Professional Documents
Culture Documents
РЕСТИТУЦИЈА СОВРЕМЕНИ ВОСПИТНИ ТЕХНИКИ
РЕСТИТУЦИЈА СОВРЕМЕНИ ВОСПИТНИ ТЕХНИКИ
Пример бр. 1
Во селското училиште имаше само еден шестар што го користеа сите
настваници кога им беше потребен и затоа многу внимателно се чуваше. Се
случи, на одморот, пред часот по математика во 6 одд. Шестарот да го скрши
Бојан. Сите беа во исчекување што ќе се случи кога ќе дојде наставникот, бидејќи
знаеја дека тоа е единствениот шестар.
Дојде наставникот по математика и кога го забележа скршениот шестар почна да
вика, да се кара, да прашува кој го направил тоа. Бојан сам се јави . Трепереше
од страв.Наставникот му рече да си оди дома и да дојде со родител за да се
плати штетата, и да му се изреше казна на Бојан.
Бојан со насолзени очи го напушти часот и со тешки чекори се упати дома да
повика еден родител. Дојде мајка му, бидејќи татко му беше на работа.
Наставникот почна да вика дека нејзиниот син е невоспитан, дека е неранимајко и
дека треба да ја платат штетата за да може училиштето да набави ново учебно
помагало ( шестар)... а за Бојан ќе следи соодветна казна-намалување на
поведението.
Пример 2:
Во селското училиште имаше само еден шестар што го користеа сите настваници
кога им беше потребен и затоа многу внимателно се чуваше. Се случи, на
одморот, пред часот по математика во 6 одд. Шестарот да го скрши Бојан. Сите
беа во исчекување што ќе се случи кога ќе дојде наставникот, бидејќи знаеја дека
тоа е единствениот шестар.
Дојде наставникот по математика. Го погледна шестарот, го погледна Бојан, кој
трепереше од страв. „Ништо Бојан, се случило‘‘ му рече. „Најди начин како да ја
поправиш грешката‘‘. Бојан,но и другите деца останаа вчудоневидени, како да не
може да поверуваат во зборовите на наставникот. Очекуваше казна, обвинување
и сл. Но, наместо тоа доби можност , шанса да ја поправи грешката. Си отиде
дома трчајќи, носејќи го шестарот во рака.
Сакаше што побрго да го поправи, а со тоа и да си ја поправи грешката. Му
помогна татко му. Лепеа заедно, составуваа делови и на крај го поправија.
На задоволството на Бојан му немаше крај. Во понеделникот горд отиде во
училиштето носејќи го шестароткој повторно беше во употреба.
Задачи:
1.Внимателно прочитајте ги и направете анализа на двата примери. Иста случка,
различно однесување од страна на наставникот. Како влиаје првиот, а како влиаје
вториот начин на однесување кај учениците?Во вториот случај наставникот
применил СТРАТЕГИЈА ШТО СЕ ВИКА РЕСТИТУЦИЈА ( на латински RESTITUTIO
што значи надомест, надокнада на нешто). Од типологијата на анставници ( кои
ви ги предавав на час: казнувач, обвинувач, набљудувач, пријател и водител),
водителот се служи со зборовите „сите грешат, најди начин д аја поправиш
грешката‘‘.
Прочитајте ја темата за реституција од учебникот на стр. 109 -119 и
внимателно проучете ги примерите : Скинато копче и Снежни топки.
Можам да се задржам на Бојан. Како тој се чувствува во првиот, а како во вториот случај?
Никој не би сакал да биде на местото на Бојан како во првиот пример, никој од нас не би
сакал да биде искаран пред целото одделение, наставникот да му вика и уште да биде
полошо наставникот да се развика на родителот, да го навреди неговото дете, а со тоа и
самиот родител.
Што би можела да кажам за казната? Секако дека има многу што да се каже, но дали има
нешто позитивно да се извлече од дадената и добиена казна? Дали можеме да најдеме
нешто со што би рекле дека казната е подобро решение од реституцијата? Се разбира дека
не. Казната всушност претставува избрзано, неприлагодено решение за даден проблем или
грешка. Викањето, карањето кои се одраз на казната се само еден неубав начин за
воспоставување контакт со учениците при даден проблем за настаната грешка.
Реституцијата како техника има свои карактеристики, со кои можеме да направиме една
паралела помеѓу реституција и казна: