You are on page 1of 35

1

ФРИДРИХ ЕНГЕЛС

Конспект на „Капиталот“ од Карл Маркс


Прв том[1]

Извор: К. Маркс – Ф. Енгелс, Дела, том 27, „Просвета“, Белград 1979,


стр. 199 – 234.

Превод: Лазар Гогов и Томислав Захов од српско-хрватски и англиски


јазик.
2

ПРВА ГЛАВА

Стока и пари[2]

I. Стоката по себе

Богатството на општествата во кои владее капиталистичко производство


се состои од стоки. Стоката е нешто, кое има употребна вредност; второво
постои во сите општествени формации, но во капиталистичкото општество
употребната вредност е воедно и материјален носител на разменска вредност.
Разменската вредност претпоставува tertium comparationis1 со која таа се
мери: труд, заедничка општествена супстанција од разменски вредности, имено
општествено потребно работно време, кое е во нив опредметено.
Како што стоката е нешто двострано: употребна вредност и разменска
вредност, така и во неа содржаниот труд е двострано одреден: на една страна
како одредена производствена дејност, ткаење, кроење итн., „корисен труд“, на
друга страна како просто трошење на човечка работна сила, втиснат
апстрактен труд. Првиот произведува употребна вредност, вториот разменска
вредност; само вториот е квантитативно споредлив (постоењето разлика помеѓу
квалификован и неквалификован, сложен и прост труд го потврдува тоа).
Супстанцијата на разменска вредност е апстрактен труд, а нејзина
величина е мерило на времето на апстрактниот труд. А, сега уште да го
објасниме обликот на разменската вредност.
(1) x стока a= y стока b;
Вредноста на една стока изразена во употребната вредност на некоја
друга е нејзина релативна вредност. Изразот на еквивалентноста на двете стоки
е прост облик на релативна вредност. Во горната равенка, y стока b е
еквивалентот. Во него, x стока a го наоѓа обликот на својата вредност наспроти
својот природен облик, додека y стока b истовремено добива својство на
непосредна разменливост, и тоа во својата природна форма. Одредени
историски односи ја втиснале разменската вредност во употребната вредност на
една стока. Затоа, стоката не може да ја изрази својата разменска вредност во
својата сопствена употребна вредност, туку само во употребната вредност на
некоја друга стока. Само при споредување на два конкретни производи на труд,
својството на конкретниот труд, кој во двата се содржи, се појавува како
апстрактен човечки труд, што значи дека некоја стока не може да се однесува
како гол облик на остварување апстрактен труд спрема конкретниот труд
содржан во неа самата, но може да се однесува спрема конкретниот труд
содржан во некој друг вид стоки.
Равенката x стока a = y стока b неопходно подразбира дека x стока a
може исто така да биде изразена во други стоки, според тоа:
(2) x стока a = y стока b = x стока c = u стока d = u стока e = итн., итн.
Ова е развиен облик на вредност. Овде x стока a не стои повеќе во однос
само спрема една стока, туку спрема сите стоки како спрема голи појавни
облици во нејзиниот претставен труд. Но, ова просто преобразување нè
доведува до:
(3) другиот облик на релативна вредност:

1
трета за споредба, т.е. мерило
3

y стока b = x стока a
у стока c = x стока a
u стока d = x стока a
t стока e = x стока a
итн., итн.

Овде, стоките добиваат општ релативен облик на вредноста, во кој сите


тие како стоки се апстрахирани од своите употребни вредности и се изедначени
како материјализација на апстрактниот труд во x стока a; x стока a е заеднички
облик на еквивалентот за сите други стоки; таа е нивен општ еквивалент; во
нејзиниот материјализиран труд важи едноставно како реализација на
апстрактниот труд – како општ труд. Но, сега може:
(4) секоја стока од оваа низа да ја преземе улогата на општ еквивалент,
но секогаш само една од нив може да го прави тоа истовремено, бидејќи кога
сите стоки би биле општи еквиваленти, секоја од нив повторно би ги
исклучувала сите останати од таа улога. Обликот (3) не настанал од x стока a,
меѓутоа објективно, со дејството на другите стоки. Значи, една одредена стока –
со време таа може да се менува – мора да ја преземе оваа улога, и само на овој
начин стоката потполно станува стока. Оваа посебна стока, со чиј природен
облик пораснува обликот на општиот еквивалент, е парите.
Тешкотијата во сфаќањето на стоката лежи во тоа што таа, како и сите
категории на капиталистичкиот начин на производство, претставува однос на
лица под пластот на нештата. Производителите ги доведуваат во взаемен однос
своите различни трудови како општочовечки труд така што својот производ
меѓусебе го споредуваат како стока – без ова споредување на предметите тие не
можат да излезат на крај. Значи, односот помеѓу лицата се појавува како однос
помеѓу предмети.
За општеството во кое владее стоковно производство, христијанството, а
особено протестантизмот, е соодветна религија

II Процесот на стоковна размена

Во размена стоката потврдува дека е стока. Сопствениците на двете


стоки мора да покажат волја да ги разменат своите стоки и, значи, да се
признаат меѓусебно како приватни сопственици. Овој правен однос, чиј облик е
договор, е само однос на волја во кој се огледува економскиот однос. Неговата
содржина е дадена низ самиот економски однос. Стр. 45.
Стоката е употребна вредност за својот несопственик, неупотребна
вредност за својот сопственик. Оттука потребата за размена. Но, секој
сопственик на стока сака да добие во замена специфична, за него потребна
употребна вредност – во толку размената е индивидуален процес. Од друга
страна, тој сака да ја оствари својата стока како вредност, значи во секоја друга
стока, па имала или немала неговата стока употребна вредност за сопственикот
на другата стока. Во толку размената за него е општ општествен процес. Но,
истиот процес не може да биде за сите сопственици на стоки во исто време и
индивидуален и општо-општествен. За секој сопственик на стока важи неговата
стока како општ еквивалент, а сите останати стоки како толку посебни
еквиваленти на неговата стока. Но, како што сите сопственици на стоки го
прават истото тоа, ниедна стока не е општ еквивалент и оттука исто така ниедна
4

стока нема општ релативен облик на вредност во кој тие како вредности се
поистоветуваат, а како величини на вредност се споредуваат. Поради тоа, тие не
се соочуваат воопшто меѓусебе како стоки, туку само како производи. Стр. 47.
Стоките може да се споредуваат како вредности, а оттука како стоки,
само ако се доведат во однос на спротивност спрема која било друга стока како
општ еквивалент. Но, само општествена акција може да направи една
одредена стока да биде општ еквивалент: пари.
Иманентната противречност на стоката како непосредно единство на
употребната вредност и разменската вредност, како производ на корисен
приватен труд... и како непосредна општествена материјализација на апстрактен
човечки труд – оваа противречност не мирува додека не доведе до дуплирање на
стоката во стока и пари. Стр. 48.
Бидејќи сите други стоки се само посебни еквиваленти на пари, а парите
се нивниот општ еквивалент, тие се однесуваат спрема парите како посебните
стоки спрема општата стока. Стр. 51 Процесот на размена не ‘и дава вредност
на стоката која ја преобразува во пари, меѓутоа ‘и го дава нејзиниот облик на
вредност. Стр. 53 Фетишизам: една стока не изгледа дека станала пари само
затоа што другите стоки во неа сестрано ги прикажуваат своите вредности, туку
обратно, изгледа дека тие во неа ги прикажуваат своите вредности затоа што таа
е пари.

III. Пари или стоковна размена

А. Мера на вредност (злато = претпоставено како пари)

Парите, како мера на вредноста, е неопходен појавен облик на мерата на


вредноста иманентна за стоките, односно работното време. Простиот,
релативен израз на вредноста на стоките во пари, х стока а=у пари, е нивната
цена. Стр. 55.
Цената на стока, нејзиниот паричен облик, е изразен во замислени пари;
значи, парите се мерата на вредности само идеално. Стр. 57.
Кога е извршено преобразувањето на вредноста во цена, технички е
потребно мерата на вредности да се развие понатаму во мерило на цена, а тоа
значи: се утврдува една количина на злато со која се мерат различни колични на
злато. Ова сосема се разликува од мерата на вредности, која зависи од
вредноста на златото, што е пак за мерилото на цената неважно. Стр. 59.
Кога цените се изразени во пресметковни имиња на злато, парите служат
како пресметковни пари.
Ако цената, како експонент на мерата на стоковна вредност, е експонент
на нејзиниот разменски однос спрема парите, не следи и обратно дека
експонентот на нејзиниот разменски однос спрема парите е неопходно
експонент на мерата мерата на нејзината вредност. Претпоставувајќи дека
околностите дозволуваат или принудуваат една стока да се продава над или под
нејзината вредност, овие продажни цени не одговараат на нејзината вредност,
но тие се сепак цени на таа стока, бидејќи тие се: 1. Нејзиниот облик на
вредност, пари и 2. Експоненти на нејзиниот разменски однос спрема парите.
Можноста, значи, на квантитативна инконгруенција помеѓу цената и
мерата на вредност е дадена во самиот облик на цената. Не е тоа никаков
недостаток на овој облик, туку напротив тоа го пари соодветен облик за начин
5

на производство во којшто правилото може да се спроведе само како слеп


просечен закон на бесправилност. Обликот на цена, сепак, може исто така да
крие во себе квалитативна противречност, така што цената воопшто престанува
да биде израз на вредност... совеста, честа, итн., можат... да го добијат обликот
на стоките низ својата цена. Стр. 60-61.
Мерењето на вредности во пари, обликот на цена, вклучува неопходност
од отуѓување, идеалното утврдување на цена подразбира стварно утврдување.
Оттука, прометот.

Б. Прометно средство

а) Метаморфоза на стоката

Прост облик: С – М – С, чија материјална содржина е С = С. Разменската


вредност се отуѓува, а ја присвојува употребната вредност.
α) Прва фаза: С – М = продажба, при што постојат две можности:
можност на неуспех, односно продажба под вредноста или трошоци на
производството доколку општествената вредност на стоката се менува.
„Поделбата на трудот го преобразува производот на трудот во стока, а со тоа ја
прави неопходна неговата понатамошна преобразба во пари. Во исто време, таа
исто така го прави успехот на оваа транссупстанција сосема случаен.“ Стр. 67.
Но, земајќи во предвид дека феноменот е во неговиот чист облик, С – М
претпоставува дека сопственикот на пари (доколку тој не е производител на
злато) претходно ги добил своите пари низ размена за други стоки; оттука, за
купувачот тоа не е само обратно = М – С, туку претпоставува дека тој направил
претходна продажба, итн., така што ние имаме бескрајна низа на купувања и
продажби.
β) Истото се случува и во втората фаза, М – С, купување, коешто, во
истовреме, е продажба за другиот учесник.
γ) Сиот процес, оттука, е кружен ток на купувања и продажби. Промет
на стоки. Ова е сосема различно од непосредната размена на производи; прво,
индивидуалните и локалните огради на непосредната размена на производи се
пробиени, а размената на материја кај човечкиот труд е овозможена; на друга
страна, овде веќе се покажува дека целиот процес зависи од спонтаните
општествени односи, кои се независни од нивните учесници. Стр. 72. Простата
размена се исчезнува во еден чин на размена, во која секој разменува
неупотребна вредност за употребна вредност, а прометот на стоки се
продолжува бескрајно.
Стр. 73. Еве ја погрешната економска догма: прометот на стоки
условува неопходна рамнотежа на купувањата и продажбите, бидејќи секое
купување е исто така продажба, и вице верса – со што сака да се каже дека
секој продавач исто така го донесува со себе на пазарот својот купувач. 1.
Купувањето и продажбата се, на една страна, идентичен чин на две поларно
спротивставени лица, а на друга страна, тие се две поларно спротивставени чина
на едно исто лице. Оттука, идентичноста на купувањето и продажбата
подразбира дека стоката е бескорисна доколку не се продаде, а исто така дека
овој случај може да се случи. 2. С – М, како делумен процес, е воедно
независен процес и подразбира дека добитникот на пари може да избира момент
кога тој повторно ќе ги преобрази овие пари во стока. Тој може да чека.
6

Внатрешното единство на независните процеси С – М и М – С се движи во


надворешни спротивставености токму поради независноста на овие процеси; и
кога овие зависни процеси достигнуваат одредена граница на независност,
нивното единство се остварува преку криза, чија можност, оттука, е веќе
дадена овде.
Како посредник во прометот на стоки, парите се прометно средство.

б) Циркулација на пари

Парите посредуваат влез на секоја поединечна стока во промет и нејзин


излез од прометот; самите тие секогаш остануваат во прометот. Иако, според
тоа, циркулацијата на пари е само израз на стоковен промет, сепак стоковниот
промет изгледа како исход на паричниот промет. Бидејќи парите секогаш
остануваат во сферата на прометот, прашањето е: колку пари се наоѓаат во него?
Количеството на пари во циркулацијата е одредено со сумата цени на
стоки (со постојана вредност на пари), а последната со количеството на стоки
во циркулацијата. Ако е дадено ова количество на стоки, количеството на пари,
коешто циркулира, флуктуира со колебањата на цената на стоките. Сега,
бидејќи еден ист дел на пари во дадено време посредува во низа купувања и
продажби, за еден даден временски период, ние имаме:

Количество пари,
Сума од цени на стоки коешто
функционира
како прометно
——————————————————— =
средство
Низа од движења направени од еден паричен
(Стр. 80).
дел

Оттука, книжните пари може да ги потиснат златните пари доколку се


фрлени во заситена циркулација.
Бидејќи циркулацијата на пари единствено го изразува процесот на
стоковниот промет, во брзината на циркулацијата на парите се покажува
брзината на промената на нивниот облик, во неговата стагнација одвојување на
купувањето од продажбата, стагнација на општествената размена на материја.
Потеклото на оваа стагнација не може, се разбира, да се види од самата
циркулација; стагнацијата единствено го покажува феноменот. Филистарите го
препишуваат тоа на недоволното количество на прометни средства. Стр. 81.
Ergo1: 1. Ако цените на стоките остануваат постојани, количеството на
пари, коешто циркулира, расте кога количеството на стоки се зголемува во
прометот или циркулацијата на пари се забави; а опаѓа вице верса.
2. Со општиот раст на цените на стоките, количеството на пари во
прометот останува постојано ако количеството на стоки се смалува или
брзината на циркулацијата се зголемува во ист сразмер.
3. При општо опаѓање на стоковните цени, обратно од 2.

1
Оттука, според тоа.
7

Воопшто, постои еден прилично константен просек од којшто значајни


отстапувања настануваат скоро само како исход на кризи.

в) Монета – знак на вредноста

Мерката на цените ја одредува државата, а исто така и именските ознаки


за одреден златник – монета и неговата изработка. На светскиот пазар пак се
симнува таа национална униформа (тука се апстрахираат трошоците за ковење),
така што монетите и шипките се разликуваат само по формата. Но, во прометот
монетите се абат; златото како прометно средство отстапува од златото како
мерило на цените, монетите бидуваат сè повеќе и повеќе симбол на својата
официјална содржина.
Со ова е дадено латентна можност металните пари да се заменат со знаци
или симболи. Оттаму: 1. Ситните пари од бакарни или сребрени знаци чиешто
утврдување на местото на реалните златни пари се спречува со ограничување на
количеството во кое тие можат да се legal tender2. Нивната содржина се
одредува со закон произволно и затоа нивната монетарна функција е независна
од нивната вредност. Оттаму е можен чекор понатаму кон сосема безвредни
знаци. – 2. Книжни пари, т.е. државни хартии и пари со принуден курс
(кредитните пари тука уште не се третираат). Доколку овие книжни пари
навистина циркулираат наместо златни пари, тие подлегнуваат на законите за
промет на златото. Само односот во којшто хартијата го заменува златото може
да биде предмет на посебно законодавство, а тоа е: издавањето на книжни пари
да се ограничи на она количество во коешто навистина би циркулирало златото
кои тие книжни пари го претставуваат. Навистина, степенот на заситеноста на
циркулацијата се колеба, но секаде со искуство се утврдува минимумот под кој
никогаш не паѓаат тие книжни пари. Тој минимум може да се издаде. Преку тоа
при снижување на степенот на заситеност на минимумот, еден дел веднаш ќе
постане непотребен. Во таков случај целото количество хартија ја претставува
во стоковниот свет сепак само она количество злато кое е одредено со неговите
внатрешни закони, значи, само она количество кое може да го претставува. Ако
масата хартија е двапати толкава колку што е апсорбираното злато, тогаш секое
парче хартија се обезвреднува на половина номинална вредност. Поточно исто
така како кога златото, во својата функција мерило на цените, би ја променило
вредноста. Стр. 89.

В. Пари

а) Формирање на богатството

Од самиот почеток на развојот на стоковната циркулација се развива


неопходноста и страста резултатот од процесот С-П, т.е. П, да се задржи. Од
едноставното посредување во размената на материјата промената на обликот
постанува сама на себе цел. Парите се скаменуваат како богатство, продавачот
на стоки постанува собирач на богатство. Стр. 91.

2
Законско средство за плаќање.
8

Овој облик преовладува токму во почетоците на стоковната циркулација.


Азија. Со понатамошниот развиток на стоковната циркулација мора секој
производител на стоки да си осигура на себе nervus rerum, гаранција на
општествената моќ – П. Така секаде настануваат hoards3. Развојот на стоковната
циркулација ја зголемува моќта на парите, тој секогаш подготвен, апсолутно
општествен облик на богатство. Стр. 92. Нагонот за формирање богатство по
природа нема граници. Квалитативно или по својот лик парите се неограничени,
т.е. тие се општ претставник на материјалното богатство, бидејќи можат да се
претворат непосредно во секоја стока. Но, квантитативно секоја стварна сума
пари е ограничена, па затоа самото куповно средство е со ограничено дејство.
Оваа противречност го тера формирањето на богатство секогаш наново на
Сизифовската работа на акумулирање.
Покрај тоа, акумулацијата на златото и среброто in plate4 воедно е и нов
пазар за овие метали и латентен извор на пари.
Формирањето богатство служи како одводен и доводен канал на
циркулирачките пари при постојаното колебање на степенот на заситеност на
циркулацијата. Стр. 95.

б) Платежно средство

Со развитокот на стоковната циркулација настануваат нови односи:


отуѓувањето на стоката може временски да биде одвоено од реализацијата на
нејзината цена. Стоките бараат различно времетраење за свое производство, се
произведуваат во разни годишни времиња, некои мора да се праќаат на далечни
пазари итн. Оттаму А може да биде продавач пред што Б – купувачот – биде
способен за плаќање. – Праксата ги регулира условите за плаќање така што А
постанува доверител, Б должник, парите постануваат платежно средство.
Значи, односот помеѓу доверителот и должникот постанува уште повеќе
антагонистички. (Тоа може да настане и независно од стоковниот промет, на
пример во античко време и во средниот век). Стр. 97.
Во тој однос парите функционираат 1. како мерило на вредноста при
одредување на цената на продадената стока, 2. како идеално куповно средство.
При формирањето на богатство П се повлечени од циркулацијата, тука како
средство за плаќање настапува П во циркулацијата, но дури тогаш кога С од неа
ќе излезе. Должниот купувач продава да би можел да плати, или имотот ќе му
биде продаден на аукција. Значи, П сега постанува самоцел на продажбата
заради една општествена нужност, која произлегува од условите на самиот
циркулационен процес. Стр. 97 – 98.
Неистовременоста на купувањето и продавањето која ја предизвикува
функцијата на парите како платежно средство носи истовремено економија на
циркулационите средства, концентрација на плаќањето на едно одредено место.
Вирманите во Лион во средниот век: еден вид clearing house5 каде се исплаќа
само салдото на взаемните побарувања. Стр. 98.
Доколку плаќањето се изедначуваат, парите функционираат само
мисловно, како пресметковни пари или мерило на вредноста. Доколку треба
вистинско плаќање, тие не истапуваат како циркулационо средство, само како
3
Богатства.
4
Во изработки (во вид на накит).
5
Пресметковен (клириншки) завод.
9

монетален облик со чие посредување се врши размена на материјата, туку како


индивидуална инкарнација на општествениот труд, како самостојно битие на
разменската вредност, како апсолутна стока. Оваа непосредна противречност
излегува во оној момент на производствените и трговските кризи кои се
нарекуваат парични кризи. Таа се случува само таму каде што непрекинатиот
синџир на плаќање и вештачки систем на изедначување е потполно развиен. Со
пообемните нарушувања на овој механизам, било од каде тие да произлегуваат,
парите ненадејно и непосредно излегуваат од самиот мисловен лик на
пресметковни пари во метални пари, постануваат незаменливи профани стоки.
Стр. 99.
Кредитните пари произлегуваат од функцијата на парите како платежно
средство, мениците пак и самите циркулираат за пренесување на побарувањата
на долгови. Со кредитот понатаму се проширува функцијата на парите како
платеќно средство, како такви тие стекнуваат посебен облик на егзистенција, кој
постои во сферата на големите трговски трансакции, додека воглавно монетата
се потиснува во сферата на ситната трговија. Стр. 101.
До одредена висина и обем на стоковното производство функцијата на
парите како платежно средство се проширува и надвор од сферата на стоковната
циркулација, тие постануваат општа стока на договорите. Рентата, даноците
итн. се претвораат од натурални во парични плаќања. Спореди, Франција под
Луј XIV (Boisguillebert и Vauban), наспроти ова Азија, Турција, Јапонија итн.
Стр. 102.
Развојот на парите во платежно средство однапред го принудува
плаќањето на акумулација на пари за одредени рокови на плаќање – формирање
на богатство, кое во понатамошниот општествен развој се губи како самостоен
вид на богатење, повторно се појавува како резервни фондови на средства за
плаќање. Стр. 103.

в) Светски пари

Во светската циркулација се губат локалните облици на монета, ситните


пари, знаците на вредноста, и само златото во шипки важи како светски пари.
Дури на светскиот пазар парите функционираат во целосна мерка како онаа
стока чијшто природен облик воедно е и непосреден општествен облик на
реализација на човечкиот труд in abstacto. Формата на неговото постоење
постанува соодветна на неговата претстава. Стр. 104 (детали 105).
10

ВТОРА ГЛАВА

Претворање на парите во капитал


I. Општа формула на капиталот

Стоковната циркулација е излезна точка на капиталот. Стоковното


производство, стоковната циркулација и нивниот развој, трговијата се, поради
тоа, секаде историска основа на која настанува капиталот. Од создавањето на
современата светска трговија и светскиот пазар во 16-ти век потекнува
историјата на современиот капитал. Стр. 106.
Ако се гледа само економската форма којашто стоковната циркулација ја
раѓа, неговиот последен производ се парите, а тоа е и првата форма во којашто
се јавува капиталот. Историски, капиталот настапува наспроти земјишната
сопственост секогаш прво како паричен имот, како трговски и лихварски
капитал, и понатаму секој нов капитал настапува на сцена во форма на пари,
кои, низ одредени процеси пак треба да се претвораат во капитал.
Парите како пари и парите како капиталсе разликуваат во прв момент
само по различната форма на циркулација. Покрај С-П-С се појавува и обликот
П-С-П, купување заради продавање. Парите кои во своето движење ја
опишуваат оваа форма на циркулација остануваат капитал, по себе се веќе
капитал (т.е. по својата намена).
Резултатот на П-С-П е П-П, индиректна размена на пари за пари. Јас
купувам за 100 фунти стерлинзи (£) памук и го продавам за 110 £, во крајна
линија сум разменил 100 £ за 110 £, пари за пари.
Ако овој процес во својот резултат донесе иста парична вредност колку
што и на почетокот е уфрлена, 100 £ за 100 £, тоа би било бесмислица. Но, било
трговецот со своите 100 £ да реализира 100 £, 110 £ или само 50 £, неговите
пари сепак опишале специфично движење, сосема поинакво од С-П-С во
стоковната циркулација. Од разгледувањето на разликите во формата на ова
движење од С-П-С ќе се покаже и суштинската разлика.
Двете фази на процесот се исти како кај формата С-П-С. Но, во вкупниот
тек е голема разлика. Во С-П-С парите претставуваат посредник, стоката
почеток и крај; тука С е посредник, П почеток и крај. Во С-П-С парите бидуваат
дефинитивно издадени, во П-С-П само инвестирани; тие треба да бидат
повторно добиени. Тие се враќаат на својата почетна точка – значи тука веќе
е очигледна разликата меѓу циркулацијата на парите како пари и циркулацијата
на парите како капитал.
Во С-П-С парите можат да се вратат на почетната точка само
повторувајќи го целиот процес, со продажба на нова стока; враќањето е, значи,
независно од самиот процес. Напротив, во П-С-П тоа е однапред условено со
целта на самиот процес, кој е незавршен ако не успее. Стр. 110.
Крајна цел на С-П-С е употребна вредност, на П-С-П само разменска
вредност.
Во С-П-С и двата екстреми имаат иста економска форма. Тие и двата се
стоки и еднакви големини на вредноста. Но, истовремено квалитативно се
различни употребни вредности, а содржината на процесот е општествена
размена на материјата. – Кај П-С-П операцијата на прв поглед личи на
тавтологија, без содржина. Да се разменат 100 £ за 100 £, и уште по заобиколен
11

пат изгледа бесмислено. Една сума пари може да се разликува од друга по


количеството; оттука П-С-П ја стекнува својата содржина само
квантитативна разлика на екстремот. Од циркулацијата се извлекуваат повеќе
пари отколку што во неа се уфрлени. Памукот кој е купен за 100 £ ќе се продаде,
на пример, за 100 £ + 10 £, значи процесот добива форма П-С-П‘ каде што П‘ =
П + ∆П. Тоа ∆П, овој прираст е вишок на вредноста. Првобитно
инвестираната вредност во циркулацијата не само што се одржала, туку се
зголемила за вишокот на вредност, таа се оплодила, а ова движење ги
претвора парите во капитал.
Кај С-П-С може, додуша, да има разлика во вредноста на екстремите, но
за тој облик на циркулација, таа е сосема случајна, но С-П-С нема да биде
бесмислено ако екстремите се со еднаква вредност, спротивно, тоа е услов за
нормален тек.
Повторувањето С-П-С наоѓа своја смисла во крајната цел што е надвор
од него (повторувањето), во потрошувачката, во задоволување на одредени
потреби. Во П-С-П напротив крајот и почетокот се исти – пари, и веќе затоа
движењето е бескрајно. Секако дека П + ∆П е поинаков квантитет отколку П, но
сепак само ограничена сума пари; кога би биле издадени би престанале да бидат
капитал; а ако се повлечат од циркулацијата, би останале како богатство
неподвижни. Ако потребата за оплодување на вредноста еднаш е одредена,
тогаш таа постои исто така и за П‘ како и за П, и движењето на капиталот е без
прекин, бидејќи неговата цел не се постигнува ниту на крајот на процесот ниту
на почетокот. Стр. 111-113. Како носител на овој процес, сопственикот на
парите постанува капиталист.
Додека во стоковната циркулација разменската вредност во најдобар
случај расте до самостојна форма наспроти употребната вредност на стоката,
тука таа наеднаш се претставува како супстанција со сопствен развоен
процес, која сама се движи – за која стоките и парите се голи форми; таа
дури како првобитна вредност се разликува од самата себе како вишок на
вредноста. Таа постанува дејствувачки пари и како таква капитал. Стр. 116.
П-С-П‘ изгледа како облик својствен само на трговскиот капитал. Но, и
индустрискиот капитал е пари кои се претворуваат во стоки, со чие продавање
повторно се претворуваат во пари. Дејствувањата кои можат да се случат меѓу
купувањето и продавањето, се надвор од сферата на циркулацијата, не
менувајќи тука ништо. Најпосле во каматоносниот капитал се претставува
непосредниот процес П-П“, вредност која е воедно поголема од самата себе.
Стр. 117.

II. Противречности на општата формула

Формата на циркулација во која парите постануваат капитал противречи


на сите досегашни закони за природата на стоката, вредноста, парите и самата
циркулација. Може ли тоа да произлегува од чисто формална разлика на
обратниот редослед?
И повеќе. Оваа обратност постои само за едно од трите лица кои
тргуваат. Како капиталист купувам стока од А и пак ја продавам на Б, А и Б се
појавуваат само како обичен купувач и продавач на стоки. Во двата случаи
стојам наспроти него само како едноставен сопственик на пари или сопственик
на стоки, спрема едниот како купувач или пари, спрема другиот како продавач
или стока, но ни спрема едниот како капиталист или како претставник на нешто
12

што е повеќе од пари или стока. За А работата почнува со продавањето, за Б се


завршува со купувањето, значи сосема исто како и во стоковната циркулација.
Исто така – ако јас правото на вишок на вредноста го засновувам на овој
посебен редослед – А можел да продаде директно на Б, и шансата за вишок на
вредност отпаѓа.
Да претпоставиме дека А и Б купуваат стоки директно еден од друг. Што
се однесува до употребната вредност, и двајцата се во добивка, дури А може
да произведува повеќе стока отколку што Б би можел да произведе за исто
време и обратно, при што пак двајцата добиваат. Но, друга е работата со
разменската вредност. Тука се разменуваат вредности со еднаква големина,
дури и кога посредуваат парите како циркулационо средство. Стр. 119.
Апстрактно гледано, во простата стоковна циркулација, освен замената
на една употребна вредност за друга, се случува само промена на стоковниот
облик. Доколку таа доведува само до промена на обликот на нејзината
разменска вредност, таа доведува – кога појавата чисто се одигрува – до
размена на еквиваленти. Стоките, додуша, можат да бидат продадени по цени
која отстапува од нивната вредност, но само кога се крши законот на стоковната
размена. Во секој чист облик таа (циркулацијата) е размена на еквиваленти,
значи никако средство за богатење. Стр. 120.
Оттаму заблудата на сите обиди вишокот на вредноста да се објасни од
стоковната циркулација. Condillac. Стр. 121. Newman. Стр. 122.
Но, да претпоставиме дека не се врши чиста размена, дека се
разменуваат нееквиваленти. Да претпоставиме дека секој продавач ја продава
својата стока за 10% над вредноста. Сè останува исто; што секој ќе заработи
како продавач, губи како купувач. Исто како кога би се променила вредноста за
10%. – Исто така кога купувачите сè би купувале 10% под вредноста. Стр. 123
(Torrens).
Претпоставката дека вишокот на вредноста настанува со додавање на
цената претпоставува постоење на една класа која купува а не продава, т.е.
троши а не произведува, на која парите ‘и доаѓаат постојано бадијала. Да се
продава стока на оваа класа над вредноста значи со измама делумно да се вратат
бадијала издадените пари. (Мала Азија и Рим.) Притоа продавачот останува
сепак секогаш измамен и пак не може да стане побогат, да создаде вишок на
вредност.
Да претпоставиме случај на измама. А продава на Б вино – во вредност
од 40 £ за жито од вредност 50 £. А заработува 10 £. Но, А + Б сепак имаат само
90, А има 50, а Б само 40. Вредноста е пренесена, но не е создадена. Целата
капиталистичка класа на една земја не може самата себе да се лаже. Стр. 126.
Значи, ако се разменуваат еквиваленти, не настанува никаков
вишок на вредноста; ако се разменуваат нееквиваленти, ниту тогаш не
настанува вишок на вредноста. Стоковната циркулација не создава
никаква нова вредност.
Затоа тука не се земаат во обѕир најстарите и најпопуларни облици на
капитал, трговскиот и лихварскиот капитал. Оплодувањето на трговскиот
капитал да не би се објаснувало со чиста измама, потребни се низа меѓучленови,
кои тука недостасуваат. Тоа вреди уште повеќе за лихварскиот и каматоносниот
капитал. Подоцна и двата ќе се покажат како изведени облици, а исто така и
зошто тие историски настапуваат пред современиот капитал.
Значи, вишокот на вредноста не може да настане во циркулацијата. А
надвор од неа? Надвор од неа сопственикот на стоки е прост производител на
13

својата стока, чија вредност зависи од големината на неговиот сопствен труд


содржан во неа, а кој се мери според одредени општествени закони, оваа
вредност се изразува во пресметковни пари, на пример, во цена од 10. Но, оваа
вредност истовремено не е 11 £; неговиот труд создава вредност но не вредност
која се оплодува. Тој може на постоечката вредност да ‘и додаде поголема
вредност но ова се случува само со додавање вишок труд. Значи,
производителот на стоки не може да произведе вишок на вредност надвор од
сферата на циркулацијата без допир со другите производители на стоки.
Оттука капиталот мора да настане во стоковната циркулација и
истовремено не во неа. Стр. 128.
Значи, претворањето на парите во капитал мора да се развива врз основа
на внатрешните закони на стоковната размена, така што како почетна точка
важи размената на еквиваленти. Нашиот сопственик на пари, кој постои дури
како гасеница капиталист, мора да купува стоки по нивната вредност и по
нивната вредност да ги продава, па сепак на крајот на процесот да извлече
повеќе вредност отколку што во процесот уфрлил. Неговиот развој во пеперутка
мора да се одигра во циркулацијата, а пак не во неа. Тоа се услови на
проблемот. Hic Rhodus, hic salta![3] Стр. 129.

III. Купување и продавање на работна сила

Промената на вредноста на парите кои треба да се претворат во капитал


не може да се случи на самите пари, бидејќи тие во продажбата само ја
реализираат цената на стоките; од друга страна, сè додека тие остануваат пари,
големината на нивната вредност не се менува, а во продажбата исто така само се
преобразува стоката од нејзиниот природен облик во паричен. Промената,
значи, мора да се случи на стоката во П-С-П, но не во нејзината разменска
вредност, бидејќи се разменуваат еквиваленти, туку таа може да произлезе дури
од нејзината употребна вредност како таква, т.е. од нејзиното трошење. За тоа
е потребно стока чија употребна вредност има својство да биде извор на
разменска вредност – а таа постои: работна сила. Стр. 130.
Но, сопственикот на пари да би нашол работна сила на пазарот како
стока, сопственикот да ја продава, значи мора да биде слободна работна сила.
Бидејќи и двајцата, и купувачот и продавачот, како договарачи правно се
еднакви лица, работната сила мора да биде продадена само привремено, бидејќи
при продажбата en bloc6 продавачот повеќе не останува продавач, туку станува
и сам стока. Потоа, сопственикот, наместо да биде во состојба да ги продава
стоките во кои е опредметен неговиот труд, мора, напротив, да биде во
положба да ја продава само својата работна сила како стока. Стр. 131.
Значи, за претворање на парите во капитал сопственикот на парите мора
да најде на пазарот слободен работник, слободен во две смисли, тој како
слободна личност да располага со својата работна сила како со своја стока и од
друга страна да нема друга стока на продажба, да е лишен од сè, слободен од
сите предмети потребни за остварување на својата работна сила. Стр. 132.
Патем, односот на имателот на пари и имателот на работна сила не е
природен, заеднички на сите времиња или општествен, туку е историски,
производ на многу економски промени. Така и досега разгледуваните

6
Во целина.
14

економски категории имаат свој историски печат. Да би постанал стока,


производот не смее повеќе да се произведува за сопствена потрошувачка; маса
производи може да земат на себе стоковен облик дури во рамките на одреден,
капиталистички начин на производство, иако стоковното производство и
циркулација може да постојат и таму каде што масата производи никогаш не
постануваат стоки. Парите исто така можат да постојат во сите периоди во кои е
остварен извесен обем на стоковна циркулација; посебните облици на пари од
обичен еквивалент до светски пари претпоставуваат различни степени на развој,
иако и многу слабо развиена стоковна циркулација може сите да ги
манифестира. Напротив, капиталот настанува само под горните услови, а тој
еден услов опфаќа цел еден период на светската историја. Стр. 133.
Работната сила има разменска вредност, која се одредува исто како и кај
останатите стоки: со времето потребно за нејзина продукција и репродукција.
Вредноста на работна сила е вредност на животните средства потребни за
одржување на нејзиниот сопственик и тоа – за нејзино одржување во нормална
работна способност. Таа се одредува според климата, природните услови итн.
како и според историски одредениот животен стандард во секоја земја. Таа
(вредноста на р.с.) се менува, но (условите) се дадени за одредена земја и
одредена епоха. Значи, таа вклучува и животни средства за замена на луѓето,
т.е. деца, така што расата на овие посебни сопственици на стока се овековечува.
Понатаму, за квалификуван труд трошоци за образование. Стр. 135.
Најниска граница на вредноста на работната сила е вредноста на физички
неопходните животни средства. Ако падне цената на работната сила на овој
минимум, тогаш паѓа под нејзината вредност, бидејќи ова претпоставува
работна сила со нормален квалитет, а не закржлавена. Стр. 136.
Природата на трудот е таква што работната сила се употребува дури
после склучувањето на договорот и, бидејќи за таква стока парите се вообичаено
средство за плаќање, таа во сите земји со капиталистички начин на
производство се плаќа дури откако работата ќе биде завршена. Секаде, значи
работникот го кредитира капиталистот. Стр. 137, 138.
Процесот на трошењето на работната сила е истовремено е и процес на
производство на стоки и вишок на вредност, а оваа потрошувачка се случува
надвор од сферата на циркулацијата. Стр. 140.
15

ТРЕТА ГЛАВА

Производство на апсолутен вишок на вредноста


I. Процес на трудот и процес на оплодување на вредноста

Купувачот на работната сила ја троши оваа сила на тој начин што на


продавачот му дава да работи. Тој труд да би создавал стока, тој пред сè создава
употребна вредност и во таа смисла е независен од специфичниот однос меѓу
капиталистот и работникот. Види опис на процесот на трудот како таков. Стр.
141 – 149.
Процесот на трудот на капиталистичка основа има две својства: 1.
работникот работи под контрола на капиталистот, 2. производот е сопственост
на капиталистот, бидејќи процесот на трудот е само процес меѓу две работи кои
капиталистот ги купил: работната сила и средствата за производство. Стр. 150.
Но, капиталистот не сака употребна вредност поради неа самата, туку
само како носител на разменски вредности, а посебно вишок на вредност.
Трудот под овој услов, под којшто стоката била единство на употребна и
разменска вредност, постанува единство на процесот на производство и
процесот на создавање вредности. Стр. 151.
Значи, треба да се испита количеството труд опредметено во производот.
На пример предиво. Нека за производство на истото е потребно 10 фунти
памук, да кажеме 10 шилинзи, и за средства за труд, кои се потрошени во
предењето, тука кратко означени како вретена, да претставуваат 2 шилинзи.
Така во производот се наоѓаат 12 шилинзи за средства за производство, т.е.
штом производот 1. настанал вистинска употребна вредност, во случајов
предиво, и 2. доколку во овие средства за труд било претставено само
општествено потребното работно време. Колку на нив се додава со предачката
работа?
Тука, значи, процесот на трудот се разликува од сосема друга страна; во
вредноста на производот се трудот на производителот на памук, изработувачот
на вретена итн. и предачот, како споредливи делови – квалитативно изедначени
со општочовечкиот потребен труд кој создава вредност – значи само
квантитативно различни и токму поради тоа квантитативно споредливи во
временското траење, под претпоставка дека тоа е општествено потребно
работно време, бидејќи само тоа создава вредност.
Да земеме дека дневната вредност на работната сила = 3 шилинзи и таа
да биде претставена со 6 работни часови, на час да се изработуваат 1 и 2/3
фунти предиво, значи за 6 часови – 10 фунти предиво од 10 фунти памук (како
горе), тогаш 3 шилинзи се – вредност додадена за 6 часови, а производот има
вредност од 15 шилинзи (10 шилинзи + 2 шилинзи + 3 шилинзи) или 1 шилинг и
6 пенси по фунта предиво.
Но, тука нема вишок на вредноста. Тоа за капиталистот не е од никаква
корист. (Вулгарноекономски тропотења. Стр. 157.)
Претпоставивме дека дневната вредност на работната сила изнесува 3
шилинзи, бидејќи во неа е опредметен ½ работен ден или 6 часови. Но, тоа
што е потребно само половина работен ден работникот да се одржи во
живот 24 часови, никако не го спречува да работи цел работен ден. Вредноста
на работната сила и нејзиното создавање вредност се две различни големини.
16

Нејзиното корисно својство беше само неопходен услов, но тоа што одлучи
беше специфичната употребна вредност на работната сила: да биде извор на
поголема разменска вредност, отколку што самата ја има. Стр. 159.
Работникот, значи, работи 12 часови, испредува 20 фунти памук = 20
шилинзи – и 4 шилинзи за вретена и трудот чини 3 шилинзи = 27 шилинзи. Но,
во производот се опредметени 4 работни дена вретена и памук, 1 работен ден на
предачот = 5 дена х 6 шилинзи = 30 шилинзи вредност на производот. Вишокот
на вредност од три шилинзи е тука: парите се претворени во капитал. Стр.
160. Сите услови на проблемот се исполнети. (Детали стр. 160.)
Процесот на трудот кој создава вредност станува процес на оплодување
на вредноста штом се продолжува преку точката до која се создава прост
еквивалент за платената вредност на работната сила.
Процесот на создавање на вредноста се разликува од простиот работен
процес со тоа што овој другиот се разгледува квалитативно, а првиот
квантитативно и тоа само во колку го содржи општественото потребно
работно време. Стр. 161. (Детали стр. 162.)
Како единство процесот на трудот и процесот на создавање на
вредноста процесот на производство е производство на стоки; како единство
процесот на трудот и процесот на оплодување на вредноста тој е процес на
капиталистичко стоковно производство. Стр. 163.
Редукција на сложениот труд на едноставен. Стр. 163 – 165.

II. Постојан и променлив капитал

Процесот на трудот му додава на предметот на трудот нова вредност и


истовремено ја пренесува вредноста на предметот на трудот на производот,
значи ја одржува со едноставно додавање на нова вредност. Овој двостран
резултат се постигнува вака: специфично корисниот, квалитативен карактер
на трудот претвора една употребна вредност во друга употребна вредност и со
тоа ја одржува вредноста; а апстрактниот општ квантитативен карактер
на трудот, кој создава вредност, пак, додава вредност. Стр. 166.
На пример, продуктивноста на работата на предачите се зголемува за
шестпати. Како користен (квалитативен) труд, тој одржува во исто време
шеспати толку средства за работа. Но, ја додава само онаа иста нова вредност
како и досега, т.е. во секоја фунта предиво има само една шестина од порано
додадената нова вредност. Како труд којшто создава вредност, тој не создава
повеќе отколку порано. Стр. 167. Обратно е ако производственоста на трудот на
предачите остане иста, а вредноста на средствата за производство расте. Стр.
168.
Средствата за производство ја пренесуваат на производот само онаа
вредност која тие ја губат. Стр. 169. Тоа се случува во различен степен.
Јагленот, маслото итн. се трошат во потполност. Суровините добиваат нов
облик. Орудијата, машините итн. ја пренесуваат вредноста постепено и во
делови, а трошењето се пресметува според искуството. Стр. 169, 170. Притоа
инструментот и понатаму останува потполно во процесот на производството.
Тука значи истиот инструмент се пресметува во процесот на трудот во целост,
а во процесот на оплодување на вредноста само во делови, така што разликата
во двата процеси се рефлектира во материјалните фактори. Стр. 171. Обратно,
суровината која дава отпадоци влегува во процесот на создавање на вредноста
17

во целина, а делумно во процесот на трудот, бидејќи се појавува во производот


намалена за отпадоците. Стр. 171.
Во никој случај средството за производство не може да пренесе повеќе
разменска вредност отколку што ја имало – во процесот на производството тоа
служи само како употребна вредност и затоа може да ја пренесе само онаа
разменска вредност којашто средството за производство ја имало. Стр. 172.
Ова одржување на вредноста вреди многу за капиталистот, а не го чини
ништо. Стр. 173.
Според тоа, одржаната вредност само повторно се појавува, таа веќе
постоела, а само процесот на трудот ‘и додава нова вредност. И тоа во
капиталистичкото производство на вишок на вредност, сувишокот на
вредноста на производот преку вредноста на елементите употребени за
создавање производ (средства за производство и работна сила). Стр. 175, 176.
Со ова се опишени облиците на егзистенција кои ги зазема првобитната
капитал-вредност симнувајќи ја својата парична форма, при што се преобразува
во чинител на процесот на трудот 1. со купување средства за труд и 2. со
купување работна сила.
Капиталот вложен во средства за труд не ја менува, значи, големината на
својата вредност во процесот на производството; него го нарекуваме постојан
капитал.
Делот вложен во работна сила ја менува својата вредност,
произведувајќи ја 1. својата сопствена вредност и 2. произведувајќи вишок на
вредност – променлив капитал. Стр. 176.
Капиталот е постојан само во однос на овој специјален процес на
производство во кој тој не се менува, може тој да се состои еден момент од
повеќе друг момент од помалку средства за труд, а купените средства за труд
можат во вредноста да растат или опаѓаат, но тоа не се одразува на процесот на
производството. Стр. 177. Исто така може да се менува и процентуалниот однос
во кој некој одреден капитал се дели на постојан и променлив, но во секој даден
случај останува П постојано, а Пр променливо. Стр. 178.

III. Стапка на вишок на вредноста

К = 500 £. st. = + . На крајот на работниот процес, во кој пр е веќе


претворен во работна сила, нека биде + + =590. Да претпоставиме дека п
се состои од 312 за суровини, 44 за помошен материјал и 54 за употребени
машини = 410. Вредноста на целата машинерија нека изнесува 1054. Ако таа би
се сметала во целост, тогаш на двете страни би изнесувала за п = 1410, вишокот
на вредноста и сега би останала 90. Стр. 179.
Бидејќи вредноста п само потворно се појавува во производот, добиената
вредност на производот се разликува од произведената вредност во процесот,
таа, значи, не е еднаква на п + пр + в, туку = пр + в. За процесот на оплодување
на вредноста, значи, големината п е без влијание, значи п = 0. Стр. 180. Ова се
случува и во пракса, како што тоа не се зема во обѕир во трговските пресметки,
на пример, при пресметување на добивката на една земја од нејзината
индустрија се одбиваат увезените суровини. Стр. 181. Во третата книга она што
е потребно за односот на вишокот на вредност спрема целокупниот капитал.
Значи, стапката на вишокот на вредноста = в : пр, за горе 90 : 90 = 100%.
18

Работното време во кое работникот ја репродуцира вредноста на својата


работна сила – во капиталистички или во други односи – е потребен труд;
времето преку тоа, кое создава вишок на вредност за капиталистот – вишок на
труд. Стр. 183, 184. Вишокот на вредноста е исцеден вишок на трудот и само
обликот на неговото исцедување ја карактеризира разликата на разни
општествени формации.
Пример за неправилното пресметување на п. Стр. 185 – 196. (Senior.)
Збирот на потребниот труд и вишокот на труд = работен ден.

IV. Работен ден

Потребното работно време е одредено. Вишокот на труд е променлив,


но сепак во одредени граници. Тој никогаш не може да биде = 0, инаку
престанува капиталистичкото производство. Од физички причини тој никогаш
не може да достигне 24 часа, а на максималната граница постојано влијаат уште
и морални причини. Но, овие ограничување се многу еластични. – Економско
барање е работниот ден да не биде подолг отколку што е потребно работникот
нормално да се троши. Но, што е нормално? Се доаѓа до антиномија и само сила
може да одлучи. Оттука борбата помеѓу работничката класа и капиталистичката
класа за нормален работен ден. Стр. 198 – 202.
Вишок на трудот во поранешните општествени епохи. Додека
разменската вредност не постанала поважна од употребната вредност, вишокот
на трудот бил умерен, на пример кај старите7: само таму каде што директно се
произведува разменска вредност – злато и сребро, страховит вишок на труд.
Стр. 203. Така во робовладетелските држави на Америка до производство на
маса памук за извоз. Така кулукот, на пример во Романија.
Кулукот е најдобро средство за споредување со капиталистичката
експлоатација, бидејќи овој го утврдува и го покажува вишокот на труд како
работно време кое треба да се изврши посебно. Règlement organique[4] во
Влашка. Стр. 204 – 206.
Како што ова е позитивен израз на волчјата глад за вишок на вредноста,
така се англиските работнички закони негативни изрази.
Работнички закони. Од 1850, стр. 207. 10½ часови и 7½ во саботата = 60
часови неделно. Профит на капиталистите со изигрување на законот. Стр. 208 –
211.
Експлоатација во гранките кои со закон не се ограничени или дури
подоцна се ограничени: тантелска индустрија, стр. 212; грнчарство, стр. 213;
индустрија за ќибрити, стр. 215; тапети, стр. 214-217; пекари, стр. 217-222;
железничари, стр. 223; кројачка индустрија, стр. 223-225; ковачи, стр. 226;
дневна и ноќна работа и смени; а) металургија и метална индустрија, стр. 227-
236.
Овие факти докажуваат дека капиталот гледа на работникот само како на
работна сила, чие цело време – е работно време, ако тоа било како е можно, и
дека капиталистот ни најмалку не мисли на должината на животот на
работникот. Стр. 236-238. Но нели е тоа спротивно токму на интересите на
капиталистот? Како стои со заменувањето на брзо исцрпените работници? –
Организираната трговија со робови во внатрешноста на САД го крена брзото

7
Односно кај античките народи.
19

исцрпување на робовите на степен на економски принцип; исто така и во


Европа доведување работници од земјоделските краеви итн. Стр. 239.
Poorhouse-supply8. Стр. 240. Капиталистот го гледа само расположивиот вишок
на население и го троши. Дали расата пропаѓа – après lui le déluge9. Капиталот е
безобѕирен кон здравјето и траењето на животот на работникот секаде каде
што општеството не го присилува на обѕир... А слободната конкуренција
прави внатрешните закони на капиталистичкото производство да важат за
поединечниот капиталист како надворешен присилен закон. Стр. 243.
Утврдувањето на нормалниот работен ден е резултат на борбата меѓу
капиталистите и работниците која трае повеќе од стотина години.
Во почетокот законите се правени за да се продолжи работното време,
сега за да се скрати. Стр. 244. Првиот »Statute of labourers«10 23 за Едвард III,
1349, под изговор дека чумата толку го десеткувала народот што секој мора да
работи повеќе. Поради тоа максималната награда и границите на работниот ден
се утврдени со закон. Во 1496 година под Хенри VII работниот ден на
земјоделските работници и сите занаетчии (artificers) в лето – од март до
септември – од 5 наутро до 7 и 8 навечер со 1 час, 1½ час и ½ час = 3 часови
одмор. Во зима од 5 наутро до мрак. Овој закон не бил никогаш строго
спроведен. Уште во 18-ти век, целата неделна работа не била на располагање на
капиталистот (со исклучок за земјоделскиот работник). Види ја полемиката од
тоа време. Стр. 248-251. Дури со крупната индустрија се успеало во тоа, и уште
повеќе: таа ги срушила сите огради и го експлоатирала работникот на
најбесрамен начин. Пролетаријатот се спротивставува штом се освестил. Пет
закони од 1802-1833 номинално, бидејќи немало инспектори. Дури законот од
1833 год. утврдил во четири гранки на текстилната индустрија нормален
работен ден: од 5:30 наутро до 8:30 навечер, за кое време млади лица од 13 до
18 години смееле да бидат вработени само 12 часови, и тоа со 1½ час одмор.
Деца од 9 до 13 години само 8 часови, а ноќната работа за деца и млади лица е
забранета. Стр. 253-255.
Системот на смени и неговата злоупотреба за изигрување на законот.
Стр. 256. Најпосле законот од 1844-та, кој ги изедначува жените од сите
возрасти со младите лица, детската работа е сведена на 6½ часови, системот на
смени заузден. Но, наспроти тоа, законот важи и за деца од 8 години. – Во 1847
година најпосле е воведен закон за десетчасовно работно време за жени и
млади лица. Стр. 259. Обиди на капиталистите против него. Стр. 260-268. Еден
недостаток во законот од 1847. дал повод за компромисен закон од 1850, стр.
269, кој го утврдил работниот ден за млади лица и жени за 5 дена по 10½, еден
ден 7½ = 60 часови неделно и тоа меѓу 6 и 6 часот. Додека законот од 1847.
останал на сила за децата. – Исклучок индустријата за свила, види стр. 270. – Во
1853. и работното време за децата е ограничено на време од 6 до 6 часот. Стр.
272.
Printworks Act11 – 1845, не ограничува скоро ништо. Децата и жените
можат да работат по 16 часови!
Белилници и фарбари 1860, фрабириките за тантели 1861, грнчарниците
и многу други гранки 1863 (под фабричкиот закон, за белилниците на слободен

8
Испорака на работна сила од домовите за сиромашни.
9
После него потоп.
10
Првиот работнички закон.
11
Закон за печатница на катун.
20

воздух и пекарниците издадени се во истата година специјални закони). Стр.


274.
Крупната индустрија, значи, најпрво создава потреба за ограничување на
работното време, но подоцна се открива дека истото прекумерно работење ги
освојува и сите други гранки. Стр. 277.
Понатаму, историјата покажува, посебно со воведувањето на женската и
детската работа, дека поединечниот »слободен« работник кон капиталистот е
незаштитен и е подложен, така што од тоа се раѓа класната борба меѓу
работниците и капиталистите. Стр. 278.
Во Франција дури во 1848. е донесен закон за 12-часовно работно време
за сите работници и за сите гранки на трудот. (Види сепак стр. 253, белешката
за францускиот закон за детското работење од 1841, кој вистински е применет
дури во 1853. и тоа само во Северниот департман.) Во Белгија потполна
»слобода на трудот«! Во Америка движење за осумчасовно работно време. Стр.
279.
Работникот, значи, излегува од процесот на производството потполно
поинаков отколку што во него влегол. Работниот договор никако не бил акт на
рамноправни партнери; времето кое му стои на располагање да го продаде
својот труд е она за кое тој е принуден да го продаде, и само масовна опозиција
на работниците им освојува државен закон, кој нив самите ги спречува
доброволно во договор со капиталистот да се продаваат себе и своите
поколенија во смрт и ропство. Наместо закитениот каталог на неприкосновени
човекови права настапува скромната Magna charta[5] на фабричкото
законодавство. Стр. 280 – 281.

V. Стапка и маса на вишок на вредноста

Со стапката воедно е дадена и неговата маса. Ако дневната вредност на


работната сила е 3 шилинзи, а стапката на вишок на вредноста = 100%, тогаш
неговата дневна маса = 3 шилинзи по еден работник.
1. Бидејќи променливиот капитал е паричен израз на сите работни сили
кои капиталистот ги употребува истовремено, тогаш масата на вишок на
вредноста кои тие ја произведуваат = променливиот капитал помножен со
стапката на вишокот на вредноста. И двата фактори може да се менуваат и од
тоа може да настанат разни комбинации. Масата на вишокот на вредноста
може да расте и при опаѓање на променливиот капитал, ако стапката расте,
значи ако се продолжува работниот ден. Стр. 282.
2. Овој пораст на стапката на вишок на вредност има своја апсолутна
граница, бидејќи работниот ден никогаш не може да биде продолжен на целите
24 часови, значи вкупната вредност на дневниот производ на еден работник
никогаш не може да биде = на вредност од 24 работни часови. Да се добие иста
маса на вишок на вредност, може, значи, променливиот капитал да биде заменет
со зголемена експлоатација на трудот само во рамките на овие граници. Ова е
важно за објаснување на разни појави кои настануваат од противречните
стремежи на капиталот: 1. да го редуцира променливиот капитал и бројот на
вработените работници, и 2. сепак да произведува најголема маса на вишок на
вредност. Стр. 283 – 284.
3. Масата на вредност и вишок на вредност која ја произведуваат
различни капитали, под одредена вредност и еднаков степен на експлоатација
21

на работната сила, се однесуваат директно како големини со променливи


составни делови на тие капитали. Стр. 285. Ова привидно противречи на сите
факти.
Во одредено општество и во одреден работен ден вишокот на вредноста
може да се зголемува само со зголемување на бројот на работниците, т.е.
населението; ако е одреден бројот на работниците – само со продолжување на
работниот ден. Ова сепак важи само за апсолутниот вишок на вредноста.
Сега се покажува дека не може да биде секоја сума пари претворена во
капитал, дека постои еден минимум: цената на чинењето на поединечната
работна сила и потребните средства за работа. Да би можел и сам да живее како
работник, би морал со стапката на вишокот на вредност од 50% веќе да има два
работника и покрај тоа пак ништо не би заштедил. Дури и со 8 сè уште е ситен
мајстор. Затоа во средниот век, по пат на ограничување на бројот на
помошниците коишто еден мајстор можел да ги држи, луѓето се спречувани да
не се претворат од занаетчии во капиталисти. Минимумот потребно богатство
да настане вистински капиталист се менува во разни периоди и производствени
гранки. Стр. 288.
Капиталот се развил во заповедништво над трудот и затоа се грижи да
се работи добро и интензивно. Тој, понатаму, го присилува работникот да
изврши повеќе работа отколку што е потребно за негово одржување – и во
испумпувањето на вишокот на вредноста ги надминува сите поранешни
производствени системи кои постоеле со директно присилна работа.
Капиталот го презема трудот со одредени технички услови и во
почетокот не ги менува. Оттаму, ако процесот на производство се гледа како
процес на труд, работникот се однесува спрема средствата за производство не
како спрема капитал, туку како спрема средства за свое целисходно делување.
Но, поинаку е кога се гледа процесот на производство како процес на
оплодување на вредноста. Средствата за производство постануваат средства за
впивање туѓ труд. Повеќе работникот не ги употребува средствата за
производство, туку средствата за производството го употребуваат
работникот. Стр. 289. Наместо тој да ги... троши, го трошат тие него како
фермент на својот сопствен животен процес, а животниот процес на капиталот
се состои само во неговото движење како вредност која сама се оплодува...
Простото претворање на парите како средство за производство го претвора овој
последниот во правно и принудно полагање право на туѓ труд и вишок на
трудот.
22

ЧЕТВРТА ГЛАВА

Производство на релативниот вишок на вредност


I. Поим на релативниот вишок на вредноста

Кога работниот ден е одреден, вишокот на трудот може да биде зголемен


само ако се смалува потребниот труд, а ова се постигнува само – не земајќи ги
во обѕир смалувањето на надниците под вредноста – со смалување на вредноста
на трудот, значи, со снижување на цената на средствата потребни за живот. Стр.
291-293. Ова може да се постигне пак само со зголемување на
производствената сила на трудот, со пресврт во самиот начин на
производство.
Вишокот на вредноста којашто се произведува со продолжување на
работниот ден е апсолутен, а оној кој се произведува со скратување на
потребното работно време е релативен вишок на вредноста. Стр. 295.
Да би се смалила вредноста на трудот12, мора порастот на
производствената сила да ги опфати оние индустриски гранки чии производи ја
одредуваат вредноста на работната сила – вообичаени животни производи и
замена за нив и нивните суровини итн. Доказ: како конкуренцијата доведува до
одраз на зголемената продуктивноста на производствената сила во
намалувањето на цените на стоките. Стр. 296-299.
Вредноста на стоката стои во обратен однос кон производствената сила
на трудот, а исто така вредноста на работната сила, бидејќи таа се одредува со
цената на стоката. Спротивно, релативниот вишок на вредност стои во прав
однос кон производствената сила на трудот. Стр. 299.
Капиталистот не го интересира апсолутната вредност на стоката, туку
само скриениот вишок вредност во неа. Остварувањето на вишокот на
вредноста вклучува надополнување на вложената вредност. Како спрема стр.
299 истиот процес на зголемување на производствената сила ја смалува
вредноста на стоката, а го зголемува во неа содржениот вишок на вредноста,
јасно е зошто капиталистот, кој мисли само на производство на разменски
вредности, постојано се стреми да ја смали разменската вредност на стоката.
Спореди Quesnay. Стр. 300.
Според тоа, заштедата на труд по пат на развој на производствената сила
воопшто нема за цел скратување на работниот ден. – Тој може да биде дури
продолжен. Затоа е можно кај економисти од типот на еден MacCulloch, Ure
сениор и разни други, на една страница да се прочита дека работникот треба
да биде благодарен на капиталистот за развитокот на производствените
сили, а на следната страница дека таа благодарност тој треба да ја докаже со
тоа што во иднина ќе работи 15 наместо 10 часови. Овој развој на
производствените сили има за цел само да го скрати потребниот труд и да го
зголеми трудот за капиталистот. Стр. 301.

12
Во оригиналот: труд; во издание на Dietz, том 16, Берлин, 1964, стр. 271: работна сила
(Arbeit [skraft]).
23

II. Кооперација

Според стр. 288 за капиталистичкото производство е потребен


индивидуален капитал доволно голем истовремено да вработи поголем број
работници; дури кога тој е потполно ослободен од работење, применувачот на
трудот станува прав капиталист. Дејствувањето на поголем работници во исто
време на исто поле на трудот, за производство на иста стока, под команда на ист
капиталист, ја прави историски и идејно почетната точка на
капиталистичкото производство. Стр. 302.
Во прво време, значи, само квантитативна разлика кон поранешната
состојба кога еден работодавец вработува помалку работници. Но, сепак,
веднаш една промена. Веќе зголемениот број работници гарантира оној што ги
применува да добива навистина просечен труд, што не е случај кај ситниот
занаетчија, кој затоа сепак мора да плаќа просечна вредност на трудот; во
ситната работилница [оттаму] се компензира нееднаквоста за општеството, но
не и за поединечниот мајстор. Законот за оплодување на вредноста воопшто се
остварува, значи, за поединечниот производител потполно дури кога тој ќе
произведува како капиталист, кога става во движење истовремено повеќе
работници, значи од самиот почеток на просечниот општествен труд. Стр.
303-304.
А понатаму: економијата на средствата за производство која произлегува
од самото работење на големо, помалото пренесување на вредноста на
постојаните делови на капиталот на производот, што произлегува од самото
негово заедничко трошење во процесот на трудот од многу работници. Така
средствата за работа добиваат општествен карактер пред да го добијат самиот
процес на трудот (досега простата истовременост на исти процеси). Стр. 305.
Економијата на средствата за производство тука треба да се разгледува
само во толку во колку таа ги поевтинува стоките и со тоа ја смалува вредноста
на трудот [работната сила]. Колку таа го менува односот на вишокот на
вредноста спрема вложениот вкупен капитал (п + пр), се разгледува дури во
третата книга. Ова одвојување е сосема во духот на капиталистичкото
производство; бидејќи тоа доведува до тоа условите за работа да се појавуваат
спрема работникот самостојно, поради тоа и нивната економија изгледа како
посебна операција за која тој [работникот] ништо не мисли и затоа е одвоена од
методот со помош на кој се зголемува продуктивноста на работната сила која
капиталот.
Обликот на трудот во којшто многу луѓе во истиот процес на
производство или заемно поврзани процеси на производство работат по план
паралелно и заедно се вика кооперација. Стр. 306. (Concours de forces. Destutt de
Tracy.)
Механички збир на силите на поединечни работници битно се разликува
од механичката можност на силата која се развива кога многу раце заеднички
делуваат во иста неподелена операција (дигање на некој терет итн.).
Кооперацијата однапред создава продуктивна сила која сама по себе и за себе е
масовна сила.
Значи, кај мнозината работници самиот општествен контакт создава
натпреварувачки занес, кој ја зголемува индивидуалната производност на
поединецот, така што 12 работници во еден заеднички работен ден од 144 часа
произведуваат поголем производ отколку 12 работници во 12 одвоени или еден
работник во 12 сукцесивни работни дни. Стр. 307.
24

Иако многу работници работат исто или работат од ист вид,


индивидуалното работење на секој поединец може сепак да претставува разни
фази од процесот на трудот (синџир од луѓе кои едни на други нешто додаваат),
при што кооперацијата пак заштедува труд. Исто така ако зградата се почнува
истовремено од разни страни. Комбинираниот или вкупен работник има раце и
очи и напред и одзади, и на некој начин е секаде присутен. Стр. 308.
Во комплицираните работни процеси кооперацијата овозможува
одредени процеси да се разделат, да се извршуваат истовремено и со тоа да се
скрати времето за создавање на (вкупниот) целиот производ. Стр. 308.
Во многу области на производството постојат критични моменти, кога
се потребни многу работници: на пример, жетва, лов на харинги итн. тука
помага само кооперација. Стр. 309.
Кооперацијата, од една страна, го проширува полето на трудот и затоа
настанува потреба за работи каде постои голем просторен континуитет на
полето на работење (исушување мочуришта, градење патишта итн.; градење
насипи), од друга страна, таа ја стеснува концентрацијата на работниците на
едно место и со тоа ги смалува трошоците. Стр. 310.
Во сите овие форми кооперацијата е специфична производствена сила на
комбинираниот работен ден, општествена производствена сила на трудот. Тоа
произлегува од самата кооперација. Во планската соработка со други,
работникот ги брише своите индивидуални граници и ја развива моќта на својот
труд.
Но, наемните работници не можат да соработуваат а да во исто време не
ги употребува не можат да соработуваат и во исто време да не ги употребува,
плаќа и снабдува со средства за работа еден ист капиталист. Обемот на
кооперацијата зависи, значи, од тоа колку капитал има капиталистот. Условот
за постоење на извесна висина на капитал за да сопственикот стане капиталист
станува сега материјален услов за преобразување на многу распрснати и
независни индивидуални работи во комбиниран општествен процес на трудот.
Исто така командата на капиталот над трудот, од сега само формална
последица на односот меѓу капиталистот и работниците, сега [станува]
неопходен услов за самиот процес на трудот; капиталистот всушност ја
претставува таа комбинација во процесот на трудот. Управувањето со процесот
на трудот станува во кооперацијата функција на капиталот, и со тоа истото
добива специфични одредби. Стр. 312.
Во согласност со целта на капиталистичкото производство (најголемо
можно самооплодување на капиталот), ова управување истовремено е и
функција на најголемата можна експлоатација на општествениот процес на
трудот и оттаму условено со неминовен антагонизам меѓу експлоататорите и
експлоатираните. Понатаму, контрола на правилната употреба на средствата за
работа. Најпосле, поврзаноста на функциите на поединечните работници лежи
надвор од нив, во капиталот, така што нивното сопствено единство истапува
пред нив како авторитет на капиталистот, како туѓа воља. Така
капиталистичкото управување е двострано (1. општествен процес на трудот за
создавање на еден производ и 2. процес на оплодување на еден капитал), а по
својот облик деспотско. Овој деспотизам ги развива сега своите посебни
облици: капиталистот, откако, прво сам се ослободи од работата, сега го
пренесува под надзорот на организирана банда офицери и подофицери, кои и
самите се наемни работници на капиталистот. Економистите ги вбројуваат овие
25

трошоци за надзор во ропството за faux frais13, во капиталистичкото


производство тие го поистоветуваат управувањето, доколку е условено со
експлоатирање, поточно со истата функција, доколку произлегува од суштината
на општествениот процес на трудот. Стр. 313-314.
Врховното заповедништво во индустријата станува атрибут на
капиталот, како што во феудализмот заповедништвото во војната и судството
било атрибут на земјишната сопственост. Стр. 314.
Капиталистот купува 100 поединечни работни сили и за тоа добива
комбинирана работна сила од 100. Комбинираната работна сила на стоте тој не
ја плаќа. Со стапувањето во комбинираниот процес на трудот, работниците не
припаѓаат повеќе на себе, стануваат едно тело со капиталот. Така
општествената производствена сила на трудот изгледа како иманентна
производствена сила на капиталот. Стр. 315.
Пример кооперацијата кај старите Египќани итн. Стр. 315.
Самоникнатата кооперација во почетоците на културата кај ловечките
народи, номади или во индијската општина се базирала на: 1. заедничката
сопственост на условите за производство и 2. на самоникнатата поврзаност на
поединецот со племето и првобитната заедница. – Спорадичната (овде-онде)
кооперација во стариот век, средниот век и во современите колонии се базира на
директната власт и сила, посебно во ропството. – Капиталистичката
кооперација, напротив, претпоставува слободен наемен работник. Историски
таа се појавува во директна спротивност спрема селанското стопанство и
независниот занаетчиски труд (без разлика дали е тој целоховски или не) и
притоа како облик својствен на капиталистичкиот процес на производство, по
кој тој и историски се одликува. Тоа е прва промена која се случува во процесот
на трудот кога тој ќе се потчини на капиталот. На тој начин тука истовремено
настапуваат: 1. капиталистичкиот начин на производство како историска
нужност за претворање на трудот во општествен процес, а потоа 2. овој
општествен облик на процесот на трудот како метод на капиталот со
зголемувањето на неговата (трудовата) производствена сила да го експлоатира
со поголем профит. Стр. 317.
Кооперацијата, колку што е досега разгледувана, во својот прост облик,
се поклопува со производството од поголем размер, но таа не прави цврст
карактеристичен облик на некоја посебна епоха на капиталистичкото
производство и таа постои уште и денес секаде каде капиталот оперира во голем
размер, а каде поделбата на трудот и машинеријата не играат некоја значајна
улога. Така, бидејќи кооперацијата е основен облик на целото капиталистичко
стопанство, нејзиниот прост облик се јавува или сам, или како посебен облик
покрај нејзините развиени облици. Стр. 318.

III. Поделбата на трудот и мануфактурата

Мануфактурата е класична форма на кооперација базирана на поделбата


на трудот, а преовладува околу 1550 до 1770. Таа настанува:
1. или со собирање на разни занаети, од кои секој врши една
делумна операција (пример, мануфактура на кочиите), при што соодветниот

13
Буквално: лажни трошоци; во преносно значење: непродуктивни, но потребни
трошоци.
26

занаетчија многу бргу ја губи способноста да го работи целиот свој занает, но


затоа пак во толку посовршено го работи својот дел од занаетот; при што
процесот, значи, се претвора во поделба на вкупната операција на нејзини
посебни делови. Стр. 318, 319;
2. или повеќе занаетчии кои работат иста или еднородна работа
бидуваат обединети во една иста фабрика и поединечните операции, наместо да
ги изведува еден работник, една по друга постепено се раздвојуваат, па разни
работници ги извршуваат истовремено (игли итн.). Наместо да биде дело на
еден занаетчија, сега производот е дело на групата занаетчии, од кои секој
извршува само една делумна операција. Стр. 319, 320.
Во двата случаи нејзин резултат е: производствен механизам чии органи
се луѓе. Работата останува занаетска; секоја делумна работа низ која поминува
производот мора да биде извршена рачно, значи секоја вистинска научна
анализа на процесот на производството е исклучена. Токму поради
занаетчискиот карактер, секој поединечен работник исто така станува прикован
за една делумна функција. Стр. 321.
Со ова се штеди во однос на занаетчијата, а со пренесувањето на идната
генерација уште повеќе се зголемува. Со тоа мануфактурната поделба на трудот
соодветствува на стремежите во поранешните општества занаетите да се
направат наследни – касти, еснафи. Стр. 322.
Подразделувањето на алатите се приспособува на разните парцијални
работи – 500 видови чекани во Бирмингем. Стр. 323, 324.
Набљудувана од гледиштето на целокупниот свој механизам,
мануфактурата има две страни: или е просто механичко составување на
поединечните делумни производи (часовници), или редица поврзани процеси во
една работилница (игли).
Во мануфактурата секоја група работници ги додава на другата нејзините
суровини. Оттаму основен услов секоја група да произведе во одредено време
одредено количество; значи настануваат сосема поинаков континуитет,
правилност, еднообразност и интензитет на трудот отколку што е дури и во
кооперацијата. Значи, тука веќе настанува технолошкиот закон на процесот
на производството: трудот да биде општествено потребен труд. Стр. 329.
Нееднаквоста на времето потребно за одредени операции условува разни
групи работници да имаат различна јачина и број (при миењето букви 4 леача и
2 прекршувача на 1 полирач). Мануфактурата, значи, создава математички
постојан однос за квантитативен обем на одредени органи на вкупниот
работник, и производството може да биде проширено само ако се вработи
многукратна вкупна група. Покрај тоа, осамостојувањето на некои функции –
контрола, пренос на производите од една во друга просторија итн. – станува
доходовно дури откога ќе се постигне одреден обем на производство. Стр. 329,
330.
Доаѓа и до спојување на разни мануфактури во една збирна мануфактура,
но сè уште недостасува вистинското технолошко единство, кое настанува дури
со машинството. Стр. 331.
Многу рано во мануфактурата спорадично се појавуваат машини –
воденици, рударски млинови итн., но само како споредни средства. Главна
машина на мануфактурата е комбинираниот вкупен работник, кој има многу
повеќе совршенство отколку стариот поединечен работник, кој работи
занаетчиски со сите несовршенства, кои нужно се развиваат кај парцијалниот
работник, манифестирајќи се како совршенство. Стр. 333. Мануфактурата ги
27

развива разликите меѓу овие парцијални работници, квалификувани и


неквалификувани, дури и една целосна хиерархија меѓу работниците. Стр. 334.
Поделба на трудот: 1. општа (на земјоделие, индустрија, бродарство
итн.), 2. посебна (на видови и подвидови), 3. поединечна (во работилницата).
Општествената поделба на трудот поаѓа исто така од разни појдовни точки. 1.
Во рамките на фамилијата и племето самородна поделба според полот и
староста, покрај тоа ропство по насилен начин кон соседот, што ја проширува.
Стр. 335. 2. Различни заедници создаваат, според можностите, климата,
степенот на културата, различни производи, и тие се разменуваат таму каде
што овие заедници доаѓаат во контакт. Размената со странски заедници, исто
така, е едно од главните средства за разбивање на самородната поврзаност на
сопствената заедница по пат на понатамошниот развој на самородната поделба
на трудот. Стр. 336.
Мануфактурната поделба на трудот претпоставува, значи, од една страна,
извесен степен на развиеност на општествената поделба на трудот, а од друга
страна, таа понатаму ја развива – тоа е територијална поделба на трудот. Стр.
337, 338.
Меѓутоа, меѓу општествената и мануфактурната поделба на трудот сепак
постои разлика во тоа што првата произведува стоки, додека во другата
парцијалниот работник не произведува стоки. Оттаму кај општествената
поделба на трудот концентрација и организација, а кај мануфактурната поделба
на трудот распарченост и неред во конкуренцијата. Стр. 339 – 341.
За старата организација на индиските општини. Стр. 341 – 342. Еснаф.
Стр. 343/344. Додека кај сите овие постои поделба на работата во
општеството, мануфактурната поделба на работата е специфична творба на
капиталистичкиот начин на производство.
Како и во кооперацијата и во мануфактурата дејствувачкото работно тело
е формата на егзистенција на капиталот. Производствената сила која
произлегува од комбинирањето на работите се јавува поради тоа како
производствена сила на капиталот. Но, додека кооперација во целост не го
менува начинот на работењето на поединецот, мануфактурата го
револуционира, а кооперацијата го осакатува; неспособен за самостојно
производство, тој уште само е припадник на капиталистичката работилница.
Духовните сили на работата од страната на мнозинството се губат, како би се
зголемила нивната сила на страната на еден. Плод на мануфактурната поделба
на работата е тоа што духовните сили на процесот на работењето се
спротивставуваат на работниците како туѓа сопственост и сила која владее
со нив. Овој процес на раздвојување, кој почнува уште во кооперацијата, се
развива во мануфактурата, завршува во крупната индустрија, која науката ја
одвојува од работата како независна сила на производството и ја принудува да
му служи на капиталот. Стр. 346.
Докази, стр. 347.
Мануфактурата, од една страна, одредена организација на општествениот
труд, од друга страна, е само посебен метод за создавање на релативен вишок
на вредност. Стр. 350. Нејзиното историско значење е на истото место.
Препреки за развој на мануфактурата дури и за време на нејзиниот
класичен период: ограниченост на бројот на неквалификуваните работници
поради преовладувањето на квалификуваните; ограниченост на трудот на
жената и децата поради отпорот на мажите, инсистирачкото чување на законите
на чиракувањето до крајност, дури и таму каде што тоа е излишно; постојана
28

непослушност на работниците, бидејќи вкупниот работник уште нема свој


скелет независен од работниците; лечење на работниците. Стр. 353, 354.
Освен тоа, таа самата не била во состојба да го покрене целокупното
општествено производство, па дури ни да овладее со него. Нејзината тесна
техничка база се спротивставила со потребите на производството кои таа самата
ги создала. Машината станала потребна, и мануфактурата се научила да ја
прави. Стр. 355.

IV. Машините и крупната индустрија

а) Машината сама по себе

Пресврт во начинот на производството, кој во мануфактурата поаѓа од


работната сила, тука поаѓа од средствата за работа.
Секоја развиена машинерија се состои од: 1. погонска машина, 2.
трансмисионен механизам, 3. машини алатки. Стр. 357.
Индустриската револуција во 18-ти век почнува од машините алатки.
Нејзина карактеристика е да биде алатка – во повеќе или помалку изменет облик
– од човекот пренесена на машината и од неа придвижувана во својата
функција. Дали таа движечка сила е човечка или природна, засега е сеедно.
Специфичната разлика е во тоа што човекот може да се служи само со своите
сопствени органи, додека машината може да употреби, во одредени граници,
онолку алатки колку се бара. (Предилката 1, Џени14 12 – 18 вретена.)
Сè додека кај предилницата револуцијата не го зафатила педалото,
силата, туку вретеното – во почетокот сè уште човекот бил истовремено и
движечка сила и надгледувач. Напротив, дури револуцијата на машината
алатлика го направи потребно довршувањето на парната машина, а потоа и ја
доврши. Стр. 359/360, понатаму стр. 361/362.
Два типа машини во крупната индустрија: или 1. кооперација на машини
од ист вид (разбој на пареа, машина за изработка на коверти, која ја обединува
работата на низа парцијални работници со комбинирање на различни алатки),
тука веќе постои технолошко единство преку трансмисијата на движечката сила
– или 2. систем на машини, комбинација на парцијални машини алатлики
(предење). Таа наоѓа спонтана основа во поделбата на трудот во мануфактурата.
Но, веднаш битна разлика. Во мануфактурата секоја делумна операција мора да
биде приспособена на работникот, тоа тука повеќе не е потребно, процесот на
трудот може да биде објективно поделен на составни делови, кои потоа се
извршуваат со машини врз основа на науката односно на искуствата базирани
на неа. – Тука количинскиот однос на парцијалните групи работници се
повторува како однос на одредени групи на машини. Стр. 363/366.
И во двата случаја фабриката претставува само огромен автомат (кој,
впрочем, дури во најново време) и тоа е негов соодветен облик, стр. 367, а негов
најсовршен облик е автоматот кај градежни машини, кој ја отстрани
занаетчиската и мануфактурната основа на крупната индустрија и дури со тоа
даде совршен облик на машинеријата. Стр. 369 – 379.
Поврзаност на револуционирањето на одредени гранки до
комуникациски средства. Стр. 370.

14
Вид машина за предење.
29

Во мануфактурата комбинацијата на работниците е субјективна, тука


имаме објективен механички производствен организам, кој работникот го наоѓа
готов и кој може да функционира само во рамките на заедничкиот труд;
кооперативниот карактер на процесот на трудот сега е техничка неопходност.
Стр. 372.
Производствените сили кои настануваат од кооперацијата и поделбата на
трудот не го чинат капиталот ништо; природните сили, пареата, водата исто
така ништо. Исто така ни силите кои ги открива науката. Но, тие можат да бидат
остварени само со помош на соодветен апарат, кој може да се создаде само со
големи трошоци; исто така и машините алатлики многу повеќе отколку старите
алати. Но, овие машини имаат многу подолг век и многу пошироко поле на
производство отколку алатот и затоа му пренесуваат на производот сразмерно
многу помал дел од вредноста отколку алатите и оттука е бесплатната услуга
која ја прави машината (и која не се појавува повторно во вредноста на
производот) многу поголема отколку кај алатот. Стр. 374, 375/376.
Поевтинувањето по пат на концентрација на производството во крупната
индустрија е многу поголемо отколку во мануфактурата. Стр. 375.
Цените на готовите стоки докажуваат колку многу машината го
поевтинила производството и дека делот од вредноста, кој доаѓа од средствата
за работа, релативно расте, но апсолутно опаѓа. Продуктивноста на машините се
мери со степенот во кој тие ја заменуваат човечката работна сила. Пример на
стр. 377 – 379.
Да земеме дека еден плуг на пареа заменува 150 работници со годишна
наемнина од 3000 фунти – оваа годишна наемнина не го претставува сиот труд
кој тие го извршиле, туку само потребниот труд – тие покрај тоа извршуваат и
вишок труд. Напротив, ако парниот плуг чини 3000 фунти, тогаш тоа е паричен
израз на целиот труд содржан во него и машината чини исто толку колку и
работната сила која таа ја заменила, така што во неа претставениот човечки труд
секогаш е помал од оној којшто го заменила. Стр. 380.
Како средство за поевтинување на производството машината мора да
чини помалку труд отколку што заменува. Но, за капиталот нејзината
вредност мора да биде помала отколку вредноста на работната сила која ја
заменува. Оттука во Америка може да се исплаќаат машините кои во Англија се
неисплатливи (на пример, дробилките за камен). Оттука, како последица на
одредени законски ограничувања, може одеднаш да се појават машините кои
порано на капиталот не му се исплаќале. Стр. 380/381.

б) Присвојување на работната сила со помош на машините

Бидејќи машината сама има сила која ја движи опаѓа вредноста на


мускулната сила. – Трудот на жените и децата, моментално зголемување на
бројот на наемните работници со вклучување на членовите од семејството кои
дотогаш не биле наемни работници. Со тоа вредноста на трудот на човечката
работна сила е расподелена на целото семејство, значи е обезвредена. – Да би
живеело едно семејство, сега наместо еден, мора четворица да му даваат на
капиталот не само потребен труд туку и вишок на труд. Така, паралелно со
материјалот за експлоатација, се проширува и степенот на експлоатацијата.
Стр. 383.
30

Порано продавањето и купувањето на работната сила беше однос на


слободни лица, сега се купуваат и малолетни или полумалолетни лица,
работникот сега си ги продава жената и детето, постанува трговец со робови.
Примери на стр. 384/385.
Физичко пропаѓање – смртноста кај работничките деца, стр. 386, и кај
индустрискиот начин на работа во земјоделието. (Ганг-систем15). Стр. 387.
Морално пропаѓање. Стр. 389. Одредби за школување и отпорот на
фабрикантите. Стр. 390.
Влегување на жените и децата во фабриката дефинитивно го скршува
отпорот кој го даваат машките работници на капиталистичкото
деспотство. Стр. 391.
Иако машината го скратува потребното работно време за производство
на еден предмет, таа во рацете на капиталот станува силно средство за
продолжување на работниот ден далеку преку неговите нормални граници. Тоа
создава, од една страна, нови услови, кои тоа му го овозможуваат на капиталот, а
од друга страна, и нови мотиви за тоа.
Машината е способна за постојано движење, а ограничена е само со
слабоста и ограниченоста на човечката работна сила што ‘и асистира. Машина
која со 20-часовно работење на ден се истроши за 7½ години, голта во корист на
капиталистот исто толку часови вишок на труд, но за половина пократко
време, колку и онаа која со десетчасовно работно време ќе се истроши за 15
години. Стр. 393.
Ризикот од морална дотраеност на машините – со заменување притоа се
смалува. Стр. 394.
Понатаму, се впива поголемо количество труд без зголемување на
улогата во згради и машини, значи со продолжувањето на работниот ден не
само што расте вишокот на вредноста, туку и трошоците потребни за неговото
остварување релативно се смалуваат. Ова е во толку поважно во колку што
фиксниот дел од капиталот има претежно поголема улога, како што е случај во
крупната индустрија. Стр. 395.
Во првиот период од развојот на машината, кога таа има карактер на
монопол, профитите се огромни, па оттука и неизгаснувачката жед, жед за
неизмерно продолжување на работниот ден. Со општото воведување на
машините се губи оваа монополска добивка и се остварува законот дека
вишокот на вредноста не настанува од трудот кој што машината го заменила,
туку од трудот кој таа го употребува, значи од променливиот капитал. – Но,
овој кај машинскиот начин на работење неопходно се намалува поради
големите вложувања во постојан капитал. Значи, во капиталистичката примена
на машините лежи внатрешната противречност: при дадена маса капитал тој го
зголемува едниот фактор на вишокот на вредноста – неговата стапка, со тоа
што другиот – бројот на работниците, се смалува. Штом вредноста на машински
произведените стоки станува вредност според која се управува општествената
вредност на таа стока, се појавува оваа противречност и пак присилува на
продолжување на работниот ден. Стр. 397.
Но, во исто време, со ослободување на непотребните работници, како и
со вклучувањето на жените и децата, машината создава непотребно работничко
население, кое мора да трпи капиталот да му наметнува закони. Така тоа ги
руши сите морални и природни граници на работниот ден. Оттука и парадокс се

15
систем на работни групи
31

јавува што најсилното средство за скратување на работниот ден станува


најсигурно средство за преобразување на целиот живот на работникот и
неговото семејство во работно време на располагање за оплодување на
капиталот. Стр. 398.
Веќе видовме како на тоа доаѓа општествената реакција со утврдување
на нормален работен ден, а на таа основа сега се развива интензификацијата на
трудот. Стр. 399.
На почетокот со забрзувањето на машините, засилуван е интензитетот на
трудот паралелно со продолжувањето на времето. Но, наскоро е достигната
точката на која едно со друго се исклучуваат. Но, поинаку е со ограничувањето.
Сега може да расте интензитетот, така што за 10 часа се добива онолку труд
колку што инаку со 12 часа или повеќе, и сега поинтензивниот работен ден се
смета како потенциран (степенуван), а трудот се мери не само според
должината на времето, туку и според неговиот интензитет. Стр. 400. Така,
значи, за 5 часа потребен труд и 5 часа вишок труд може да се постигне ист
вишок на вредност како и за 6 часа потребен труд и 6 часа вишок труд со помал
интензитет. Стр. 400.
Како трудот се интензивира? Во мануфактурата е докажано (белешка
159), на пример грнчарството итн., дека и самото скратување на работниот
ден е доволно за да продуктивноста се зголеми огромно. Кај машинското
работење во тоа долго се сомневало. Но, доказот на R. Gardner. Стр. 401/402.
Штом скратувањето на работниот ден е закон, машината станува
средство за да од работникот се исцеди поинтензивен труд, било со помош на
поголема брзина (на машините), или со помал број работници во однос кон
машините. Примери на стр. 403-407. Дека со тоа расте збогатувањето и
проширувањето на фабриката, докажано е на стр. 407-409.

в) Фабриката како целина во класичен облик

Во фабриката машината обезбедува целисходно движење на алатите;


значи квалитативните разлики во трудот, кои се развиле во мануфактурата, тука
се отстранети, работниците се помалку или повеќе нивелирени, во краен случај
се разликуваат по старост и пол. Поделбата на трудот тука е расподелба на
работници по специфични машини. Тука само се дели меѓу главни работници,
кои навистина работат на машините алатлики, и додавачи (овие само кај
автоматската предилка, ретко ја предилката на погон од пареа, а уште помалку
кај усоврешниот разбој на пареа), покрај тоа надгледувачите, инженерите и
ложачите, механичарите, заварувачите итн., на фабриката само однадвор
придодадена класа. Стр. 411/412.
Нужност за прилагодување на работниците на непрекинливо движење на
некој автомат наметнува приучување од млад, но никако повеќе како во
мануфактурата – еден работник да биде цел живот врзан за една делумна
функција. Крај една иста машина може и да се менуваат лицата (систем на
смени), а поради лесно приучување може работниците да бидат преместувани
од еден вид машина на друг. Помошниот труд е или многу едноставен или сè
повеќе преминува на машината. Сепак, мануфактурната поделба на трудот во
почетокот традиционално се провлекува и станува дури посилно средство на
капиталот за експлоатација. Работникот останува низ цел живот дел на
парцијалната машина. Стр. 413.
32

На секое капиталистичко производство, доколку тоа не е само процес на


трудот, туку воедно е и процес на оплодување на капиталот, заедничко е тоа
што не го употребува работникот средството за трудот, туку обратно,
средството за работа го употребува работникот, но дури преку машината ова
пресвртување станува технолошки опиплива стварност. Со своето
преобразување во автомат, средството за работа истапува спрема работникот
во самиот процес на трудот како капитал, како мртов труд кој господари со
живиот труд и го исмукува. Исто така и духовните сили на производствениот
процес како сили на капиталот над трудот... Парцијалната умешност на
индивидуалниот, опустошен машински работник исчезнува како споредна
ситница пред науката, неизмерните природни сили и општествениот масовен
труд, кои се персонифицирани во машинскиот систем. Стр. 414, 415.
Касарнска дисциплина во фабриката, фабрички кодекс. Стр. 416.
Физички услови на фабриката. Стр. 417/418.

в‘ или г) Борба на работниците против фабричкиот систем и машините

Оваа борба која постои откако постои капиталистички однос, се појавува


како револт против машините како материјална основа на капиталистичкиот
начин на производство. Машините за ткаење ленти и ширити. Стр. 419.
Лудити[6]. Стр. 420. Дури подоцна работниците прават разлика меѓу
материјалното средство за производство и општествениот облик на неговата
експлоатација.
За време на мануфактурата подобрената поделба на трудот повеќе е
средство да се заменат потенцијалните работници. Стр. 421. (Екскурс за
земјоделието. Протерување од земјата. Стр. 422) Со машината работникот,
меѓутоа, навистина е истиснат, машината директно му конкурира. Рачни
ткајачи. Стр. 423. Исто Индија. Стр. 424. Ова делување е непрекинливо, бидејќи
машината постојано зафаќа нови области на производството. Осамостоениот и
отуѓен облик, кој капиталистичкиот начин на производство му го дава на
средството за работа наспроти работникот, се развива преку машината во
потполна спротивност. Оттаму сега најпрво револтот на работниците против
инструментите за работа. Стр. 424.
Детали за истиснувањето на работниците од страна на машината. Стр.
425 – 426. Машината – средство со цел преку истиснување на работниците да се
скрши отпорот кај работниците кој го водат против капиталот. Стр. 427, 428.
Либералната економија тврди дека машината, која ги истиснува
работниците, истовремено ослободува капитал кој може да ги вработи тие
работници. Напротив: секое воведување машини врзува капитал, го смалува
неговиот променлив дел, а го зголемува постојаниот, значи може само да ја
ограничи способноста на капиталот да вработува. Всушност – а тоа го мислат и
овие апологети – на тој начин не се ослободува капитал, туку се ослободуваат
животните средства од истиснатите работници, работникот останува без
животни средства, што апологетот го изразува така што машината ослободува
животни средства за работникот. Стр. 429.
Понатаму ова развиено (многу добро за »Fortnightly«16) стр. 431 – 432.
Антагонизмите коишто се неразделни од капиталистичката примена на

16
државите во кои се произведува памук.
33

машините не постојат за апологетот, бидејќи тие не потекнуваат од самата


машина, туку од нејзината капиталистичка примена. Стр. 432.
Со проширувањето на производството со помош на машини директно и
индиректно со тоа е можно и зголемување на досегашниот број на работници:
рудари, робови во државите каде се произведува памук итн. Наспроти тоа,
поради фабриките за волнени ткаенини овците ги истиснуваат Шкотите и
Ирците. Стр. 433/434.
Машинскиот труд ја зголемува општествената поделба на трудот многу
повеќе отколку што тоа го направила мануфактурата. Стр. 435.

в“ или д) Машините и вишокот на вредноста

Првиот резултат од машините е зголемување на вишокот на вредноста и


истовремено на масата производи, која го претставува (вишокот на вредноста),
и од која капиталистичката класа и нејзините паразити се хранат – значи
зголемување на бројот на капиталистите; нова потреба за луксуз и во исто време
за средства со кои таа се задоволува. Производството на луксузни предмети
расте, исто така и сообраќајни средства (но тие во развиените земји
апсорбираат малку работна сила) (доказ стр. 436.), на крајот, расте класата
слуги, модерни куќни робови, за која материјал испорачува отпуштањето. Стр.
437.
Статистика.
Економски противречности. Стр. 437.
Можност за апсолутен пораст на трудот во една стопанска гранка како
последица од машините и модалитетите на овој процес. Стр. 439/440.
Огромна еластичност, способност за ненадеен, скоковит развиток на
крупната индустрија до висок степен. Стр. 441. Ретроактивно дејство на земјите
произведувачи на суровини. Иселувањето како последица на истиснувањето на
работниците. Меѓународна поделба на трудот на индустриски и земјоделски
земји – периодичност на кризите и просперитетот. Стр. 442. Префрлување на
работниците таму-ваму во овој процес на проширување. Стр. 444.
Историски податоци за ова стр. 445/449.
Тука за потискувањето на кооперацијата и мануфактурата со машини и
меѓустепени, стр. 450 – 451, и за промената на индустриските гранки кои не
работат на фабрички начин во духот на крупната индустрија – домашното
работење како надворешно одделение на фабриката. Стр. 452. Во домашната
работа и модерната мануфактура експлоатацијата е уште побезобѕирна отколку
во вистинска фабрика. Стр. 453. Примери: лондонските печатници. Стр. 453.
Книгоподвезувачници, сортирници на крпи. Стр. 454. Фурни за печење цигли.
Стр. 455. Современата мануфактура во целост. Стр. 456. Домашната работа:
ткаење на чипки. Стр. 457 – 459. Плетење слама. Стр. 460. Премин на
фабрички начин на производство при достигнатите крајни граници на
искористување: Изработка на конфекција со машини за шиење. Стр. 462 – 466.
Забрзување на овој премин со проширување на принудните фабрички закони
кои го укинуваат дотогашното влечкање засновано на неограничената
експлоатација. Стр. 467. Примери: грнчарството. Стр. 468. Понатаму, дејство
на фабричките закони врз нередовното работење, до кое доаѓа поради
неуредните навики на работниците, како и поради сезоните и модата. Стр. 470.
34

Претерано работење покрај безделничење како последица на сезоните во


куќното работење и мануфактурата. Стр. 471.
Здравствени одредби во фабричките закони. Стр. 473. Одредби за
воспитувањето. Стр. 476.
Отпуштање на работниците само поради возраста, штом одраснат и
повеќе не одговараат за работата и не можат повеќе да живеат од детска
наемнина, а не се оспособиле ни за каква било друга работа. Стр. 477.
Укинувањето на mysteries17 и традиционалното закостување на
мануфактурата и занаетите од страна на крупната индустрија, која го
преобразува процесот на производството во свесна примена на природните
сили. Оттаму, наспроти сите поранешни форми, единствено таа е
револуционерна. Стр. 479. Но, како капиталистичка форма таа за работникот ја
задржува окаменетата поделба на трудот, а бидејќи крупната индустрија
секојдневно ја менува својата основа, работникот од тоа пропаѓа. Од друга
страна, токму оттаму, од оваа неопходност за менување на активноста на еден
ист работник, барање за негова најголема можна сестраност се појавува и
можноста за општествена револуција. Стр. 480 – 481.
Потреба да се прошири фабричкото законодавство на сите нефабрички
гранки на стопанството. Стр. 482 и понатаму. Законот од 1867. Стр. 485.
Рудниците, белешка 486 и понатаму.
Дејство на фабричките закони во правец на конкуренцијата,
преобразување на фабричкиот начин на производство, а со тоа на класичниот
облик на капиталистичко производство, во општ начин на производство,
заострување на нему својствените противречности, созревање на елементите за
рушење на старото и елементи за создавање на ново општество. Стр. 486 – 493.
Земјоделие. Туку истиснувањето поради машините е уште понагласено.
Заменување на селанецот со наемен работник. Уништување на селската куќна
мануфактура. Заострување на спротивностите меѓу селото и градот. Делење и
слабеење на земјоделските работници, додека градските работници се
концентрираат; оттаму наемнината на земјоделските работници на минимум.
Истовремено ограбување на земјата: круна на капиталистичкиот начин на
производство – цедење на изворите на секое богатство: земјата и работниците.
Стр. 493 – 496.

V. Понатамошни истражувања за произведувањето на вишокот на вредност18

17
занаети во чии тајни можел да навлезе само оној кој бил во нив професионално
упатен.
18
Тука ракописот се прекинува.
35

[1]
Конспектот на „Капиталот“, кој Енгелс го напишал во текот на 1868., сочуван во
ракопис, ги опфаќа само првите две третини од книгата, вклучувајќи ја 13. глава „Машини и
крупна индустрија“. Институтот за марксизам-ленинизам при ЦК КПСС првпат го објавува
конспектот како посебно издание на оригиналниот јазик.
[2]
По појавата на првото издание на првиот том на Капиталот (1867), Маркс
преработил поедини оддели од книгата и го изменил редоследот на својот труд. Наместо шест
глави и прилог на прва глава, второто и останатите германски изданија, се состојат од седум
оддели, со кои се опфатени вкупно 25 глави.
Страниците, кои Енгелс ги наведува во овој труд се однесуваат на првото издание на
првиот том на Капиталот.
Сите скратеници, кои во ракописот се недвоумечки дешифрирани, се дополнети. Во
сомнителните случаи, дополнетите делови се дадени во аглести загради.
[3]
Hic Rhodus, hic salta! – Во една Езопова басна некој фалбаџија изјавува дека на Родос
можел да прескокне многу. Речено му е: Тука е Родос, тука скокни!
[4]
Règlement organique од 1831 год. – прв устав на Дунавското кнежество (Молдавија и
Влашка), кои врз основа на едренскиот мировен договор од 14 септември 1829, со кој е
завршена руско-турската војна од 1828/1829, биле окупирани од страна на руските трупи. П. Д.
Кисељев, врховен командант на ова кнежество, имал проект за изработка на овој устав. Според
Règlement-от законодавната власт во секое кнежество се пренесува на собранието, бирано меѓу
земјопоседници, а извршната власт се пренесува на господарите, кои се бирани доживотно од
претставници на земјопоседниците, свештенството и градовите. Задржан е поранешниот
феудален поредок, вклучувајќи го и кулукот. Политичката моќ е сконцентрирана во раце на
земјопоседниците. Истовремено Règlement-от воведува и низа буржоаски реформи: укинети се
внатрешните царински граници, овозможена е слободна трговија, одвоени се правосудството и
управата; на селаните им е дозволено да именуваат земјопоседници, а и мачењето било укинато.
За време на револуцијата од 1848 год. Règlement organique е укинат.
[5]
Magna Charta Liberatum – Повелба на англискиот крал Џон I (без Земја), која овој ја
издал под притисок на побунетите феудални господари, барони и црквени главатари,
потпомогнати од страна на витезите и градовите. Со Magna Charta, потпишана на 15-ти јуни
1215, ограничени се правата на кралот, пред сè во корист на крупните феудални господари и се
задржани извесни привилегии на витезите и градовите; на мнозинството население, селани-
кметови, Magna Charta не им дала никакви права.
[6]
Лудити – учесници во работничкото движење во Англија во втората половина на 18.
и почетокот на 19. век, кое поради неразвиената свест на пролетаријатот имал карактер на
заговор против машините. (Зборот „лудити“ потекнува од името на легендарниот работнички
водач Нед Лад, кој, се претпоставува, прв го скршил разбојот за чорапи, како одговор на
самоволието на својот газда.) Движењето на лудитите претставувало израз на протест кај
работните маси против капиталистичката експлоатација.

You might also like