You are on page 1of 8

Лексиката според

потеклото на зборовите
Изработил: Сара Крстевска II-9
Секој јазик има зборови од најразлично потекло. Според тоа,
зборовите во македонскиот јазик, како и секој друг јазик се
делат на две групи:
- Домашни (свои)
- Странски (туѓи)
Најголемиот слој од лексиката на македонскиот јазик ја сочинува
т.н. домашна (изворна) лексика, т.е. зборови кои исконски
постојат во нашиот јазик.
Процесот на формирање свои реченици и зборови е долг и сложен.
Во текот на историскиот развиток, формата на зборовите од овие
фази од јазикот се менувале, а нивниот корен останувал.
пример: гора, мајка, син; еден, два итн.
Црковнословенизми
Ова претставува посебен слој од лексиката со македонскиот
јазик, главно навлезени во почетокот на XIX век преку
книжевното творештво на: К. Пејчиновиќ, Ј. Крчовски, П.
Зоографски и др.
Црковнословенизмите често се среќаваат во делата на
поетите и учебникарите-преродбеници: Браќата Миладиновци,
Прличев, па се до К.П. Мисирков и по него
Туѓите(странските)
Странските јазици се исто така извори за збогатување на
реченичкиот состав на македонскиот јазик
Туѓите јазици можат да навлезат од сродните или генетски
блиски јазици (словенските) и од несродни (несловенските)
Прифатени се 2 главни начина за заемање туѓи зборови:
- со неспоредно преземање (како резултат од директен
контаакт меѓу народите и јазиците)
- заемство со посредство од трет јазик
Директно имаме преземено зборови од бугарскиот, српскиот,
рускиот јазик и др, а индиректн преку турскиот се навлезени
зборови од арапско и персиско потекло.
Интернационализми
Извесен слој од туѓите зборови што се среќаваат во повеќе
јазици се најчесто од потекло од старогрчки или латински јазик.
Таквите зборови се нарекуваат интернационализми
(меѓународни зборови)
Пример: театар, опера, терор, декан, ректор, философија
Вакви зборови има во сите јазици но разлчен е начинот на
пишување и изговарање.
Земањето туѓи зборови не треба да се претвора во пренасилена
појава. Употребата треба да биде во согласност со потребата за овој
вид лексика во македонскиот стандарден јазик. Свесниот однос
меѓу туѓите зборови мора да биде во согласност со објективните
потреби на јазикот.
Турцизми
Користењето на турцизмите во македонскиот јазик зависи од
карактерот на самиот збор, неговото значење и неговата стабилна/
нестабилна поставеност во нашит јазичен систем. Многупати не е
можно да се заменат турцизмите со наши зборови. Со тоа тие
станале неразделен дел од нашиот речник.
Одредени турцизми поради промената на општествениот систем се
архаизираат (п.р. ефендија, кадија итн)
Некои турцизми се задржуваат во употреба, пред се, носејќи со
себе повисок степен на експресивност (п.р. марифет, мерак итн)
Одделна група турцизми се однесува како составен дел на
неутралната лексика (п.р. боза, кадифе, алва, ќебап, сарма итн.)
Варваризми
Варваризмите се зборови/зборовни конструкции кои се
согласни со нормите на даден стандарден јазик. Со други
зборови, варваризмите се сметаат како отстапување од
усвоените граматички правила, пример: мистер, сењора,
сењорита, тет-а-тет и др.
Варваризмите се употребуваат и во уметиничката
литература
Честопати варваризмите можат да се користат за
иронизирање на настани, личности, поредок итн.
Ви благодарам за
вниманието!

You might also like