Professional Documents
Culture Documents
Имајќи го претходно видено Деметар колку сурово се однесува кон Елена, Оберон му
наредува на Пук да попрска малку од еликсрот на очните капаци на младиот атињанин.
Намето тоа, Пук по грешка го посипува сокот на очите на Лисандар, кој веднаш се
заљубува во Елена. Оберон гледа дека Деметар сè уште ја бара Хермија и се разлутува.
Кога Деметар решава да поспие, Оберон го праќа Пук да ја најде Елена додека ги
маѓепсува очите на Деметар. Поради грешката на Пук што стави сок на очите на
Лисандар, сега и двајцата љубовника се тепаат за Елена наместо за Хермија. Елена,
сепак, е убедена дека двајцата додворувачи ја исмејуваат, бидејќи никој всушност
вистински не ја сака. Четворицата се караат меѓусебе сè додека Лисандар и Деметар
толку се разлутуваат што бараат место каде ќе водат двобој до смрт за да докажат чија
љубов кон Елена е поголема. Оберон му наредува на Пук да гледа Лисандар и Деметар
да не се тепаат додека тој ја отстрани магијата од Лисандар, за да и се врати на љубовта
кон Хермија.
Во меѓувреме, банда од шест ниско-класни работници („толпа крпаџии“, наречени од
страна на Пук) се договораат да ја изведат претставата Пирам и Тизба за свадбата на
Тезеј и се собираат во шумата, близу женската соба на Титанија, за проба. Калем,
фанатичен љубител на театарот и ткајач, е затекнат од Пук, кој му става магарешка
маска. Кога Калем се враќа за својата реплика, останатите работници го погледнуваат и
преплашени бегаат. Одлучен да ги чека своите пријатели, почнува да си потпевнува.
Титанија се разбудува од пеењето на Калем и веднаш се заљубува во него. Tаа се
однесува со него како со благородник и го обилува со внмание. Додека е во оваа состојба
на приврзаност, таа го пресретнува Оберон и случајно му го предава индиското момче.
Постигнувајќи ги своите цели, Оберон ја ослободува Титанија и му наредува на Пук да ја
отстрани магарешката глава од Калем. Маѓепсаноста е отстранета од Лисандар, но не и
од Деметар, за да тој може да и ја возврати љубовта ма Елена.