You are on page 1of 1

Edit doc

Волнести вошки (Меаlybugs)


MAYA STEVCESKA · SATURDAY, 23 FEBRUARY 2019 ·

Според мене најдосадното, најлошото, најзаразното нешто што може да го снајде


вашето омилено растение. Волнестите вошки...

Женката положува 300-600 јајца најчесто на опачината на листот во вид на бела


памучна маса и овие јајца оживуваат во рок од 2 недели. Замислете која инвазија е тоа.
Се хранат со соковите на растението и најчесто се пропратени со проѕирна слатка
леплива течност, па затоа штом ја приметите течноста на вашите растенија (орхидеи),
веднаш прегледајте ги добро. Нели, некогаш течноста е предизвикана и од
благосостојбата на растението (орхидеата)

Штом ги забележите, престанувате со пообилно залевање на растението и секаква


прихрана (ги привлекува зголемено присуство на азот)

Како да се ослободите од нив. За жал, борбата е долга и тешка, но не е и невозможна.


Во случај да не можете да најдете армија Буба Мари (кои се хранат со волнести вошки),
го правите следново: nајпрво го изолирате растението од останатите растенија,
односно, го ставате во карантин. Ги проверувате сите останати растенија да не се
заразени, го чистите, дезинфицирате местото каде стоело. Самото растение најпрво го
туширате под силен млаз млака вода, се додека не паднат поголемиот број на вошки.
Потоа следи досадниот дел. Натопувате стапче за уши со алкохол и механички една по
една ги тргате со него. Ако ги има на поголема површина, тогаш земате памук или газа
натопена со алкохол и ја бришете зафатената површина. Ако не можете со стапче за
уши, тогаш со чечкалици. И така се додека не сте сигурни дека целото растение е
целосно чисто. Дури и кога кје бидете 100% сигурни дека повеќе нема ниту една вошка,
верувајте, по некој ден ќе забележите нови и нови. Знаат да бидат доста подмолни и да
се напикаат во најскриените делови на растението па таму да си ги чекаат моментите
на слава и да решат кога да ви ја кренат косата на главата.

Друг начин е маслото од ним (Neem oil) Не сум сигурна дали кај нас може да се најде,
но сите вие што живеете во странство, знам дека кај вас го има.

Ако не помага горенапишаното, преминувате на тешка артилерија, односно барате


хемија во земјоделска аптека.

Во секој случај, наоружајте се со дебели нерви и многу трпение за борбата што ви


претстои. Среќно

You might also like