You are on page 1of 15

TЕРМОДИНАМИКА

Хемиска рамнотежа
Хемиска рамнотежа

Да претпоставиме дека имаме една општа реакција од тип


A + B => C + D
и нека на почетокот постојат во системот што го
разгледуваме само рекатантите А и B. Како што реакцијата
протекува, така количествата на А и B се намалуваат со
текот на времето, додека количествата на продуктите C и D
прогресивно се зголемуваат. Меѓутоа, како количеството на
продуктите C и D се зголемува, така постои веројатност и
тие меѓу себе да реагират (или да се деградираат), и пак да се
добиваат реактанти. Во еден момент, доаѓа до изедначување
на брзините на директната и на повратната реакција, и
реакцијата како да е привидно во мирување, односно велиме
дека реакцијата дошла во состојба на рамнотежа.
Хемиска рамнотежа
е состојба во хемиските реакции при која брзините на
директната и повратната реакција се еднакви, така што
концентрациите на реактантите и продуктите не се
менуваат во текот на времето.
Пр: синтеза на јодоводород
Од H2 и I2
“синтеза на
H2 + I2 → 2 HI
јодоводород"

“дисоцијација на
2 HI → H2 + I2
јодоводород"
Закон за дејство на масите-важи за
состојба на рамнотежа!
Ако претпоставиме дека имаме една реакција од типот

aA + bB + cC + ...
<=> pP + qQ + rR + ...

Константата на Рамнотежа К за оваа реакција во


состојба на рамнотежа е дадена со изразот:
[P]p [Q]q [R]r ...
K eq = ---------------------
[A]a [B]b [C]c ...

[P], [Q], [R], [A],[B], [C] се симболи за рамнотежните концентрации на P, Q, R, A, B и C


Наместо [P], [Q]... може да се користи и симбол за МОЛАРНА КОНЦЕНТРАЦИЈА „с„
a, b, c, p, q, r се стехиометриските коефициенти што стојат пред соодветните продукти и
Реактанти во изедначената хемиска равенка
Практично значење на константата на
рамнотежа К
• Koga K>>1: рамнотежата е
aA + bB + cC + ... <=> pP + qQ + rR + поместена кон продуктите-тие се
... главна компонента во системот,
т.е. Тогаш во состојба на
рамнотежа конц, на продуктите е
поголема од конц на реактантите.
[P]p [Q]q [R]r ... • Koga K<<1: во состојба на
K = --------------------- рамнотежа има поголема
[A]a [B]b [C]c ...
концентрација на реактанти во
реакциониот систем.
• Кога K е блиску до 1, тогаш
имаме приближно блиски
концентрации на реактанти и
продукти во системот
• ВАЖНО!!! K НЕ МОЖЕ да
ИМА
НЕГАТИВНА ВРЕДНОСТ!!!
Зошто?
ЗАПАМТИ: ЕДИНИЦИТЕ НА КОНСТАНТАТА НА РАМНОТЕЖА ЗАВИСАТ
oд СТЕХИОМЕТРИЈАТА НА РЕАКЦИЈАТА!!!!

Пример: За реакција од типот

H2 + I2 = 2HI Keq = c(HI)2/[(c(H2) x c(I2)] = (mol/L)2/[(mol/L) x (mol/L)] = 1

…Нo, за реакцијата за добивање на вода од молекуларен водород и кислород...

2H2 + O2 = 2H2O Keq = c(H2O)2/[c(H2)2(c(O2)] = (mol/L)2/[(mol/L)2 x (mol/L)] = mol-1L

...додека за реакцијата

NH4Cl = NH3 + HCl

Keq = [c(NH3) x c(HCl)] / c(NH4Cl) = (mol/L) x (mol/L)]/ mol/L = (mol/L)


Поместување на рамнотежата во
хемиските реакции
Принцип на Le Chatelier's
Доколку на еден систем што се наоѓа во
хемиска рамнотежа, однадвор му се нанесе
некој стрес (промена), како на пример промена
на концентрација, притисок, температура, ...
тогаш рамнотежата ќе се помести во насока
што е спротивна на внесената промена, односно
во насока во која системот ќе ја неутрализира
(ќе се спротивстави) на внесената промена.
Услови што влијаат врз
хемиската рамнотежа
Пример: Гасна рамнотежа
катализа

N2(g) + 3 H2(g) <=====> 2 NH3(g) -Q


висок Р и висока Т

Значи да претпоставиме дека горната реакција


е во состојба на рамнотежа и да видиме како
промената на условите ќе влијае
врз промената на рамнотежата
Според принципот на Le
Chatelier
A. Промени во концентрацијата или Р

За реакцијата N2(g) + 3 H2(g)  2 NH3(g)

зголемувањето на концентрацијата на N2
и/илиH2 или притисокот, ќе предизвика
поместувањето на рамнотежата спрема
зголемена продукција на продуктот NH3
Принцип на Le Chatelier's
Ако пак во реакцијата

N2(g) + 3 H2(g)  2 NH3(g)

се намали концентрацијата на NH3 (доколку, на


пример, NH3 се одведува надвор од системот),
тогаш пак тоа ќе предизвика поместување на
рамнотежата кон зголемување на концентрацијата
на NH3
Принцип на Le Chatelier's
Промени на температурата
N2(g) + 3 H2(g)  2 NH3(g) -heat

Оваа реакција е егзотермна (се ослободува топлина од


системот кон околината “- heat”). Ако кон овој систем
доведеме однадвор топлина (т.е. ако системот го
загреваме), тогаш системот ќе се спротивстави на
доведената топлина однадвор, и рамнотежата ќе се
помести на лево спрема реактантите...значи за да
добиеме повеќе амонијак, системот треба да го
ЛАДИМЕ или да ја одведуваме ослободената топлина
при т.н. Хемоглобинско труење со јаглероден
моноксид, компетитивната реакција помеѓу CO и O2 со
хемоглобинот (Hb) може да се претстави со реакцијата
Hb(O2)4 + 4 CO = Hb(CO)4 + 4O2
како според принципот на Le Châtelier, ќе се спречи
труењето со CO?
Да се зголеми конц. на O2, да се намали конц на O2, да
се отстрани Hb?
Втор пример:

Реакцијата на дејството на медикаментите при лечењето на вирусните настинки


Може да се прикаже со следната упростена реакција

Медикаменти + вирус => отпадни продукти... и се ослободува -ТОПЛИНА

Прашање: на кој начин ќе ги победиме вирусите, поради кои


сме добиле и зголемена температура?
Примена на
Системите за
Зголемување на
Влажност на
Воздух во
Затворени
Простории
При вирусни
Заболувања

...влажен воздух
Е потежок од сув
Воздух може да ги
Ги одржува
Честичките од воздухот
На кој најчесто
Се лепат вирусите
Во квази-инертна
Состојба
Во подрачје поблиску до
Подот...
Најдобро и со
проветрување се
отстранува вирус
ВАЖНО ДА ЗНАЕМЕ ОД ОВАА ЛЕКЦИЈА

---Да го применуваме принципот на Ле Шателие во пракса во медицина

-Да знаеме како да ја дефинираме константата на рамнотежа за


Дадена изедначена хемиска реакција

-да знаеме да ги определиме единиците на таа константа на рамнотежа

-да знаеме ДА ПРОЧИТАМЕ што ни означува БРОЈНАТА ВРЕДНОСТ на


Дадена константа на рамнотежа (дали реакцијата е фаворизирана
Кон продукти или повеќе има реактанти во системот)

-ДА знаеме дека константата на рамнотежа НЕ МОЖЕ ДА ИМА


НЕГАТИВНА ВРЕДНОСТ (бидејќи е дефинирана преку концентрации, а
НЕМА НЕГАТИВНИ КОНЦЕНТРАЦИИ нели)

You might also like