You are on page 1of 1

Записник

Од оддржаниот состанок на синдикалната организација при СОУ „Таки Даскало“ - Битола,


оддржан на ден 28.04.2022год. во 18:00 со следниот дневен ред:

1. Информација за новонастанатата ситуација во врска со ставањето на штрајкот во


мирување од страна на советот на СОНК.
2. Донесување одлуки врз основа на предлози од членовите на синдикалната организација.

На состанокот беа присутни мнозинство членови на синдикалната организација и поддржувачи на


штрајкот кои не се членови на синдикалната организација.

По првата точка претседателот на СО го прочита записникот од осмата седница на советот на


СОНК, која беше оддржана денес 28.04.2022год. во 14:00, на која беше донесена одлуката за
ставање штрајкот во мирување.

По долга и на моменти бурна и емотивна дискусија од сите членови на синдикалната организација


беа донесени следните одлуки:

1. Барање на оставка од претседателот на СОНК, Јаким Неделков и сите членови на советот


на СОНК.
2. Поднесување кривична пријава до претседателот на СОНК, Јаким Неделков заради
манипулирање на членството и доведување во заблуда со недавање на информации за
правна регулатива во врска со штрајкот.
3. Ангажирање на адвокат за поднесување колективна тужба за неисплаќање на плати
според колективен договор.
4. Ангажирање на Пи-Ар агенција со цел запознавање на пошироката јавност со нашето
работење и нашите барања.

Одлуките беа едногласно усвоени.

Се задолжува претседателот на СО записникот да го достави до претседателот на регионалниот


одбор на СОНК и за да ги информира членовите на синдикалната организација.

Се задолжува претседателот на синдикалната организација да се координира со претседателите


на синдикални организации на ниво на регион за превземање на понатамошни активности во
периодот кој ни предстои за да може да бидеме единствени во нашите барања за исполнување на
барањата заради кои стапивме во генерален штрајк.

Битола 28.04.2022год. Претседател на СО при СОУ „Таки Даскало“ – Битола,

Николче Ѓелевски

You might also like