Professional Documents
Culture Documents
Историја на право
Историја на право
Испит
Јуни, 2020
Датум -22.06.2020
8. Општогерманскиот кривичен законик е донесен 1532 година од страна на царот Карло V кој
исто така бил наречен и „Constitutio criminalis Carolina“.Каролина имала општоимпериско
законодавство и како таква била во спротивност со партикуларистичките стремежи на пооделните
германски земји.Таа имала карактер на субспидијарен зборник на правото во однос на кривично-
правните одредби и оние за кривичната постапка во пооделните земји.Каролина содржела
одредби во најголем дел од областа на кривичната постапка и кривичното право.Каролина
предвидувала голем број на кривични дела и тоа против државата (предавство, побуни и сл)
против личноста (убиство, труење, клевета и сл) против религијата (богохулење, вражбини)
против моралот (родосквернавење, силување, двобрачност, повреди на брачната верност и сл)
против сопственоста (палеж, грабеж, кражба).Пропишувала систем на сурови казни кои биле
насочени кон заплашување.Смртната казна била честа и тоа со:набивање на тркало,
распарчување, закопување жив, давење во вода, запалување.Во Германија била доста присутни
судските процеси против вештерките кои што биле запалувани.Постоела инквизациона постапка
по иницијатива на судски органи и по иницијатива на приватен тужител.Кривичното право во
германските земји се до средината на 18 век стоело на позициите содржани во Каролина.Сепак
самиот општествен развој довел до негово реформирање главно со ублажување на казните при
што најтешките казни смртната казна и телесните казни се замениле со принудна работа додека
истовремено навлегувањето на сфаќањето на казната како начин на поправање – до затворање во
поправни и работни домови.
4. Хамурабиевиот законик (создаден 1760 п.н.е.) е еден од првите збирки закони (законици или
кодекси) и најдобро зачуваниот пример на овој вид на документ од Месопотамија. Создател на
законикот е Хамураби.Законикот набројува кривични дела и ним соодветните казни, како и
решенија за чести спорови и водич за поведение на граѓаните. Во законикот нема место за
објаснувања и опрадвувања, но, се разбира, дава можност за изложување на докази.Законикот
стоел јавно, на очиглед на секој; така, никој не можел да се оправдува дека не го познавал
законот. Меѓутоа стручњаците претпоставуваат дека во тоа време ретко кој обичен граѓанин знаел
да чита.
-Визиготскиот закон најверојатно настанал 475 година, под силно влијание на римското право,
биле превземени правилата за договорите, наследувањето и доказната постапка.Во кривичното
право владеел системот на композиција или крвнина, а износот зависел од општествената
положба на сторителот и оштетениот, казните биле сурови, а најчесто биле применувани
телесните и смртната казна.
-Бургунскиот закон го издал крајот на 5-ти и почеток на 6-ти век кралот Гундобад кој претходно
бил одобрен од кралскиот совет и крупното благородништво.Карактеристични биле одредбите од
семејното право, братот се склучувал со купување на невестата, младоженецот пред свцедоци му
давал одредена сума на пари на таткото на невестата. Доколку до склучување на бракот не дошло
или невестата биула неверна, парите му се враќале на младоженецот. Разводот на брак бил
забранет, па мажот можел да ја избрка жената само ако се занимавала со магија или била
неверна, а ако ја избркал без причина, плаќал висока казна.Во наследното право првенствено
наследувале машките деца, ќерките наследувале само во случај доколку оставителот немал
синови.Во кривичното право, при докажувањето се применувале пургаторната заклетва и
судскиот двобој.Повеќето казни биле парични, а смртна казна се изрекувала поретко отколку во
Визиготскиот закон.
-Салијскиот закон бил збирка на обичајното право на салијските франки и влијанието на римското
право било најслабо, потекнувал од крајот на 5 ти век, за време на Карло Велики била издадена
пречистена верзијана законот.Најмногу одредби содржел од областа на кривичното право и
претставувал прецизна тарифа на легална композиција.Содржел и одредби од приватното право,
постоела колективна одговорност на семејството, жената имала подредена улога, не можела да
наследува недвижен имот, ако оставителот немал синови, ќерките ги наследувале само
подвижните предмети. Сквернавењето на гробовите било единствено кривично дело а се
казнувало со јавно исклучување од заедницата.
-Пипуарскиот закон настанал на почетокот на 6-ти век до средината на 8ми век. Тој бил збирка на
обичајно право на рипуарските франки во областа Аустразија во франкската држава. Силно било
влијанието на римското право и христијанскат црква. Прописите што ги носиле франкските
владетели не го содржеле називот Лекс.Лекс ги применувале народните судови.
Владетелот можел самостојно да ги носи актите кои се однесувале на функционирањето на
државата, кога тие биле поврзани со наследното право – Лекс – ги носел во согласност на
Франкското племенско собрание.Некои акти се носеле во согласност со соборот на
благородништвото.