You are on page 1of 2

Дневна подготовка за наставен час по ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

Време на реализација: 03.11.2014 одд. VII 9

Тема: Јас - личен развој


Наставна содржина: Работилница: Од успех кон неуспех – од неуспех кон успех
Цел на часот: Учениците да сватат дека успехот и неуспехот се составен дел од животот на секој човек
Конкретизирани цели – задачи на часот:

Учениците да се запознаат:
- дали човекот постојано реди успеси или пак неуспеси,
- како влијае успехот врз нашите следни постигнувања,
- дали успехот може негативно да влијае,
- како влијае неуспехот врз нашите следни постигнувања,
- дали неуспехот може и позитивно да влијае.

Воспитни цели: Формирање на правилен и позитивен однос кон пстигањата на успеси на човекот.

Средства за работа: табла, големи листови хартија, прибор за пишување, селотејп и др.

Форми на работа: а) Групна б) Фронтална в) Индивидуална г) Тандем (во парови) (потцртај)

Организација на простор и време: Компјутерска училница (училница) 1 час – 40 мин.

Корелација: македонски јазик, англиски и француски јазик, ликовно образование и др.

Методски постапки:  а) Усно излагање б) Разговор в) Објаснување г) Демонстрирање д) Пишување


ѓ) Текст метода е) Аналитичко - Синтетичка ж) Набљудување. (потцртај)

Активности на наставникот:

- создава работна атмосфера (мотивира),


- поттикнува на размислување со насочени прашања,
- ги насочува на размислување,
- поставува проблем,
- одобрува постапки на учениците,
- ја следи работата на учениците и помага во работата,
- анализира и вреднува.

Активности на ученикот:

- активно слушат, етапно следат и размислуваат,


- поставуваат прашања и одговараат на поставени прашања,
- учествуваат во анализирањето и во уочувањето,
- воочуваат сличности и разлики,
- усно ги презентираат своите знаења,
- самостојно работат и соработуваат,
- објаснуваат и демонстрираат,
- применуваат и образложуваат,
- споредуваат и решаваат проблеми,
- заклучуваат и оценуваат.

Реализација:

Учениците формираат една група (поради нивниот мал број). Половина од групата на голем лист од
хартија, треба да напишат асоцијации на зборот успех (на што прво помислуваат кога ќе го слушнат зборот
успех), а половината од групата треба да напише асоцијации на зборот неуспех. Потоа делот од групите, го
презентираат она што го напишале и мегусебно се дополнуваат.
Заклучок:
И успехот и неуспехот се составен дел од животот на човекот. Кога во некоја активност постигнуваме успех, тоа
не мотивира и понатаму да продолжиме да се ангажираме. Ни ја зголемува самодовербата, а со тоа ни ги
зголемува шансите за нов успех. Но понекогаш постигнуваме успех кој може да не олабави, па може да
престанеме да се трудиме толку многу и да доживееме неуспех. Обратно пак, неуспехот ако се прифати како
нешто што е дел од секојдневниот живот и ако го анализираме нашето однесување и ситуација и сватиме каде
сме погрешиле, може да ни помогне да ги исправиме грешките и да постигнеме успех во некој од следните
обиди.
Учениците треба да се сетат или да смислат една ситуација во која успехот негативно влијаел врз следните
постигнувања и една во кој неуспехот позитивно влијаел врз нивните следни постигнувања. Потоа треба да
одберат една и да ја подготват, а потоа да ја одглумат.
Групата се наградува со аплауз.

Вреднување и следење на постигањата на учениците:

Од сите планирани и реализирани активности ќе се согледаат резултатите за постигнувањето на целта на


часот. Од сите активности на учениците и презентирањата на нивните знаења и умеења се вреднува и
следи: мотивираноста за учење, ангажираноста, самостојноста во работата, комуникативноста, заемната
соработка, заинтересираноста итн.

Очекувани исходи:
Учениците знаат:
- дали човекот постојано реди успеси или пак неуспеси,
- како влијае успехот врз нашите следни постигнувања,
- дали успехот може негативно да влијае,
- како влијае неуспехот врз нашите следни постигнувања,
- дали неуспехот може и позитивно да влијае.

Сознанија по реализацијата:

наставник: Ацо Атанасов

You might also like