You are on page 1of 32

ЕЛЕКТРОЕРОЗИЈА

19.Принципи на работа и основна шема на инсталација при обработката со


електроерозија (ЕDМ) (сл.4.1; сл.4.2)
Обработка со електрично празнење или електроерозивна обработка, односно
обработка со електроерозија е термички процес во кој со низа последователни
електрични празнења се еродираат електрично спроводливи материјали, со што се
симнуваат метални честички од обработувана површина. Обликуваната електрода ја
дефинира областа во која ќе се појави ерозија на искра, со што се одредува обликот на
добиениот кратер или отвор во работното парче. Обработката со електрично празнење е
релативно едноставен производен процес за поставување и изведување [1].
На сл. 4.1 е прикажана основна шема на инсталација за обработка со електроерозија.

Обработуваното парче (1) и алатот (2) се поврзани во едно пулсирачко електрично коло
од истонасочна струја и меѓу себе одделени со определен зјај исполнет со диелектрична
течност.
Според овој обработувачки систем, за основен извор на енергија се користи истонасочна
струја (Е). Обработуваното парче се врзува за позитивниот пол (анода), а алатот за
негативниот (катода). Во други инсталации при обработката со импулси со поголема
трајност, поврзувањето на електродите може да биде и обратно, т.е. обработуваното
парче (1) да биде поврзано со позитивниот пол, а алатот (2) со негативниот. Алатот,
вообичаено се вика електрода. Во електричното коло, покрај кондензаторот (C), вклучен е
и еден омски отпорник (R). Затоа овие електрични кола (генератори на импулси) се
викаат RC – генератори, а сите генератори кои во електричното коло содржат
кондензатор се викаат – релаксациски генератори.
Кондензаторот (C) се полни од изворот на истонасочна струја (Е), преку отпорникот (R).
Штом напонот во кондензаторот ќе нарасне до определена критична вредност, помеѓу
електродата и обработуваното парче ќе избие искра т.е. ќе се изврши електрично
празнење. По извршеното електрично празнење кондензаторот се испразнил и почнува
неговото повторно полнење. Ова се повторува повеќе пати во секунда со што се добива
серија електрични празнења. Подоцна се создадени низа нови генератори на импулси кои
работат врз други принципи и кои може да произведат импулси со различна должина,
амплитуда и фреквенција [2].
Електричните празнења се вршат помеѓу они точки на електродите што имаат најмал
локален зјај (електричен отпор). Почетокот на електричното празнење настапува штом
напонот помеѓу двете спротивни точки ќе нарасне на доволно висока вредност за да го
совлада електричниот отпор на диелектрикумот т.е. низ течниот флуид да се содаде
високојонизиран канал.

Слика 4. 1 Шема на симнување материјал при електрично празнење

1 – електрода алат, 2 – обработувано парче, 3 – канал за празнење, а – работен зјај


При електрично празнење електричната струја преминува во концетрирана топлинска
енергија, локализирана на мала површина. Поради малата површина на којашто се врши
електричното празнење, на ова место настапува мигово подигање на температурата и
едно мало количество материјал од електродите се загрева преку точката на топење, а
дури и преку точката на вриење.
Истопениот или испарениот материјл се исфрла од површината на електродите,
оставајќи на нив мали кратери. Во допир со течниот диалектрик исфрлениот материјл се
лади и мигово оцврснува во вид на ситни зрнца. При овој процес имаме остро изразена
поларност, поради што од едната електрода (обработувано парче), се симнува
значително поголемо количество материјал (сл. 2.2). На местото на однесениот материјал
се создава мал кратер и на тоа место зјајот се наголемува, така што следното празнење
ќе избие на друго место, каде што локалниот зјај е најмал. На овој начин електричното
празнење се шири по целата обработувана површина.
20.Основни операции при обработка со електроерозија (100-101, сите слики)
Со електроерозија може да се изработат сите површини коишто се изработуваат со
конвенционалните методи на обработка со режење (надворешни и внатрешни, рамни
површини, цилиндрични, профилни и др.), а и површини што не може да се изработат со
конвенционалните методи на обработка со режење (слепи отвори со сложена форма,
отвори со криволиниски оски и др.) [2].
Со електроерозија можат да се обработуваат сите електроспроводнички материјали,
независно од нивната тврдост и јакост. Најмногу се применува кога механичката
обработка на материјалите е невозможна или е значително отежната, на пример при
обработка на тешко обработливи материјали (челици отпорни на високи температури,
корозија и сл.), потоа при изработка на отвори со мали пречници (0,1 до 1mm), отвори и
површини со сложени облици и конфигурации и др. Во многу случаи електроерозивната
обработка е единствена постапка со која можат ефикасно и економично да се
изработуваат делови од тешко обработливи или скапи материјали со бараната точност и
квалитет на обработената површина.
На сл. 2.3 прикажани се некои основни технолошки операции на електроерозивна
обработка што може да се вршат при праволиниско движење на електрода-алат со
автоматски регулиран помест, на сл. 2.4 – со сложени движења на електродата алат, на
сл. 2.5 – операции со тродимензионално еродирање, а на сл. 2.6 – обработка на
профилни површини со жичена електрода (обработка со кроење).

Слика 2. 2 Основни технолошки операции при просто праволиниско движење на


електродата алат

а, б – изработка на вдлабнатини (гравури), в – изработка на профилни проодни


отвори, г - просечување
Постапката на електроерозивна обработка овозможува низа производни операции со
примена на профилен или непрофилен алат во вид на полна или жичана електрода.
Оформувањето на површините се остварува со копирање на обликот на алатот или со
соодветно заемно подвижување на обработуваниот предмет и непрофилираниот алат
односно жичаната електрода [3]. Бројот на различните операции што може да се
изведуваат со електроерозија, главно зависи од помагалата со кои што располага
машината, за остварување на дополнителни движења на електродата – алат во однос на
обработуваното парче и видот на машината [2].

Слика 2. 3 Основни операции со комбинирано движење на електродата алат


а – внатрешно цилиндрично брусење, б – надворешно цилиндрично брусење, в – рамно
брусење, г – профилно брусење, д – обработка на навојни површини по принципот на
врежување, е – пресечување со диск

Слика 2. 4 Основни операции со тродимензионално еродирање (конусно или планетарно


движење на електродата алат)

а – обработка на степенеста конусна површина


б – обработка на внатрешен жлеб

Слика 2. 5 Обработка со жичена електрода

Развојот на постапката за електроерозивна обработка и соодветните инсталации


обезбеди реализација на низа различни производни операции и создаде услови за
значајно зголемување на ефикасноста и економичноста на оваа постапка. Обработката со
жичана електрода обезбедува и изработка на сложени контури со висока точност со
релативно едноставна постапка [3].

21.Електрично празнење низ гасен флуид


Ако земеме две електроди меѓу себе разделени со гасен флуид (воздух или друг гас), при
што нивното меѓусебно растојание го задржуваме константно, а само го наголемуваме
напонот на струјата, се додека не настапи електрично празнење, можеме да ги воочиме
следните појави.
Ако гасот се наоѓа под нормален атмосферски притисок, на собна температура, тој има
релативно мал број јони и при релативно низок напон, гасот се однесува како изолатор
(дијалектрикум). При наголемувањето на напонот до определена вредност под дејство на
електрично поле, почнува забележлива јонизација на гасот во просторот меѓу
електродите, и јоните почнуваат да се движат од едната кон другата електрода, со што се
создава извесно течење на електрична струја. Се до моментот кога бројот на
новосоздадени јони е еднаков со бројот на јони кои се разидуваат од електродите,
јачината на струјата е пропорционална со напонот т.е. од овој момент важи Омовиот
закон. На сликата 2.7 оваа зависност е прикажана со правата OA.

Слика 2. 6 U-I карактеристика при електрично празнење низ гасен флуид

При натамошниот пораст на напонот до определена гранична вредност (B), порастот на


јачината на струјата е многу бавен и, речиси, независен од напонот (линија АB). После
точката B, одеднаш јачината на струјата почнува да се наголемува и при константен
напон (слично како пластичното течење на меките челици при константна сила). Линијата
BC претставува период на заситување, при кој се уште немаме електрично празнење и
големината на апцисата, главно, зависи од активноста на агенсите коишто го јонизираат
просторот помеѓу електродите. При релативно мали напони на заситување (при мал зјај)
делот од кривата ОАBC временски е многу кус. На делот BC имаме прогресивно
наголемување на кинетичката енергија на јоните коишто се движат помеѓу електродите.
Јоните коишто се движат помеѓу електродите со голема брзина се судираат со
неутралните молекули кои под дејство на ударите се распаѓаат на позитивни јони и
електрони. Бидејќи позитивните јони тежат пак да се соединат со електроните, во
неутрален молекул или атом, во работниот простор едновремено се одвиваат два
спротивни процеса: јонизација и дејонизација. Доколку процесот на јонизацијата е побрз
од процесот на дејонизација, бројот на електроните и јони почнува рапидно да се
наголемува. Во овој миг, течењето на струјата низ електричното коло почнува рапидно да
се наголемува (CD) и настанува првата фаза на електрично празнење, коешто се
манифестира со светење на гасот. Ваков вид електрично празнење се вика тивко или
тлеечко празнење.
На делот на тивкото празнење (CD), поради се побрзата јонизација настанува брз пад на
напонот и со почетокот од точката D (граничниот пад на напонот), отпочнува нов вид
електрично празнење – искрово празнење. Почетокот на искровото празнење (почетокот
на рапидното наголемување на протокот на електричната струја) се вика пробив (точката
D).
Појавата на искра покажува дека прогресивното наголемување на
електроспроводливоста на гасот (јонизацијата) е завршена со нарушување на неговата
диелектрична стабилност. Во овој дел процесот се одвива мигово, независно од
карактерот на изворот на електрична енергија.
Понатамошниот процес, во зависност од силата на изворот на струја, може да се одвива
различно. Доколку силата на изворот е недоволна да го одржува овој бурен процес,
напонот на струјата мигово паѓа на многу ниска вредност и процесот се прекинува (Е - F ').
Доколку силата на изворот е доволно голема за да го одржува овој процес, процесот се
стабилизира и настапува празнење со електричен лак (делот Е - F '' ).

На овој начин се одвива електричното празнење помеѓу графитните електроди при


рефлекторите, со што се добива електричен лак со јака светлина.

22 . Електрично празнење низ течен флуид сл.411


При електроерозивната обработка електричните празнења се одвиваат помеѓу две
меѓусебе блиску поставени електроди одделени со течен флуид.
Сложеноста на процеост на електричното празнење низ течен флуид е во тоа што при
ова се одигруваат низа неповратни хемиски реакции кои доведуваат до прогресивно
губење на стабилноста на процесот. Освен тоа, поради острата промена на
температирата во зоната на празнењето има и појава на хидраулични удари. Поради
нехомогеноста на површината на катодата под дејство на електричното поле доаѓа до
дискретна емисија на електрони кои се движат кон анодата. При нивното движење
електроните се судираат со молекулите на диелектричниот флуид при пто како и при
празнењето низ гасен флуид доаѓа до создавање на слободни електрони и позитивни
јони кои тежат повторно да се соединат во неутрален молекул. Со зголемувањето на
напонот при определена јачина мна електричното поле процесот на јонизацијата е
поинтензивен во однос на процесот на дејонизацијата и определеното количество јони се
групира долж силовите линии на електричното поле.
Низ вака групираните јони електричниот отпор на диалектрикумот значително е помал и
низ нив почнува поинтензивно течење на електроните коишто во судир со молекулите на
диалектрикумот предизвикуваат верижна реакција на процесот на јонизацијата. На овој
начин се формира високојонизиран електроспроводнички канал низ кој како лавина
провалува целиот електричен набој.

Појавата на искра по пробивот и во овој случај покажува дека прогресивното


наголемувње на јонизацијата на диелектрикот е завршена со нарушување на неговата
диелектрична стабилност. Ова е проследено со силно загревање на јонизираниот канал и
наголемување на неговиот пречник со брзината на ширењето на ударниот бран.
Електричното празнење трае седодека не се испразни акумулираната енергија во
кондензаторот. Штом ќе престане протокот на електрична струја околната течност нагло
го лади ппроводничкиот канал и во него настапува мигов пад на притисокот. Потоа пак
почнува процесот на дејонизаицја на диелектрикумот.

23. Колку видови на електроерозивната обработка разликуваме во зависност од


должината на импулсот (видови и карактеристики)
Во зависност од должината на импулсот имаме:
- Електроискрова и
- Електроимпулсна или електролачна
Електролачното празнење низ течен флуид може да се подели на два стадиума:
- Подготовка и формирање на високоспроводнички канал и
- Електрично празнење со лак
При искровото празнење првиот стадиум се состои од две фази:
1. фаза на подготовка и пробив
2. фаза на електроискрово празнење
Втората фаза при искровото празнење претставува крај на импулсот додека при
електролачното празнење оваа фаза се јавува како почеток на електричното празнење.
Карактеристични знаци на елетролачното празнење се : стабилност на неговите
параметри и високата густина на струјата што настануваат главно по нестабилното
искрово празнење.
При искровото празнење поради кусото време на празнењето енергијата на ипулсот е
мала па имаме и релативно мало симнување на метал по импулс. При електролачното
празнење вториот стадиум се одликува со голема енергија и имаме релативно големо
симнување на метал по импулс. Во овој стадиум едновремено се одвиваат електрични и
топлински процеси.
При електричното празнење имаме нерамномерна распределба на електричното поле во
просторот помеѓу електродите. Односно имаме промена на напонот во каналот за
празнење кој е условен со преминот на струјата преку границата метал-плазма. Падот на
напонот во работниот простор има влијание на хидрауличните процеси во овој простор
бидејќи енергијата во каналот на празнењето директно се предава на течниот диалектрик
предизвикувајќи ударни микробранови.
При електричното празнење температурата во каналот на празнењето се движи од 5000
до 10000 С* . Електричниот лак преставува висококонцентриран претворувач на
електричната енергија во топлинска.

24. Кои се основните карактеристики на електричните импулси кои се применуваат


при електроерозивната обработка ?
При електроерозивната обработка имаме:
- импулси на напонот
- импулси на струјата
Основните карактеристики на електричните импулси кои се применуваат се :
- должината (трајност) на импулсот
- амплитудата
- коефициент на трајноста
- фреквенцијата
Од овие карактеристики зависи енергијата на импулсите, силината, производноста и низа
други параметри на обработката.
Под должина на импулсот се подразбира времето на нивното дејствување. Длжината на
импулсот се дели на: период на пораст (во кој се формира иницијален канал за празнење)
кој се вика и период на задршка на напонот и период на празнење (кој е еднаков со
должината на импулсот на струјата бидејќи во овој период има интензивно течење на
струјата.)
Времето на порастот на напонот при генераторите на инпулси со кондензатор
претставува време на полнење на кондензаторот. При современите генератори ова
време е многу кусо т.е порастот на напонот се врши мигово, така што под период на
задршка на напонот се подразбира период на време од почетокот на проастот на напонот
до почетокот на електричното празнење. Бидејќи помеѓу електродите има поизразен
напон само во текот на определен дел од времето на периодта на осцилациите помеѓу
двата импулса има период на пауза во која што треба да се изврши процесот на
дејонизацијата за да се воспостави саканата напонска разлика, па поради тоа времето во
кое се одигруваат импуслите треба да е покусо од паузата помеѓу импулсите.
Амплитудата на импулсите на струјата при електроерозивната обработка се менува во
големи граници. Доколку амплитудата е поголема при иста енергија на импулсот имаме
поголема концентрација на електрична енергија.
Коефициентот на трајност на импулсот претставува однос помеѓу должината нна
импулсоти периодата на циклусот. Тој се вика уште и релативна должина на импулсот.
Коефициентот ја определува возможноста за концетрација на голема енергија и силина
во објектот. При постојан довод на електрична енергија во зоната на обработка
топлинската енергија што се ослободува од електричниот лак не се концентрира само на
обработвата површина туку на целата зафатнина на објектот. Покрај намалувањето на
степенот на кроисното дејство има и структурни промени во предметот, зголемување на
рапавоста и сл.
Фреквенцијата на импулсите има голема улога бидејќи од неа зависат продуктивноста,
точноста и квалитетот на обработената површина. При постојана средна силина и
коефициент на трајност, со зголемувањето на должината на импулсите се намалува
фреквенцијата и обратно. Фреквенцијата и коефицентот на трајност треба да бидат така
одбрани што ќе ги задоволуваат барањата за производност и рапавост на обратотената
површина.

25. Како се изведува симнувањето на металот при електроерозивната обработка ?


Една од загатките на оваа обработка се силите под чие дејство се изфрла металот од
кратерите на оработуваната површина, односно механизмот на исфрлањето на металот
од кратерот.
Според Лазаренко исфрлувањето на растопениот метал од кратерот се врши под дејство
на електродинамичките сили кои дејствуваат во текот на електричното празнење.
Според теориите на Зологих исфрлањето на металот се врши под дејство на
електродинамичките сили и хидрауличкиот ударен бран што се развива од експлозивното
ширење на каналот за празнење. Врз база на истражувањата тој утврдил дека
најголемото исфрлање на металот се врши на крајот на електричното празнење додека
електродинамичките сили и хидрауличкиот бран се најсилни на почетокот на празнењето.
Поради тоа тој дал друга теорија според која исфрлањето н металот настанува поради
експанзијатаа на растворените гасови во растопениот метал. Тој смета дека при
електричното празнење во течниот флуид се создава гасен меур кој се шири и притиска
по растопениот метал. Штом електричното празнење заврши притисокот во меурот нагло
паѓа, и настанува бурно одделување на растворените гасови, вриење и исфрлање на
металот од кратерот.
Според Зигерман исфрлањето на металот се врши врз база на вриење на растопениот
метал во потповршинските слоеви. Ова вриење според него е резултат на
микроскопските мали нееднородности на металите и легурите, што имаат различни
топлинскофизички својства. Поради ова во внатрешноста на растопениот метал има
појава на локални центри на вриење и поради експанзијата на металните пари се
исфрлаат метални капки во работниот простор.
Независно од механизмот на исфрлањето на течниот метал од кратерот, симнувањето на
металот се врши на еден од слендите начини:
- со загревање на металот до точката на топењеи неговото остранување во течна
состојба. Бидејќи истопениот метал веднаш ги напушта површините се топи
следниот слој итн. Во овој случај топлинската енергиа се троши само за загревање
на металот до растопување.
- Површината на металот се загрева до температура на топење, но течниот метал
се исфрла во вид на капки кон крајот на празнењето. При ова има извесно
прегревање на металот и поголемо трошење на топлинска енергија
- Растопениот метал е загрева до мирно испарување. За овој процес се троши уште
поголема енергија на ед.волумен исфрлен метал
- Растопениот метал се исфрла во вид на капки но истовремено имаме и мирно
испарување. Овој процес е поекономичен од претходниот биејќи металот се
исфрла во течна состојба
- Растопениот метал се исфрла со бурно испарување. Овој процес е енергетски
најнеповолен и е можен при крајот на силните импулси.

26. На колку начини се изведува евакуацијата на продуктите на електроерозијата од


работниот простор ?
За правилно одвивање на процесот на електроерозијата и одржувањето на неговат
стабилност многу е важно ефикасното одведување на продуктите на електроерозијата од
работниот простор. Во процесот на обработката непрекионато се врши исфрлање на
ситни метални честички со различна големина како и се создаваат честички од
пиролизата на течниот флуид, а истотака и големи гасни меури. Гасните меури доколку
се концентрираат во поголеми групи создаваат услови за појава на гасно електрично
празнење кое е проследено со низа на негативни ефекти.

Евакуацијата се врши на два начина:


- Природно, со самиот процес на електроероизјата
- Принудно, со принудна циркулација на дијалектрикумот
Механизмот на природната евакуација се објанува на следниот начин:
Електричното празнење проследено е и со појава на хидрауличен бран. Покрај тоа
поради миговото претворање на електричната енергија во топлинска , електровото
претворање е проследено е и со појава на акустични бранови.
Хидрауличниот бран кој се движи со голема брзина со себе ги зафаќа и честичките на
исфрлениот метал во работниот простор и ги поместува од својата првобитна положба со
голема брзина. Бидеји електричното празнење се одвива низ целиот работен протор
поместувањето на честичките има хаотичен карактер при што се судираат меѓу себе.
Поради загревањето на течноста во работниот простор има извесна природна
циркулација на течноста. Сето ова предизвикува дел од честичките да испаѓа надвор од
просторот на обрботката.
Брзината на движењето на гасните меури под дејството на хидрауличните бранови е
побавна во споредба со движењата на цврстите честички. Евакуацијата на гасните меури
се врши и со силата на потисокот, при што струењето на гасните меури од работниот
простор кон кадата ја поттикнува евакуацијата на цврстите честички.
Евакуацијата на честичките се врши и поради природната циркулација на течноста
условена со температуранта разлика помеѓу дијалектрикумот во работниот простор и
кадата. За интензификација на процесот на евакуација на продуктите на електроерозијата
денеска се повеќе се применува принудната циркулација на течноста. Со принудната
циркулација не само што се забрзува одведувањето на продуктите туку се врши и
обновување на дијалектричниот флуид со свеж со што е забрзува процесот на
дејонизацијата.

27. Поделба на инсталациите за електроерозивна обработка


Инсталациите за електроерозивната оработка по својата конфигурација може да се
состојат од различни агрегати, а во зависност од намената на инсталацијата и нивото на
автоматизацијата. Различните агрегати можат да бидат во склопот на самата машина или
оддлено поставени.
Инсталациите за електроерозивна обработка може да се поделат според различни
критериуми:
а) Според намената, на:
- универзални инсталации
- -специјални инсталации

б) Според видот на електродата-алат што ја користат, на:


- -инсталации со профилна електрода
- -инсталации со жичена електрода.

в) Според точноста што се постигнува, на:


- инсталации со нормална точност
- инсталации со зголемена точност.
Покрај горенаведеното, тие може да се поделат (групираат) и според инсталираната
силина, видот на генераторите на импул- си, системот за управување, габаритните
димензии на машината и др.

28. Генератори на импулси (поделба и карактеристики)


Генераторите на импулси кои се применуваат во инсталациите за обработка со
електроерозија наменети се да генерираат униполарни импулси на електрична струја со
определени кактеристики фреквенција, амплитуда,должина на празнењето, коефициент
на траењето на импулсите и др.
Според карактерот на импулсите, тие се делат на две основни групи:
- генератори со зависни импулси и
- генератори со независи (управува) импулсиж
Според основната шема на работа, тие може да се поделат на :
- RC - генератори
- RLC - генератори
- RLCD - генератори
- цевни лампови генератори
- транзисторски генератори и
- вртежи (машински) генератори
Според фреквенцијата, може да се поделат на
- нискофреквентни (до 300 Hz)
- среднофреквентни (од 300 до 1000 Hz) и
- високофреквентни (преку 1000 Hz).
Според технолошката намена се делат на:
- генератори за груба обработка
- генератори за фина обработка и
- универзални генератори
Генераторите со зависни импулси - генерираат импулси потпoлно зависни од
состојбата во работниот простор (видот на дијалектрикумот, загаденоста на
дијалектрикумот со продуктите на електроерозијата, големината на зјајот и сл.). При овие
генератори штом работниот зјај ја пречекори граничната вредност по којашто не може да
се изврши пробив и празнење, не само што се прекинува процесот на обработка, туку
престанува и генерирањето на импулси. Во оваа група спаѓаат релаксационите
генератори (RC, RLC, RLCD и некои ламповни).
Генераторите со независни импулси - генерираат импулси со константни
карактеристики кои не зависат (или делумно зависат) од состојбата во работниот простор.
Должината на импулсот, амплитудата, фреквенцијата и коефициентот на трајноста се
определени со конструкцијата на генераторот и не зависат од состојбата во работниот
простор. Промената на карактеристиките на импулсот се врши со дејствување на уредите
на генераторот. Во оваа група спаѓаат, главно, вртежните и полупроводничките
генератори.
Генераторите за фина обработка - се одликуваат со мала силина и висока фреквенција
(до 200.000 Hz).
Генераторите за груба обработка способни се да генерираат импулси со голема силина.
Во оваа група спаѓаат ниско фреквентните генератори со голема силина (до 150 kW).
Универзалните генератори наменети се за универзалните машини и се одликуваат со
широк дијапазон на фреквенции, така што со нив може да се врши груба и фина
обработка.

29. Слободни регулатори на поместот


Слободните регулатори се карактеризираат со тоа што носачот на електродата е
слободно обесен и делумно урамнотеженсо противтеr, при што електродата, под дејство
на сопствената тежина се стреми да дојде до куса врска со обработуваното парче.
Регулаторот во овој случај одржува рамнотежна состојба на системот т.е. електродата ја
одржува на определено растојание од обработуваната површина еднакво на работниот
зјај. Во групата на слободните регулатори спаѓаат: соленоидниот, електродинамичкиот и
регулаторот со запчест лост.

Соленоидниот регулатор (сл. 4.32а) се состои од подвижниот систем (носачот на алат 4,


електродата 1 и противтегот 3) и неподвижниот (соленоидот 2). Подвижниот систем под
дејство на сопствената тежина ја спушта електродата кон обработуваното парче, а во
соленоидот се создава електромагнетна влечна сила со спротивна насока. При
определен режим на работа силата на електромагнетот го држи системот во рамнотежна
состојба со определен работен зјај. Електромагнетната сила зависи од јачи ната на
струјата што тече низ електродата. При куса врска таа е најсилна и електродата ќе се
одлепи. Обратно, доколку зјајот е преголем, престанува да тече електричната струја и
силата во електромагнетот паѓа на 0, па електродата гравитационо почнува да се
приближува кон обработуваното парче, т.е. ќе се намали зјајот. На овој начин постојано
се одржува работниот зјај. Недостатокот на овој регулатор е што при поголеми тежини на
електродата, тој станува инертен, а исто така со навлегувањето на електродата во
обработуваното парче, треба повремено да се дотерува поради слабењето на
електромагнетната сила со промената на положбата на носачот (јадрото) во однос на
соленоидот (при средната положба на јадрото, магнетната сила е најголема).
Електродинамичките регулатори (сл. 4.326) работат врз принципот на меѓусебно
дејство на калемите (4) и (5) кои се поставени на подвижниот систем (3) низ кој тече
пулзирачка електрична струја од генераторот на импулси и од магнетното поле од
електромагнетот (6) чијашто намотка е напојувана со постојана истонасочна струја. При
ваков систем, влечната сила малку зависи од положбата на калемите на централното
јадро на електромагнетот. Овие регулатори може да се применат и за машини со
релативно голем од (100 до 150 mm) и тежина на електродата до 5 kg.
Регулаторот со назабен лост (сл. 4.32в), практично нема ограничен од. Влечната сила
при овие регулатори се добива од електромоторот преку спрегот запченик-запчеста летва
и може да прими значително поголеми неурамнотежени сили. Електромоторот реагира на
промената на средниот напон низ работниот зјај и на тој начин одржува определен зјај
помеѓу електродите.

30. Управувани регулатори – хидрауличен регулатор за помест


Упрауваните регулатори се одликуваат со тоа што подвижниот систем не може слободно
да се движи под дејство на сопствената тежина, туку принудно во обете насоки по дејство
на управувачки систем. Општи барања кои треба да ги задоволи еден современ
регулатор за помест се:
- точно одржување на саканиот зјај
- брзо реагирање на промените в рабтониот простор
- голема работна сигурност
- едноставна конструкција

Хидрауличниот регулатор (сл. 4.34) всушност, претставува автоматски следилен систем


со хидрауличен засилувач. Со пумпата (2) течноста под притисок преку распределителот
(4) се доведува во цилиндарот (6) на обете страни од клипот (7). Кога распределителот се
наоѓа во средна положба, пропушта исто количество течност во обете комори на
цилиндарот. Течноста од цилиндарот преку пригушниците (8,9) се враќа назад во
резервоарот (1). Во овој случај притисокот на течноста од горната страна на клипот е
помал, бидејќи пригушницата 8 е со поголемо приушување, со што се урамнотежува
тежината на клипот со клипницата и електродата, и тој мирува. Распределителот се наоѓа
во средна положба само тогаш, кога електромагнетната сила во соленоидот (3) е во
рамнотежа со силата на пружината (5) којашто му одговара на определен работен зјај.
Доколку се намали или наголеми работниот зјај, се намалува или наголемува
електромагнетната сила во соленоидот, а со тоа се менува и положбата на
распределителот, кој во овој случај пропушта повеќе течност во едната или другата
комора на цилиндарот.
При исклучување на машината, распределителот автоматски ги затвора двата отвора на
цилиндарот и клипот останува неподвижен. Овие регулатори доволно се осетливи и при
тешки електроди, па се застапени кај низа современи електроерозивни машини, особено
при средните и тешките машини. Покрај изведбата со симетричен клип, постојат и
регулатори со асиметричен клип.

31. Системи за циркулација на дијалектикумот и плакнење на работниот простор


при EDM
Системот (агрегатот) за циркулација на дијалектрикумот има задача да го наголеми
интензитетот на прочистувањето (плакнењето) на меѓуелектродниот простор од
продуктите на електроерозијата по пат на принудна циркулација на течноста
Исто така, со него се врши и прочистување (филтрирање) на за гадениот дијалектрикум и
евентуално ладење, односно одржување на дијалектрикумот на определена температура.
Системите за циркулација на течноста зависат од големината и намената на машината, а
и од производителот на инсталацијата.
На сл. 4.37 е прикажана шема на современа инсталација за циркулација и прочистување
на дијалектрикумот на фирмата AGIE. Дел од оваа инсталација е во вид на одделен
агрегат (3 - сл. 4.20 и сл. 4.376), додека дел од неа се наоѓа на самата машина (кадата за
дијалекрикумот со разни приклучоци сл. 4.37а). На делот што е директно поврзан со
работниот простор на машината, има приклучоци за уфрлување на течноста под притисок
или смукање (15,16 - сл.4.37а). Исто така и приклучоци за одведување на течноста што се
прелева (14) и приклучоци за брзо полнење и празнење на кадата (5,6 - Ch. 4.37).

Загадениот дијалектрикум што ја напушта кадата преку водот (6) се слева во поголемиот
резервоар (2), од каде со помош на пумпата (8) преку филтерот (9) пречистен се уфрлува
во резервоарот за чист дијалектрикум (3). При ова со помош на изменувачот на топлина
(10) или со помош на определен систем се одржува во определени температурни
граници, се лади. Дел од нечистата течноста која од определени причини не може да
помине преку филтерот (9), преку вентилот (21) се враќа назад во резервоарот преку
водот (22). Во резервоарот за нечиста течност се враќа и течноста од работниот простор
(кадата) што се смука (при прочистување со смукање), преку водот 6.
Од резервоарот со чиста течност (3) дијалектрикумот со пумпата (10) се уфрлува во
работниот простор, односно во кадата преку водот (5) при брзо полнење на кадата или
преку приклучоците (15,16 или 20) при обработка со вбризгување под притисок, смукање
или пулзирачки, бидејки циркулацијата на дијалектрикуот во работниот простор
(плакнењето) се врши со уфрлување на течноста во меѓуелектродниот простор под
притисок или со смукање на течноста, а понекогаш и пулзирачки.
Нечистотиите што се одделуваат во филтерот 9 преку водот 13 се исфрлаат во
транспортната количка 4, каде што се цедат преку определено сито. При ова, дел од
течноста по процедувањето се враќа во резервоарот 2. Се разбира, постојат по прости и
посложени инсталации, а во зависност од големината и од типот на машината за EDM.

32. Начини на плакнење сo уфрлање на течност под притисок (сл.4.38)

При уфрлувањето на течноста под притисок треба да се издупчи отвор или во


електродата-алат или во обработуваниот предмет што се поставува на одделно
помагало. При извршување на овој начин на плакнење, течноста која е заедно со
металните честички поминува низ страничниот зјај, поради што се можни странични
електично празнења. Поради ова, обработуваната површина се добива со извесна
конусност (зјајот од дното кон излезот е поголем). Овој метод најчесто се користи на
плакнење при изработка на отвори во матриците за просечување. Плочата се поставува
завртена за 180 степени, за да се добие обратна конусност (сл. 4,38).

33. Начини на плакнење со смукање на диелектрикум (сл.4.39)

За да се отсрани ефектот на страничното празнење и за да се избегне појавата на


конусност, може да се примени методата на плакнење на слика 4,39 или пак со
вбризгување под притисок преку посебно помагало. При плакнење со смукање на
течноста, течноста може да се смука низ издупчениот отвор во електродата-алат (б) или
низ обработуваното парче (а).
34. Начини на плакнење со странично плакнење (сл.4.40; сл. 4.41; сл. 4.42)

На слика 4.40 низ страничниот зјај поминува чиста течност, па немаме странични
електични празнења. Смукањето се извршува со вакум пумпа при што потпритисокот се
движи од 0,8 до 0,9 бари, со што не може да се постигне ист интензитет на плакнење како
при користењето на течноста под притисок, што е особено важно при плакнењето на
големи површини со мали зјаеви каде што, при движењето на течноста, имаме големи
отпори од што следува и нерамномерно прочистување на површината. Тоа има
последици и врз стабилноста на режимот на обработка. Доколку не можат да се изведат
отвори на обработуваното парче или на електордата-алат, тогаш се применува странично
плакнење (сл.4,41). Треба да се внимава на правецот на струење на дијалектрикумот т.е.
навлегувањето на течноста да се врши под што помал агол во однос на обработуваната
површина. Овој начин се користи кај плитки отвори со сложена гравура.
При обработка на длабоки непроодни (слепи) отвори, при кои широчината спрема
длабочината на отоворот се различни, тогаш струењето на течноста треба да се врши од
страната на поголемата мерка (сл. 4,42а), а не како кај (сл.4,42б) по покусиот пат на
струењето. При ова течноста треба да анавлегува од едната страјна, а да излегува од
другата, т.е. несмее да се дизволи уфрлување на течноста од повеќе страни при што би
се создало турбулетно движење со неефикасно прочистување.

35. Начини на плакнење со осцилаторно движење на електрода – алат (сл.4.43;


сл.4.44)

При плакнењето со надолжни осцилации на електродата-алат, при оддалечувањето на


електродата (а) во меѓуелектродниот простор, навлегува нова течност која се меша со
постојната, а при приближувањето (б), течноста се истиснува. На овој начин можна е и
изработка на длабоки отвори, без прекумерна циркулација на дијалектрикумот.

При уфрлувањето на дијалектрикумот под притисок низ електордата-алат се интензивира


процесот на плакнењето. Доколку притисокот е поголем, поинтензивно е и
прочустувањето на меѓуелектродниот простор. Меѓутоа при користењето на овој начин на
плакнење, забележано е поинтензивно абење на електодата на местото на влезот на
дијалектрикумот (сл4,44) и наголемувањето на интензитетот на абењето со
наголемувањето на притисокот на дијалектрикумот.
36. Машини за обработка со електроерозија – основни видови и поделба (145-146)

Првите електроерозивни машини биле изградени брз база на конвенционални


металорезачки машини односно се користеле вертикални дупчалки, при кои носачот на
алатот бил заменет со носачот на електродата-алат, а на масата била поставена када со
дијалектична течност, во која се потопувало обработуваното парче. Подоцна биле
изградени електоерозивни машини брз базза на вертикални глодалки, при кои масата со
обработуваното парче може да се поместува по две хоризонтални помеѓу себе нормални
оски, со што се овозможува поточно и побрзо позиционирање на електородата во однос
на обработуваното парче. Постојат и конструкции каде што носачот на алатот-
електродата може да се движе по конзола во напречен правец а работната маса да се
движи надолжно, но исто така постојат конструкции каде што масата е неподвижна а
носачот на електордата во два меѓусебе нормални правца. Во сите случаи носачот на
електодата може да се движи и коаксијално во вертикална насока, рачно или автоматски
за брзо придвижување или пак одалечување, и со регулиран помест во процесот на
обработката. Во однос на движењата автоматското движење на електродата-алат
претставува работно движење, додека другите се помошни движења.

Денес постојат разни видови на електроерозивни машини, кои се разликуваат по нивната


конструкција, намена технолошки можности, габарити и др. Тие се групираат по различни
критериуми како на пример:

- Според намената, на: универзални и специјализирани


- Според видот на, електродата-алат, на: машина со проифилна електрода и
машини со жичана електрода
- Според точноста што се постигнува на: машини со нормална точност и машини
со наголемена точност

Покрај тоа, машините може да се групираат, според инсталираната силина, степеноот на


автоматизација и степенот на управување, габаритните димензии и др.

37. Основни карактеристики и органи на електроерозивните машини (146-149)

Универзалните електороерозивни машини се наменети, за изработка на алати за ковање,


пресување, леење под притисок, истиснување, просекување и др. Делови со сложена
површина, кои се изработуваат поединечно или во мал број парчиња. Овие машини се
снабдени со разни помагала и се поврзани со генератори на имплуси со широк спектар на
имплусите, за да се овозможи како груба така и фина обработка на површините со
различни големини. Некои машини поврзани се и со два генератора на имплуси.

. Основните технички карактеристики на машините со профилна електрода се:

- Димензиите на работната маса


- Димензиите на кадата
- Височината на кадата над горната површина на работната маса
- Максималната тежина на обработуваното парче што може да се постави на
работната маса
- Максимална тежина на електродата со помагалото
- Растојанието помеѓу челната површина на носачот на електродата и горната
површина на масата
- Одот на носачот на електодата-алат
- Должината на одовите на масата на двете оски

Основни органи на електроерозивната машина со профилна електода се:

1. Работната маса
2. Носачот на електордата-алат со регулатор за помест
3. Носечка конструкција
4. Систем за плакнење

1.Работната маса

Работната маса содржи два супорта (надолжен и напреченн) со кои се остварува


движењето на обработуваното парче по две меѓусебно управни оски. Обработуваното
парче во текот на обработката треба да биде потопено во дијалектрик, на горниот супорт
на масата поставена е када. Работната маса треба да обезбеди лесно и сигурно
поставување на обработуваното парче. Затоа при современите машини кадата се отвора
странично. При универзалните машини можеме да вршиме промена на поларитетот, на
обработуваното парче и на електодата, плочата на која се поставува обработуваното
парче, треба да биде електично изолирана од машината и поврзана со генераторот на
имплуси. Точноста на координатното поместување на масата се движи од 0,01 до 0,02
мм. Постојат и машини со дигитално отчитување и до 0,001мм.

2. Носач на електродата-алат

Носачот на електродата-алат, всушност е дел од извршниот орган на регулаторот за


помест и е приспособен на него да се поставуваат различни помагала за прицврстување
на електродата-алат. Чувствителноста на регулаторот за помест во голем степен зависи
и од коефициентот на триење на водилките за праволиниско движење на носачот. Затоа,
носачите на електродата-алат најчесто се прават водилки со хидраулично триење или со
триење со тркалање. Плочата за прицврстување на електодата се изведува како кружна
со централен отвор за центрирање на помагалото, или со квадратна со Т жлебови.
Последното решение има поширока примена на поголемите машини на кои се
поставуваат тешки електроди. Кај повеќето конструкции имаме електромагнетно
прицврстување на помагалата за носење на електродата на носачот.

3. Носечка конструкција

Носечката конструкција, како и кај металорезачките маши- ни, има за цел да ги поврзе
работните органи на машината во една целина. При универзалните електроерозивни
машини носечката конструкција се состои, главно, од основа и конзолен столб, слично
како и при вертикалните универзални глодалки. Меѓутоа, при некои потешки машини таа
може да биде и од портален тип. Порталните носечки конструкции во практиката почесто
се сретнуваат при машините со жичена електрода и кај некои специјални машини.
Носечката конструкција како и кај металорезачките машини, се изработуваат од леано
железо или од челична заварена конструкција, а во зависност од големината и серијноста
на изработката на машината.

38. Машини со жичана електрода (150-153, сл.4.51; сл.4.53)

Машините со жичена електрода,спаѓаат во групата на универзални машини, коишто


првенствено се наменети за изработка на профилни отвори на плочести предмети или
плочести делови со сложена форма. Електродата-алат претставува ка. либрирана
метална жица (сл. 4.51) која во процесот на обработ. ката постојано се премотува помеѓу
две макари (1, 2) со опре делена константна брзина. Жицата е изолирана од машината и
при движењето водена е преку поголем број тркалца и секогаш е затегната со помош на
една сопирачка со пружина (сл. 4.52) со која може да се регулира затегнувањето.

За да имаме што помало отклонување на жицата од вертикалната оска и помали


вибрации на жицата, водилките (3) (сл. 4.51) се посебно конструирани за точно притегање
на жицата со ослонување во три точки (сл. 4.53), при што меѓусебното растојание на
водилките се зема колку е можно покусо (сл. 4.54). При ова, едната од водилките е
фиксна, а другата - подвижна. Водилките се изработени од материјал отпорен на
абразивно абење.

Жицата е само на еден кус дел под напон т.е. само на ден лот помеѓу водилките (сл.
4.54). Бидејќи обработката се врши со високофрекветни импулси со мала силина, жицата,
речиси, секогаш е поврзана за негативниот пол, а обработуваното парче за позитивниот.
Најкарактеристични органи на машините со жичена електрода се: координатната маса (6)
која при современите машини е управувана со систем за нумеричко управување (1) и
органите за движење на електродата (8) со различни брзини на движење. При овие
машини нема бања со диaлeктрикум, туку дијалектрикумот се уфрлува во вид на млаз
(сл. 4.56) со што поефикасно се плакне работниот простор. Доколку, пак, постои када, во
овој случај таа игра улога на заштита од распрскување на дијалектрикумот. Бидејќи
работниот зјај е многу мал, како дијалектикум најчесто се користи дејонизирана вода
којашто се одликува со мал вискозитет. 2. Системот за нумеричко управување на
координатната маса е од типот на CNC кој работи со две затворени кола на информа- ции
и тоа: едно, коешто е поврзано со мерните скали (давачите на информации за
координатната положба на масата по двете упра- вувани оски) и второ коешто е поврзано
со меѓуелектродниот простор од каде се добиваат информации за работниот зјај (преку
амплитудата на напонот или струјата). На овој начин се остварува автоматско релативно
движење на електродата по обработуваното парче според програмата за дадената
контура, а со регулиран помест (брзина на движење) кој обезбедува константен работен
зјај помеѓу електродата и обработуваното парче т.е. константна широчина на резот при
оптимални услови на обработка. либрирана на константен пречник по целата должина,
бидејќи За да се добие точна обработка, жицата треба да биде калибрирана на
константен пречник по целата должина, бидејќи точноста на обработката, зависи и од
константноста на пречникот на жицата. Жицата, обично, се изработува со пречник од 0,05
до 0,3 mm. Доколку брзината на жицата е поголема, таа покуса време е изложена на
електроерозивно дејство, помалку се трошо т.е. помалку го менува пречникот, но со тоа
помало е и нејзиното искористување, бидејќи жицата најчесто се користи само еднаш.
Меѓутоа, доколку таа се движи многу бавно, нејзиниот работен век (искористливост) е
поголем, но постои опасност да се прекине. Брзината на жицата, главно, зависи од
дебелината, видот на материјалот што се реже, од пречникот на материјалот на жицата.

39. Технолошки карактеристики на процесот, општи поими и трошење на


електродата-алат (166-168) сл.4.78

Општи поими

Главните технолошки карактеристики на електроерозивната обработка се:

- релативното абење на електродата-алат,


- производноста на обработката,
- рапавоста на обработената површина,
- физичко-хемиските промени во површинските слоеви на обработената површина и
точноста на обработката.

Важноста на одделните технолошки карактеристики на процесот на електроерозивната


обработка е различна и, главно, зависи од условите на работата и намената на
обработуваните делови. Производноста на процесот е главна технолошка карактеристика
од економски аспект. Рапавоста, физичките својства на обработената површина и
точноста на обработката се важни карактеристики од аспект на функцијата на
обработените делови, односно нивната намена. Многу од наведените технолошки
карактеристики се противречни една на друга. Така на пример, доколку е поголема
производноста, се добива полош квалитет на обработената површина и помала точност.
Затоа, изборот на оптималните технолошки карактеристики за секој конкретен случај за
обработка е еден од најважните проблеми при секој вид обработка, па и при обработката
со електроерозија. 4.4.2. Трошење на електродата-алат Како што се гледа од сликата 4.2,
при електричното празнење се симнува и дел од материјалот на електродата со што таа
во процесот на обработката се троши и ја губи својата првобитна форма и мерки.

Електродата не се троши рамномерно по целата површина, туку покажува значително


поинтензивно трошење на рабовите (сл. 4.78). Поради тоа, од практична гледна точка,
разликуваме повеќе видови трошење на електродата:

- релетивно волуменско трошење (qv) кое се карактеризира со односот помеѓу симнатиот


материјал од електродата (Qe) и симнатиот материјал од обработуваното парче (Qm) во
волуменски однос

- релативно тежинско трошење (qv)

−¿релативно линиско трошење (qL), кое се карактеризира со линиското скусување на


електродата поради абењето на местото на нејзината централна оска (Le) во однос на
издупчената длабо- чина во материјалот, односно должината на навлегувањето на
електродата во материјалот (Lm).

−¿релативно трошење на рабовите, кое се карактеризира со промена на радиусот на


рабовите во време на обработката (сл. 4.79).

Како што се гледа од сл. 4.79, поинтензивното трошење на рабовите на електродата е


резултат на тоа што од рабовите кон обработуваното парче избива поголем број искри
(електрични празнења) одошто на останатиот дел од површината. Доколку рабовите се
поостри, поинтензивно е и нивното трошоње. Електродата алат се троши и по
страниците, но со значително помал интензитет. До страничното трошење доаѓа поради
страничните електрични празнења, при преминот на металните честички низ страничниот
зјај, при нивната евакуација од работниот простор. Докол- ку страниците на електродата
подолго се изложени на странични електрични празнења, дотолку нивното излижување е
поголемо. Затоа, на страниците кои се најблиски со челната површина имаме најголемо
абење од што се добива конусност на електродата, а со тоа и на обработуваниот отвор.
Трошењето на електродата игра важна улога за точноста на обработката. При
обработката на слепи отвори со определена топографија, волуменското трошење е од
примарна важност. Меѓутоа, ако треба да се добијат релативно остри рабови и ќошиња,
тогаш определувањето на бројот на потребни електроди се врши врз база на обата
фактора. Трошењето на електродата-алат е комплексен проблем кој што главно зависи
од составот на материјалот на електродата, режимот на обработката, дијалектрикумот,
поларноста, обработуваниот материјал, видот на генерираните импулси и др.

40. Материјали за изработка на електроди (169-170) (204-205)

Електродата-алат може да се изработи од секој електро- спроводнички материјал, но во


практиката, примена наоѓаат главно: бакарот и неговите легури, челикот, леаното железо,
а во из- весни случаи и волфрамот, молибденот и нивните легури.

Бакарот и неговите легури се одликуваат со голема електроспроводливост и


топлоспроводливост и нивното трошење, главно, зависи од карактеристиките на
импулсот. При обработка со релативно долги импулси и ниска фреквенција (груба
обработка), трошењето на бакарните електроди се наголемува со наголемувањето на
силината на обработката.

Алуминските легури како електроди имаат карактер на трошењето одошто бакарните.


При овие електроди, при обработка со струја со јачина од 5 до 30 А, со пораст на јачината
на струјата опаѓа интензитетот на трошењето на електродата (сл. 4.80). При јачина на
струјата од 5 до 7 А, имаме интензивно трошење на електродата кое при долгите импулси
од 800 до 1000 us достигнува 50 до 60%. Со наголемувањето на јачината на струјата на
10 до 15 А, трошењето на електродата остро се намалува, а при јачина на струјата од 35
до 100 А, паѓа на 5 до 10% колку што изнесува и за бакарните електроди.
Карактеристично за алуминските електроди е нивното полемо трошење на рабовите и на
местата на острите преоди, одејќи од големи кон мали пресеци.

Графитот се одликува со многу голема електроерозивна отпорност. Трошењето на


графитните електроди е десетина пати помало одошто при бакарните (сл. 4.80). Леаното
железо и челикот при трајноста на импулсот од 800 до 1000 ps, и јачина на струјата од 30
до 50 A се трошат со приближно ист интензитет како и бакарот. При јачина на струјата од
преку 50 А, порастот на трошењето на овие материјали е пого- лемо одошто при бакарот.

Волфрамот и молибденот по интензитетот на трошењето се наоѓаат помеѓу бакарот и


графитот.

При изборот на материјалот за електрода-алат треба да се води сметка за неговата


електроерозивна отпорност, специфичната електроспроводливост, можноста за лесна
изработка на елек- тродата со саканата форма, цената на чинење, јакоста, отпорноста на
корозија и сл. Електродата-алат се состои од работен дел со површини кои учествуваат
во процесот на обработката и елементи за локација и прицврстување за носачот на алат
на машината. Работниот дел на електродата се изработува од материјал отпорен на
електроерозија, додека делот за прицврстување и базирање (помошниот дел) може да
биде од истиот материјал или некој друг конструктивен материјал којшто е поевтин или
попогоден за обработка. Електродите може да се поделат според различни критериуми.
Според материјалот од којшто се изработени може да бидат: бакарни, графитни,
алуминиумски итн. Според намената на електродата, на: за груба обработка и завршна
обработка. Според Основната форма на: електроди за копирање на формата, електроди
за проодни отвори и жичени електроди.

Бакарните електроди се одликуваат со стабилна работа во широк дијапазон на режими


на обработка, при обработка на, речиси, сите обработувани материјали. Меѓутоа, бакарот
се одликува со голема цена на чинење и големо релативно трошоње, па неговата
примена е ограничена. Бакарните електроди, главно, се применуваат за обработка на
"тврди метали”, пробивање на отвори со мал дијаметар, слепи профилни отвори, при
режими на фина обработка со голема фреквенција, за извлекување на скр- шени сврдла
од обработуваното парче и како еталон при оценката на карактеристиките на EDM
машините.

Алуминските електроди се карактеризираат со нивното големи кон мали пресеци.


Алуминските електроди се применуваат, главно, за груба обработка на делови каде што
немаме остри преоди, особено при обработка на челични и огноотпорни легури. Овие
електроди може особено корисно да се применат пред графитните, бидејќи може да
работат при посилни режими и се поевтини.

Месинганите електроди по својата електроерозивна отпорност се блиски до бакарните.


Месингот се одликува со добра обработливост со режење и може да се добијат
електроди со точни мерки и висок квалитет на обработената површина. Месинганите
електроди имаат честа примена при обработката на тврди метали.

Графитните електроди се одликуваат со најголема електроерозивна отпорност.


Графитот наменет за електроди се состои од 99,9% електролитен графит пресуван на
голема специфична густина. Графитните електроди имаат најширока примена при
обработката на челици, а исто така може да се применат и за обработка на тврди метали.
Една од предимствата на графитните електроди еи тоа што со нив може да се добијат и
релативно остри ќошиња и рабови. Поради нивната мала специфична тежина (до 1,75
gr/cm*), и при масивни електроди немаме големо оптоварување на носачот на
електродата. Цената на графитот е повисока одошто на бакарот (сметано по kg).
Добивањето точни мерки на електродата и висок квалитет на површините е потешко
одошто при металите. Меѓутоа, поради својата висока електро- ерозивна отпорност, со
една електрода може да се добијат неколку десетици делови.

Леаното железо како електрода има стабилен процес само во едно тесно подрачје (до
јачина на струјата сса 60 A). Нивната електроерозивна отпорност во подрачјето на
стабилен режим е слична со бакарните. Меѓутоа ако електродите во процесот на
работата се движат релативно брзо во однос на обработуваната површина, подрачјето на
стабилноста им се проширува. Поради тоа, електродите од леано железо со успех се
применуваат при обработката со вртежни електроди, особено при електроерозивно
брусење на тврди метали.

Волфрамовите електроди се одликуваат со голема електроерозивна отпорност


(многукратно поголема од бакарните). Нивниот недостаток е во високата цена и тешката
обработливост. Волфрамовите електроди се изработуваат во вид на игли - за изработка
на ситни отвори или во вид на жица – за обработка со кроење.
41. Влијание на обработуваниот материјал (170)

Обработуваниот материјал исто така има големо влијание врз трошењето на


електродата. Релативното трошење на електродата-алат е приближно пропорционално
на односот на крите- риумите на Полетник (Кр) на материјалите на електродата и
обработуваното парче. Најголемо трошење на електродите имаме при обработката на
тврдите материјали и некои други тешко обработливи материјали.

42. Влијание на режимите на работа (импулси) (170-171)

Режимот на работата најсилно влијае на трошењето на електродата, особено на


трајноста на импулсите. При обработка со импулси со релативно голема трајност и мала
фреквенција, од една страна електродата е изложена на силно термичко дејство, од
друга страна, имаме појави на формирање покривка од кристален графит, во смисла на
Т. 4.2.3, поради што се намалува трошењето на електродата. Со наголемувањето на
должината на импулсите, се наголемува и интензитетот на создавањето на графитниот
заштитен слоја со тоа се намалува и процентот на волуменското трошење во
електродата.
43.Производност
При обработката со режење, производството најчесто се чувствува определени со
употреба на изработени парчиња (операции) во единица на време. За разлика од
обработката со режење, при електроерозивaнта обработка на производството како по
правило се определени според волуменот на симнат метал во единица време (мм3 / мин).
Производство на електронска обработка исто така се изразува и во кг / мин (QG),
понекогаш и преку брзина на навлегување на електродата алат во обработуваниот
предмет mm / min (QL).
Производство на електроенергетска обработка, главно, зависи од: обработливоста на
материјалот, ефективна силина и формата на импулсите, големината на работниот зја,
материјалот на електродата-алат, димензиите на обработуваната површина, видот на
дијалектрикумот, интензитетот на прочистувањето на меѓуелектродниот простор и др.
44.Рапавост на обработената површина
Површините добиени со електронска обработка многу се разликуваат од можните
добиени со конвенционални методи на обработка. Додека при обработката со резачки
алат на површината имаме трагови на релативното движење помеѓу алатот и
обработуваното парче во вид на бразди, нерамнините при електронско работење се
обработуваат како вид на ситни кратери, со различна длабочина на пречниците,
нерамномерно распределени по обработената површина. Кратерите, главно, немаат
правилна форма, и еден навлегува во друг. По рабовите на кратерите често имаат и
одделни надвишувања (наслаги) од разлеан метал и делумно заварени ситни честички.
Меѓутоа, на страничните површини (паралелни со поместот), нерамнините се резултат од
збирот на крајните површини на кратерите. Нерамнините од првиот тип, обично, се за 1,5
до 2 пати поголеми од нерамнините од вториот тип. И на страничните површини може да
се создадат нерамнини од првиот тип, доколку електродата има заоблување исто така и
поради извесни странични електрични празнења.
За разлика од конвенционалните методи на обработка, каде што разликуваме надолжна и
напречна рапавост, при електроерозивната обработка рапавоста во сите насоки е
еднаква. Меѓутоа, степенот на нееднородноста на нерамнините во однос на средната
рапавост е значително поголема одошто при обработката со конвенционалните методи
на обработка и се движи од 1,5 до 2. Коефициентот на полноста на профилот се движи од
0,46 до 0,5 т.е. во границите во кој што се движи и при конвенционалните методи на
обработка (0,4 до 0,6).
Pаnавоста на обработената површина при електроерозивната обработка зависи, главно,
од режимот на обработката, топлофизичките својства на обработуваниот материјал,
димензиите на обработуваната површина, видот на дијалектрикумот, материјалот на
електродата и др. Најголемо влијание врз рапавоста има енергијата и формата на
импулсите. Доколку енергијата на импулсите е поголема, дотолку се поголеми и
нерамнините, иобратно.

45.Физичко – хемиски промени во површинските


слоеви (сл.4.92)
Ако се направи металографска анализа на слоевите
под еродираната површина, може да се уочат
значителни промени во својствата на материјалот во
однос на основниот материјал. Овие промени се
дотолку поизразени, доколку обработката се врши со
посилни импулси (груба обработка). Ова е директна
последица на силното термичко дејство на
електричното празнење, при што металот мигово се
доведува до точката на топење или вриење со
последователно брзо ладење. При груба обработка со електроерозија, промените во
површинските слоеви на обработената површина може да се поделат во две
карактеристични зони (сл.4.92):

- зона на претопен метал (2),


- зона на структурни и механички промени (3).

Сл. 4.92. Шема на површинските слоеви што претрпеле промена при електроерозивната
обработка: 1 - обработена површина, 2 - претопен метал, 3- зона со механички и
структурни промени, 4 - основен материјал

46.Точност на обработката (193-195)(сл .4.99; сл.4.100)


На точноста на обработката влијаат низа фактори сврзани за процесот на
електроерозивната обработка, кои, во зависност од условите на обработката, имаат
поголемо или помало влијание.
Отстапувања од зададената форма и мерки при електроерозивната обработка,
настануваат, главно, од: геометриските неточности на машината, еластичните
деформации на системот машина – помагало- алат - обработувано парче, погрешности
(неточности) при поставувањето на електродата алат во однос на обработуваното парче
(позиционирањето), неточности во изработката на електродата-алат, напречните
осцилации на електродата, измените на работниот зјај во текот на обработката,
температурните деформации на системот, заостанатите напони во обработуваното
парче.

Грешките сврзани за степенот на точноста на машината (тета M) се определуваат со


различни стандарди по кои што се изработуваат машините, а во зависност од нивната
намена.
Основното движење при најголем број електроерозивни машини е вертикално движење
на електродата во процесот на обработката. За точноста на обработката важен е
правецот на движењето во однос на обработуваната површина. Отстапувањето на ова
движење од вертикалниот правец предизвикува отстапување од точноста во обработката,
Неточноста што се јавува поради отстапувањето од нормалноста на движењето на
носачот на електродата-алат во однос на масата има важно место во вкупното
отстапување од мерките и формата, па затоа при конструкцијата и изработката на
машините на намалувањето на ова отстапување од точноста му се посветува големо
внимание.
На отстапувањето од вертикалниот правец влијание има и крутоста на самата машина,
односно носачот на алат.
Поставувањето на тешки електроди со неурамнотежени маси, може да предизвика
определено закривување на оската на носачот на алатот за некој агол (3- сл. 4.99).
Поради ова долниот крај на носачот на електродата-алат добива определено
поместување во напречен правец, кое предизвикува неточности при обработката. Доколку
профилот има длабоки странични површини,тогаш може да настапат и дополнителни
грешки на формата.
На точноста на обработката големо влијание има и точноста на базирањето на
електродата на помагалото, односно точноста на изработката на базните површини на
електродата преку коишто таа се прицврстува за носачот на алат (сл. 4.100).
Нормалноста на поставувањето на електродата-алат пред почетокот на обработката се
проверува на различни начини (со аголници, компаратори и др.). Често пати, наместо
електродата-алат, за проверка на нормалноста се поставуваат соодветни помагала.
Точноста на проверката на нормалноста на електродата изнесува 0,01 + 0,015 mm, при
што се добиваат грешки на обработката од приближно 0,02 mm.
Позиционирањето на алатот во однос на обработуваната површина, кога постои барање
за точна положба на обработуваниот предмет, во однос на некоја друга површина, се
врши со координатно поместување на обработуваното парче во однос на електродата
или со координатно поместување на носачот на електродата во однос на обработуваното
парче (во зависност од конструкцијата на машината). Точноста на позиционирањето
зависи од точноста на уредот за позиционирање. Доколку се бара поголема точност на
позиционирањето од 0,02 до 0,05 mm, се користат нониусни скали за отчитување како и
при конвенционалните координатни маси. При поголеми барања за точност се користат
оптички уреди за отчитување како и при координатните дупчалки при коишто може да се
постигне точност на отчитување од неколку микрометри.

47.Основи за конструкција и изработка на електродата алат при EDM (сл.4.104;


сл.4.105; сл.4.106)

Работниот дел на електродите-алат наменети за изработка на проодни отвори се


изработува во вид на столб со напречен пресек ограничен со еквидистантна линија кон
обработуваниот профил. Растојанието помеѓу површината на електродата и ѕидовите на
отворот (сл. 4.104) изнесува:
Делта = делтаy + тета + a

- каде што се: делтаy, - дебелина на дефектниот слој што треба да се симне по
електроерозивната обработка,
- тета - дебелина на слојот на метал којшто ги компензира грешките од обработката,
- а - работен зјај.
При обработка на слепи отвори со сложена просторна површина (калапи за пресовање,
ковачки калапи и сл.), работниот дел на електродата претставува еквидистантна
просторна површина, т.е. негатив од отисокот со изменети мерки (во зависност од
карактеристиките на процесот на електроерозијата. При дозволено отстапување на
мерките на обработената површина за 0,2 до 0,3 mm профилирањето на работниот дел
на електродата може да се упрости.

Доколку површината на гравурата што треба да се обработи е со големи мерки (A> 5x 10 3


cm2), за да се намали тежината на електродата, таа се изработува шуплива (сл. 4.106).
Елементите за прицврстување и базирање на електродата за носачот на машината (или
помагалото) се конструираат во зависност од базните елементи и елементите за
прицврстување на самата машина и конструкцијата на употребуваните помагала.
Лесните електроди од столбест тип, наменети за изработка на отвори, обично, се
изработуваат исцело од ист материјал (сл.4.106)
48.Изработка на ковачки алати и алати за истиснување (214-217)
Изработката на ковачките калапи претставува една од првите операции со
електроерозија. Електроерозивната обработка овозможува економична изработка, како
на многу мали калапи, така и на многу големи ковачки калапи и алати за извлекување на
лимови.
При ковачките калапи за работа со преси минималните отстапувања на хоризонталните
мерки се движат од 0,15 до 0,3 mm, а на вертикалните до 0,1 mm, додека за калапи за
работа со ковачки чекани, минималните отстапувања на мерките на калапот значително
се поголеми. Овие отстапувања (толеранции) претставуваат нормални работни точности
при обработката на профилни површини со електроерозија.
При обработката на калапи со електроерозивни машини со релативно голема
инсталирана силина може да се постигне поголема производност одошто при
обработката со копирни глодалки.
При обработката со електроерозија, додатокот што останува да се симне рачно
значително е помал и порамномерен одошто при копирното глодање, со што браварските
работи се намалуваат за неколку пати.
49.Изработка на метални калапи за леење (217-219)
Металните калапи за леење (кокилите) најчесто се изработуваат за леење на обоени
метали и пластични маси. Потребата за изработка метални калапи за леење под притисок
на лесни и обоени метали и пластични маси е од ден на ден се поголема. Металните
калапи за леење се разликуваат од ковачките, со повисоките барања за точност и
квалитет на обработените површини, при што барањата за квалитетот на површините
одат до N4, при дозволени отстапувања на мерките од 0,03 до 0,05 mm.
50.Изработка на алати за просекување и пробивање (219-222, сл. 4.118, сл.4.122)

Прецизноста на изработката на калапот не е нужна заради прецизноста на делот што се


изработува со просекување, туку поради потребата за совпаѓање на контурите на
работната површина на патрицата и матрицата, па и за делови што не бараат особена
точност на мерките и формата, и изработката на калапот треба да е прецизна.
Примената на електроерозивната обработка овозможува многу попроста технологија за
изработка на алатите за просекување и пробивање. Во овој случај, за изработка на
патрицата може да се примени методот на обратно копирање

Изработката на алати за просекување денес многу често се врши со жичена електрода.


При ова, изработката на матрицата-алат истовремено се врши со изработката на
електродата-матрица (слика 4.122). Потоа, по метода на обратно копирање на
електроерозивна машина со профилна електрода, со електродата-матрица се изработува
алатот-патрица со што се добиваат, речиси, идентични профили на работните делови на
патрицата и матрицата.
51.Изработка на тесни жлебови и длабоки отвори (сл.4.128)

Изработката на тесни жлебови со глодање е многу тешка, а понекогаш невозможно.


Меѓутоа, со електроерозија може да се изработуваат прави и криволиниски жлебови со
широчина од 0,4 до 0,8 mm и длабочина до 20 mm, а при широчина од 2,5 до 10 mm и со
длабочина од 80 до 100 mm.
Електродите-алат за изработка на тесни жлебови, освен оние за завршна обработка, се
изработуваат со попречен пресек различни од пресекот на жлебот, а со цел да се олесни
одведувањето на продуктите на електроерозијата
На сличен начин се изработуваат и длабоки отвори. При ова често се применуваат
електроди со централен отвор за уфрлување на течност под притисок и со проширен крај
на работниот дел. Доколку отворот е кружен, електродата може да има има и вртежно
движење. Обработката се врши, обично, со надолжен помест.
Обработката на длабоки отвори со електроерозија е ретка операција и се применува
само при изработка на многу мали отвори во тешко обработливи материјали и вртежно
движење. Обработката се врши, обично, со надолжен помест.

52.Изработка на спојни канали (сл.4.134)

При хидрауличните, пневматските и другите уреди често е потребно да се изработат


канали за поврзување на две одделни комори или простори. при нивната
конвенционална изработка се прават технолошки отвори кои после се затвораат со
чепови (сл. 4.134а) кои може да бидат и места на недоволно затнување или појава на
корозија. Со електроерозија изработката на овие канали не претставува особен проблем
(сл. 4.1346). При ова каналот може да биде изработен со различен профил (кружен,
елеиптичен, квадратен и др.), додека конвенционално - само со кружен попречен пресек.

You might also like