You are on page 1of 11

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТУТУНОПРОИЗВОДСТВОТО КАКО СЕМЕЕН БИЗНИС –

ЕГЗИСТЕНЦИЈА ИЛИ ПРОФИТ

Силвана Пашовска1, Роза Галеска2


1
Un.St.Kliment Ohridski Bitola, Scientific Tobacco Institute - Prilep, Republic of North
Macedonia
e-mail:Silvana.Pasovska@uklo.edu.mk
2
Data sistemѕ - Prilep

АПСТРАКТ
Развивањето на современ семеен бизнис со основна дејност тутунопроизводство мора
да се потпира врз развиен менаџмент со сите негови придружни елементи како:
планирање, организирање на работата, водење на производството и контрола на истото
со соодветна мотивација на ангажираните членови. Само на таков начин ќе се постигне
поголема ефикасност и ефективност во работењето, намалување на трошоците за
прозиводство, зголемување на продуктивност и подобрување на резултатите од
работењето.
Кога станува збор за семеен бизнис во тутунопроизводството во Македонија може да се
каже дека станува збор за индивидуални производители кои ги вложиле сопствените
средства за производство на тутун и користат сопствено или земјиште под закуп, а во
областа на трудот користат ангажираност на членовите на семејството. Точно
организираноста како семеен бизнис, го надминува фактот дека тутунот е само услов за
егзистенција и се наметнува како можност за остварување на профит кој е резултат на
добра стратегија на целокупниот процес.
Клучни зборови:организација, профит, семеен бизнис, тутунопроизводство, стратегија

ВОВЕД
Како земјоделска култура, тутунот има посебно место во земјоделското производство
од економски и социјален аспект и е еден на најважните извозни продукти на нашата
земја. Тутунопроизводството учествува со 5% во вкупниот извоз и речиси со 30% од
извозот во земјоделскиот сектор. Тоа е особено значајно во руралните области каде
тутунопроизводството преставува важен извор на финансии и обезбедува егзистенција
на овој дел од населението.
Се одгледува и успева на посиромашни почви, на кои другите култури не даваат
соодветен принос, па примарното производство на тутун е лоцирано на површини со
слаб бонитет, најчесто деградирани површини, скромни со хранливи, минерални и
органски материи затоа што тој е скромно и издржливо растение со минимални
потреби за вегетирање. Поради ваквите природни карактеристики за негово
производство, опфаќа најмал дел обработлива површина, а обезбедува повеќекратни
приходи, како ниедна друга полeделска култура. Македонија располага со поволни
климатски и почвени услови за одгледување на тутун од чие производство егзистираат
околу 35 000 семејства и тој е значаен фактор за надополнување на домашниот буџет и
важен извозен производ кој влија врз буџетот на државата.
Семејните бизниси претставуваат столб на многу светски економии. И покрај
турбулентните времиња, поради нивната флексибилност и прилагодливост тие најбрзо
може да напредуваат од мали семејни бизниси до огромни корпорации со силна
финансиска моќ. Глобалните трендови се пресликуваат и во нашава држава, се разбира
прилагодени на условите и капацитетите со кои се располага, па семејните бизниси
денес се стожер и на македонското стопанство. И во сферата на тутунопроизводството,
организирањето на дејноста како семеен бизнис претставува добра основа за солидна
егзистенција, па дури и поголем профит. Секако дека природните услови,
расположливите земјоделски површини, традицијата и можностите за обезбедување на
егзистенција или надополнување на семејниот буџет, се значаен предуслов за
развивање на современ семеен бизнис во тутунопроизводната дејност во Република
Северна Македонија. Иднината на тутунопроизводството во голема мера ќе зависи од
добрата аграрна политика на држават, но и од условите за субвенционирање со што би
се поттикнала младата популација да се занимава со тутунопроизводство, но и
тутунопроизводството да го издигне на ниво на семеен бизнис преку користење на
иновации, претпримништво, добро планирање и менаџирање на расположливите
ресурси за поголема ефикасност и ефективност на правните субјекти. Во овој контекст,
прашањата кои се поставуваат се дали Македонија располага со доволно работна сила и
дали таа работна сила е расположена да се занимава со тутунопризводство, или пак се
повеќе младите лица се насочени кон обезбедување на својата егзистенција не само
надвор од земјоделскиот сектор, туку и надвор од државата.
Иако Македонија преставува мала континентална змеја, таа е „златен триаголник“ за
производство на ситнолисни ориенталски тутуни. Денес целокупното производство во
Македонија се базира на производство на ситнолисни ориенталски тутуни. Во
nоследниот десет годишен период (2010 - 2019) во производството на тутун се
застапени главно ориенталските тутуни од ароматичните типови Прилеп, Јака, Басмак
и Џебел (Табела 1), а крупнолисните тутуни од типовите Вирџинија и Берлеј воопшто
не се одгледуваат. Од табелата и просечните nрезентирани nодатоци се гледа дека во
овој 10-годишниот период со најголем дел учествува типот Прилеп со 84%, потоа типот
Јака со 14%, 1,8% отпаѓа на типот Басмак и со незначителен дел се типовите Џебел и
Отља со 0,2%. Уште позабележливо е дека во последните 3 години типот Прилеп, пред
се сортата Прилеп П-66/9 учествува со над 90% од вкупниот семенски материјал.
Табела 1 -
Прилеп
Реколт
а
МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД

Темата која е предмет на анализа и истражување во овој труд, ја наметна потребата од


разгледување на најзначајните макроекономски параметри во Македонија, бројот на
тутунопроизводители, нивото на образование, количината на добиен тутун, засадените
површини, како и спроведување на анкета и обработка на добиените податоци од терен
на активни тутунопроизводители. Анкетата како метод на истражување е спроведена
преку формулирање на прашалници со стандардизирани и јасно формулирани прашања
кои беа поделени на тутунопроизводители од различни старосни групи. Преку нивните
одговори се доби една конкретна слика за тоа какво е влијанието на демографскиот
фактор врз процесот на тутунопроизводство и дали тој може да биде организиран како
успешен семеен бизнис кој ќе обезбеди доволно приходи за семејството.
Истражувањето беше спроведено кај повеќе индивидуални тутунопроизводители од
општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани. Предмет на ова истражување беа 100
тутунопроизводители до 40-годишна возраст и 120 тутунопроизводители над 40-
годишна возраст, за кои беа подготвени посебни анкетни прашалници. За обрабоотка на
податоците беше користен x2 – тестот и коефициентот на контингенција, со цел да се
утврди поврзаноста помеѓу варијаблите кои се од интерес на ова истражување x2 е збир
на квадрирани разлики на испитуваните и очекуваните (теоретски дадени) фреквенции
ставен во однос на очекуваните фреквенции и се пресметува според формулата:

Каде : fi – се испитувани фреквенции што се добиени со емпириското истражување


или експериментирање; fo – се очекувани или теоретски фреквенции (фреквенции кои
се очекувани при одредена хипотеза);
Испитуваните фреквенции се добиваат од спроведеното емпириско истражување,
додека пак очекуваните фреквенции се добиваат така што сумата на редот се множи со
сумата на колоната и добиениот резултат се дели со вкупната сума на фреквенции.
Добиената вредност за x2 - тестот се толкува врз база на теоретската x 2 распределба,
создадена од страна на Карл Пирсон ( Karl Pearson ). Тој ги создавал таблиците на
гранични вредности на x2 – тестот за соодветен број степени на слобода и соодветна
веројатност, т.е. праг на значајност. Прагот на значајност се однесува на дозволена
грешка или ризик и најчесто се користи ниво на веројатност p=0,05 и p=0,01. Во овој
труд се користи ниво на веројатност од 0,05, односно 5 %.
Кога фреквенциите се распоредени во редови и колони, степените на слобода (n) се
пресметуваат на следниов начин:
n=(k−1)(r−1)
n = степени на слобода; k= број на колони; r = број на редови.
Во ова емпириско истражување, фреквенциите се распоредени во две колони и три
реда, што резултира со 2 степена на слобода. Табличната вредност на x 2 за 2 степена на
слобода и праг на значајност 0,05 изнесува 5,991.
Кога пресметаната вредност на x2 - тестот е поголема од граничната вредност во
таблицата, што во нашиот случај има вредност 5,991, тогаш доаѓаме до констатација
дека исказите на тутунопроизводителите до и над 40-годишна возраст се разликуваат.
Обратно, кога пресметаната вредност на x 2 е помала од табличната вредност, во тој
случај исказите на двете групи тутунопроизводители се слични, односно нема голема
разлика, што се гледа и од самите коментари по поединечните прашања.
Како што може да се забележи, со x 2 – тестот се определува веројатноста на поврзаност
помеѓу две варијабли, а не висината на поврзаност. Таквата поврзаност се мери со

коефициентот на контингенција (C) кој се пресметува според формулата C=


2 2
каде-x - е пресметана вредност за x ; N – е вкупен број на фреквенции.
√ X2
N+X
2

Коефициентот на контингенција може да има вредност од 0 до 1. Кога овој коефициент


е поблиску до 1, меѓузависниот модалитет на испитуваните варијабли е појак, а кога
пресметаниот коефициент е поблиску до 0, тогаш меѓузависноста е слаба

РЕЗУЛТАТИ И ДИСКУСИЈА

Производството на тутун во последниве години во ЕУ опаѓа, пред се заради


воведувањето на системот на квоти како и специфичниот начин на субвенционирање
кој се реализира по површина, а не по произведен тутун, па така производството од
440. 000 тони во 1991 година, во 2010 опадна на 140.000 тони.( Овде да се внеси
податок колку е сега производството на ниво на ЕУ ) Овој тренд на опаѓање на
производството ги следи и ситнолисните ориенталски тутуни. Ориенталските тутуни
најмногу се одгледуваат на територијата на балканските земји: Турција, Бугарија,
Грција и Северна Македонија. На глобално ниво, како производител на помали
количества ориенталски тутун се појавуваат и Индија, Кина и Тајланд, а мали
количества на ориенталски тутун се произведуваат и во Русија, Казахстан, Узбекистан,
Таџикистан како и во некои медитерански земји ( Либан, Тунис, Алжир и Мароко ). Од
2013 година Македонија прерасна во втор производител на ориенталски тутун веднаш
по Турција.
Табела 2 – Производство на тутун во земјите на ЕУ според типови на тутун,
2018 година, тони

Темни
Земја Вирџиниј Берлеј тутуни Сушени на Ориенталск Вкупно %
а оган и
Италија 32.381 14 706 2 128 2 473 51 б88 38,6 %
Шnанија 26. 6ЗЗ 782 176 27 591 20,6%
Полска 21.000 3 000 800 24 800 18,5%
Грција 6.150 245 13 850 20 245 15,1%
Буrарија 4.650 1100 7 400 13150 9,8%
Хрватска 7.015 343 7 358 5,5%
Франција 4.715 1998 29 б 743 5,0%
Унгарија 4.З69 1079 5 448 4,1%
Германија 4.524 4 524 3,4%
Белгија 7 75 82 0,1%
ЕУ 84.804 22 478 3 032 2 473 21250 134 100,0%
038
Извор: податоци од UNIТAB за 2018 година ( дали има понов податок 2020/2021 )
Од податоците се гледа дека вкупното производство на тутун во ЕУ за 2018 година
изнесува 134.038 тони, а само 21250 тони отпаѓаат на ориенталски тутуни како и
тоа дека тие се одгледуваат во само две земји членки на Европската Унија – Грција
и Бугарија. И во двете производството драстично се намалува во последниве
години што може да се види од следната табела каде се дадени податоците за
производство на ситнолисни- ориенталски тутуни во неколку балкански земји кои
се и главни производители на ориенталски тутун.

Табела 3 - Производство на ориенталски тутуни во балканските земји од 2013-2020


година
Година Турција Македонија Грција Бугарија
2013 80 000 27 800 24 000 17 000
2014 61 000 27 600 26 000 16 000 (13 000)
2015 55 000 24 000 22 000 12 000 (9000)
2016 55 000 25 400 18 500 (22 000) 9 000
2017 68 000 23 000 19 000 9 500
2018 55 000 25 500 13850 7400
2019 52 000 * 26 200 15 700 5 200
2020 41 000 26 000 13 000 4 250
Просек 58375 25687.5 19250 9993.75
Извор : трудот на Марија Србиноска + Star Agritech International; published October
2018; with additional editing by TOBACCO ASIA

И додека во останатите земји производството на тутутн опаѓа, нашата земја може да се


пофали со релативно стабилно производство, па производството на тутун, засадените
површини, како и приносот по хектар и бројот на склучени договори се дадени во
следната табела
Табела 4 -
Засадена површина Принос Производство Број на склучени
Година
(hа) (kg/ha) во тони (t) договори
2010 20.300 1.492 30.280 40.743
2011 19.693 1.348 26.537 33.234
2012 19.656 1.392 27.333 29.090
2013 19.178 1.453 27.859 42.367
2014 17.758 1.553 27.578 34.445
2015 16.128 1.503 24.237 28.454
2016 16.379 1.554 25.443 27.380
2017 15.961 1.434 22.885 29.132
2018 16.582 1.541 25.547 34.104
2019 16.719 1.573 26.234 20.997 *
2020 16.592 1.574 26.112 19.702**
Извор : МЗШВР
Кога викаме дека Македонија е пред се аргарна земја сметаме на процентот на
активно население кое се занимава со земјоделство и кое е далеку над европскиот
просек ( 4,2 % ЕУ -2017 година спрема 16,2 % Македонија) Учеството на вкупното
активно население анагажирано во земјоделството во 2019 година изнесува 13,9%. Од
вкупно 111.033 луѓе кои се занимаваат со земјоделство, 35% (38.478) се неплатени
семејни работници, 49% се самовработени и околу 15% се редовно вработени. Околу
17% (18.379) од вкупната ангажирана работна сила во земјоделството се ангажирани на
одредено време или како сезонски работници.
Висок е процентот и на учеството на земјоделскиот сектор во БДП кој се движи околу
10% и кој е прикажан во следната табела.
Табела 5-
Показател 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
БДП
10.01 10.74 11.26 10.82
во милиони евра 6095 6772 6767 7109 7544 7585 8150 8562 9072 9723
0 4 2 3
мил.евра
БДП по глава
на жител 2982 3308 3300 3459 3665 3680 3948 4141 4382 4691 4827 5175 5423 5238
во евра

Учество на
земјоделскиот сектор во
9,9 11,4 10,3 10,1 9,4 9,1 10 10,1 9,7 9,1 7,9 8,5 8,1 9,1
БДП во %

Еден од најголемите проблеми во земјоделскиот сектор во нашава држава е стареењето


на работната сила. Според структурното истражување на ДЗС од 2016 година, само 4%
од носителите на земјоделските стопанства се млади на возраст под 35 години (или
7.254), 34% имаат помеѓу 35 и 54 години (61.724) и најголемиот дел од 62% или 111.268
се постари од 55 години. Односот помеѓу бројот на млади носители на земјоделски
стопанства (под 35 години) и бројот на носители земјоделци постари од 55 години е
многу неповолен и изнесува 0.07 (европскиот просек од 0,09 исто така неповолен). За
ова придонесуваат ниските доходи (нето платите во земјоделството изнесуваат во
просек 240 евра месечно или просечно околу 11 евра дневно) и неповолните работни
услови, како и влошените услови за живот во руралните подрачја. Сето ова ги
обесхрабрува младите луѓе да започнат кариера во земјоделството, а како резултат на
нивната мобилност и помалата емотивна поврзаност со земјата и селото тие сè почесто
емигрираат или од државата или во урбаните средини. Според податоците од
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР),
само 13,5 % од вкупниот број на земјоделски стопанства кои аплицирале за финансиска
поддршка во 2013 година биле претставени од млади земјоделци на возраст помеѓу 18 и
40 години.
Втор голем проблем покрај старосната структурна, неповолна е и образовната
структура во земјоделството. Согласно структурното истражување од 2016 година,
најголем дел од земјоделците имаат завршено или незавршено основно образование
(44,5% или 80.269 лица) и средно образование (43,3% или 77.996 лица). Само 9.359 од
нив, или 5,2% се со формално образование од земјоделските науки. Тоа значи дека на
поголемиот дел од работна сила во земјоделството и недостасува формално
земјоделско образование, но и обуки, менаџерски и деловни вештини.
На анкетираните земјоделци им беа поставени следните прашања и според хи -квадрат
тестот беа добиени следните резултати
Поединечни одговори
Поставени Понудени Лица под 40 Лица над 40
прашања одговори години години
Вредност % Вредност %
1. Дали сметате дека во нашава Да 82 82 106 88,33
земја постојат поволни агротехнички
услови за производство на тутун? Не 7 7 6 5,00
Без одговор 11 11 8 6,67
Вкупно 100 100 120 100
Пресметаниот x2-тест изнесува = 1,632 С = 0,090

7 под 40 години 5 над 40 години


% 7%
%
11%

82%
88%

Да Не Да Не
Без одговор Без одговор
И во двете групи тутнопроизводителите се согласуваат со над 82% дека Македонија
има поволни услови за производство на тутун.
Поединечни одговори
Поставени Понудени Лица под 40 Лица над 40
прашања одговори години години
Вредност Вредност %
2. Дали сметате дека има доволен Да 65 65 78 65
број на лица за производство и Не 31 31 36 30
домашна обработка на тутунот? Без одговор 4 4 6 5
Вкупно 100 100 120 100
Пресметаниот x2-тест изнесува = 0,128 С = 0,025
под 40 години над 40 години
3 4%
1 3 5%
% 0
%

65% 65%

Да Не
Без одговор Да Не Без одговор
Вредностите на пресметаниот x2-тест изнесуваат 0,128, што се должи на релативно
сличните одговори кои ги дале анкетираните лица. Одговорите одат во прилог на тезата
дека РС Македонија располага со доволно работна сила и така мислат поголемиот број
на испитаници, во случаите кога се работи за нивното производство на тутун.

Поединечни одговори
Поставени Понудени Лица под 40 Лица над 40
прашања одговори години години
Вредност % Вредност %
3. Дали вие, како производител Да 65 65 88 73
на тутун, ќе продолжите со Не 20 20 16 13
натамошно производство на
тутун? Без одговор 15 15 16 13
Вкупно 100 100 120 100
Пресметаниот x2-тест изнесува = 1,933 С = 0,098

1 години
под 40 над140 години
2
5 1 3
0
% 3 %
%
%

65%
73%

Да Не
Без одговор Да Не Без одговор

Позитивно одговориле 65 % од младите лица под 40 години и 73 % од анкетираните


лица над 40 годни додека негативен одговор дале 20 % од анкетираните под 40 години
и 13% од тие над 40 години. Без одговор кај првата група се 15 %, а кај втората група 13
%. Пресметаниот x2-тест е под границата од 5,991 и изнесува 1,933. Од одговорите и од
тестот се гледа дека и во двете групи сè уште постои расположба за производство на
тутун, иако таа е помала кај младите лица отколку кај повозрасната популација.

Поединечни одговори
Поставени Понудени Лица под 40 години Лица над 40
прашања одговори години
Вредност % Вредност %
4. Дали сметате дека која има Да 68 68 75 62,5
можности за одржување и развој Не 22 22 27 22,5
од аспект на демографскиот
фактор? Без одговор 10 10 18 15,0
Вкупно 100 100 120 100
2
Пресметаниот x -тест изнесува =1,237 С = 0,078

под 40 години
1
2 над 40
5. години
0
2 10% 0
% %
68% 22.50%
62.50%

Да Не Да Не
Без одговор Без одговор
На ова прашање 68 % од првата и 62,5 % од втората група сметаат дека
тутунопроизводството има услови за развивање од аспект на демографскиот фактор. За
22 % и 22,5 % од втората група одговорот е негативен, додека 10% од првата група и 15
% од втората група се без одговор. Пресметаниот x2-тест е 1,237 па според мислењето
на испитаниците, демографскиот фактор не претставува проблем за развивање на
бизнис во областа на тутунопроизводството
Поединечни одговори
Поставени Понудени Лица под 40 Лица над 40
прашања одговори години години
Вредност % Вредност %
5. Дали планирате да го Да 48 48 60 50,00
унапредувате производството на
тутун развивајќи семеен Не 35 35 47 39,17
тутунопроизводителски бизнис? Без одговор 17 17 13 10,83
Вкупно 100 100 120 100
2
Пресметаниот x -тест изнесува = 1,641 С = 0,090

под 40 години над 40 години


1
7
%
10.83%
48% 50.00%
35% 39.17%

Да Не Да Не
Без одговор Без одговор
И овие бројки се позитивни, но би било подобро доколку беа повисоки. Се разбира,
причината за тоа треба да се бара во владините политики, условите за бизнис, условите
за откуп, исплатата на субвенции, висината на цената на откупениот тутун, итн. Пред се
е потребно да се организира едукација на тутунопроизводителите, посебно на младите
лица, насочена кон начините за успешно менаџирање со бизнисот и изготвување на
соодветен бизнис план. Така тие ќе чувствуваат поголема стимулација за работа и ќе
гледаат иднина
Поединечни одговори
Поставени Понудени Лица под 40 години Лица над 40
прашања одговори години
Вредност % Вредност %
6. Дали сметате дека младите Да 71 71 76 63,33
лица побрзо би се вработиле во
Не 21 21 26 21,67
странска земја отколку ако
останат во земјава и Без одговор 8 8 18 15,00
произведуваат тутун?
Вкупно 100 100 120 100
Пресметаниот x2-тест изнесува = 2,578 С = 0,113

под 40 години
1
8 над 405.години
2 0
21 1. 0
6 %
71 7
% 63.33%

Да Не Да Не
Без одговор Без одговор

Пресметаниот x2-тест изнесува 2,758, а коефицинетот на контингенција С=0,113.


Одговорите се совпаѓаат со моменталната клима во нашава држава, зашто младите лица
својата егзистенција побрзо би ја побарале во некоја странска земја отколку да се
занимаваат со тутунопроизводство. За да се смени ваквиот тренд, треба младите во
тутунопроизводството да гледаат дејност од која можат да егзистираат и остваруваат
профит. Точно тука државата треба да ја одигра својата улога превземајќи мерки за
подобрување на условите за живот на населението, посебно на младите лица кои се
занимаваат со земјоделство т.е. тутунопроизводство и за подигнување на нивниот
животен стандард.

ЗАКЛУЧОК

Тутунот претставува водечки извозен земјоделски производ за кој се уште има


заинтересираност да биде произведуван. Во услови кога во соседна Бугарија, Грција и
Албанија количините на произведен тутун драстично се намалуваат дали поради
диверзификација на производството или поради наметнување на квоти на земјите
членки на ЕУ ( Грција и Бугарија ), Македонија може не само да го задржи постоечкото
ниво на производство на тутун туку и со вложување на сосема мали напори да го
зголеми. Клучен фактор во тоа би бил демографскиот фактор односно населението.
Иако нашата земја го следи трендот на стареење на активното население особено на она
кое се занимава со земјоделство, тутунот како изразито трудоинтензивна култура може
да приднесе во вклучување на невработеното население чиј процент е се уште висок и
далеку над европскиот просек. За да биде ова постигнато потребно е максимално
вклучување на сите фактори во оваа сфера како Министерствотото за земјоделство,
шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на
земјоделството (АПРЗ), Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и
руралниот развој, високообразовните институции, научните институти во земајва итн.
Семејниот бизнис во тутунопроизводството е проследен со внатрешни предности и
слабости и надворешни можности и опасности. За да се минимизираат слабостите и
опасностите, а максимизираат предностите и можностите, неопходно е да се развива и
практикува современ менаџмент. Основните фактори за успешен менаџмент во сферата
на тутунопроизводството се избалансираноста и усогласеноста во примената на
науката, практиката и интуицијата, при што основата е доброто планирање. Иако
природните ресурси имаат специфично значење во тутунопроизводството и е потребно
нивно максимално искористување, сепак тоа е можно само со креирање на соодветна
комбинација на материјални и човечки ресурси. Финансиската помош од државата
преку субвенционирање сега засега постои, но најголем ефект би се постигнал доколку
се вклучи се повеќе млада популација во овој вид на бизнис. Тоа ќе се постигне преку
посебни стимулативни мерки и програми насочени кон младите лица кои имаат
претприемнички дух и се расположени за примена и развивање на сопствени
агроиновации. Зголемувањето на ефикасноста и ефективноста на семејниот бизнис во
тутунопроизводството може да се постигне само преку долгорочна работа. Тоа ќе значи
обработување на поголеми површини, вклучување на сезонска работна сила,
намалување на невработеноста, повеќе средства за тутунопроизводителите, но и
поголем прилив во државниот буџет.

You might also like