You are on page 1of 2

Информации за учесници

Марш за женски права


По повод Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост и активистките за
женски права, шеста година по ред организираат „Марш за женски права“.

Оваа година маршираме под слоганот: „Сиромаштијата има женско лице“. На овој марш, заеднички
ќе упатиме порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата,
сѐ уште не уживаат еднакви права во речиси ниту еден аспект од нивните животи, на работа или
дома, во политиката и социјалниот живот.

Маршираме бидејќи држава во која жените не се вклучени како еднакви, е држава во која нема
напредок! Општество во кое жените се сиромашни и лишени од своите права е општество кое е
сиромашно!

Кога: 8 март 2021 (вторник), 12.00 – 13.00 часот

Каде: Влада на Република Северна Македонија

Маршот почнува во 12.00 часот од пред Влада на Р.С.М

Собирањето почнува во 11.50 часот пред Влада на Р.С.М

Изјава за медиуми: 12.00 часот, пред Влада на Р.С.М, Изјави од организаторите на маршот

Информации за маршот: Маршот за правата на жените се одвива според однапред определена


рута, тргнувајќи од пред Влада на Р.С.М каде по нашето обраќање, ќе продолжиме до
Министерството за труд и социјална политика каде ќе го одржиме вториот говор, а оттаму маршот
ќе го завршиме во Паркот Жена Борец, со обраќање до јавноста и институциите.

Организатори: Платформа за родова еднаквост

Контакт: rodovaplatforma@gmail.com, 02/3245 536

Распоред на настанот: 8 март 2021 година (вторник), 12.00 – 13.00 часот

11.50 часот - Пристигнување на учесниците

12.00 часот - Официјално обраќање на организаторите на маршот пред Влада на Р.С.М

12.20 часот - Тргнување на групата по назначената рута

12.45 часот - Пристигнување на крајната дестинација, Парк Жена Борец, завршни обраќања

Рута: https://goo.gl/maps/EUNyTjSo9z6AG8ybA
За организаторите:

Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски граѓански


организации за женски права составена од 27 организации и мрежи кои здружено делуваат во
насока на унапредување на родовата еднаквост во Република Северна Македонија.

Контакт:
Платформа за родова еднаквост
телефон/факс: + 389 23245536
e-mail: rodovaplatforma@gmail.com
www.rodovaplatforma.mk

You might also like