You are on page 1of 8

ПРОКЕТНА ЗАДАЧА

ПРЕДМЕТ

Психолошко советување

НА ТЕМА

ПРВО ИНТЕРВЈУ

Ментор: Изработил:
Проф. д-р Ана Чучкова Драгица Стаменковиќ
индекс М213014

Свети Николе, август 2022

1
КРАТКА ИСТОРИЈА
Клиентот има 38 години и се јавува на психотерапија заради вознемиреност и соматски
потешкотии кои ги чувствува последната година. Потекнува од интактно нуклеарно
семејство, татко му е пензионер, мајка му е домаќинка, има помала сестра. Тој е во
многу блиска релација со мајката и партерката. Работи како полицаец. Неговиот татко е
пензиониран полицаец. Неколку години е во партнерска врска и во тек се подготовки
за заеднички живот со партнерката. Зададен е ЛОБИ прашалник, по што следува прво
интервју со клиентот.
Во продолжение е даден дел од транскрипт од I средба и Генограм за клиентот.

1) Како Ви изгледаше првиот дел од испитувањето?


Беше сосема ок. Немав никакви предрасуди за ова, навистина зборував слободно, не
размислувајки какви заклучоци ќе извлечете. Искрено, многу ми се допадна што со
некого можев да разговарам за овие наизглед обични работи( семејство, пријатели,
итн). Навистина имав внатрешна потреба ова да го споделам со некого. Всушност,
можеби имав потреба некој да ме сослуша. Не знам.

2) Како Ви изгледаше начинот на кој Ве опишав во различните животни


сфери, откако Ви го прочитав резимето?
Видете, навистина се согласувам со повеќето работи што ги кажавте. За жал, разбирам
дека за некои работи повржани со сеќавањата од основното и средното учлиште,
немав некои впечатливи искуства. Напротив , ги помнам како најбезгрижен период од

2
мојот живот, па поради тоа, веројатно нешто и да имало, тоа е веќе историја (искрена
насмевка). Што се однесува до здравственаат состојба, тука сум навистина загрижен,
но навистина не знам зошто мислите дека имам некој конфликт со татко ми. Тој е
прекрасен човек (со загрижен глас).

2) Кажавте дека во последните година дена имате одредени здравствени


проблеми. Можете ли нешто повеќе да кажете во врска со тоа?
Ооф, ништо не ме прашувајте. Не можам да кажам дека ми е лошо, а сепак не сум ни
подобро. Често имам проблем со варењто на храната, грбот страшно ме боли, болката
ме доведува до лудило понекогаш и така периодично, некогаш подобро некогаш
полошо.

4) Дали се сеќавате кога првпат ви се јавија симптомите?


Минатата година додека бев во Црна Гора, добив некој стомачен вирус, па го донесов
со себе во Грција. Тоа беше катастрофа. Не бев свесен за себе едно пет дена од
мачнина и темература, за да лекарот на крај ми каже: „ ништо страшно, протрчал
вирусот, не грижете се, сето тоа е во ред‘‘.
Мислам дека тие пет дена ниту мојаат девојка не можеше да препознае дали психички
ги зголемувам симптомите, или навистина е таква здравствената ситуација. Ова
летување малку подобро го преживеав, односно, многу подобро, во однос на тој хаос,
но сепак секој втор ден нешто ме болеше. Не знам, морам да направам уште некои
анализи..

5) Дали повторно отидовте на лекар, откако некои симптоми се задржале?


Да, отидов. Ги поминав сите аналзи на крвта ( во почетокот имав зголемени
трансаминази, па ги откриваа причините). Утврдија дека имам благо замастен црн
дроб, па почнав да земам некои лекарства и почнав со диета (ништо претерано
ригорозно, намалено внесување на масти, само бело месо и риба, намалување на
тестенини и леб). На таа диета всушност ми почнаа проблемите со варењто на храната-
честопати имам проблеми со варењето на храната, имам дијареа, болна столица, итн,
одев и на гастроскопија, ги снимав цревата, но лекарите не дијагностицираа проблем.

6) Каква е стојбата со кичмениот столб?


Имајки во предвид дека работам ноќни смени, седам на неудобни столици, а притоа
имам и генетски предиспозиции за проблеми со кичмениот столб (мајка ми пати од
дискус). Имам проблем со грбот веќе подолг период (вогламном ако спијам на
неудобен кревет, доклку јастукот не е дормео, ако подолго седам или определено

3
време не правам вежби). Бев кај физиотерапевт, на рендген и на киропрактичар, кои
само привремено успеваа да ми помогнат. Планирам да одам на скенер. (воздишка)

7) Кога зборувате за Вашата здравствена состоба, делувате вознемирено, иако


резултатите од досегашните анализи се уредни?
Се приметува, зарем не? Сешто ми поминува низ глава, еве и сега кога разговараме за
тоа, ме облива зној. Веројатно би требало помалку да мислам на тоа, но сепак,
понекогаш болките се силни, посебно кога болката од грбот ке се пренесена главата,
тогаш болките се неиздрживи.

8) Дали успеате да се смирите кога ке се појави вознемиреност и паника?


Офф, па како когаш. Честопати и се случува, кога сум со девојка да имам такви болки и
тогаш таа се обидува да ме смири, земам и некои лекарства за боли, се мачкам со
некоја маст, како вистински пензионер (кисела насмевка), па се обидувам да не се
вознемирувам и паничарам, но признавам дека понекогаш не успевам во тоа колку би
сакал. ( го спушта погледот и ги преплетува рацете).

9) Како реагира семејството на Вашите здравствени проблеми?


Па тие се можеби најприсебни, иако јас не ги оптеретувам со поединости. Имаат и
сопствени здравствени проблеми. Иако мојата мајка не слуша кога треба да оди на
лекар, секогаш инсистира јас да одам. Запознаени се дека аналзите не расветлија
нешто посебно, па татко ми ме советува да ја променам исхраната, повеќе да се
движам и тоа е тоа...не е дека не сум активен, напротив, со девојката шетам нон-стоп.
Па сепак што друго и да каже, јас не се жалам, бидејки не треба да се кука. Татко ми
секогаш вели дека треба да бидам јак кога е тешко/ Сепак сум маж, така е, но
понекогаш ми е тешко. Се плашам и тогаш и се обраќам на девојката бидејки со неа
можам баш за се да разговарам. Потоа имам грижа на совеста(се поместува на
столчето).

10) Поради што имате грижа на совеста?


Па, не е ни таа должна да слуша постојано некои лоши работи. Треба да живееме
заедно, ега е нашето време. Да уживаме а не да ја гушам со моите проблеми. Не
знам..., би можел повеќе да се контролирам, да го задржам тоа за себе. Јас тоа и го
работам, но понекогаш мислам дека тоа недоволно.

11) Кои тоа други емоции покрај стравот и вознемиреноста се обидувате да ги


сокриете од другите околу Вас?

4
Не знам, во принцип, не сакам да покажувам негативни емоции, па се обидувам да ги
задржам за себе, да ги потиснам или едноставно да ги тргнам настрана. Кога не сум
расположен, се изолирам, слушам музика или одам на трчање. Тоа ми помага.
Потребно ми е во тие моменти да сум сам, бидејки во спротивно, тој негативен
стимуланс толку ме фрустрира, да добивам напади на бес. Сепак тоа ретко се случува.
Обично усвам да одржам самоконтрола.

12)Кажавте дека наскоро почнувате заеднички живот со девојката, дали сметате


дека е важно меѓусобно да ги делите икако добрите така и лошите работи?
Секако. Ние за се разговараме. Со неа можеби ги водам најискрените разговори...но ке
дојдат и децата на ред, ќе станеме семејство и некао мислам дека треба да су поцврст.
Ке имам повеќе обврски и одговорности и ќе морам рационално да се соочам со
проблемот. Тука нема место за жалење (многу сериозен додека зборува). Нешто ќе
мора да задржам за себе, нема претпоставувам сопствената жена да ја оптеретувам со
секој проблем.

13) Кажавте дека на Вас и на Вашата сестра родителите секогаш Ви давале


поддршка и љубов. Кои семејни вредности и уверувања сте ги усвоиле од нив?
Моите родители до ден денес се во складен брак. Не го знам точниот рецепт. Има
многу фактори.Сигурно допринеле и нивните карактери. Мојата мајка е грижлива,
попустлива и топла жена, а татко ми е чесен и одважен, силен. Едноставно се добра
комбинација и делат заеднички вредности. Соработуваат, меѓусебно се уважуваат. Не
учеа да бидеме трпеливи и чесни, да им помагаме на другите. Битно е исто така
човекот да се пронајде во во нешто што сака, да има некое хоби и постојано да се
усовршува. Би сакал тие вредности да ги пренесам и на моето семејство.

14) Какви биле нивните очекувања од Вас, а кави од Вашата сестра додека сте
раснеле? Дали тука имало некаква разлика?
Да, имаше. Мојата сестра е две години помлада од мене, а и женско е. Таа е миленица.
Никогаш не сме биле проблематични деца и двајцата бевме солидни ученици. Освен
моето ,,лудирање‘‘ во текот на адолесценцијата, немаше поголеми проблеми. Од нас
се очекуваше да бидеме убаво воспитани према другите луѓе, да водиме сметка со
кого се дружиме и да ги извршуваме на време нашите обврски. Сестра ми е со немирен
дух и на неа секогаш и прогледуваа низ прсти. Јас сум веќе трета генерација полицаец
во семејството и од мене се очекува да бидам јак и самоуверен, се обидувам и да
бидам таков.. мислам, такви беа тако ми и дедо ми, но од моментот кога се појавиа
овие здравствени проблеми, често губам доверба, па тогаш сум нервозен.

5
15) Дали понекогаш зборувате со семејството за Вашите чувства? Дали постои
некое чувство кое не смеете да го покажете пред нив?
Се што ми е важно сакам да го поделам со нив, посебно кога сум среќен. На пример,
сега кога го добив решението за преместување, веднаш се стрчав да им јавам. А кога се
работи за негативни чувства, тогаш се изолирам и не се откривам пред нив додека не
ми поминат. Единствено со мојата девојка ја поделив оваа мака со стомакот и
кичмениот столб и тоа затоа што не можам да го скријам тоа од неа бидејки сме нон-
стоп заедно. Не е дека не смеам да им кажам, туку едноставно не сакам да ги
оптеретувам, посебно не мајка ми кога е болна, а стоички се носи со болеста, иако би
можел да и кажам. Морам да констатирам дека татко ми ретко признава дека не е во
право и ретко ги открива своите слабости, така да мислам дека и јас би требало така да
постапувам.

16) Зошто мислите дека треба да постапувате како Вашиот татко?


Добро, не морам баш исто. Ние сме различити, по карактер сум повеќе на мајка ми (ги
стиска устата) сега малку се збунив. Не знам како да објаснам тоа. Татко ми никогаш не
бил тип на строг татко од кој треба да се плашиш и не смееш ништо да му кажеш.
Напротив, додека одев во основно училиште, тој ми помагаше околу домашните
задачи и ме советуваше доколку имаше некаков проблем. Тој е мултиталентиран, се му
идеше добро отсекогаш, беше успешен полицаец, шеф, а аматерски се бавеше со глума
и цртање. Кога замина во пензија, почна интензивно да се занимава со пчеларство.
Произведува мед и препарати од прополис. Многу го почитувам и мислам дека не би
бил толку успешен ако ги откривал своите слабости. Кога попуштив на училиште и го
пробушив увото за обетка, почувствував дека беше разочаран од мене, но тоа не ми го
кажа експлицитно. Ме праша дали сакам да бидам просечен или да постигнам нешто
во животот? Ми кажа дека само слаб човек се поведува по будала, а дека јас треба
самиот да решам каков ке бидам. Тие зборови ме раздрмаа и решив дека нема да сум
слаб.

17) Кажавте дека многу го почитувате татко Ви, а дали за нешто го обвинувате?
Ништо посебно.од кога замина во пензија, освен што бара занимација да го исполни
времето, има потреба секаде и во секоја пригода да се докажува, колку знае, умее. Не
знам зошто го работи тоа, најверојатно му недостасува работата, но тоа фалбаџиство
умее да биде навистина напорно и некако не личи на него, секогаш беше тврдоглав, но
никогаш не се истакнуваше како сега.

18) Дали мислите дека татко Ви нешто ве обвинува?


Не знам, ке морате него да го прашате. (пауза) сега сум често во Скопје, поретко го
гледам, но се слушаме телефонски кога имам време. Бев вознемирен поради

6
резултатите од анализите. Очекував некои одговори. Барем да ги знам причините за
болките, ќе ми беше полесно. Вака се е како во ред, а мене стомакот и понатаму ме
боли. Кога се слушнав со родителите да им ги кажам резултатите, татко ми кажа: ,, ете
гледаш дека претеруваш, не ти е ништо, само повеќе се движи и внимавај на
исхраната‘‘. Како јас се да измилувам, ме обвинува што правам драма. (бесен).

19) Секој на Ваше место би бил вознемирен и тоа е сосема во ред. Ми се чини дека во
оваа ситуација Вие не сте биле задоволен од реакцијата на татко ви?
Изгледа дека не сум, најверојатно бев во шок, ми требаше поеќе разбирање..

20) Кажавте во интервјуто дека ќе почнете заеднички живот со девојката и дека


планирате и семејство, тоа е голема животна пресвртница, како се чувствувате
во врска со тоа?
Ние многу се сакаме и одлично се сложуваме. Сега за прв пат и ќе живееме заедно, се
би било во ред да не се овие здравствени проблеми кои во се ме ограничуваат. Ниту
станот не можеме да го завршиме бидејки мене нема нема па ми се слошува и тогаш
после работа да се бавам со физички работи. Навистина станувам многу уморен. Не
можам да кажам дека не сум вознемирен. Се грижам и за приходите. Заработувам
доволно за нас двајцата, но бидејки планираме семејство, ќе треба повеќе да се
работи. Дај боже само да има работа. Еве треба да го завршам и тој последен испит на
специјалистичките студии, но никако да најдам време. Всушност се нешто друго ми е
приоритет, просто ме мрази да се посветам на тоа. А тука, јас сум крив. Но, се надевам
дека се ќе биде во ред, бидејки подобра девојка не можев да сретнам.

21) Дали сте задоволни од сегашнава работа? Дали би ја смениле? Имате добри
квалификации, а и работно искуство.
Уф, ме најдовте. Работата во униформа во Македонија е многу незгодна, посебно кога
се работи за полиција, на која угледот и е стерашно нарушен, морам да признаам,
оправдано. Токму поради тоа, квалитетите кои ги нуди мал број вработени во
полицијата, како мене и голем број други стручни лица во различни области, честопати
не доаѓаат до израз и многу е тешко да се напредува во рамки на таа институција.
Стална и посигурна работа никогаш нема да најдам и еднаш кога ќе излезам од
полицијата, веќе нема враќање. Како што кажав, палнирам семејство, ако се биде во
ред, наскоро и оваа работа ми е потребна. Тоа е ако сакаме да сме сто посто реални.
Ако малку мечтаам, би сакал да работам во IT секторот во некоја приватна компанија,
каде би можел да го работам она што најповеќе го сакам. До тогаш, еден дел од тоа го
работам приватно.

7
22) Како се гледате себе за 5 години?
Уф, ова е одлично прашање. Знаете како, да ми го поставевте оваа прашање малку
порано, едно месец дена порано, би кажал дека не знам, се надевам како сопруг или
барем да живеам во Скопје со девојката. Со тоа дека акцентот на сопругата, а не на
Скопје, бидејки никогаш нешто посебно не сум го сакал претерано. Но бидејки
околностите се променија, односно малку се забрзаа, се гледам себеси на прво место
како татко. Оженет, веројатно поради сплет на околности, тоа и не ми е толку важно. И
да го работам тоа што го сакам.

23) Дали би промениле некоја своја карактеристика и зошто?


Па сега... мојата услужливост и пожртвуваност секогаш не се вратија со иста мерка и
загубив неколку пријатели поради тоа. Сепак, кога би сакал да ги променам, нема
шанси. Пробував. Навистина се трудев да им помогнам на некои луќе премногу често и
тоа ми одземаше време и енергија но, изгледа дека едноставно не умеам поинаку.

Поставени хипотези на I средба


Симптомот е во функција на одложување сепарација од примарно семејство (одложува
брак)
Симптомот е во функција на одложување бременост на партнерката
Симптомот е во функција на лојалност кон таткото
Симптомот е во функција на заштита на мајка од симптом (таткото е често отсутен,
мајката е дома)
Симптомот е во функција на регулирање блискост/дистанца со партерка
Симптомот е во функција на регулирање блискост/дистанца меѓу родители

You might also like