You are on page 1of 1

МИС СТОУН(Мис Елен Стон)

Елен Марија Стон родена на 24 јули 1846 почината 13 декември 1927, попозната како Мис
Стон — американска протестантска мисионерка која патувала низ Македонија со придружба
од петнаесетина луѓе во 1901 година. Била киднапирана од четириесетина комити од четата
на Јане Сандански на 3 септември 1901 година помеѓу Разлог и Горна Џумаја, во месноста
Предел (Пиринска Македонија).

Комитите ги ослободиле луѓето од придружбата, а ги заробиле само неа и нејзината


придружничка Катерина Цилка. Тие шест месеци биле задржани од комитите и криени од
Турците на Малешевските Планини и на Пирин Планина, во Пиринска Македонија. Биле
ослободени на 23 февруари 1902 година за откуп од 14.500 турски лири во злато, со кои
македонските револуционери купиле оружје.Мис Стон била задоволна од односот на
комитите и народот кон неа, па подоцна за тоа кажувала и во интервјуа за американските
весници. Дури напишала и книга, но пред печатењето целиот материјал изгорел во пожар во
американскиот град Челзи, во која таа живеела, а таму и починала во 1927 година.

Катерина Цилка била бремена во моментот на киднапирањето и се породила, според некои


извори, во Ратево, беровско, во текот на заробеништвото. Неколку години по ослободувањето
од заложништво, Катерина Цилка со писмо од САД ѝ се заблагодарила на бабицата баба
Миропа од Ратево за успешното породување што го имала во многу тешки услови.

Еден од првите македонски играни филмови, Мис Стон (1958) е снимен токму според оваа
приказна.

Мис Стон (филм)

Мис Стон е македонски историски филм од 1958 година, режиран од Жика Митровиќ, со Олга
Спиридоновиќ, Илија Милчин, Марија Тоциноски, Илија Џувалековски, Петар Прличко и Виктор
Старчиќ во главните улоги.

Содржина:
Дејствието на филмот е сместено во 1901 година и тоа е засновано врз вистински настан -
грабнувањето на американската протестантска мисионерка Мис Стон (во филмот ја игра Олга
Спиридоновиќ) од страна на Јане Сандански (Илија Милчин) и неговата чета во Македонија.

За откуп на Мис Стон се побарани 25.000 златни лири кои на четата на Јане Сандански ѝ се
неопходни за набавка на оружје. Меѓутоа, ова барање треба да се потпише и од Мис Стон. Таа
категорично одбива да го направи тоа, но откако минува низ неколку борби водени со турскиот
аскер, застанува на страната на комитите и го потпишува писмото, чии барања, на крајот и се
исполнети.

Изработил:Веле Ѓурчески

You might also like