You are on page 1of 3

Почитувани КОРЧАГИНЦИ!

Во прилог ви доставувам задолжение за реализација на домашна


задача која се однесува на наставната единица –

ПОИМ ЗА ОПШТЕСТВЕНА СТРАТИФИКАЦИЈА


ЗАДАЧА – Врз основа на она што го следевте во презентацијата, како и наставната
содржина од учебникот, увидовте дека не се сите занимања и професии подеднакво
вреднувани во општеството. Подоле ви се запишани неколку професии кои според вашето
размислување треба да процените каква положба му носат на поединецот во општеството
(македонското општество). Истите ќе ги подредите во пирамидата така што за занимањата
за кои сметате дека носат најниска положба во општеството ќе ги внесете во полињата
12,11,10 и 9 (со тоа што и тука ќе направите приоритет на она занимање кое
најнископлатено или носи најниска положба го внесувате во полето 12 и така нагоре се до
полето 9), потоа ги внесувате занимањата за кои сметата дека носат положба од среден
обем во општеството истите ги внесувате во полињата 8,7,6 и 5 и на крајот ги внесувате
занимањата за кои сметат дека носат највисока положба во општеството со тоа што ги
внесувате во полињата 4,3,2 и 1 од пирамидата ( на врвот ќе го сместите занимањето-
професијата која сметата дека носи највисока положба во општеството т.е на местот
означено со бројот 1).
ЗАНИМАЊА – ПРОФЕСИИ:
10.ЗЕМЈОДЕЛЕЦ 12.КРОЈАЧ ВО ТЕКСТИЛНА КОНФЕКЦИЈА
1.ПОЛИТИЧАР 4.ДОКТОР - (ХИРУРГ)
3.ДИРЕКТОР 6.СМЕТКОВОДИТЕЛ
2.БИЗНИСМЕН 11.ХИГИЕНИЧАР
7.НАСТАВНИК 5.АДВОКАТ
8.АВТОМЕХАНИЧАР 9. ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК
Во продолжение одговорете на следниве задачи:

А) Професиите/ занимањата кои ги подредив во дното на пирамидата - (12,11,10,и 9 )


сметат дека во рамки на општеството носат низок статус на поединецот и ниска економска
моќ поради тоа што: не се ценети доволно од стана на општеството односно имаат низок
општествен углед.

Б) Професијата/ занимањето кое според мое размислување го рангирав на врвот на


пирамидата е поради тоа што во рамки на општеството оваа професија според
општествената моќ се наоѓа највисоко односно оваа професија му дава на можност да
влијае врз општествотот за тие да се одвиваат според идееите на одредена личност.

В) Доколку се двоумевте одредени занимања/професии дали да ги сместите во долниот


средниот или горниот дел на пирамидата наведете поради која причини постоело такво
двоумење. Се мислев помеѓу професиите автомеханичар и градежен работник поради тоа
што во нашето општество наоѓаат на слично ниво од гледна точка на општествена моќ.
Меѓутоа општествениот углед во последните години за професијата градежен работник
изгледа како да се искачува општествениот углед поради немањето на доволно градежни
работници, односно работниците во нашата земја имаат понизок економски статус тука
одколку во други земји и затоа повеќето сакаат да заминат од земјата за подобри
егзистенцијални услови. Меѓутоа автомеханичарите сé уште имаат стабилени економски
примања и поради тоа тие се постабилни во општеството во однос на градежните
работници.

Препратете на : dr.01poposki.dragan@gmail.com

You might also like