You are on page 1of 3

Задачи за учениците за периодот од 27.04.-30.04.2020 год.

Одделение: VI

Наставна содржина: Wo ist denn nur der Aufsatz? – определен член во номинатив и
акузатив (директен предмет)

Наставник: Лилјана Димеска

Уште во првото полугодие учевме кои се формите од определениот член и


пред кои именки истиот се употребува. Да ве потсетам:

Определениот член има 3 форми и тоа:

- der - се употребува пред именки од машки род


- das - се употребува пред именки од среден род
- die - се употребува пред именки од женски род и множина

Вашето знаење за определениот член треба да го прошириме, така што ќе кажеме


дека овие три форми стојат пред именки во НОМИНАТИВ, кои се подмет во
реченицата.

НОМИНАТИВ (NOMINATIV) е основен падеж и еден од четирите падежи во


германскиот јазик. Номинативот го означува ПОДМЕТОТ во реченицата. Скратено
се обележува со големата буква N.

ПОДМЕТ во една реченица е вршителот на глаголското дејство, се бара со


прашањето КОЈ за лица и ШТО за предмети.

- Ученикот е тука.

Кој е тука? – Ученикот, значи ученик во оваа реченица е подмет

- Моливот е тука.

Што е тука?- Моливот, значи моливот во оваа реченица е подмет

Покрај номинатив, денес треба да научиме дека АКУЗАТИВ (AKKUSATIV,


скратено Akk.) се вика падежот што го означува ДИРЕКТНИОТ ПРЕДМЕТ во
реченицата.

ДИРЕКТЕН ПРЕДМЕТ е дел од реченицата врз кој преминува дејството на


прирокот, тој е трпителот, подносителот на дејството. Се наоѓа со
прашањата: ШТО? (за предмети) и КОГО (ГО)? (за лица).

- Ученикот пишува состав.

Кој пишува состав? – Ученикот, значи ученикот е подмет во реченицата.

Што пишува ученикот? – Состав, значи состав е директен предмет во реченицата.

- Јас јадам хамбургер.

Кој јаде хамбургер? – Јас, значи јас сум подмет во реченицата.


Што јадам јас? – Хамбургер, значи хамбургер е директен предмет во реченицата.

Ако една именка е од машки род и притоа е директен предмет во


реченицата, определениот член што стои пред неа ќе биде den.

Во табелата подолу прикажано е како се менува определениот член во


номинатив и акузатив:

машки род среден род женски род множина


Nominativ (N) der das die die

Akkusativ den das die die


(Akk.)

Забележете дека формата на членот во номинатив и акузатив е различна само


кај машки род – номинатив е der, акузатив е den, додека кај другите родови и во
множина двете форми се исти.

Да ги преведиме гореспомнатите реченици на германски.

Ученикот е тука.

подмет

der Schüler- ученик

Der Schüler ist hier.

Моливот е тука.

подмет

Der Bleistift ist hier.

Ученикот го пишува составот.

Подмет директен предмет

der Aufsatz- состав

Der Schuler schreibt den Aufsatz.

Јас го јадам хамбургерот.

подмет директен предмет

Ich esse den Hamburger.

- Учебник стр. 53, вежба бр. 5 Wo ist denn nur der Aufsatz? (Каде е па
составот?

Прочитајте го дијалогот, потоа во тератките напишете уште 4 такви дијалози со


замена на Aufsatz со именките дадени по дијалогот ( der/den Schreibtisch- работна
маса, биро, das/das Diktatheft- тетратка за диктати, die/die Hausaufgabe- домашна
работа, die/die Übungen- вежби)

Нови зборови:

der Aufsatz- состав


wo?- каде
Auch das noch!- Уште тоа фали!
denn- па
jetzt- сега
Tut mir leid.- Жал ми е
Ich habe den Aufsatz vergessen. – Го заборавив составот.
So geht das nicht!- Вака не оди.
vergessen- заборава
1.ich vergesse
2. du vergisst
3. er,sie,es vergisst
1. wir vergessen
2. ihr vergesst
3. sie/ Sie vergessen
immer- секогаш
etwas- нешто
Das gibt’s eine Sechs.- Тоа носи шестка. (најмала оценка на германски)
das Notenbuch- дневник со оцени,
glauben- мисли
heute- денес

You might also like