You are on page 1of 19

Универзитетот „Св.

Климент Охридски“ – Битола

Факултетот за информатички и комуникациски техноогии

СЕМИНАРСКА РАБОТА

Предмет: Бизнис

ТЕМА:
НЕВРАБОТЕНОСТА И ИНФЛАЦИЈАТА

Ментор: Кандидат:

Доц. др-Божидар Миленковски Кристијан Смилковски

Бр. на индекс: 934/В

Велес, 2018
СОДРЖИНА
Вовед....................................................................................................................................... 3

1. Поим за невработеност.....................................................................................................4

2. Трошоци од невработеност..............................................................................................6

3. Политика за намалување на стапката на природна невработеност.............................6

4. Невработеноста во Република Македонија.....................................................................7

5. Поим за инфлација..........................................................................................................11

6. Трошоци од инфлација...................................................................................................14

7. Инфлацијата во Република Македонија.......................................................................15

8. Соодносто на невработеноста и инфлацијата во Република Македонија.................16

Заклучок................................................................................................................................18

Користена литература..........................................................................................................19

2
Вовед
Невработеност претставува социјално-економска појава, при кое дел од активната
работна сила во определена држава или регион бара работа но истата не можа да ја
пронајде. Како невработени според законот се сметаат оние работници кои имаат
навршено шеснаесет години, кои се способни за работа и самите сакаат да работат, но
немаат каде. Процентот за пресметување на бројот на невработените се пресметува кога
вкупниот број на невработените работници ќе се подели со бројот на населението кое е
способно за работа и тоа од 16 до 65 години. Постојат повеќе типови на невработеност:
моментална, структурна, циклична, класична и техничка невработеност.

Инфлација е поим, кој може да биде разгледуван од најмалку два аспекта. Под
инфлација се подразбира постојано и целосно покачување на паричните цени и постојано
опаѓање на покупителната способност на парите. Во современи услови, монетаристите
сметаат дека зголемувањето на количеството пари води до намалување на купувачката
способност на парите. Од друга страна пак, се смета дека причината произлегува од
недостиг на општото предлагање. Вториот смисол на поимот инфлација кој е прифатен од
сите економисти до крајот на 19 век, означуава зголемување на количеството пари во
економијата. Секое ново количество пари се користи за размена на блага и услуги.
Зголемувањето на количеството пари означуава покачување на побарувачката на блага од
страна на оние побарувачи кои први ги придобиваат новите пари.

3
1. Поим за невработеност

Во реалноста не секој што би сакал да работи има работно место, туку секогаш
постои извесна невработеност. Постоењето на невработеност укажува дека, во било кое
време не се сите ресурси на работна сила во опшеството активно инволвирани во
производството на стоки и услуги. Некои корисни мерки на пазарот на работна сила се:
стапката на невработеност, стапката на учество и соодносот на вработеноста. Стапката на
невработеност е делот од работната сила кој е невработен. Учеството на возрасно
население во работната сила претставува стапка на учество. Односот вработен
претставува учество на вработените во возрасното население.

Временскиот период во кој поединецот е постојано невработен се нарекува период


на невработеност. Должината на време во кое трае периодот на невработеност се нарекува
времетраење. Времетраењето на периодот на невработеност во голем обем го определува
степенот на тешкотија и страдање на невработениот работник. Траењето на периодот на
невработеност се карактеризира со две противречни изјави: повеќето периоди на
невработеност траат кусо, околу два месеци или помалку; и повеќето луѓе кои остануваат
без работа на определен датум, доживуваат невработеност со долго времетраење. 1

Дури и кога економијата се наоѓа во силен пораст е се креираат повеќе работни


места, некои луѓе остануваат невработени. Постојат два вида на невработеност и тоа:
фрикциона невработеност и структурна невработеност. Тие секогаш постојат на пазарот
на работна сила и на тој начин ја спречуваат стапката на невработеност да достигне нула.

Невработеноста што настанува кога работниците бараат соодветни работни места,


а фирмите бараат соодветни работници се нарекуваат фрикциона невработеност. Бидејќи
економијата е динамична, со работни места кои постојано се создаваат и исчезнуваат и
работници кои постојано влегуваат или излегуваат од работната сила, секогаш постои
определена фрикциона невработеност, бидејќи работниците се поврзуваат со соодветни
работни места.

1
Edmund S. Phelps, "The New Microeconomics in Inflation and Employment Theory", American Economic
Review, 59(2), May 2005, стр. 48.

4
Долгорочната и хронична невработеност, која постои и дури и кога економијата не
е во рецесија се нарекува структурна невработеност. Структурната невработеност
настанува поради две главни причини.2

Прво, неквалификуваните или ниско квалификуваните работници често не се во


можност да добијат долгорочни работни места кои ги посакуваат. Работните места кои за
нив се достапни, вообичаено нудат релативно ниски наемнини и мали шанси за обука и
напредување. На некои работници со ниско ниво на квалификуваност им се овозможува
да стекнат доволно обука или искуство, за да добиат посигурно, долгорочно работно
место. Меѓутоа поради факторите, како што се неадекватна едукација, дискриминација и
јазични бариери, некоии неквалификувани работници никогаш не преминуваат во
долгорочна вработеност и остануваат хронично невработени.

Вториот извор на структурна невработеност е реалокацијата на работната сила од


индустрии кои се во опаѓање или во неразвиени региони, во области кои се во подем.
Поради комбинацијата на фрикциона и структурна невработеност, стапката на
невработеност во економијата не е никогаш нула. Стапката на невработеност која
преовладува кога аутпутот и невработеноста се на ниво на полна вработеност се нарекува
природна стапка на невработеност. Природната стапка на невработеност ја претставува
невработеноста која е резултат на фрикциони и структурни причини.

Разликата помеѓу актуелната стапка на невработеност и природната стапка на


невработеностсе нарекува циклична невработеност. Цикличната невработеност е
позитивна кога аутпутот и вработеноста во економијата се под нивоата на полна
вработеност, а негативна кога аутпутот и вработеноста ги надминуваат нивоата на полна
вработеност.

2
Scott Freeman and Finn E. Kydland, "Monetary Aggregates and Output", Working Papers 98-013A, Federal
Reserve Bank of St. Louis, 2008, стр. 76

5
2. Трошоци од невработеноста

Постојат два основни трошоци од невработеноста. Првиот е загуба на производство


која настанува бидејќи помалку луѓе се продуктивно вработени. Друг значаен трошок на
невработеноста е личниот или психолошки трошок со кој се соочуваат невработените и
нивните семејства.

Трошокот на невработеноста е реален и сериозен, но треба да се забележат два


балансирачки фактори. Прво, според степенот на учество на невработените во економски
непродуктивни активности, како што се барање работа или стекнување на нови
способности, губитокот на производство кој потекнува од моменталната невработеност
може да биде компензиран од зголеменото производство во иднина.

Класичните и Кензијанските економисти се сложуват дека иако стапката на


остварена невработеност може да отстапува од стапката на природна невработеност на кус
рок, на долг рок тие се изедначуваат. За да се разбере однесувањето на невработеноста во
целост потребна е идентификација на детерминантите на стапката на природна
невработеност.

3. Политики за намалување на стапката на природна невработеност

И од економски и од социјални причини, економската политика треба да се


користи во обидот да се намали стапката на природна невработеност. Иако не постои
сигурен метод за намалување на стапката на природна невработеност, предложени се
неколку стратегии:3

• Подршка за владата за обука и реалокација на работниците. Претпријатијата имаат


силни мотиви да пронајдат и обучат способни работници, а вработените имаат исто толку

3
Трпески Љупчо, Пари и банкарство, второ издание, Универзитетски учебник, Economy Press, Скопје, 2003,
стр. 97

6
силни мотиви да најдат продуктивни работни места. Доколку овие мерки го дадат
очекуваниот ефект, побрзо ќе се елиминира несоодветното поврзување на работниците со
работните места и ќе опадне стапката на природна невработеност.

• Зголемена флексибилност на пазарот на работна сила. Владините регулации ги


одредуваат минималните наемнини, работните услови, бенефициите за работниците,
условите за отпуштање на работник и многу други услови за вработување. Овие
регулативи можеби се добронамерни, но го зголемуваат трошокот за вработување на
дополнителни работници, особено работници со ограничени работни способности и
искуство.

• Реформа на осигурувањето за невработени. Иако ОН обезбедува основна подршка


за невработените, може исто така да ја зголеми стапката на природна невработеност преку
продолжување на периоидот во кој работникот бара работа и преку зголемување на
иницијативите за отпуштање на работниците за време на затишје во работата.

• Економија на висок притисок. Класичните и Кензијанските економисти генерално


се сложуваат дака политиката на макроекономска стабилизација може да се употреби за да
се влијае врз стапката на природна невработеност. Некои подржувачи на теоријата за
хистерезија го дебатираат ова гледиште. Тие тврдат дека доколку монетарната и
фискалната политика агресивно се употребат да ја одржат невработеноста што пониско
тогаш стапката на природна невработеност конечно ќе опадне.

4. Невработеноста во Република Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во II тримесечје од 2013 година


активното население во Република Македонија брои 952 327 лица од кои вработени се 678
467, а 273 860 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57.1, стапката
на вработеност 40.7, додека стапката на невработеност 28.8.4

4
http://www.stat.gov.mk/pdf/2013/2.1.13.28.pdf

7
Табела бр. 1 Број на вработени и невработени лица во Република Македонија
2016/2017 год.

Извор: http://www.stat.gov.mk/pdf/2018/2.1.18.05.pdf

Графикон бр. 1

Стапка на невработени лица во РепубликаМакедонија во период од 1996-2011

Извор: http://www.stat.gov.mk/OblastOpsto.aspx?id=14

Според податоците на државниот завод за статистика во Македонија бројот на


активно население кое може да работи изнесува околу 953692 илјади лица во просек. Од
нив околу 723550 илјади лица или 79% проценти од вкупното работоспособно население

8
се вработени, а околу 208486 илјади лица или 21 процент се невработени. Но колкав е
бројот на невработени лица, кои активно бараат работа на никој не му е познат. Она што
со сигурност се знае е дека бројот на невработени е многу помал од официјалниот. Тоа го
потврдуваат и многубројните анализи кои се направени. Според овие економски анализи и
покрај тоа што расте бројот на невработени, истовремено се зголемува и бројот на лицата
кои престанале активно да барат работа.

Тоа според експертите се должи на големата финасиска подршка која овие лица ја
добиваат од своите роднини од странство, но и бесплатното здравствено осигурување.
Што, со еден збор значи дека на оваа категорија граѓани им е поубаво да бидат
невработени, односно тие бараат работа а молат бога да не ја најдат. Но колкав е бројот на
оние, кои навистина бараат работа. Според извршниот претседател на Конфедерацијата на
работодавачи, Миле Бошков, најмалку 50 илјади лица што во Македонија се водат како
невработени, всушност работат во странство.

Ова бројка можеби е многу поголема со оглед на фактот што земјава во последните
15 години ја напуштиле од 150 до 200 илјади лица. Станува збор за претежно млади луѓе
кои се заминати на привремена работа во странство и голем број од нив сеуште се
заведени во Државната агенција за вработување. Освен големиот број на печалбари кои
бараат работа само формално, и голем број на земјоделци, се занимаваат со земјоделство а
се регистрирани како невработени. Колкав е нивниот број никој со сигурност не може да
каже, но по се изгледа не е мал со оглед на тоа што околу 40 проценти од вкупното
население во нашата земја се занимава со земјоделство, што е околу една третина од
вкупното работоспособно население.

Кон овие големи групи на лица кои само декларативно бараат работа се разбира
дека може да биде ставена и муслиманската а особено албанската жена. И покрај тоа што
муслиманската жена последните година доживува голема еманципација, сепак голем е
бројот на муслиманки кои сеуште почитуваат некои традиционални вредности, според кои
обврска на жената е да седи дома и да биде домаќинка отколку да работи.

Ова се потврдува и со податокот што само околу 10 до 15 проценти од


работоспособните албански жени работат, за разлика од албанските мажи каде што

9
вработеноста изнеува и до 50 проценти. Ако се согледа сето оваа може да се потврди
ставот на Бошков според кого, доколку се избришат сите невработени луѓе од регистарот
за невработени, кои не бараат активно работно место во период од месец дена, бројката на
невработени ќе биде 12 проценти.

Бошков смета дека, за да се намали бројот на невработени, потребни се промени во


начинот на регистрирање на привремено вработените, промени во законот за пензиско и
инвалидско осигурување и промени во законот за социјална заштита. Дека ќе се работи на
тој план потврди и Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, според
него, невработеноста е пониска за дури 20% од она што го објавува Заводот. Виновни за
тоа биле работодавачите кои не ги пријавуваат вработените во Агенцијата за вработување,
но и самите вработени кои се пријавуваат како невработени само за да користат
определени бенефиции.

Така според за да се намали бројот на невработени потребни се структурни


промени. За видливо намалување на невработеноста потребен е економски раст од 5 до 6
проценти и вложување во обука на невработените. Со оглед на тоа што Македонија пред
почетокот на светската економска криза имаше економски раст од 7 проценти, а се
очекува во наредните години растот на бруто општествениот производ повторно да се
врати на тоа ниво, шансите да се надмине овој горлив проблем се многу реални. Но освен
економскиот раст потребно е и поголемо вложување во создавањето на стручна и
квалификувана работна сила, и тука веќе се превземаат конкретни мерки со отварањето на
голем број на факултети.

10
5. Поим за инфлација

Секој ќе се согласи дека инфлацијата е пад на вредноста на парите, односно за


дадена количина на пари можеме да купиме помалку производи. Традиционалната
дефиниција за инфлацијата е: „... зголемување на општото ниво на цените“ . Постојат три
начини на предизвикување инфлација, и тоа:5

 Кога потрошувачите, претпријатијата и владата трошат премногу пари на


постоечките производи и услуги, оваа прекумерна потрошувачка може да ги
зголеми цените;
 Цените растат доколку пораснат трошоците на производството, а производителите
настојуваат да го одржат својот профит на исто ниво;
 Недостигот на конкуренцијата помеѓу производителите истотака може да
предизвика инфлација.

Според ова се воспоставува дека се може да предизвика инфлација. Кои и да се


причини, човекот може многу малку да направи за да ја спречи. Една од причините
поради кои што неможе да се спречи инфлацијата е и тоа што таа е дел од деловниот
циклус. Според мислењето на советскиот економиста Николај Димитриевиќ Кондратаев
(Nikolai Dimitriyevich Kondratyev), економиите следат долготрајни деловни циклуси: прво
неколку декади просперитет, а потоа неколку декади криза.

Државната власт има типично решение за инфлацијата: наметнување контрола на


растот на заработувачката и цената. Сепак, овие мерки не делуваат секогаш. Причината
што државната власт не може да ја контролира инфлацијата е во тоа што таа не ги знае
вистинските причини за нејзината појава. Можно е таа да ги „напаѓа“ последиците од
инфлацијата а не причините за нејзиното настанување.

Тврдењето дека причината поради која што контролата на заработувачката и


цените не делува бидејќи таа ги „напаѓа“ последиците а не причините, е докажано во
третото дополнително издание на Вебстеровиот речник. Тој инфлацијата ја дефинира

5
“Основи на Микроекономијата”, Академик Таки Фити, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје ,
Економски факултет, 2004 год., стр. 157

11
како:„ Зголемувањето на количините на парите и кредитите во однос на достапните
производи, резултира со стален пораст на општото ниво на цените“. Како причината за
појава на инфлацијата ја наведува зголемената количина на пари во оптег, а како резултат
на инфлацијата се појавува растот на цената.

Од друга страна Вебстер, универзитетски, инфлацијата ја дефинира како:


„Релативно големо зголемување на количините на парите во оптег или кредитите, или пак
зголемување и на двете количини, во однос на обемот на берзанските работи“. Причина
за инфлацијата е зголеменото количество на пари во оптег, која што секогаш
предизвикува пораст на цените.

Инфлацијата има причина и последица: причината е зголемувањето на парите во


оптег, додека пак последицата е растот на цените. Ифлацијата најчесто се мери преку
индекс на општо ниво на цени, од кои најчесто со помош на CPI или consumer price index,
овај индекес ги вклучува трошоците потребни за сите добра и услуги на едно просечно
урбано четиричлено семејство во рок од една година. Инфлацијата упростено е
процентуална промена на општото ниво на цени. По однос на големината на инфлацијата
можиме да поделиме на три дела:6

* Умерена инфлација, е едноцифрена инфлација, оваа инфлација е нормална за сите


пазарни економии и нема штетни ефекти, и го поткрепува економскиот раст.

* Галопирачка инфлација, инфлација која преминува 10%, и доколку не се направат


обиди да се заузда може да премине во неконтролирана или хиперинфлација која што е
опасна. При галопирачка инфлација надлежните институции мораат да делуваат да се
спречи и намали понатамошниот раст на општото ниво на цените

* Хиперинфлација, е инфлација која што ги разорува сите пори на економијата, каде


што парите нагло ја губат вредноста и предизикуваат за искривување на релативните цен,
прераспределба на богатсвото и воопшто уништуваат една економија. Историјата има
видено неколку хиперинфлации, меѓу кои онаа после првата светска војна која ги зафати
Германија, Грција, Унгарија, Австрија и др земји. Исто така и од поново време датира

6
David Romer, Advanced Macroeconomics, Second editions, University of California, Berkeley, 2001, стр. 460

12
хиперинфлацијата во Југословенската Федерација од 90тите кога поради војната државата
изврши голема монетарна експанзија, испечати премногу пари, со што ја предизвика
хиперинфлацијата. Интересен парадокс, е онај кога после првата светска војна во
Германија, на некој човек кој одел на пазар со вреќа пари за да купи 2-3 компири и бил
ограбен, при што крадците му ја украле вреќата додека парите ги оставиле. Тоа само го
докажува наглото обезвреднување на парите.

5. Трошоци од инфлацијата

Трошоците од инфлацијата примарно зависат од способноста на потрошувачите,


инвеститорите, работниците и претпријатијата да ја предвидат нејзината појава. За
илустрација на ова гледиште ќе разгледаме два екстремни случаи: инфлација која секој би
можел да ја предвиди и инфлација која претставува комплетно изненадување.

Совршено антиципирана инфлација. Прво го разгледуваме случајот на инфлација


која јавноста може комплетно да ја антиципира. Цените кои што ги плаќата за
прехрамбени производи, карти за кино и останати стоки би се покачиле за 4 % годишно,
но исто така би се зголемила и номиналната плата или номиналната вредност на стоките
или услугите што ги произведувате. Заради тоа што номиналниот приход расте заедно со
цените, куповната моќ не е намалена од перфектно антипицираната ифлација. Што со
парите што ги имате на штедната сметка? Иако инфлацијата ја намалува куповната моќ на
парите, совршено антиципираната инфлација ја нема да и наштети на вредноста на
штедната сметка. Причина за ова е можноста за прилагодување на номиналната каматна
стапка за да го неутрализира падот на куповната моќ на парите.

Сугестијата дека совршено антиципираната инфлација не наметнува економски


трошоци не е сосема точна: инфлацијата ја едорира вредноста на парите, што води кон
намалување на готовината кај населението. Вториот трошок при совршено антиципирана
инфлација потекнува од трошоците за менување на номиналните цени. При контуиран
пораст на инфлацијата и цените, продавачите на стоки и ускуги мора да користат ресурси
за да ги изменат номиналните цени.

13
Неантиципирана инфлација. Јавноста има поголема аверзија кон неантиципираната
инфлација – инфлација која се разликува од очекуваната стапка. Со заработување на
пониска остварена реална каматна стапка, губите како резултат на неантиципираната
инфлација. Сепак, вашиот губиток претставува добивка за банката затоа што таа плаќа
пониска реална каматна стапка од очекуваната. Доколку остварената стапка на инфлација
би била пониска од очекуваната, улогите би биле спротивни. Примарниот ефект на
неантиципираната инфлација е трансфер на богатство од едно лице или претпријатие на
друго.

6. Инфлацијата во Република Македонија

Високата инфлација е знак за нарушување на макроекономската рамнотежа. Таа го


намалува економскиот раст со што се намалуваат можностите за остварување на целите на
одржливиот развој. Во 2021 година е забележана инфлација од 2%, што придонесе за
зголемување на трошоците за живот просечeно годишно за 2% (2008-2018).
Графикон бр. 2
Инфлацијата во Република Македонија (2008-2018)

Извор: Народна Банка на Република Македонија, http://www.nbrm.mk/ns-


newsarticle-soopstenie-na-nbrm-12102017-godina.nspx

14
Во однос на конкретните економски показатели, по падот на економската
активност на БДП во второто тримесечје од 2017 година, високофреквентите показатели
за третиот квартал даваат различни сигнали. Поволни движења се забележуваат во
градежниот сектор и трговијата, а воедно поволни се и сигналите коишто ги даваат и
анкетните истражувања за економската доверба. Од друга страна, движењата во
индустрискиот сектор се понеповолни во однос на вториот квартал. Сепак,
расположливите високофреквентни податоци за третото тримесечје се ограничени, заради
што тешко може да се формира прецизна оцена во поглед на динамиката на активоста во
овој квартал. Во однос на проектираната патека до крајот на годината, пониските
остварувања во првата половина од годината создаваат надолни ризици за проекцијата на
БДП од 2,5% за цела 2017 година.

Податоците за инфлацијата за септември укажуваат на одредено забавување на


годишната стапка на инфлација на 1,7%, при што просечниот годишен раст на цените во
првите девет месеци изнесува 1,1%. Просечниот раст на цените во овој период е одраз
првенствено на базичната инфлација, и во помал дел на цените на енергијата. Цените на
храната и понатаму имаат негативен придонес кон просечната промена на цените, којшто
сепак постепено се намалува. Остварувањата кај инфлацијата, главно се во склад со
проекцијата, а очекувањата за влезните претпоставки за увозните цени на примарните
производи главно се надолни, но сепак исклучително променливи. Во вакви околности
ризиците околу проекцијата на просечната инфлација за 2017 година (1,3%) се оценуваат
како врамнотежени.

15
7. Соодносто на невработеноста и инфлацијата во Република Македонија

NAIRU (англиски: Non Accelerating Inflation Rate of Unemployment) претставува


стапка на невработеност при која нема тенденција за забрзување на инфлацијата.
Значењето на овој концепт произлегува од долгите временски задоцнувања на
монетарната политика, поради кои централната банка мора да биде превентивна, односно
да дејствува пред инфлацијата да почне да расте. Еден сигнал за идните промени на
инфлацијата е јазот меѓу тековната невработеност и стапката на невработеност што не ја
забрзува инфлацијата (NAIRU). Со други зборови, "NAIRU" ја претставува стапката на
невработеност на која инфлацијата не се очекува ниту да порасне ниту да опадне.

Графикон бр. 3 Невработеност vs инфлација во Р.Македонија

Истражувањата направени врз основа на податоците за инфлацијата и


невработеноста во Македонија за периодот 2004-2012 година покажале дека постои
кусорочна размена помеѓу инфлацијата и невработеноста, т.е. важи кусорочната
Филипсова крива со својот познат опаѓачки наклон.

На графиконот погоре претставена е зависноста меѓу невработеноста и


инфлацијата во Република Македонија за периодот 2004-2012 година на квартално ниво.
Од графиконот може да се забележи дека филипсовата крива во периодот 2009-2012
година се поместила во лево во однос на периодот 2004-2008 година. Доколку овие два

16
периода ги разгледаме поединечно, можно е за секој од нив да се оцени NAIRU стапката
на невработеност т.е. стапката на невработеност што не предизвикува пораст на
инфлацијата. Имено, врз база на оцетиот реципрочен модел, може да се заклучи дека
NAIRU стапката на невработеност од 37,4% (за периодот 2004-2008) се намалила на 32,7%
(за периодот 2009- 2012). 7

Поместувањето на филипсовата крива во лево претставува индикатор за


зголемување на ефикасноста на политиките, т.е. можност за постигнување пониска
невработеност без, при тоа, да се создадат предуслови за пораст на инфлацијата. На ова
место се поставува прашање за тоа кои се причините што доведоа до вакво поместување
на филипсовата крива во Република Македонија во изминатиот четиригодишен период?
Потенцијалното објаснување можеме да го бараме кај повеќе фактори како што се:
ефектите од институционалните промени на пазарот на труд, промените во фискалната
политика и јавната потрошувачка, како и промените во монетарната политика.8

7
Димитар Николоски, "Филипсовата крива во Република Македонија како инструмент за креирање
политики", Економија и бизнис, год. 16, бр. 179, мај 2013, стр. 46.
8
ibd. Стр. 47

17
Заклучок

Невработеноста и инфлацијата често се нерекуваат и „близни зла“ на


макроекономијата и спаѓаат помеѓу најтешките и политички чувствителните економски
прашања со кои се соочуваат креаторите на политиката.. Високите стапки на
невработеноста и инфлацијата генерираат голема загриженост кај јавност, бидејќи
нивните ефекти се директни и видливи. Во макроекономијата постои мисла дека
невработеноста и инфлацијата се некако поврзани. Поврзаноста помеѓу невработеноста и
инфлацијата може да се објасни преку концептот на Филипсовата крива. Според овој
концепт инфлацијата има тенденција да биде ниска кога невработеноста е висока, а висока
кога невработеноста е ниска. За да се намали инфлацијата, економијата мора да толерира
висока невработеност, или за да ја намали невработеноста мора да се прифати повисока
инфлација.

Истражувањата направени врз основа на податоците за инфлацијата и


невработеноста во Македонија за периодот 2004-2012 година покажале дека постои
кусорочна размена помеѓу инфлацијата и невработеноста, т.е. важи кусорочната
Филипсова крива со својот познат опаѓачки наклон. Врз таа основа била оценета стапката
на невработеност која не предизвикува зголемување на инфлацијата (NAIRU) за
македонската економија и таа изнесувала 37,4% за периодот 2004-2008 година и 32,7% за
периодот 2009-2012 година. Споредено помеѓу двата подпериода, дошло до поместување
на кусорочната Филипсова крива налево, т.е. кон пониска стапка на невработеност, што
може да се смета за индикатор за зголемување на ефикасноста на економската политика.
Тоа вообичаено се објаснува со дејството на повеќе фактори, како што се:
институционалните промени на пазарот на труд, промените во јавната потрошувачка и во
фискалната политика, како и промените во монетарната политика. Сумирано, на
седницата беше заклучено дека постојните економски и финансиски услови, како и
постоечките ризици укажуваат на тоа дека постојната монетарна поставеност засега е
соодветна. Екстерната позиција гледана преку остварувањата кај тековната сметка на
билансот на плаќања, генерално е во рамки на очекувањата и покажува задржување на
здрави економски фундаменти.

18
Користена литература:

1. Edmund S. Phelps, "The New Microeconomics in Inflation and Employment Theory",


American Economic Review, 59(2), May 2005
2. Scott Freeman and Finn E. Kydland, "Monetary Aggregates and Output", Working
Papers 98-013A, Federal Reserve Bank of St. Louis, 2008
3. Трпески Љупчо, Пари и банкарство, второ издание, Универзитетски учебник,
Economy Press, Скопје, 2003
4. Димитар Николоски, "Филипсовата крива во Република Македонија како
инструмент за креирање политики", Економија и бизнис, год. 16, бр. 179, мај 2013
5. David Romer, Advanced Macroeconomics, Second editions, University of California,
Berkeley, 2001
6. Одржлив развој, 2012, Државен завод за статистика
7. http://www.stat.gov.mk/pdf/2013/2.1.13.28.pdf
8. http://www.nbrm.gov.mk/

19

You might also like