You are on page 1of 2

Наставен лист: ГЛАГОЛИ

Прочитај го внимателно текстот а потоа одговори на барањата!

Си седам јас така во меаната туку одеднаш дојде еден човек сиот задишан.
 Луѓе, на патеката кон шумата видов волци, беа десет!
 Не е можно! - се јавил еден од присутните.
Човекот ги собра рамениците, се замисли па намали на девет. Па на осум и
така дошол до еден. Кога ни на тоа не му поверуваа, ги крена рамениците и
рече:
 Пааа, нешто шушна, јас помислив дека се волци, и тоа десет.
Ја наведна засрамено главата и рече:
Ќе одам на нива, си го оставив таму магаренцето.
И засрамено замина. Во тој момент во меаната се разлеа весела смеа.

Пронајди ги глаголите во текстот и во табелите подреди ги според


барањата.

ГЛАГОЛИ
СЕГАШНОСТ МИНАТОСТ ИДНОСТ
1. Следниве реченици препиши ги така што ќе го промениш глаголското
време:

а) Мариjа прави букет од пролетни цвеќиња.- минато време

б) Тео подготвува куќичка за птици.- идно време

в) Ние садиме зеленило во дворот .-минато време

г) Во пролет врнат поројни дождови. -идно време

д) Ластовичките ќе прават гнезда под стреите.-сегашно време

You might also like