You are on page 1of 2

Свети Кирил и Методиј 

— црква во стариот дел на Тетово е еден од најубавите


православни храмови во Полошкиот Регион и седиште на Тетовското архијерејско
намесништво. Изградбата на црквата е започната во 1903, завршена 1918 , а осветена на 12
јуни 1925 година. Патронот на црквата се слави на 24 мај на денот на македонските
просветители Св. Кирил и Методиј.
Црквата е трокорабна базилика и крстообразна со купола. Фрескоживописот е изработен
од познатиот зограв Данило Несторовски во 1924 година.Истата година починал ктиторот
на овој свет храм Прота Михаил Мартиновски кој е погребан во црковниот двор каде што
и денес постои неговото вечно почивалиште. Од тогаш па до денес извршени се низа
санации и изградба на нови помошни простории, од кои како позначајни се:
 Во 1931 година со прилог на г-дин Илија Герасимовски, подигната е чешма и
фонтана во кругот на црквата.
 На 27 април 1938 година започната е градба на парохискиот дом во кругот на
црквата.
 Во 1957 година како прилог на г-дин Јован Анѓелковски од село Лавце поставен е
паркетот во црквата.
 Во 1963 година како последица од елементарни непогоди и земјотесот, настанати
се големи оштетувања на црковната конструкција, а најмногу била оштетена
главната купола, но веднаш била извршена санација на оштетувањата.
 Во 1967 година извршена е санација на црковната зграда, која исто така била
оштетена од земјотресот.
 Во 1974 година извршена е санација на фасадата на црквата а работите ги извел
Г.П.Гранит од Тетово.
 Во 1976 година извршено е молерисување на внатрешниот дел од црквата.
 Во 1982 година била обновена е чешмата и фонтаната.
 Во 1983 година бетонирани бил стазите околу црквата и поплочени со мермер
влезовите на црквата.
 Со посебно ангажирање на црковното настојателство во 1989 година започната е
целосна санација и реконструкција на црковната зграда. Во состав на зградата била
изградена канбанерија од армирано-бетонска конструкција. Изградбата била
завршена во 1991 година, кога е извршена и целосна реконструкција на покривот
на црквата со поставување на бакарен лим во површина од 940 м2. Тогаш било
извршено и целосно молерисување на надворешниот и на внатрешниот дел од
црквата. Било извршено ретуширање и конзервација на фреските во олтарниот дел
од страна на на академскиот сликар Павле Кузмановски, како и замена на дел од
паркетот во олтарскиот дел. Во дворното место на црквата, до црковната зграда
била поставена монтажна куќиќка. Во црковната зграда пред неколку години
уредена е импозантна крстилница. Во реновирањето учествувале голем број на
дарители и претпријатија од Тетово и околината.

При соборниот храм постои црковен хор, кој е формиран во 1969 година од страна на сега
веќе починатиот Протојереј-Ставрофор Александар Ацески. Диригенти биле Виктор
Трпковски и Јован Илиевски. Од 1990 година па до денес, со хорот раководи
диригентот Ивица Зафировски, а претседател на хорот е Протојереј-Ставрофор Мирко
Станковски. Овој хор зема учество на сите поголеми црковни манифестации
во Тетовското архијерејско наместништво, а на поголеми црковни празници при оваа
црква пее и градскиот младински женски хор Менада, под диригенство на Маестро г-
дин Ивица Зориќ.

You might also like