You are on page 1of 1

Прашања за втор колоквиум по Екологија (ВМС)

1. Кои се факторите на загадување на атмосферскиот воздух? Наведи најмалку три стационарни


извори на загадување на воздухот од антропогено потекло.
2. Кои се факторите на загадување на атмосферскиот воздух? Наведи најмалку три извори на
загадување на воздухот од природно потекло.
3. Објасни ги (со неколку реченици) основните карактеристики на јаглерод моноксидот (СО) како
полутант на атмосферскиот воздух.
4. Што е автоматизиран мониторинг на животната средина? Наведи пример за таков систем.
5. Кој е најчест вид на загадување на водите и од што е предизвикано таквото загадување?
6. Што се подразбира под „термално загадување на водата“. Објасни со неколку реченици.
7. Што се кисели дождови?
8. Како се делат отпадните (употребени) води според нивното потекло?
9. Кој метод на управување со цврст отпад е најнегоподен, а воедно и најмногу употребуван метод
кај нас?
10. Објасни го во неколку реченици ефектот на стаклена градина.
11. Кои се последиците од глобалното затоплување на Земјата?
12. Наведи ги главните причини за загадување на земјиштето.
13. Што е медицински отпад? Наброи најмалку три вида на медицински отпад.
14. Со која боја се означува инфективниот отпад и во какви садови треба да се складира?
15. Кој вид на медицински отпад се класифицира во одобрени виолетови контејнери за остри
предмети?

You might also like