удар (парализа на раце и нозе).

Аценокумарол

- Претставува антикоагулнс кој ја намалува коагулацијата (згрутчувањето) на крвта и на тој


начин го спречува формирањето на тромби во крвните садови.
- Аценокумаролот се дозира според шема препишана од лекар специјалист и се
препорачува да се зема во исто време секој ден и притоа редовно да се прават испитувања
на крвта за да се процени стапката на згрутчување.
- При употреба на лекот да се избегнува храна богата со витамин к како спанаќ, зелка или
алкохол затоа што тоа доведува до промена на работата на антикоагулансот( се намалува
неговиот ефект).
- Најчести несакани ефекти се појава на модринки, крварење од нос, крв во урина,
главоболка.
Еналаприл

- Претставува АКЕ инхибитор кој се користи во третман на хипертензија на тој начин што ги
шири крвните садови и води до намалување на крвниот притисок. Исто така, кај пациенти
со срцева слабост, еналаприлот ја подобрува работата на срцето.
- При употреба на еналаприл да се избегнуваат додатоци со калиум затоа што може да
доведе до зголемување на нивото на калиум во крвта. Исто така, да се избегнува
конзумирањето на алкохол заедно со овој лек затоа што алкохолот го зголемува ефектот
на лекот во намалувањето на притисок ( постои ризик од хипотензија).
- Лекот е најдобро да се пие навечер со цел да се избегне можноста од појава на
вртоглавица при почетна употреба на овој лек.

Затоа што истовремената употреба на тамоксифен со кумаринска терапија може да доведе до


сериозни несакани ефекти како прекумерно крварење, доколку употребата на двата лека е
неопходна потребно е да се замени аценокумаролот со друг антикоагуланс (пример
клопидогрел) и да се следи протромбиското време односно коагулацијата на крвта.

You might also like