You are on page 1of 2

До

Општинските и државни средни училишта во Битола

За директорите и професорите по физичко воспитување

Предмет: Покана за учество во Проект - МАТУРСКА ПАРАДА 2023

Почитувани,

ЈОУ Културен и информативен центар - Битола и Танцовиот спортски клуб СТЕП АП Битола
како член на Танцовата спортска федерација на Македонија и Светската танцова спортска
федерација - WDSF се вклучуваат во меѓународен проект со цел збогатување на
средношколките активности на матурантите во Општина Битола и зголемување на
свеченоста за завршетокот на нивното средно образование.

Матурската Парада е настан кој традиционално се организира повеќе од 20 години на


меѓународно ниво, а во Македонија веќе 16 години со прекин заради пандемиските
ограничувања. Како идеја се развила во Словенија и во текот на изминатите три децении
се реализира низ повеќе балкански и средноевропски земји. Ова е манифестација која
пред неколку години ги внесе европските матуранти и нивната свеченост во Гинисовата
книга на рекорди.

Секоја година матурската парада се одржува во сите земји учеснички на ист ден и во исто
време претходно одредено од организациониот одбор. Оваа година МАТУРСКАТА
ПАРАДА ќе се одржи на 19.05.2023 со почеток во 12:00 часот на платотот на Офицерски
дом – КИЦ Битола и тоа е термин во кој сите матуранти од сите земји и градови ќе
танцуваат на отворено во нивните места на живеење. Генералниот организатор и
главните организаторите во секоја од државите се обраќаат преку радио врска на канал
од националното радио при што ги поздравуваат сите вклучени општини и матуранти и во
исто време емитуваат една иста музика, а матурантите ги изведуваат кореографиите кои
исто така се единствени за сите нив. Значи, сите матуранти во исто време изведуваат иста
кореографија. Самиот танцов дел трае околу 15-20 минути. На настанот му претходи
обраќање кон матурантите од страна на Градоначалникот и организаторите.

1
Обуката во заинтересираните средни училишта би требало да трае околу 3 (три) седмици,
на часовите по физичко образование. На крајот на обуката сите вклучени ученици ќе
имаат неколку заеднички проби пред самиот настан.

Ве покануваме во Понеделник на (20.03.23) во Офицерски дом - КИЦ Битола со почеток


во 12.00 ч. на консултативна средба со професорите по физичко училиште или делегирани
претставници од Вашето училиште за заеднички да ги разгледаме можностите за
реализација на овој проект како и да ги чуеме Вашите сугестии, забелешки и предлози.

Ви благодариме на соработката,

Со почит,

КИЦ Битола

Директор

Лили Бошевска

You might also like