You are on page 1of 1

БАЕЊЕ ДА И' ТРАЕ ДЕТЕТО НА НЕКОЈА ЖЕНА

При друзи многу бабиње деветиње што ги прават жените, за да им траат


децата, прават и вака:
кога ќе се познае некоја жена оти е тешка, со прво ќе купи од три дуќани по
едно парче железо
и ќе го направи еден обрач, кај некој ковач али кај некој кантарџија (некои
жени го давале на три
дуќани да се направи обрачот). Обрачот ќе бидел со копци да се закопчува, и
тешката жена ќе го
носи опашан обрачот преку половина како колан, да дури да го роди детето.
Тамам кога ќе се роди детето, обрачот ќе го сопаше жената и ќе го земе
бабата в рака, та ќе га
држи да падне детето низ обрачот. Ете од тоа после не умирало санким.
Откога ќе го роди жената детето, на часот уште не задојано, требало да се
трга со кантарче, и тоа
кантарче ќе го скриела подно, за никогаш со него да не се тргало, и од тоа
не умирало.
Едни жени, за уште посалам да им се врзе бајачката, за да им траат децата,
ќе направеле и едно
сребрено синџирче, та ќе го носат на гуша дури да родат.
Арно ама, види како требало да се направи сребреното синџирче: да се посака
од девет жени, што да
ги викаат сите Марии, по една стара пара и од тие девет стари пари испитани
да се направело
синџирчето: ем да се однесат деветте пари на три дуќани куменџиски, да се
направи. Секој куменџија
по малце да поработи на него и да се направи, а само еден куменџија не
чинело и не било на приет,
да го доправи синџирчето.
„Ама што дека ќе го направел еден куменџија синџирчето, и реков на жената
што ми кажуваше за ова и
за друго нешто, и што дека тројца?"
„Е што де, што? Ете тоа непндек било," ми рече.
За многу работи ја прашав оваа и друзи жени: оти така прават кога да баат;
ми се одговориле со
зборот: „така е непендек" и толку, друго потамо не ти знаат од непендекот
повеќе: по некои жени
повеќе знаат да прикажуваат.
Венецот од Христа, направен од трње, донесен од аџилак, бил за да трае
дете. Го клаваат во вода и
во таа вода го капат детето три дни на ред.
Венецот, Богородичина рака, чесни крвчиња и друзи работи се лаоѓаваат у
аџиите, а најповеќе у
аџијките.

You might also like