You are on page 1of 2

Од

Христина Стефановска

Ул. Населба Кланица 6/2-17

Битола

Email: stefanovska.hristina@hotmail.com

Тел 075-548-858

До

Младите можат,

Ул. Никола Русински бр. 3 влез 1 стан 16

Скопје

Почитувани,

На мое огромно задоволство се пријавувам за работната позиција Координатор


за членство при Младите можат Читајќи го огласот, дојдов до заклучок дека
повеќето од наброените задачи и вештини јас веќе ги извршувам волонтерски и
тоа го правам со огромна љубов и посветеност низ годините и затоа сметам дека
би била одличен кандидат.

Волонтирав а воедно и работев како хостеса за фестивали како Манаки, Акто и


Филмски фестивал на краток филм со што имав можност да бидам дел од
целокупната организација и да видам како се подготвува настан од високи
размери. Како дипломиран актер заедно со мои познаници формиравме
театарска група и поставивме претстави за деца и возрасни. Правевме промоција
преку социјалните мрежи а воедно и низ целиот град преку промотивни
материјали флаери, постери, како и интервјуа во локалните медиуми и по
средните училишта. Едуцирањето на младите и инвестирањето во нивното
подобро информирање или таканаречно запознавање со нивните можности и
права е моја движечка сила. Преку овие претстави честопати ја имавме таа идеја
во главата, да пренесиме порака и пример за идните генерации. Поради тоа во
моментот сум дел од програмата Youth Ambassador од иницијативата на
невладината организација Youth Alliance https://www.c4cf.org/who-we-are/. За цел
имаме да ја зголемиме видливоста на соработката помеѓу нашата држава и
соседната држава Грција и притоа да ги потикниме младите на тој чекор преку
информирање за размени, културолошки збиднувања со цел за добрососедски
односи. Дел од мојата мисија е организирање на настани, интервјуа и пишување
на објави за блогот на иницијативата. Како студент на германистика, каде што во
моментот работам на дипломскиот труд имав можност да бидам дел од
студентски семестрални размени во Ријека и Лисабон каде се запознав со луѓе со
различна социјална,културолошка и расна позадина. Со оваа зададена можност
ги подобрив моите комуникациски способности,јазични и дојдов до сознание
дека човек може да соработува и да научи нешто од секого без разлика од кој дел
на светот припаѓа. Желбата да се биде дел од невладина организација ме доведе
во Атина на шест месечен проект дел од програмата Европски Солидарен Корпус
при Erasmus +. Во овај период заедно со мојата домаќин организација
организиравме чистење на паркови, плажи, делење на храна на социјално
загрозени случаеви како и организирање активности за тинејџери бегалци од
Сирија, Иран кои живеаат во дом, каде се згрижени и добиваат целосна подршка
и интеграција во средината. Уште во средношколските денови во Битола
членував во хуманитарниот клуб Lions club со кој организиравме настани по
повод светскиот ден на дијабетесот, слепите лица, глувите лица. Нашата цел беше
да бидат видливи некои групи на луѓе во нашето општество и да се одбележи
нивната борба и желба да ги надминат некои пречки.

Учествував на неколу кратки младински проекти во Германија, Луксембург и


Македонија и целиот мој досегашен животен пат ми е мотивација да продолжам
да го надоградувам моето искуство во областа на неформално образование,
поттикнување на млади луѓе, промовирање на настани и работење. Сметам дека
Младите можат е вистинското место за тоа. Ви благодарам и ви стојам на
располагање за сите понатамошни прашања

Со почит,

Христина Стефановска

You might also like