You are on page 1of 2

Трето сардисување[уреди | уреди извор]

Манастирот по вторпат бил разрушен за време на воениот конфликт во тетовско на 21


август 2001 година. Уништувањето на манастирот предизвика широка реакција во Македонија и светот.
Чинот на рушење бил споредуван со настаните од Авганистан, кога Талибанците ги уништувале
будистичките храмови во земјата.[9] Со силна детонација во 3 часот утрото, црквата била разрушена до
темел, со минирање. Останал само нартексот од западниот дел и скоро целиот западен ѕид од наосот.
Двете куполи на нартексот исто така останале. На јужната купола биле видливи конструктивни
пукнатини. Од експлозијата сè било уништено, освен неколку фрески на светители. Исто така, оштетени
биле и манастирските конаци, изградени во XIX век од јеромонахот Езекил. Конаците претходно било
неколкупати поправани и санирани, а целосна санација била извршена во периодот
од 1993 до 1996 година. Како резултат на експлозијата, биле настанати значителни оштетувања на
кровната конструкција и на фасадата. Поголеми оштетувања имало на прозорците: искршени биле
стаклата и руинирани цели прозорци.
Просториите во приземјето и на катот од конаците биле значително оштетени, особено градежната
столарија. Било извршено ограбување на сите вредни работи од конаците, меѓу кои и предмети од
историска вредност. Капелата во чест на светите Кирил и Методиј, во манастирскиот конак, била обиена
и имала оштетувања од детонацијата, на малтерот на плафонот. Полиелејот бил искршен и
неупотреблив. Четири престолни икони биле оштетени, а украдени биле и Светите Садови од Светата
Трпеза.
Во кругот на манастирскиот двор бил оштетен и гробот на архимадритот Силвестер и гробот на
јеромонахот Кирил Пејчиновиќ. Не била поштедена ниту новата летна трпезарија, која била обиена и
покрадена.
Иако разурнат, манастирот сепак на 28 август 2001, бил посетен и во него прославен празникот
на Успението на Пресвета Богородица, но не со зурли и тапани, туку со солзи. Некои од посетителите ги
завиткувале парчињата скршени црковни камења во крпи и ги земале со себе деловите од она што
некогаш било фасада или фреска од свет храм, другите ги бакнувале урнатините клекнати на колена,
трети ги бришеле солзите од жал и јад.[3].
На 15 февруари 2002 година, манастирот бил посетен од членови на европската комисија каде било
утврдено повторно да се возобнови и да воскресне ова светило. Манастирскиот комплекс бил
реконструиран и завршен во јуни 2006 година. Црквата „Св. Атанасиј“ била реконструирана со истиот
камен што бил користен во нејзината првична изградба. Камењата биле сочувани и нумерирани со
помош на Институт за заштита на културното наследство, кој направил детална студија за
проектот. ЕУ обезбедила околу 410.000 евра за обнова на ѕидот и фасадата, преку Европската агенција за
реконструкција во Македонија.[10]

Возобнова 2007[уреди | уреди извор]


Неговото преосветување било на 14 октомври 2007 година, кога Македонската православна
црква прославувала 40 години од својата автокефалност. На празникот на Покров на Пресвета
Богородица било извршено осветување на црквата „Св. Атанасиј“. Осветувањето на црквата го
извршил архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, а на чинот на осветувањето присуствувале и
поголем број од архијереите на Синодот на МПЦ.[11]
Колку малку требаше нечија омраза, па овој храм да се претвори во урнатини, и колку многу љубов
требаше потоа па од купот камења повторно да се изгради ова велелепно дело, изјави по осветувањето
поглаварот на македонската православна црква - архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан[12]

Зографисувањето завршило по 10 месеци активно работење на седуммина зографи од Националниот


конзерваторски центар предводени од конзерваторот Момчило Трајковски. Исцртувањето на фреските и
уметничкото уредување на внатрешноста почнало во октомври 2006 година.

Култура[уреди | уреди извор]
Тетовскиот фолк фест на 27 август 2008 г.

Тетовски фолк фест[уреди | уреди извор]


Познатиот Тетовски фолк фест се одржува секоја година во дворот на манастирот. На Летната сцена во
кругот на манастирот во предвечерието на големиот христијански празник „Успение на Пресвета
Богородица“ секоја година гостуваат најпознатите македонски фолк пејачи. Овој фестивал е најголемиот
во Македонија поради фактот што е следен од неколку десетици илјади публика.[13]

Меѓународна средба на книжевните преведувачи[уреди | уреди извор]


Лешочкиот манастир е домаќин на традиционалната меѓународна средба на книжевните преведувачи,
која се одржува секоја година во комплексот. Првата средба се одржала во 1972 година.[14] Ова место е
избрано поради тоа што тука живеел и творел монахот Кирил Пејчиновиќ, кој бил преродбеник, писател
и преведувач на македонски народен јазик. Средбата во 2010 година која била 39 по ред имала јубилеен
карактер за македонската и севкупната преведувачка книжевност бидејќи се одбележувала 100
годишнината од раѓањето на писателот Ѓорѓи Абаџиев, а 90 години на Славко Јаневски, како и 80 години
од раѓањето на повеќемина истакнати македонски преведувачи и писатели како Бистрица
Миркуловска, Ката Мисиркова Руменова, Цане Андреевски, Георги Сталев и други. Меѓународната средба
се одржува секоја година на крајот од Август и претставува еден вид на вовед за прославата
на Меѓународниот ден на преводот кој се прославува на 30 септември.[15]

You might also like