Professional Documents
Culture Documents
Германска граматика
Германска граматика
Содржина
Именки
Родови
Падежи
Општо
Генитив
Датив
Падежи после препозиции
Препозиции и падежи
Деклинација на придавките
Множина
Номинални фрази
Генитив атрибут
Позиција
Проширена атрибутивна фраза
Релативни реченици
Членови и членови како зборови
Основни броеви
Придавки
Заменки
Лични заменки
Глаголи
Деливи глаголи
Модални честички
Реченици
Поврзано
Именки
Именките во германскиот јазик имаат три специфични родови (машки, женски и среден род).
Именките се деклинираат според падежи и граматички броеви. Сите именки се пишуваат со голема
буква.
Родови
Германски јазик ги има сите три родови од доцните Индоевропски прајазици – машки, женски и
среден род. Секоја именка во германскиот јазик има еден од овие родови. Граматичкиот род на
именката во германскиот јазик не секогаш соодветствува со природниот пол на предметот. Именките
кои означуваат личност, како die Frau („жена“) или der Mann („маж“), генерално се совпаѓаат со
природниот род на она што се опишува. Меѓутоа, секоја именка во германскиот јазик која завршува
на –chen или на –lein граматички е среден род, но постојат исклучоци како das Mädchen („девојче“) и
das Fräulein („госпоѓица“). Но, ова не е нелогично бидејќи das Weib (старо, регионално или
антрополошки: жена) е навистина исклучок. Покрај тоа во германскиот јазик дури и именките без
природен род имаат род. На пример основните три парчинња прибор за јадење имаат различен род:
das Messer („нож“) е среден род, die Gabel („вилушка“) е женски, а der Löffel („лажица“) е машки род.
Оние кои го учат германскиот јазик често се советувани германските именки да ги учат заедно со
нивниот определен член бидејќи определениот член на именката одговара на родот на именката.
Сепак со значењето или формата, особено со последните неколку букви од именката може да се
прпознае родот на 80% од именките. На пример, именките кои завршуваат на –heit, -keit, -tät, -ung, -
ik, или –schaft се женски род. Како што е наведено погоре именките кои завршуваат на –chen или –
lein се среден род. Именките кои завршуваат на –e претежно се од женски род; сепак тоа не е општо
правило: die Katze („маче“), die Blume („цвеќе“) и die Liebe („љубов“) се од женски род, но der Bote
(„курир“) е машки род, а das Ende („крај“) е среден род. Слично е и со именките кои завршуваат на -
er, тие претежно се од машки род (der Teller, der Stecker, der Computer); сепак das Messer („нож“) и
das Wasser („вода“) се од среден род, додека die Mutter („мајка“) може да биде женски род, како и die
Butter („путер“) во многу форми на горногермански јазик, иако на швајцарското и австробаварското
наречје е der Butter.
Падежи
Општо
Во германскиот јазик има четири граматички падежи со кои се моделираат именките, придавките и
заменките. Падежите се номинатив (Nominativ/Werfall), генитив (Genitiv/Wesfall), датив
(Dativ/Wemfall) и акузатив (Akkusativ/Wenfall). Падежот на одередена именка зависи од граматичката
функција на именката во реченицата.
Еднина: Множина:
Ном: der Tisch die Tische
Ген: des Tisch(e)s der Tische
Дат: dem Tisch(e) den Tischen
Акк: den Tisch die Tische
Следната реченица (во која се присутни сите падежи) ќе ви помогне да ги разберете падежите:
Mein Freund hat mir ein Foto seines neues Autos gezeigt. (Мојот пријател ми покажа слика од неговиот
нов автомобил)
Оваа реченица е пример за тоа како се употребуваат падежите во германскиот јазик (и во сите други
јазици со граматички падеж). За полесно да се одредат падежите во реченицата, се служиме со
следните прашања:
Прашање:Wer oder was hat mir ein Foto gezeight? (кој или што)
Прашање: Ein Foto wessen hat mir mein Freund gezeigt? (чиј)
Прашање: Wen oder was hat er mir gezeigt? (кого или што)
За разлика од променетите јазици како латински, германскиот падежите повеќе ги изразува преку
членот на зборот отколку со завршетокот на зборот, иако нема некоја посебна разлика помеѓу
множина и еднина падежите се изразуваат и преку суфикси на зборовите (der Tisch, die Tische). Други
исклучоци за суфиксите кои го изразуваат падежот на именката заедно со членот се формите во
генитив еднина и датив множина. Сепак сеуште може да се каже дека пренесувањето на падежната
информација на членот се сочувани во системот за падежи на германскиот јазик низ својот развој од
Стар Висок германски до современиот германски јазик.
Генитив
Сепак, една германска книга наречена Der Dativ ist dem Genitiv sein Tod („Датив е на Генитив смртта“)
алудира на појавата (која авторот ја нарекува „смртоносната борба на Генитивот“) во нејзиниот
наслов. На стандарден германски, насловот би гласел „Der Dativ ist der Tod des Genitivs“ („Датив е
смртта на Генитивот“). Како што се гледа во самата книга е употребуван дијалект од погорното
германско подрачје, каде што се применува дативот заедно со присвојни заменки наместо генитив.
Обидот да предизвика забава кај она што авторот го гледа како изумирање во германскиот јазик се
смета за погрешно бидејќи во пишаниот германски е многу погрешно конструкциите со датив да го
заменуваат генитивот . Патем речено,ова не е тоа како говорителите на стандардниот германски јазик
колоквијално би го замениле генитивот; тие би рекле Der Dativ ist der Tode vom Genitiv, што е
(буквално на македонски „на Генитив“) погрешно и во стандардниот јазик, но е е многу помалку
инкриминирано.
Датив
Дативот владее со индиректиот предмет и локацијата во реченица. Реченицата „Ich gebe meinem Sohn
einen Hund“ (на македонски „Му авам куче на сино “) содржи подмет „ich“; глагол „gebe“;
индиректен предмет „meinem Sohn“; и директен предмет „einen Hund“. Зошто „einen Hund“ е
директен, а не индиректен предмет? Затоа што „ einen Hund“ е она о одговара на дејствието на
подметот а „meinem Sohn“ е она врз кому се врши дејството или определеното место на подметот.
Дативот исто така се фокусира на положбата. (Види Препозиции со Акузатив и Датив подолу).
Германците прават голема разлика помеѓу мирувањето и движењето. Акузатив се справува со
движењето; а Датив со мирувањето. Постојат 4 главни глаголи кои ја прикажуваат поделбата hängen/
hängen, legen/ liegen, stellen/ stehen, setzen/ sitzen (движење/ мирување). На пример Ich hänge das Bild
an die Wand (Ја закачувам сликата на ѕидот). Забележете го членот на „Wand“ – тоа е движење, тоа е
Акузатив и „die“ останува „die“ во Акузатив. Сега сликата е веќе на ѕидот. Тоа е положбата
(мирувањето). На пример Das Bild hängt an der Wand. Тука членот на „Wand“ е „der“ – бидејќи „die“
во Номинатив и Акузатив се менува во „der“ во Датив. Оваа реченица е во мирување и оттаму
падежот на именката што следи по препозицијата мора да биде во Датив.
Препозиции и падежи
Препозициите во германскиот јазик може да бидат тешки за совладување. Причина за тоа е што
препозициите се создадени да и дадат насока, локација, интензивност итн. на реченицата. Начинот на
кој говорителот на македонскиот јазик ќе укаже може да биде сосема различен од начинот на кој би
укажал говорителот на германскиот јазик. Можеби овие неколку примери ќе го разјаснат ова:
ГЕРМАНСКИ: Das Buch liegt auf dem Tisch. Das Poster hängt an der Wand. Значењето е
исто – „на“. Но сепак тоа се две различни препозиции „auf“ и „an“. Но, зошто има две
препозиции? Бидејќи „auf“ се употребува кога станува збор за хоризонтален контакт, а
„an“ се употребува кога станува збор за вертикален контакт.
Во германскиот јазик препозициите се доволно моќни за да го променат она што следи да биде
субординација на видот на препозицијата.
На пример „bei“ е препозиција која оди со Датив. Ако „bei“ се употреби во реченица, „bei“ ќе го
присили тоа што следува да биде во Датив. На пример: Ich mache einen Besuch bei meiner Familie.(Јас
сум на гости кај моето семејство). Забележи „mein“ го има завршетокот на женски род во Датив
бидејќи „bei“ го бара тоа.
(*** )може колоквијално да биде датив: entlang des Weges (dem Weg) „по патот“ , но и со акузатив како
постпозиција со идентично значење : den Weg entlang.
Деклинација на придавките
Деклинацијата на придавките не зависи само од родот, бројот и падежот на именката која се
модифицира, туку и кога нема член или кога има неопределен или определен член. Во следната
табела има два примера во кои се објаснуваат сите три падежи:
неопределен ein hübscher Mann („еден“ vor einer verschlossenen Tür (пред „една“ заклучена врата)
член згоден маж) [одредена врата]
Множина
Во германскиот јазик има дванаесет различни начини за формирање на множина. Оној кој го учи
германскиот јазик како странски јазик, множината на именката ја учи заедно со именката; иако многу
именки од женски род правилно ја формираат множината, многу именки од машки и среден род
немаат правилна множина. На пример , накој вид множина се формира со „n“ а некоја со „en“, некоја
со преглас (Umlaut) и „e“ или преглас и „en“, други множини се исти со еднината, кај некои се додава
„er“ или преглас и „er“. Многу заемки, земени од другите јазици во множина добиваат „s“ (на
пример: Restaurant = Restaurants).
еднина множина
die Frau (жена) die Frauen
der Mann (маж) die Männer
die Kuh (крава) die Kühe
der Globus (глобус) die Globen
der Atlas (атлас) die Atlanten
der Kuss (бакнеж) die Küsse
der Bus (автобус) die Busse
das Kabel (кабел) die Kabel
das Auto (автомобил) die Autos
die Mitarbeiterin (соработничка) die Mitarbeiterinnen
der Kaktus (кактус ) die Kakteen
Иако множината во античкиот германски јазик барала морфолошки различни обележувања на
родовите, тоа веќе не е така. Во врска со третманот на придавките и членовите, ова е речиси исто
како да има четвртти род кај множината. Учебниците и написите обично имаат листа со
завршетоците на членовите или придавките во множина каде има следен ред или колона во која би се
додал четвртти род, доколку постои. Она што ова го покажува не е потполно точно, но обично
претставува ефикасен пристап за говорителите кои го учат јазикот и на кои германскиот не им е
мајчин јазик.
Номинални фрази
Номиналните фрази во германскиот јазик општо се состојат од следниве компоненти во следниов
редослед : член, број (основен или реден број), придавка(и), именка, генитив атрибут, позиција
(позиции), релативна реченица, рефлексивна заменка.
Номиналната фраза може да се смета за една целина. Tаа има падеж, број и род. Падежот и бројот
зависат од контекстот, додека главната именка го одредува родот.
Генитив атрибут
Номиналната фраза може да има ени ивен а ри у , на пример за да искаже поседување на нешто.
Овој атрибут може да се види како уште една номинална фраза во генитив, која може да зависи од
друга номинална фраза.
Директен превод на "Der Beruf des alten Mannes" би бил „професијата на стариот човек“, но може да
се каже и "Des alten Mannes Beruf" , но оваа форма речиси никогаш не се употребува во современиот
германски, дури иако образованите кругови го сметаат за многу елегантна употреба на јазикот.
Позиција
Номиналната фраза може да содржи „позициона фраза“; ова може да се види како уште една
номинална фраза со препозиција (или постпозиција) или заменски прилог.
Германскиот јазик дозволува долги номинални определби, на пример: "Der während des Bürgerkrieges
amtierende Premierminister" (буквално: за време на раѓанска а војна Премиеро на функција),
Премиерот на функција / председава за време на граѓанската војна.
"Die noch zu Anfang des Kurses relativ kleinen, aber doch merklichen Verständigungsschwierigkeiten"
(буквално: Сеу е за оче око на курсо рела ивно мали е но се ак за ележливи е
комуникациски е ко ии), Комуникациските тешкотии иако релативно мали на почетокот на курсот,
сепак се забележливи.
Релативни реченици
Номиналната фраза често ќе имаа релативна реченица. Настрана од своите високомоделирани форми,
релативните заменки во германскиот јазик се помалку комплицирани. Постојат две варијанти. Првата
почеста употреба заснована на определените членови der, die, das, но со посебните форми во генитив
(dessen, deren) и множината во датив (denen). А втората, повеќе литературна и се користи за
нагласување, е релативната употреба на welcher, welche, welches. И двете употреби моделираат според
родот, падежот и бројот. Тие го превземаат нивниот род и број од именката која ја моделираат, но
падежот го превземаат од нивната функција во реченицата.
Das Haus, in dem ich wohne, ist sehr alt. Куќата во која живеам е многу стара.
Релативната заменка dem е среден род и одговара со Haus, но таа е во датив бидејќи следи
препозиција во самата реченица. На иста основа, можно ќе биде да се замени и заменката welchem.
Сепак, во германскиот јазик се употребува непроменливото was („што“) како релативна заменка кога
претходник е alles, etwas или nichts („се“, „нешто“, „ништо“.), или кога претходник е цела реченица.
Основни броеви
Во врска со именките, основните броеви се наоѓаат пред придавките, доколку има придавки. Ако
бројот е релативно низок, тоа обично не се комбинира со неопределениот член во множина (на
пример einige или mehrere). Личните заменки во прво или второ лице се наоѓаат пред броевите.
Личните заменки во трето лице може да се употребуваат со броеви.
При употребата на основните броеви потребна е множина на именката или номиналната фраза.
"црвена книга" - ein rotes Buch; или "една црвена книга" - ein rotes Buch
Броевите zwei (два) и drei (три) во некои случаи имаат падежен завршеток. Каде што придавката има
слаби завршетоци, броеви или воопшто нема броеви. Ако некоја придавка има јаки завршетоци, овие
броеви исто така може да имаат јаки завршетоци во генитив.
Ако не постои друг збор носител на јакиот завршеток во генитив множина, бројот мора да биде
носител на завршетокот.
Ако овие броеви се главни во номиналната фраза во датив множина и ако ниту еден друг збор нема
падежни обележја, тие може да имаат наставки во датив.
"Zweien habe ich Bananen gegeben" (Им дадов банани на двајцата(од нив))
Посебен случај за 'eins' во германскиот јазиик: може да биде претставено како: "eins", "eine", "einer",
"eines", "einem" или "einen" во зависност од реченицата.
Придавки
Придавките во германскиот јазик обично стојат пред именката која тие ја менуваат. Придавките во
германскиот јазик имаат завршетоци кои зависат од падежот, бројот и (во еднина) родот на
номиналната фраза, но всушност има две групи на завршетоци, наречени јаки и слаби завршетоци.
Секоја група зависи од тоа каков вид збор доаѓа после придавката, а понекогаш зависи и од родот и
падежот. Како членовите, така и придавките ги добиваат истите наставки во множина кај сите три
родови.
Заменки
Заменките во трето лице може да се употребат како замена за номиналните фрази. Тие имаат род,
број и падеж исто како и оригиналните номинални фрази. Ова исто така важи и за другите заменки.
Лични заменки
Лични заменки
1л. ед. 2л. ед. 3л. ед. 1л. мн. 2л. мн. 3л. мн. 2л. учтива форма
Номинатив ich du er sie es wir ihr sie Sie
Акузатив mich dich ihn sie es uns euch sie Sie
Датив mir dir ihm ihr ihm uns euch ihnen Ihnen
Генитив meiner deiner seiner ihrer seiner unser euer ihrer Ihrer
Рефлексивните лични заменки се разликуваат само во трето лице (и второ лице учтива форма)
датив и акузатив, за да се каже sich. (во второ лице учтива форма исто така со мала буква).
Глаголи
Глаголите во германскиот јазик може да се поделат на слаби, со дентална консонантна промена, или
јаки претставувајќи градијација на вокалот (ablaut). Повеќето глаголи од двата вида се правилни, иако
се појавуваат голем број под-групи и аномалии. Единствениот тотално неправилен глагол во јазикот е
„sein“ (сум). Сепак, во учебниците за германски како странски јазик често јаките глаголи се
класифицираат како неправилни. Постојат помалку од 200 јаки и неправилни глаголи и тенденција
јаките глаголи постепено да стануваат слаби.
Деливи глаголи
Во германскиот јазик многу глаголи имаат делив префикс кој може да биде неповрзан со својот
корен. Пример за тоа е aussehen , да се појави или погледне, и vorstellen да замисли или да се
претстави.
Peter sieht spitze in seinem Anzug aus. Петер изгледа згодно во неговата облека.
Lori, kennst du meine Frau? Ja? Wer stellte euch vor? Лори, ја познаваш ли жена ми? Да?
Кој ти ја претстави?(Кој ве запозна?)
Модални честички
Модалните честички (Abtönungspartikel) се дел од говорот кои често се користат во говорниот
германски јазик. Овие зборови влијаат врз стилот на реченицата, наместо на пренесувањето на
одредена буквална смисла. Типични примери за овој вид на зборови во германскиот јазик се doch,
mal, halt, eben, nun, schon, eh или ja.Многу од овие зборови исто така имаат и повеќе основни,
специфични значења (на пример: ja „да“, schon „веќе“), но во нивната модална употреба ова значење
не е директно изразено.
Реченици
Стуктурата на речениците во германскиот јазик на некој начин е покомплексна за разлика од другите
јазици, со фрази правилно поставени за двете прашални и зависни фрази.
Поврзано
Германски јазик
Германска азбука
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Германска_граматика&oldid=3937574“
Текстот е достапен под условите на лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови. Може да
важат и дополнителни услови. За повеќе информации, погледајте ги Условите на употреба.