You are on page 1of 2

Описно оценување по предметот Германски јазик на учениците од

6 одделение за третото тримесечие во учебната

Име и презиме Описна оцена


5 - Активно учествува во работата на часот.
Умее да искаже мислење за некоја личност. Ги
препознава и чита наставните предмети и
училишниот прибор. Правилно ги користи
предвидените граматички структури и
комуникативни модели. Умее да спелува
зборови. Ги разбира и препознава најважните
информации во текстови. Пишува изучени
зборови и кратки состави со незначителен број
на грешки.
4 - Активно учествува во работата на часот.
Умее да искаже мислење за некоја личност. Ги
препознава и чита наставните предмети и
училишниот прибор со незначителен број на
грешки. Ги користи предвидените граматички
структури и комуникативни модели со мал број
на грешки. Може да ја разбере содржината на
едноставни текстови. Чита кратки текстови и
пишува со мал број на грешки.
3 - Ги завршува активностите предвидени за
часот. Применува ограничен фонд на зборови
од наставните предмети и училишниот прибор
со грешки кои не го попречуваат разбирањето.
Ги користи граматичките структури и
комуникативни модели со грешки. Ја разбира
содржината на едноставни текстови со помош.
Чита кратки текстови и пишува со потешкотии.
2 - Ги завршува активностите предвидени за
часот. Разбира ограничен фонд на зборови од
наставните предмети и училишниот прибор.
Применува граматички структури со голем број
на грешки кои го попречуваат разбирањето.
Чита со потешкотии. Пишува зборови и
едноставни реченици со голем број на грешки.
/ Со потешкотии ги завршува активностите
предвидени за часот. Разбира мал фонд на
зборови од наставните предмети и
училишниот прибор. Граматичките структури
ги разбира само со помош. Чита со помош на
наставникот. Пишува зборови со голем број на
грешки кои го попречуваат разбирањето.

You might also like