Professional Documents
Culture Documents
КРУГ
Она што е јасно е дека косовскиот проблем е сидрото кое го држи српскиот брод
укотвен. Европската унија и САД бараат Србија да го признае Косово што би
преставувало решение за проблемот, но за Белград тоа е речиси невозможна
опција. Иако Србија ги почна преговорите со Брисел, земјата застана некаде на
половина од процесот и јасно е дека без решавање на косовското прашање нема
да може да мрдне напред. Иако претседателот Вучиќ и министерот Дачиќ често
знаат да кажат дека политиката на САД кон косовското прашање е позитивно
сменета за Србија со доаѓањето на Доналд Трамп, јасно е дека меѓусебното
признавање на Белград и Приштина секогаш ќе биде некакво крајно решение. Но
евентуалното решение за Косово во себе носи еден парадокс во поглед на
Србија. И да остане сегашната ситуација и да се дојде до решение кое би
вклучувало признавање, во двата случаи нема голема надеж за демократските
процеси. Западот знае дека нерешавањето на косовското прашање е едно од
главните причини за недемократските процеси во Србија, а доколку земјата се
присили на признавање тоа нема да донесе ништо добро и веројатно ќе ги засили
радикалните и аворитарни движења. Од друга страна официјална Приштина не
сака да слушне ништо друго освен целосно признавање на својата држава. Косово
засега останува гордиев јазол, чие решение ќе мора да биде покреативно од
мечот на Александар.