You are on page 1of 1

Описно оценување по предметот Германски јазик на учениците од 6

одделение за прво полугодие

Презиме и име на Оценка Описна оцена


ученик
5 Активно учествува во работата на часот и донесување на заклучоци.
Целосно ги усвои и применува изучените зборови. Применува познати
граматички структури без или со незначителен број на грешки (употреба на:
присвоен член за 1 и 2 лице еднина; глагол „sein" во еднина и множина;
негација „nicht“).Ги применува јазичните функции без или со незначителен
број на грешки. Разбира слушнат дијалог и соодветно реагира на истиот.
Чита кратки реченици, искази, текстови и натписи со познати зборови;
Продуцира и репродуцира едноставни искази во соодветни говорни
ситуации; Пишува краток текст, составува прашања, - без или со
незначителни грешки кои не го попречуваат разбирањето.

/ 4 Активно учествува во работата на часот. Применува фонд на изучените


зборови со незначителен број на грешки. Применува познати граматички
структури со мал број на грешки кои не го попречуваат разбирањето
(употреба на: присвоен член за 1 и 2 лице еднина; глагол „sein" во еднина и
множина; негација „nicht“).Ги применува јазичните функции со мал број на
грешки. Разбира слушнат дијалог и соодветно реагира на истиот. Чита
кратки реченици, искази, текстови и натписи со познати зборови;
Продуцира и репродуцира едноставни искази во соодветни говорни
ситуации; Пишува краток текст, составува прашања со познати зборови - со
мал број на грешки кои не го попречуваат разбирањето.

3 Применува ограничен фонд на познати зборови со грешки. Применува


познати граматички структури, но со повеќе грешки кои делумно го
попречуваат разбирањето (употреба на: присвоен член за 1 и 2 лице
еднина; глагол „sein" во еднина и множина; негација „nicht“). Применува дел
од јазичните функции; Чита познати зборови и кратки реченици и натписи;
Продуцира и репродуцира едноставни искази во соодветни говорни
ситуации; Пишува краток текст, составува прашања - со грешки кои
делумно го попречуваат разбирањето. Делумно разбира слушнат дијалог,
но делува несигурно при реагирање на истиот.

/ 2 Разбира ограничен фонд на зборовите со голем број на грешки. Малку ги


разбира или со поголема помош ги применува познатите граматички
структури (употреба на: присвоен член за 1 и 2 лице еднина; глагол „sein"
во еднина и множина; негација „nicht“ ). Со помош од наставник: применува
основни јазични функции; може да разбере слушнат дијалог и соодветно да
реагира на истиот; препознава изучени зборови, едноставни искази и
натписи. Потребна му е поголема помош при продуцирање и
репродуцирање на познати зборови и искази во соодветни говорни
ситуации. Пишува краток текст, составува прашања со голем број на
грешки кои го попречуваат разбирањето.

You might also like