You are on page 1of 2

Зголемената потрошувачка на енергетски горива и други енергетски потенцијали ја наметнува

потребата од посериозно третирање на енергетската  ефикасност. Постапувањето на друг


начин со енергетската ефикасност произлегува не само затоа што енергетските горива се
ограничени туку и заради општите директиви што се однесуваат на заштитата на животната
средина.

Како можеме да ја заштедиме електричната енергија:

Греење
Секој степен е заштеда од 5% при пресметување на струјата.
 Намалете ја температурата на термостатот за греење кога одите на спиење или сте
отсутни од домот.
 Користите тајмери за вклучување во време кога струјата е најефтина и сензори за светло
кои се палат само кога е некој присутен.
 Затворете ги вратата, прозорците и секаде поставете гумени дихтунзи за изолација, а тоа
ќе ви исплати уште со првата сметка за струја.
 Спуштете ги ролетните или навлечете ги завесите за да го намалите одлевањето на
топлината во текот на ноќта, а отворете ги во текот на денот за да ја искористите
сончевата топлина.
 Загревајте ги само просториите во кои престојувате.
 Инвестирајте во прозори со вакум, со дупло стакло.
 Ако е премногу ладно размислувајте и за ставање на стиропор или картон преку
прозорското стакло
 Изолираниот ѕид штеди 30% од енергијата
 Садете дрвја како штити од прегревање или од ладните ветрови. Ползавците во текот на
летото ладат, а во текот на зимата ја загреваат куќата

Осветлување
 Изгасете го светлото во споредните простории
 Користете сијалици со различна јачина за различни потреби
 Користете сијалици со економична потрошувачка (мини-флуоресцентни, електро-
луминесцентни), бидејќи трошат 3 до 4 пати помалку, а траат 15 пати подолго
 За надворешното осветлување користите фотоќелии кои се палат само кога ќе се појави
некој

Подготвување на оброци - шпорет


 Користете експрес лонец бидејќи тој го намалува времето на готвење од 1 час на 10
минути
 Експрес лонецот штеди енергија, време, пари и ги чува хранливите состојки во храната
 Ставете капак на садот во кој готвите, бидејќи на тој начин се намалува потребното
време и потребната струја за готвење и се зачувува вкусот на храната
 Користете ја онаа рингла која е со иста големина или помала од садот за готвење
 Користете ги сите нивоа на рерната за да подготвите повеќе јадења одеднаш. На тој
начин заштедувате време, струја и пари.
 Не ја отварајте рерната додека готвите, бидејќи ја ладите и го продолжувате потребното
време-користете го контролното светло на рерната.

Фрижидер 
 Не ставајте топли јадења во фрижидерот.
 Не го отварајте премногу често.
 Чистете го фрижидерот од мраз и ако е потребно променете ја гумата на вратата.
 Проверете го термостатот: фрижидерот најефикасно работи ако температурата е
подесена помеѓу 3от и 5от степен, а замрзнувачот на 0 степени целзиусови.
 Избришете ги водените капки од шишињата и садовите пред да ги ставите во фрижидер.
 Не го поставувајте фрижидерот пред радијатор, шпорет и други извори на топлина
бидејќи на фрижидерот ќе му биде потребно многу повеќе време за да ја постигне
потребната температура.

Машина за миење на садови


 Машината за миење на садови троши помалку електична енергија од рачното миење со
топла вода од бољерот.
 Машината за миење на садовите троши повеќе енергија за сушење отколку за миење на
садовите.
 Не користете вода од проточен бољер бидејќи тој троши повеќе од обичниот.

Бојлер
 Најмалку бигор се собира на грејачот на бојлерот ако тој е подесен на 60 степени.
 На секои 18 месеци исчистето го бигорот од грејачот.
 За едно капење во када се троши топла вода како за три туширања.
 Исклучете го бољерот кога го напуштате станот подолго од еден ден.

Машина за перење
 Машината за перење најмногу троши на 95 ° С
 Вклучете ја само кога е полна
 Користете кратки програми за перење
 Не ставајте премногу прашак за перење, бидејќи премногу прашак го отежнува перењето
и бара дополнително плакнење.

You might also like