You are on page 1of 107

ПРИРАЧНИК

НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО


РАЗВОЈОТ
CОДРЖИНА
1. ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО .........................................................................................................4
1.1 УЛОГАТА И ЗАДАЧИТЕ НА ЗАНИМАЊЕ НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ .......4
1.2 ДЕФИНИРАЊЕ НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ .............................................................................4
1.3 ОРГАНИЗИРАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО СПОРЕД ВОЗРАСТА НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО
РАЗВОЈОТ ............................................................................................................................................................. 11
1.4 АДАПТАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ...................................................................................... 11
1.5 ОДРЖУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ЗА ПРЕСТОЈ НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ......................... 13
1.6 ОДРЖУВАЊЕ НА ЛИЧНА ХИГИЕНА И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА ........................................................... 15
1.7 ПОДГОТОВКА НА ПОТРЕБНИ МАТЕРИЈАЛИ И ПОМАГАЛА ЗА РАБОТА СО ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО
РАЗВОЈОТ ............................................................................................................................................................. 16
1.8 ОСНОВИ ЗА ИЗБОР И ПОДГОТОВКА НА ХРАНА ЗА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ................... 21
1.9 ПЛАНИРАЊЕ НА ВРЕМЕ И МЕСТО НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИ ЗА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ
ВО РАЗВОЈОТ ....................................................................................................................................................... 24
1.10 КОМУНИКАЦИЈА ......................................................................................................................................... 26
1.10.1 ПОИМ И ВИДОВИ НА КОМУНИКАЦИЈА ....................................................................................... 26
1.10.2 ВИДОВИ НА КОМУНИКАЦИЈА ...................................................................................................... 27
1.11 КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ............................................................. 28
1.12 КОМУНИКАЦИЈА СО ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ....................................................................... 31
1.13 КОМУНИКАЦИЈА СО РОДИТЕЛ/СТАРАТЕЛ ............................................................................................ 35
1.14 ПРЕВЕНИРАЊЕ НАСИЛСТВО ПОМЕЃУ ВРСНИЦИ ............................................................................... 36
2. ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО ............................................................. 39
2.1 РАЗВОЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕ ОД 0 – 3 ГОДИНИ................................................................... 39
2.2 РАЗВОЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕ ОД 3 – 7 ГОДИНИ................................................................... 40
2.3 РАЗВОЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕ ОД 7 – 14 ГОДИНИ................................................................. 40
2.4 ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ......................... 41
2.5 ФАЗИ ОД РАЗВОЈ НА ЛИЦЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ (ФИЗИЧКИ, МОТОРЕН, ПЕРЦЕПТИВЕН,
КОГНИТИВЕН, СОЦИЈАЛЕН, ЕМОЦИОНАЛЕН) ................................................................................................ 42
2.5.1 ФИЗИЧКИ – МОТОРЕН РАЗВОЈ.................................................................................................... 42
2.5.2 КОГНИТИВЕН РАЗВОЈ ................................................................................................................... 45
2.5.3 СОЦИЈАЛЕН – ЕМОЦИЈАЛЕН РАЗВОЈ ....................................................................................... 46
2.5.4 РАЗВОЈ НА ЈАЗИКОТ – РЕЦЕПТИВЕН , ЕКСПРЕСИВЕН И РАЗВОЈ НА ПИСМЕНОСТА ...... 47
2.5.5 ПСИХО – СОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ КАЈ ЛИЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ........ 49
2.6 ПРОЦЕНКА НА СПОСОБНОСТИ КАЈ ЛИЦА/УЧЕНИЦИ? ......................................................................... 50
2.7 ПРИФАТЛИВО ОДНЕСУВАЊЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ............................................. 51
2.8 ЗАНЕМАРУВАЊЕ НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ....................................................................... 53
2.9 ЈА ЗНАЕ УЛОГАТА НА НЕГУВАТЕЛ/КА ..................................................................................................... 54
3. ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ .............................................................................................. 55
3.1 УЛОГАТА НА НЕГУВАТЕЛ/КА ПРИ ДАВАЊЕ ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ ............ 55
3.2 ВОСПИТНО – ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ НА РМ ............................................................................................ 56
3.3 МЕТОДИ И ФОРМИ ЗА РАБОТА СО ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ............................................... 66
3.4 СТЕКНУВАЊЕ НАВИКИ ЗА НАВРЕМЕНОСТ , ТОЧНОСТ И ИСПОЛНИТЕЛНОСТ КОН ОБВРСКИТЕ
ВО УЧИЛИШТЕТО ................................................................................................................................................. 70
3.5 АКТИВЕН И ПАСИВЕН ОДМОР ................................................................................................................... 71
3.6 ПРИЈАТНА АТМОСФЕРА ЗА РАБОТА ...................................................................................................... 73
3.7 ЕТИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ НА НЕГУВАТЕЛОТ/КАТА................................................................................... 73
3.7.1 ЕТИЧКИ ПРИНЦИПИ ЗА ЛИЦАТА КОИ РАБОТАТ СО ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ........ 74
3.8 СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИ – ЛОБИРАЊЕ......................................................................................... 75
4. НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ....................................................................... 76
4.1 ПРАВИЛНА НЕГА НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ........................................................................ 76
4.2 МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ..................................... 77
4.2.1 ПОТТИКНУВА СТЕКНУВАЊЕ НА ЗДРАВИ НАВИКИ ( ОДРЖУВАЊЕ НА ЛИЧНА ХИГИЕНА ,
ОБЛЕКУВАЊЕ ) КАЈ ЛИЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ....................................................................... 77
4.3 ИСХРАНА НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ...................................................................................... 83
4.4 СПРОВЕДУВА АКТИВНОСТИ СО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕТЕТО ВО ПОДГОТОВКА И КОНЗУМИРАЊЕ
НА ОБРОК .............................................................................................................................................................. 85
4.5 ТЕХНИКИ НА ХРАНЕЊЕ НА ДЕТЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ .................................................................. 86
4.6 НАРУШУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ .................. 88
4.7 ИНФОРМИРАЊЕ НА РОДИТЕЛОТ/СТАРАТЕЛОТ ЗА СИМПТОМИТЕ – ПРОМЕНИТЕ КАЈ ДЕТЕТО
СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ................................................................................................................................. 91
5. АКТИВНОСТИ НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ .................................................................................. 92
5.1 ИГРАТА – ОСНОВЕН МЕТОД ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АКТИВНОСТИ КАЈ ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО
РАЗВОЈОТ ............................................................................................................................................................. 92
5.2 ВИДОВИ НА ИГРИ ЗА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ ....................................................................... 93
5.3 ДНЕВНИ АКТИВНОСТИ КАЈ ЛИЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР ............ 94
5.4 ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВОНШКОЛСКИ АКТИВНОСТИ И МАНИФЕСТАЦИИ ........................................... 97
5.5 РАЗВИВАЊЕ КУЛТУРНИ И СПОРТСКО – РЕКРЕАТИВНИ НАВИКИ ...................................................... 98
6. ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА И ПРВА ПОМОШ ................................................................................................. 101
6.1 РАЗЛИКУВА ВИДОВИ ОПАСНОСТИ ВО РАБОТНИОТ ПРОСТОР И ПРИМЕНУВА МЕРКИ ЗА
ЗАШТИТА ОД ПОВРЕДИ.................................................................................................................................... 101
6.2 ПОСТАПКАТА ЗА ЕВАКУАЦИЈА И СПАСУВАЊЕ .................................................................................. 102
6.3 КОРИСТЕЊЕ ОПРЕМА ЗА ДАВАЊЕ НА ПРВА ПОМОШ ПРИ РАЗНИ ВИДОВИ НА ПОЛЕСНИ
ПОВРЕДИ ............................................................................................................................................................. 104
ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 4

1. ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО

1.1 УЛОГАТА И ЗАДАЧИТЕ НА ЗАНИМАЊЕ НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ


ВО РАЗВОЈОТ

„СЕКОЕ СПЕЦИЈАЛНО ДЕТЕ ЗАСЛУЖУВА СПЕЦИЈАЛНА НЕГА И НЕГУВАТЕЛ / КА “

Работата која треба да ја извршува негувателот/ката е тешка и одговорна. Заради


тоа таа работа не може да ја врши било кој. Лицето кое сака да се занимава со оваа
работа – професија совесно, мора да има јасен мотив за тоа. Тоа мора навреме да биде
запознатo со сите обврски и одговорности кои се поставени пред него/неа, со цел
навремено усогласување на желбата да се работи со обврските и потребите на идните
корисници, во овој случај деца со пречки во развојот. Најважно е лицето кое сака да ја
работи оваа работа пред сé да ги сака и почитува децата и нивните потреби.

Со јасен мотив за работата, потребно е да се стекне со знаења и вештини како


важен фактор за безбедно и успешно извршување на поставените работни обврски. Без
потребните вештини и образование не може да се очекува исполнителен/на негувател/ка,
ниту постигнување на резултати и квалитет во својата работа. Главната задача пред
негувателот/ката на децата со пречки во развојот е да ја обезбеди потребната нега,
воспитание и помош во образованието на истите. Грижа и поддршка обезбедена од
негувател/ка е различна од обезбедување на здравствена заштита и третман овозможен
од страна на здравствените работници. Негата подразбира поддршка во извршувањето
на основните животни активности, оние активности кои во секојдневниот живот ги вршат
најблиските членови на семејството. Без разлика на видот на развојните проблеми кои ги
имаат децата со пречки во развојот, важно е негователот/ката да знае дека сите деца
треба и можат да учат преку вклучување во секојдневните активности во согласнот на
состојбата и интересот на децата.

1.2 ДЕФИНИРАЊЕ НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Пречки во развојот кај децата или „специјални потреби" е чадор под кој може да се
стават неверојатен спектар на состојби и дијагнози. Децата со посебни потреби може да
имаат лесна попреченост за учење или длабоко когнитивно оштетување; алергии на
храна или неизлечива болест; развојни оштетувања или ограничувања кои може да се

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 5

надминат со побрзо или поспоро темпо, но може да останат да останат трајни, повремени
напади на паника или сериозни психолошки промени и проблеми.

Без оглед на причината, идентификацијата на проблемот е многу важна за


работата на негувател/ка со деца со пречки во развојот. Тоа ќе оовозможи и ќе помогне
да се добијат соодветни знаења за потребите на децата со пречки во развојот,
поставување и остварување на одредени цели, и да стекнат разбирање и прифаќање на
детето и членовите на семејството. Попреченоста од било кој вид или степен не е болест
туку состојба која може да биде вродена или стекната како последица на болест или
повреда. Човекот како интегрална целина на физички, психички и социјални компоненти,
кои се обусловени и меѓусебно зависни, од своето раѓање и во текот на целиот свој живот
е изложен на многубројни влијанија кои најразлични начини се одрзуваат врз неговата
личност. Разни причини доведуваат до определени последици на човековата состојба, на
неговиот статус, улогата и местото во општествената заедница. Како последица на
широкиот регистар на причините, кој не е докрај проучен, како лица со пречки во
физичкиот и психичкиот развој, со третман се опфатени следните:

- Лица со оштетен вид (слепо и слабовиди);


- Лица со оштетен слух (глуви и наглуви);
- Интелектуално попречени лица;
- Телесно попречени лица;
- Телесно инвалидните лица;
- Лица со попреченост во говорот;
- Аутистични деца;
- Стари лица со пречки во физичкиот и психичкиот развој што имаат потешкотии во
социјалната интеграција;
- Лица со комбинирани пречки во развојот.

Поимот лица со пречки во развојот од различни автори различно се толкува, зависно од


тоа дали се дефинира од медицински, педагошко-психолошки или социјален аспект. Под
овој поим се подразбира таква онеспособеност во физички или во психички поглед, што
го оневозожува нормалниот психофизички развој кај децата, оставајќи социјални,
психолошки, педагошки и други последици. Попреченоста, односно инвалидноста,
суштествено се разлика од болеста. При болест, состојбата на организмот е динамична
(има развоен тек), додека кај инвалидноста состојбата е статична. Поради ова

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 6

последиците од прележаната болест, од преживеаната повреда или вроден недостаток


остануваат како трајни.

Основно во сфаќањето на инвалидноста е дека на човекот се гледа како биосоцијална


целина. Човекот – инвалид не е ниту „случај“, ниту „збир на дијагнози“. Според барањата
на секојдневниот живот човекот се однесува како целина, а не како мозаик од фрагменти.
Попреченоста во развојот, без сомнение, може да предизвика ограничување на
способноста за делување и прилагодување. Но, и во случај на тешка онеспособеност
преостануваат низа потенцијали што можат да се искористат во доволна мера заради
вклучување во разни активности од општествена дејност. Во ваков случај помага
биолошкиот фактор на адаптација – способноста организмот и покрај онеспособеноста,
да се прилагоди (адаптира) на различни услови, барања. Факторот на адаптација
претставува резервоар на можностите за рехабилитација, односно искористување на
преостанатите психофизички способност. Притоа, од посебно значење е поблиската
детерминација на поимот „попреченост во физичкиот и психичкиот развој“, што треба да
се изрази со соодветна класификација на овие лица.

Според Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во


физичкиот и психичкиот развој1, се дадени следниве дефиниции:

1. Лица со пречки во видот – Со пречки во видот се сметаат слабовидни и слепи


лица.

Слабовидно се смета лице кое на подоброто око со корекционо стакло има


острина на видот помала од 40% (0,4) и лице кое на подоброто око со корекционо
стакло има острина на видот поголема од 40% (0,4), но кај кое се предвидува извесно
влошување на видот.

Слепо лице се смета она лице кое на подоброто око со корекционо стакло има
острина на видот до 10% (0,10) и лице со централен вид на подоброто око со
корекционо стакло до 25% (0,25), на кое на видното поле му е стеснето до 20%.
Според степенот на попреченоста слепите лица се распоредуваат во три групи и тоа:

- Лице кое наполно го изгубило осетот за светло (амауроза)

1
Чл. 10 Службен Весник на Р.М. бр. 30/2000 година

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 7

- Лице кое на подоброто око со корекционо стакло има остаток на видот до 5% (0,05)
или лице кое на подоброто око со корекционо стакло има остаток на видот помалку
од 10% (0,10) или има видно поле стеснето до 20%
- Лице кое на подоброто око со корекционо стакло има остаток на видот помалку од
10% (0,10) и лице со централен вид на подоброто око со корекционо стакло до 25%
(0,25) и кое има видно поле стеснето до 20%.

Слабовидно – практично слепо лице се смета лице со толку намалена


функционална способност на органот за вид која не му овозможува воспитание и
образование претежно по визуелен пат. Лицата со ваков тип на пречки во видот се
упатуваат на специјално воспитание и образование.

2. Лица со оштетен слух – во зависност од степенот на оштетување, лицата со


оштетен слух се делат на глуви и наглуви.

За наглуви се сметаат оние лица кај кои оштетувањето на слухот на подоброто


уво е од 25 db до 80 db и кои потполно или делумно го развиле вербалниот говор. Според
степенот на оштетување на слухот, времето кога настанало оштетувањето и степенот на
говорна развиеност, на глувите лица ги распоредуваме:

а) Лица со лесно оштетување на слухот од 24 db до 40 db. Овие лица можат спонтано да


развијат вербален говор;

б) Лица со умерено оштетување на слухот од 40 db до 60 db, се лица кај кои


оштетувањето на слухот настанало пред да го развијат говорот, а како последица имаат
делумно развиен говор;
в) Лица со тешко оштетување на слухот од 60 db до 80 db кои спонтано го развиле
говорот пред да настане оштетувањето;

Г) Лица со тешко оштетување на слухот од 60 db до 80 db кај кои оштетувањето на слухот


настанало пред да го развијат говорот, а потоа го развиле со систематски
сурдоадуиолошки третман;

Д) Лица со тешко оштетување на слухот од 60 db до 80 db се и оние лица кај кои


оштетувањето на слухот настанало пред да го развијат говорот, а кои во моментот на
оцена на специфичните потреби имаат недоволно развиен говор.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 8

За глуви лица се сметаат оние кај кои оштетувањето на слухот е поголемо од 80


db и кои и со слушен амплификатор не можат целосно да го перцепираат вербалниот
говор. Глувите лица се делат на практично глуви и тотално глуви. Практично глувите
лица со слушен амплификатор можат да слушаат одделни супрасегменти од говорот.
Тотално глувите лица имаат потполно згасната слушна перцепција.

Според времето на настанувањето на оштетувањето и степенот на развојот на говорот,


овие лица се распоредуваат:

а) Лица кои пред оштетувањето на слухот го развиле вербалниот говор и во времето на


оцената на специфичните потреби добро говорат;

б) Лица кои пред оштетувањето на слухот не го развиле спонтано вербалниот говор, а


потоа со интензивен и систематски сурдоадуиолошки третман го постигнале тоа;

в) Лица кои го изгубиле слухот пред да го развијат вербалниот говор и во моментот на


распоредувањето имаат недоволно изграден говор или се без говор.

Децата со слушно оштетување по неговото детектирање, како и децата со


кохлеарен имплант и други се опфаќаат со задолжителна сурдоаудиолошка
рехабилитација во специјални установи и служби, верифицирани за оваа дејност, со цел
процесот на десурдизација и демутизација да се разлизира пред нивното упатување во
основото образование.

3. Лица со пречки во говорот – се оние лица чиј говор не одговара на нивната


возраст или не е разбирлив, граматички и синтаксички неизграден, со конвулзивни
пречки во механизмот и автоматизмот на говорот, поради што им е потребно
обезбедување на логопедски корективен третман, а по потреба заштита и
лекување.

Според видот и степенот, пореметувањата во вербалната комуникација, овие лица се


распоредуваат во 7 групи, и тоа:

- Лица со целосно отсуство на говорот – алалија;


- Лица со патолошки говорен развој – развојна дисфазија;
- Лица со тешка назализација – ринолалија;
- Лица со отсуство и тешко оштетување на гласот – афонија и дисфонија;
- Лица со тешки облици на пелтечење – дисартрија спастко;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 9

- Лица со тешко оштетен говор поради детска парализа;


- Лица со аутизам
- Лице со оштетен и изгубен порано стекнат говор – афазија и дисфазија
- Лица со комбинација на наведените пречки.

Лица со поблаги облици на пречки од горе наведените, како и лицата со дислалии


(неправилен изговор на гласовите), дислексии и дисграфии (пречки во читањето и
пишувањето), не се распоредуваат.

4. Телесно инвалидни лица

Телесната инвалидност е состојба на намалување или губење на функционалната


способност на еден или повеќе делови на телото со што значително се намалува
способноста на лицето во задоволувањето на основните животни потреби. Во зависност
од специфичните потреби што се јавуваат како последица на ваквите промени на
организмот, телесната инвалидност може да биде тешка, потешка и најтешка.

- Тешка телесна инвалидност – се јавува во оние случаи кога лицето може


самостојно да ги задоволува своите потреби со соодветни ортопедски помагала
или адаптација на физичката средина;

- Потешка телесна инвалидност – постои кога лицето може самостојно да ги


задоволува своите потреби само со помош на друго лице;

- Најтешка телесна инвалидност – е состојба која лицето има потреба од


постојана грижа и нега во задоволувањето на основните биолошки и социјални
потреби.

5 . Лицата со пречки во психичкиот развиток се распоредуваат како лица со лесен,


умерен, тежок и длабок ментален хендикеп.

- Лица со лесен ментален хендикеп се карактеризираат со благо намалување на


нивото на интелектуалните, говорните, јазичните, моторните и социјалните
способности. Зборуваат со извесно задоцнување, но сепак најголемиот број од нив
можат да го користат говорот во секојдневниот живот. На правилно

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 10

стандардизираните тестови за интелигенција, за лица со лесни пречки во


психичкиот развиток карактеристичен е ориентационен коефициент на
интелегенција во рамките од 50 до 69.

- Лица со умерен ментален хендикеп покажуваат забавен развој и ограничени


достигнувања во доменот на развојот и употребата на говорот и јазикот, моторните
способности и грижата за себе. На правилно стандардизираните тестови за
интелегенција, лица со умерени пречки во психичкиот развиток за карактеристичен
е ориентационен коефициент на интелегенција во рамките од 35 до 49.

- Лица со тежок ментален хендикеп се слични на умерено ментално


хендикепираните по клиничката слика, присуство на органска етиологија и
придружни оштетувања. Постои значително ограничување на достигнувањето во
областа на говорот и јазикот, моторните способности грижата за себе. Поголем
број од лицата имаат изразени моторни и/или други придружни пречки кои
укажуваат на присуство на значајно оштетување или пореметување во развојот на
централниот нервен систем. На правилно стандардизираните тестови за
интелигенција, коефициентот на интелигенција ориентационо се движи во рамките
од 20 до 34.

- Лица со длабок ментален хендикеп се карактеризираат по изразито


ограничената способност за разбирање и прифаќање на барањата или упатствата,
имаат зачувана способност за многу рудиментарни форми на невербална
комуникација. Голем дел од нив се полуподвижни или неподвижни, неспособни за
волева контрола на сфинктерите. Поседуваат мали или скоро никакви способности
да се грижат за себе, поради што им е потребна постојана помош и надзор.

6. Лица со аутизам и лица со други перварзивно развојно ратројство кој се


карактеризира со квалитативно оштетување на реципрочните социјални интеракции, на
невербалната, вербалната комуникација и имагинација и ограничен број на активности и
интересирања. Тој може да биде пропратен со најразличен степен на ментална

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 11

ретардација, различни неуролошки знаци, епилепсија и различни бихевиорални


синдроми на агресија, автоагресија, деструктивност и напади на гнев.

7. Лица со повеќе видови на пречки (со комбинирани пречки) во развојот се


сметаат лицата кај кои се присутни по две или повеќе видови на пречки од
горенаведените.

1.3 ОРГАНИЗИРАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО СПОРЕД ВОЗРАСТА НА ДЕТЕТО СО


ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Работното место на негувател/ка на дете со пречки во развојот може да биде во


домот на детето со пречки во развојот, дневен центар за згрижување на деца со пречки
во развојот, како асистент на дете со пречки во развој во детска градинка или основно
училиште. Согласно местото каде се одвива работата така и треба да се организира
просторот. Доколку негувателот/ката е асистент на детето во дневен центар за
згрижување на деца со пречки во развојот, детска градинка или основно училиште, тогаш
просторот е уреден според нормативи и стандарди пропишани со Закон. Кога
негувателот/ката работи со дете со пречки во развојот во домашни услови тогаш
просторот треба да го уреди според дадените можности и околности во дадениот случај.
Зависно од возраста на детето, степенот и видот на попреченост се важни услови и
показатели за тоа како треба да се организира и уреди просторот во кој престојува детето
со пречки во развојот. Колку е детето помало, просторот треба да биде попрооден –
поширок за непречено движење на детето и обратно колку е детето повозрасно потребно
му е помал простор за движење во физичка смисла на зборот, но затоа треба да има
понуда од широк спектар на материјали за работа и едукативни средства.

1.4 АДАПТАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ

Просторот во домот треба да се организира така што ќе биде безбеден за


движење, играње и учење на детето со попреченост. Тоа значи треба колку е можно да се

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 12

обезбеди поширок простор ослободен од намештај – како маса и столови со остри


рабови, или тешки столови што е потенцијална опасност за повреда на децата со пречки
во развојот. Просторот треба да биде ослободен од лесно кршливи површини –
застаклени витрини, застаклени маси и слично, на подот треба да има доколку е можно
мека гумирана подлога која е лесна за одржување и безбедна за движење на детето со
пречки во развојот. Негувателот/ката треба да ги отстрани сите потенцијално опасни –
остри предмети или пак ситни предмети кои детето може лесно да го стави во уста или
некоја друга шуплина како нос, уво итн. На дофат на детето треба да му се стават
омилените играчки, предмети кои ќе го поттикнуваат развојот на детето со пречки во
развојот согласно индивидуалните потреби како на пример ако има проблеми со крупната
моторика – движењето да се поттикнува да оди по нерамна површина или да се качи на
одредена височина – можеби по импровизирани скали и други активност.
Негувателот/ката треба да може да ги користи, адаптира и употребува
материјалите и предметите кои ги има на располагање или во договор со родителите да
им предложи и да набават соодветни материјали и средства за работа со децата. Голем
дел од потребните материјали може да ги адаптира од секојдневните отпадни материјали
како пластични шишиња со различна големина наполнети со семе од различни житарки
кои даваат различен звук, ролни од хартија за бришење на раце итн
.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 13

1.5 ОДРЖУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ЗА ПРЕСТОЈ НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО


РАЗВОЈОТ

Просторот во кој престојува детето со пречки во развојот треба да биде уреден и


чист, ослободен од вишок на намештај и материјали, да биде безбеден за престој на
детето и да може лесно да се чисти и одржува. Редовно треба да се проветрува и
дезинфицира, затоа што е познато дека кај деца со пречки во развојот во одредени
состојби многу полесно се здобиваат со инфекции и се поподложни на заболувања од
условно кажано децата со типичен развој.

Мебел за деца со посебни потреби

Кога бебето ќе порасне поголемо од креветчето, родителите одат во потрага на


мебел со цел да купат соодветен кревет и мебел за опремување на собата. И што да
направите кога во домот имате дете со посебни потреби? Како да му овозможите
пријатен престој во неговата соба?
Секое дете е различно и во зависност од состојбата има различни потреби. Неизбежно е,
просторија или дел од собата треба да се прилагоди на детето и неговите потреби.
Додека другите деца просториите ги користат за игра и имагинација, за овие деца
просторијата има функција за помош и развој. Неколку совети како правила кои најчесто
се повторуваат:

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 14

- Топла боја на тепих, која нема да го одвлекува вниманието со различни знаци,


што секогаш е дел од просторијата во која престојува детето;

- Една боја за завесите и ѕидовите, што прави детето полесно да се концентрира на


основните елементи;

- Боите на тепихот, ѕидовите и мебелот не треба да бидат шарени или силни;

- Креветот понекогаш може да се отстрани,може да се постави душек на подот;

- Обезбедување на посебно адаптиран мебел, како што се пресечени маси на кои


лицето се потпира кога стои или седи и столчиња со различна висина и ширина на
седиштето;

- Распоредот на мебелот треба да ги поддржува независноста и потребите на


децата, како и новите предизвици во учењето. Тој треба да овозможи лицата да се
движат брзо додека работат.

Еден од најчестите начини на уредување се дополнителни ѕидови - шанк (скалила


за вежбање) или поставување на пречка на ѕидот, огледало, и душеци. Класичен мебел
како масичка и столче обично се бескорисни, што сепак зависи попреченоста од дете до
дете. Најчесто се користат специјални маси со потпирачи за раце кои се врежани во
средината и столче со направени потпирачи за глава и нозе, во зависност од потребите
на детето, со одредени додатоци илипосебен тапацир. Пожелно е повеќе слободен
простор во собата за движење како би можело детето да се "шири" во просторот. Разни
играчки се многу важни, затоа што често му помагаат на детето во развивање на моторни
вештини, како и во образованието на детето. Секоја играчка има образовна функција на
свој начин. Дури и од наједноставните работи може да се направи корисна играчка, кои ќе
му помогнат на детето уште повеќе да се развие детската фантазија. За жал, некои
основни парчиња на мебел кои се потребни на децата со пречки во развојот не може да
се најде на пазарот. Затоа, родителите се принудени сами да се грижат за себе, да се
дизајнира и да се импровизира во просторот што тие можат да го користат. Но, понекогаш
тоа и не е толку лошо, бидејќи тоа е многу поинтересно и важно е да ја носи пораката
дека на крајот на денот, „секое дете е дете - дека те сакаат твоите родители, секако на
посебен начин!

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 15

1.6 ОДРЖУВАЊЕ НА ЛИЧНА ХИГИЕНА И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

Рацете треба да се мијат пред и после секоја извршена работа, пред и после
секоја активност и работа со детето кое го негува, во согласност со насоките за хигиенско
миење на рацете, со што се спречува пренесување на нечистотии и други видови на
загадување на или од детето со пречки во развојот.
Ноктите на рацете треба да бидат уредно исечени за да не дојде до повреда на детето
при вршење на одредени активности во текот на работата со него.

Негувателот/ката во текот на работата со детето со пречки во развојот треба да носи


униформа која треба да биде со свежа пастелна боја или пак дезенирана со детски
ликови од цртани филмови, лесно да се одржува и да биде уредна. Современите услови
пак овозможуваат да се носи и лесна гардероба која ќе служи исклучиво за време на
работа со детето со пречки во развојот. На нозете треба да носи лесни обувки – патики
кои ќе служат само за работа внатре во просториите како би можеле лесно да се движи
при извршување на активностите со детето. Косата треба да биде уредна, доколку е
долга, треба да биде собрана, да не смета при работата и манипулација со детето со
пречки во развојот. Доколку негувателот/ката има опасност да пренесе инфекција - грип,
тогаш треба да носи маска на лицето која може да се најде во пастелни бои како не би го
вознемирило детето со пречки во развојот.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 16

Негувателот/ката при работа со деца со пречки во развојот треба да води грижа


за правилно подигање, преместување и други физички напорни работи кои треба да ги
врши во насока на заштита на своето, но и здравјето на детето за кое се грижи. Како да го
заштити своето здравје, но во исто време да ја заврши работата негувателот/ката треба
да внимава како му приоѓа на детето, начинот на кој го врти, како го подига и спушта, и
други активности зависно од возраста и физичката големина на детето, сите според
однапред дефинирани процедури и правила за работа.

1.7 ПОДГОТОВКА НА ПОТРЕБНИ МАТЕРИЈАЛИ И ПОМАГАЛА ЗА РАБОТА СО ДЕЦА


СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Некои примери на помошна технологија се:

Кај лицата со телесен инвалидитет кој влијае на движењето можат да се користи


помагала за движење, како што се инвалидски колички, скутери, пешаци, бастуни,
патерици, протетски помагала, за да се подобри нивната мобилност.

Слушни помагала можат да ја подобрат способноста на слухот кај лица со


проблеми со слухот.

Когнитивна помош, вклучувајќи компјутер или електрични помагала, може да им


помогне на луѓето по повреда на мозокот.

Компјутерски хардвер и софтвер, како што се програмите за препознавање на


глас, читачи на екран, како и апликации за проширување на екран, може да им помогне на
луѓето со мобилноста и сензорни оштетувања да ја користат компјутерската технологија.

Во занимална или училница и на други места, помагала, како на пример


автоматски страници Turners, држачи на книга, и прилагодени молив костец, да им
овозможи на учениците со посебни потреби да учествуваат во образовните активности.

Преведените – титлувани – со текст филмови и телевизиски програми им


овозможува на луѓето со оштетен слух да уживат во нив.

Лесни, инвалидски колички со високи перформанси се дизајнирани за организиран


спорт, како кошарка, тенис, трки.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 17

Адаптивните прекинувачи го прават тоа можно за дете со ограничени моторни


вештини да си играат со играчки и игри.

Многу видови на уреди за помош на лица со пречки во развојот вршат задачи како
што се готвење, облекување и чешлање. Луѓето кои користат инвалидски колички за
мобилност можат да се користат за проширување постигнување уреди за да се достигнат
предмети на полиците.

Предмети кои треба да ги има во занимална - училница

1. Играчки за саморегулација - алатка која ќе им помогне на децата да го насочат


својот фокус, внимание, смирување, и активно слушање. Овие играчки доаѓаат во
различни форми, големини, и текстури и често се нарекуваат со различни имиња.
Стрес топки, сите можат да се користат како играчки за промовирање на движење
што е од клучно значење за некое учење. Терапијата со топки, се користи во
занимална или училницата, за да им помогне на учениците да се балансира нивниот
сензорен систем и да се подготват за работа. Кога мислиме на топката, првата
асоцијација е дека таа е една од најомилените детски играчки. Меѓутоа, не треба да
заборавиме дека топката е и многу важна алатка во кинезитерапијата.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 18

2. Ленти во боја - учениците со потешкотии во учењето или читањето, или со


потешкотии во вниманието се борат да ги следат зборовите кои ги читаат. Тие често
ги прескокнуваат редовите, што во голема мера влијае на точноста на текстот кој го
читаат со што се отежнува разбирањето на содржината. На овие ученици им е
дозволено да користат ленти во боја како стратегија да го задржат фокусот и
вниманието на еден ред.

3 . Пена за бричење, песок, ориз

Учиме правопис во пена за бричење, формираме броеви во песок или наоѓање на


скриени зборови во една чинија со ориз. Ова е забавен начин да се вклучат лицата со
пречки во развојот преку сензорна интеграција, да им се помогне во развојот на фината
моторика, а воедно се поттикнува развојот на когнитивните способности како учење на
броеви, букви, составување на зборови и тн.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 19

4 . Визуелизации

Визуелната поддршка за лицата со пречки во развојот е од огромно значење.


Визуелните елементи се спас за овие лица да им помогнат во текот на денот, но многу
често се докажало дека има огромен успех во помош на лицата со пречки во развојот во
стекнување на нивното образование. Кога се спроведува соодветна, визуелна поддршка
им се овозможува на лицата со пречки во развојот пристап до општата култура ,
наставна програма итн .

5 . Манипулации

Предметите за манипулација се критични алатки за лицата со пречки во развојот,


кои што им оовозможуваат апстрактната идеја да се доведе до конкретен концепт. Лицата
со пречки во развојот можат на физички начин да најдат решение на математички
проблем. Ова ќе им го промени начинот на размислување од едноставно процедурално
разбирање кон концептуално разбирање.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 20

6 . Објавени правила / Очекувања

Многу е важно за сите лица со пречки во развојот, да знаат што се очекува од нив.
Правилата се поставуваат на видна локација и служат како потсетник на лицата со пречки
во развојот, што се очекува од нив и што е дозволено, а што не е дозволено.
Секојдневното насочување на вниманието кон овие објавени правола ќе овозможат нивна
примена во секојдневното однесување.

7 . Систем за наградување

Со примена на системот на наградување или пофалба се поттикнува доброто


однесување на лицата со пречки во развојот. Најчесто се користат налепници, кои се
лепат на табели во занималната – училницата кои ги користат воспитувачите или
наставниците. Една од можностите е откако лицето со пречки во развојот ќе добие 10
налепници, може да избере награда која е поставена во кутија.

8 . Технологија

Стручните работници кои работат со лица со пречки во развојот откриле дека овие
лица сакаат да ја користат технологијата. На овој начин може да се презентира истата
задача која ја има во работниот лист на компјутер. На овој начин се користат предностите
на бројните апликации, кои се достапни за специјална едукација на овие лица со пречки
во развојот (целата оваа работа се врши со надзор од лицето кое работи со лицето со
пречки во развојот). Со користењето на технологијата се следат современите текови на
развој за работа со лицата со пречки во развојот, но и можноста за поттикнување на
развојот на одредени вештини и знаења е поголема.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 21

1.8 ОСНОВИ ЗА ИЗБОР И ПОДГОТОВКА НА ХРАНА ЗА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО


РАЗВОЈОТ

Исхрана е обично резултат на обичаи, навики, културата, клима. Јадењата кои се


користат се обично соодветни на местото каде што живее семејството на детето со
пречки во развојот. На пример: морска храна се јаде главно во простори во близина на
морето, месо и млечни производи каде што се развива сточарството, обично се
консумира зеленчук и овошје кое се одгледува на локално ниво. Прекумерна доза на
одредени видови на храна (на пр. месо, млечни производи) или погрешен состав на
храната може да предизвика труење на телото, го намалува имунитетот и негативно
влијае на здравјето и животот на луѓето, а посебно на децата со пречки во развојот. Без
оглед на навиките од суштинско значење е внесување на балансирана исхрана. Под
балансирана исхрана подразбираме адекватен внес на белковини (протеини), шеќери
(јаглехидратите), масти (липиди), витамини, минерали растителни влакна, како и вода.
Во суштина, правилна исхрана претставува користење на прехранбени производи кои
што правилно се комбинираат. За правилна исхрана оброците треба да бидат правилно
распределени, не треба да се прескокнуваат оброци, бидејќи со гладување се намалува
отпорноста на организмот.

ЈАГЛЕХИДРАТИ

Јаглехидратите се најголемите и најчестите извори на енергија, учествуваат во


сите физиолошки процеси во организмот. Во нашето тело може да се искористат само
едноставните шеќери и тоа гроздовиот шеќер (на пр. од грозје, мед, итн) и фруктоза (од
овошје, мед и др.). Сите други шеќери се повеќе или помалку сложени од едноставните
шеќери. Најголемите извори на јаглехидрати се производи од растително потекло кои се
богати со комплексни шеќери, односно скроб, како на пример житарки и житни производи,
компири, грав и слично. Посебно лесно и брзо се искористуваат шеќерите од овошје, мед
и зеленчук, бидејќи тие се веќе во форма во која нашето тело без посебен третман,
најдобро ја прима. Јаглехидратите треба да бидат застапени во нашето мени и да
задоволат 50-60% од вкупната калорична вредност на дневните оброци.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 22

ПРОТЕИНИ – БЕЛКОВИНИ

Протеините - белковините се органски хемиски соединенија кои му служат на


човечкиот организам како градежен материјал, затоа што се потребни и се редовна
состојка во живите клетки. За протеините се поврзани изградбата, работата и важна е
нивната улога за животот на клетката. Кога белковините природно ќе се истрошат во
нашето тело, се надоместуваат само со протеини од храната. Од протеините кои ги
примаме преку храната потребно е дел (околу 30-40%) да бидат протеини од животинско
потекло, а другиот дел од производи со растително потекло.
Како сложени хемиски соединенија, протеините во нашиот организам се
разложуваат во едноставни состојки наречени аминокиселини, кои се наоѓаат во
прехрамбените продукти од растително и животинско потекло, затоа е важно во текот на
денот да се зема доволен број на оброци и разновидна храна за да се задоволат
потребите на организмот. Зголемениот внес на протеини во организмот кои не се
користат или трошат со физичка активност, доведува до нивно таложење и претворање
во масти, а недостатокот може да предизвика сериозни нарушувања на здравјето на
организмот.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 23

МАСТИ

Мастите се богат извор на енергија потребна за правилен развој на организмот.


Голем дел од нив се извор на витамините А, Д, Е и К, кои се растворливи во мастите.
Мастите можат да бидат од животинско или растително потекло, а се разликуваат според
биолошката вредност. Растителните масти се богати со незаситени масни киселини кои
полесно се апсорбираат во организмот. Мастите треба да бидат застапени во
секојдневната исхрана, најдобро е да бидат нерафинирани растителни масла –
маслиново, сончогледово, соином путер и слично, додека свинската маст или лој освен
тоа што на организмот му даваат енергија немаат друга поважна улога. Големиот внес на
масти во организмот кои не можеме да ги потрошиме во текот на денот, се таложат во
организмот и создаваат дебелина и други здравствени проблеми.

ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ

Ако протеините – белковините на организмот му помагаат во градбата, мастите и


јагленохидратите му даваат енергија, правилниот развој не би можело да се случи ако во
храната нема витамини кои се толку многу потребни за живот. Иако потребата од нив е во
многу мали количини, сепак нив организмот не може сам да ги создава, а нивната улога е
овозможување на различни хемиски процеси во организмот важни за живот.
Секојдневниот внес на потребните количини на витамини е условен од правилно
комбинирање на прехранбените производи од животинско и растително потекло, додека
недоволниот внес може да доведе до сериозни нарушувања на здравствената состојба
на човекот.

Витамините се делат на две поголеми групи и тоа витамини кои се раствораат во масти
А; Д; Е и К и витамини кои се раствораат во вода, витамин Ц и витамини од групата Б.

Овошјето и зеленчукот, како најголем извор на витамини, треба да се користат


секојдневно колку е можно во свежа состојба како салати или свежо цедени сокови или
кашички, затоа што се извор на сите важни елементи за развој на организмот.

Минералите иако не треба да се внесуваат во многу големи количини, сепак се


многу важни затоа што во правилен сооднос со другите елементи на исхраната, го
подобруваат имунитетот на децата и имаат големи влијание во растот и развојот на
децата, но и за одржување на здравјето на луѓето во текот на животот.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 24

ТЕЧНОСТИ – ВОДА

За правилен развој на организмот потребно е внесување на доволни количини на


течности околу 2 – 4 % од телесната маса. Најдобро е да се пие вода, а да се избегнуваат
сокови или газирани пијалоци заради големата концентрација на шеќер и други додатоци
кои не се добри за развојот на организмот.

МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Млеко и млечни производи треба да се користат затоа што се извор на калциум и


други витамини и минерали важни за раст и развој на детето, месо се препорачува да
биде пилешко без кожа или видливи масти на него, риба, јајца ...

1.9 ПЛАНИРАЊЕ НА ВРЕМЕ И МЕСТО НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИ ЗА


ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Во текот на денот, се одвиваат најразлични воспитно-образовни активности во


интерес на раното учење и развојот на децата со пречки во развојот. Воспитно-
образовните активности со децата со пречки во развојот се реализираат согласно
индивидуализираната програма, во соработка со родителите и воспитувачите. Важно е да
се знае и умее да се изнајде кои се најсоодветните начини преку кои детето може да учи,
да стекнува навики и вештини, да се пронајде креативен начин кој ќе биде интересен и
мотивирачки за постигнување на поставените задачи и цели. Тоа се следниве активности:

- слободни активности и игри;

- Исхрана;

- реализација на дневното планирање (претпладне и попладне);

- пасивен и активен одмор, реализација на факултативни програми (доколку има


интерес од родителите);

- моторички активности, прошетки, набљудувања;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 25

- активности за стекнување на културни и хигиенски навики;

- учество во различни манифестации;

- индивидуална работа со децата и родителите.

Воспитно-образовните активности се реализираат во просторијата за учење,


занимална или училница. Негувателот/ката организира стимулативна средина за игра и
активности за овие деца, слободно да ги изразуваат сопствените иницијативи (со какви
материјали сакаат да работат и колку долго).

- Активности во кои ќе се мотивираат децата да ги користат стекнатите искуства во


нови ситуации;

- Активности во кои се мотивираат да користат различни информации за


стекнување нови искуства и потврдување на веќе стекнатите (природа, филм,
приказна, фотографија).

Центарот за учење претставува тематски структуриран простор којшто на децата


им овозможува да работат на различен начин и притоа да се реализираат
индивидуалните и групните цели на учење.

Совети – „активности за секого“

- Основен пристап во спроведувањето на активностите кај децата со пречки во


развојот е индивидуализираниот пристап;

- Активностите не мора да бидат конкурентни и напорни – основна цел е да се


забавуваат! Би можеле да се обидат со цртање, боење, јога, танцување,
пешачење, градинарство, зумба, вртење хулахоп итн;

- Спортувањето не мора да биде скапо, со многу опрема и облека. Само да се


излезе на прошетка секој ден може да биде доволно;

- Изберете предизвик – Што ќе започнете и што ќе работите зависи од вас и од

- психо - физичката состојба на детето со пречки во развојот и неговите интереси.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 26

Сите активности се сведуваат на тоа:

а ) Што му се допаѓа на детето со пречки во развојот?

б ) Што е во можност да направи?

в ) Што би сакале да извлечете од тоа?

Колку тешко треба да биде?

Изборот на активноста зависи пред се од психо – физичкиот развој на детето.


Доколку е во можност, обидете се да се направи комбинација на вежби за подобрување
на психо – физичката состојба на овие деца.

Колку во текот на денот?

Времетраењето на активноста е менлива секојдневно и зависи од расположението


на детето со пречки во развојот, обидете се да комбинирате различни активности со
различни идеи, за да не бидат здодевни. Понекогаш најтешкиот дел е само да започнете.
Откако ќе успеете во тоа, секогаш ќе се трудите да постигнете повеќе и да остварите
доколку е можно повисоки цели. Најважно е да им се овозможи постојано повторување и
пракса, сите лица со пречки во развојот ги стекнуваат знаењата на овој начин.
Активностите често се придружувани со музика, за да се постигне музичка терапија и
продолжуваат со наједноставни активности, со цел децата да бидат постојано
ангажирани. Се изведуваат најразлични активности со цел да се развие видно-моторна
контрола, корекција на движењата, ориентација во просторот и се прават обиди да се
задржат и развијат постојните способности.

1.10 КОМУНИКАЦИЈА

1.10.1 ПОИМ И ВИДОВИ НА КОМУНИКАЦИЈА

Различни автори даваат своја дефиниција, но главни карактеристики на


комуникацијата се:

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 27

- Извор на информација - лице кое што ја дава информацијата или пораката


- Примател на информација порака
- Код – јазикот на кој ја пренесувате информацијата/пораката
- Порака е она што саката да го кажете – може да биде директна или индиректна
(може да ја прочитате или слушнете во „меѓуредови“ и многу често е многу
поважна од директната порака)
- Канал е начинот на кој ја праќаме пораката – преку збор, говор на тело, допир

Личното искуство,сличните ситуации, желбата да се афирмираме, воспитанието,


образованието и др. претставуваат филтери при пренесување на пораката.

Функција на комуникациските вештини

Презентација на воспитно – образовните содржини со задржување и насочување


на вниманието кај децата, мотивирање за стекнување и усвојување на нови знаења и
вештини, унапредување на вештини во односот со сите лица со кои доаѓаме во контакт.

1.10.2 ВИДОВИ НА КОМУНИКАЦИЈА

ВЕРБАЛНА – преку говор

Паравербалната комуникација ја вклучува висината и силината на гласот, бојата


на гласот, брзината на изговарање на зборовите, јачина на гласот, паузите кои се
користат за време на говорот, нагласување на одредени зборови.

НЕВЕРБАЛНА

Невербалната комуникација ги вклучува:


- израз на лицето;
- мимики со чело;
- мимики со уста;
- мимики со брада;
- мимики со веѓи;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 28

- користење на одредени амблеми или знаци, на што треба дополнително да се


внимава затоа што во различни средини или култури истиот знак може да има
различно толкување;
- Гестикулација со раце.

ДОПИР - покажува степен на привлечност, блискост или моќ и статус.

ЛИЧЕН ПРОСТОР – кој покажува за односите меѓу лицата кои комуницираат:

- интимна зона до 45 cm;


- лична зона – семејство, пријатели до 1,30 cm;
- социјална зона – општествени и деловни односи 1,30 до 3 m;
- јавна зона – непознати над 3;

ОБЛЕКУВАЊЕ – НАДВОРЕШЕН ИЗГЛЕД

Првиот впечаток за личноста го стекнуваме штом ја здогледаме. Голем број на


научни истражувања покажуваат дека 80% од впечатокот кој го добиваме се базира на
начинот на облекување на лицето, говорот на телото, фризурата, стилот на
самопокажување. Иако немора секогаш да биде точен, сепак високиот процент на
перцепција треба да се почитува и да не насочи кон користење на прифатлив начин на
комуникација во секој поглед.

1.11 КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Социјална интеракција со врсници, создавање пријателства на поголемиот дел од


децата тоа им оди добро, но некои се премногу срамежливи, агресивни или пак им е
тешко да ги контролираат своите емоции и да се однесуваат просоцијално. Децата што не
се добро прифатени од своите врсници можат да имаат долготрајни проблеми и понатаму
во животот при создавањето пријателства и во академскиот успех. Односите со
врсниците се интензивираат и стануваат сè покомплексни. Иако во првите три години сè
уште си играат сами или паралелно едни покрај други, започнуваат сè почесто да играат

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 29

во пар или мали групи, се впуштаат во позрели социо-драмски игри, прифаќаат сè


покомплексни улоги и игрите им траат сè подолго. Низ игра децата ги зајакнуваат нивните
говорни способности, го збогатуваат говорот, комуникациските вештини и ја развиваат
самоконтролата. Способностите за создавање пријателства се многу важни. Децата што
лесно создаваат пријателства имаат поголема способност за саморегулација и се
поспособни да ги разберат чувствата и размислувањата на другите. Не оди сè така мазно
во тие пријателства, често се јавуваат конфликти поради самиот факт што поминуваат сè
повеќе време заедно, но тие конфликти во најголем дел се решаваат на неагресивен
начин. Нивните сè поразвиени вербални способности и сè поголемата способност за
разбирање на социјалните настани им овозможуваат да се разбираат меѓусебно сè
подобро, да разговараат за своите интереси, да соработуваат меѓусебно и да
споделуваат идеи и вештини. Преку интеракциите со врсниците, децата го развиваат и
чувството за припадност на заедницата, со што се продлабочуваат нивното разбирање и
прифаќање на постојните социјални норми што преовладуваат во таа заедница. Да се
има чувство на припадност на заедницата значи да се доживуваш себеси како член на
група. За да стане дел од групата, детето мора да се откаже од дел од својата
индивидуалност за доброто на групата и за општо добро, при што настанува премин од
„мене” во „нас”. Овој премин е воедно важен предуслов за стекнување на граѓанска
компетенција. Успешниот воспитувач создава атмосфера на заедништво и му помага на
детето да се чувствува како дел од таа заедница.

Потребно е да се создаде атмосфера во која од децата се очекува да бидат


љубезни едни спрема други и да си даваат поддршка. Изразете го своето лично
задоволство што сте дел од групата. Организирајте го просторот така што ќе постојат
отворени катчиња за работа во голема група и затворени катчиња за работа во мала
група. Воспоставете конзистентна дневна рутина, распоред на активностите, што не
подразбира дека исти деца ќе ја работат истата работа секој ден. Дозволете им на децата
да уживаат додека си играат заедно, а не да чувствуваат притисок дека задачата мора да
се заврши навреме. Посветете внимание на активностите што биле заеднички, без оглед
дали се рутински (собирање играчки - „Ајде да ги собереме и да ги ставиме играчките на
своето место за да нè чекаат до утре“) или посебни активности. Иницирајте активности
што бараат групна работа. Дури и оние деца што повеќе сакаат осамени игри, ќе се
чувствуваат безбедно во групни активности каде што нема да чувствуваат компетитивен
притисок. Кога се активностите иницирани од децата, тие имаат поголема слобода да
решат колку дружељубиви сакаат да бидат. За време на активности во мала група,

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 30

децата повеќе дискутираат помеѓу себе и повеќе си помагаат. За време на активности во


голема група, каде што, на пример, сите пеат заеднички, помал е ризикот детето што е
срамежливо да се почувствува исплашено – активности со низок социјален ризик.
Вклучете ги децата во активности во населбата, како на пример, да собираат листови,
гранчиња, камчиња и сè друго што може да послужи како работен материјал, да собираат
непотребни предмети од дворот. Одете во прошетки и дискутирајте како соседите ги
уредиле своите дворови, како ги декорирале прозорците, како продавачите ги уредиле
своите излози итн. Потпомогнете ја соработката помеѓу децата, не ограничувајте го
бројот на деца што сакаат да играат одредена игра во исто време. Секогаш кога е можно,
обезбедете доволно работен материјал за игра, за децата да не се преокупираат како да
дојдат до него. Ако бројот на опремата е ограничен, на пример, има само еден душек и во
тој момент сите сакаат да седнат на него, решете го проблемот заедно со децата –
прашајте ги како тие би го решиле проблемот. Создадете можности за соработка и
кооперативна игра – игра во парови (играње на музика, игри на конструкција каде што две
деца држат, а третото гради врз тоа), а кога некој бара помош, упатете го да побара
помош од другарчето. Помогнете им на агресивните или на деца со попречености да
играат со своите врсници. Ако детето се обидува насилно да се наметне во играта,
сугерирајте му како полесно да се вклопи и да биде прифатено („Можеби ако носиш
коцки, ќе ти дозволат да градиш кула со нив.“). Осмислете игри со кои би ги охрабриле
повлечените деца (Децата седат во круг, воспитувачот ги поканува кој сака да каже што
му се случило, одејќи во градинка). Овозможете им на децата да увидат дека секое
однесување може да има последици – осигурајте се дека ниедно нема да биде
повредено. Во овој случај, воспитувачот не интервенира со давање совети, инструкции и
не го решава проблемот наместо нив. Воспитувачот треба да ја посочи и придобивката од
заедничката соработка при играта, со тоа да не потенцира како таа е задоволна од
таквото однесување, туку колку тие имаат корист од тоа .

Мониторирајте го однесувањето на децата и помагајте им да изнајдат позитивен


начин на решавање на конфликтите. Бидете праведни и не интервенирајте непотребно.
Сите деца треба да се стекнат со вештини на преговарање и со вештини на решавање
конфликти, не само кога ќе настане конфликт, туку пред да настане. И не само оние деца
што имаат проблеми во однесувањето како прекумерна агресивност, туку сите деца во
групата. Секој инцидент треба да се искористи како шанса да се научи некоја стратегија
за негово решавање, кој ќе му помогне како да го реши следниот проблем - детето не
треба да биде казнето на каков било начин.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 31

Чекори при решавање на конфликт

1. Пристапете мирно, стопирајте ја секоја опасна активност. Застанете помеѓу нив,


клекнете за да бидете на нивно ниво. Користете смирен глас и нежно допрете ги.
Останете неутрални, не заземајте страна. Ако е конфликтот поради некој предмет, земете
го предметот

2. Препознајте ги и именувајте ги нивните чувства - „Гледам дека си многу лут“

3. Побарајте информации за настанот - „Што се случило, во што е проблемот?“

4. Прераскажете го проблемот - „Значи, проблемот е во тоа што...“

5. Побарајте од децата да размислат и да кажат неколку решенија и изберете едно


заеднички - „Што можеме да направиме да го решиме проблемот?“

6. Бидете присутни за да следите што се случува и за да им дадете поддршка - „Ете, го


решивте проблемот.“

1.12 КОМУНИКАЦИЈА СО ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Деца со пречки во развојот е широк поим кој се користи да се опише дете со


проблеми во однесувањето или емоционално нарушување, физичка попреченост или
проблеми во учењето. Понекогаш детето може да има повеќе од еден проблем или
попреченост. Децата со пречки во развојот скоро секогаш имаат потреба од
дополнителна помош во градинка - училиштето. Тие би можеле да имаат потреба од лек
или терапија која обично не се користи за деца со типичен развој, потреба од помош при
вршење на одредени активности или потреби за време на престој во градинка или
училиште. Многу деца со пречки во развојот се ограничени во вербалната комуникација
или пак тие воопшто немаат развиен говор. Комуникација со деца со пречки во развојот
треба да биде предизвик и затоа треба да изнајдеме начин како да се воспостави контакт
и да се развие комуникација со нив.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 32

1) Музика

Музиката ја разбираат сите луѓе од целиот свет. Музиката е особено ефикасна во


комуникацијата со деца со пречки во развојот. Дел од овие деца немаат вербална
комуникација, додека пак друг дел се многу разговорни. Затоа тука е музиката која нуди
бескрајни можности за учење и развој. За деца кај кои нема вербална комуникација,
музиката е начин да се изразат себеси и да комуницирате со другите, без користење на
зборови. Музиката исто така може да се користи за да ги мотивира децата со пречки во
развојот. За време на непредвидена состојба , музиката може да биде корисна да реагира
детето на мелодија на една песна, да научи да ја пее песната, со цел на тој начин да му
се помогне на детето да се поттикне активноста да ја реализира, или кризата да ја
надмине преку периодот исполнет со музика.

2) Допир

Тактилните активности им помагаат на децата да се зголеми нивната осетливост


во развојот на фината моторика и тие се одличен начин за да се комуницира со децата
кои се слепи и/или глуви. Допирот може да им помогне на децата да изградат концепти
кои претставуваат врска меѓу предметите и искуството кое го стекнуваат. Допирот, исто
така на децата со пречки во развојот, им овозможува да ги развијат вештините на фината
моторика, кои што најчесто недостасуваат. Давајќи им на децата со пречки во развојот
предмети и материјали со различни текстури да си играат, ќе им помогне да ги стекнат и
научат овие вештини.

3) Уметност

Уметноста, како и музиката, е начин за децата со пречки во развојот да се изразат


себеси, без користење на зборови. За децата кои не можат да говорат или се ограничени
во вербалната комуникација, уметноста претставува креативен вентил. Децата со пречки
во развојот можат да станат фрустрирани од нивната неможност да завршат некоја
активност или задача. Со уметноста, не постои начин да не се успее. Не постои
вистински или погрешен начин за да се создаде уметничко дело. Проектните активности
од областа на уметноста, исто така, обезбедуваат одлична можност за децата да доаѓаат
во контакт и допир со предмети и материјали со различни текстури и да им помогнеме да
се работи на развивање на фината моторика.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 33

4) Движења

Движењето им помага на децата со пречки во развојот да се почувствуваат повеќе


ангажирани во учењето. Движењето го зголемува фокусот, вниманието и контрола на
импулсивноста кај децата со пречки во развојот. Движење исто така, може да биде форма
на самоизразување за деца со пречки во развојот, кои имаат тешкотии да се изразуваат
со зборови. Децата можат да научат како може да се воспостави врска помеѓу музиката и
движењето преку танц и да се развијат моторните вештини како во крупната така и
фината моторика.

5) Социјални „приказни“

Социјални „приказни“, развиен од страна на Керол Греј, се визуелни и писмени


упатства, кои опишуваат различни ситуации кои може да вклучуваат вештини, социјални
интеракции, или однесување. Социјални приказни им помагаат на децата со пречки во
развојот, особено на децата со аутизам, во справување во социјални ситуации. За оние
деца кои имаат проблеми со промените во текот на денот, создавајќи распоред со
користење на слики, може да им помогне да знаат што е следната активност според
распоредот, што го олеснува користењето на времето во текот на денот и реализирањето
на предвидените активности.

6) Технологија

Технологијата има овозможено сосема нов начин за да комуницираат децата со


пречки во развојот. Децата кои немаат развиен говор или се ограничени во вербалната
комуникација може да внесат податоци на компјутерски апарати – како компјутер, таблет
мобилен телефон и слично или да користат гласовен уред. Апаратите како iPads и др.
обезбедија голем број на апликации за да им помогнат на децата со пречки во развојот да
учат. Некои апликации може да им помогнат на децата со пречки во развојот да
комуницираат со пишување на зборови или да им овозможи на децата да формираат
реченици според зададени слики. Други апликации пак ги учат децата како да се вклучат
во социјалната средина.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 34

7) Гестовите

Користењето на гестикулации претставува невербален начин во комуникација со


дете со пречки во развојот и може да биде многу корисно за децата кои имаат аудитивни
потешкотии.Има случаи кога можеби децата не ги забележуваат гестовите, па затоа
треба да се осигурате дека вниманието на детето е насочено кон вас пред да почнете да
ги користите.

8) Поттикнувачи - Мотиватори

Децата реагираат добро на охрабрување и пофалби. Ова не е различно за децата


со пречки во развојот. Давајќи им мали награди може да им помогне на децата со пречки
во развојот да чувствуваат мотивирани да ја завршат за нив тешката задача или да се
надмине предизвик од социјална ситуација.

9) Знаковен јазик

Знаковниот јазик, како и гестовите, е начин да се комуницира без користење на


зборови. Овој јазик не е само за глуви и наглуви деца. Тој, исто така може да се користи
за деца кои немаат развиен говор - невербални деца. Знаковниот јазик е начин за децата
со пречки во развојот да комуницираат со другите, без да се чувствуваат фрустрирано од
неможноста да користат зборови.

10) Да се зборува со децата со пречки во развојот, е исто како и зборување


со деца со типичен развој

Некои деца со пречки во развојот имаат подеднакво функционален развој на


мозокот како и децата со типичен развој, само што тие едноставно не се во можност да
комуницираат од други причини. Разговорот со децата со пречки во развојот е исто како и
разговорот со сите други деца. Ова може да резултира во подобрување во развојот на
детето, ако тоа се чувствува дека е почитувано како и другите деца од негова возраст.

11) Време за промена - преод

Преодниот период може да биде тешко време за децата со пречки во развојот.


Некои деца бараат доволно време за транзиција – премин во нова активност.
Објаснете им ги овие промени - транзиции јасно. Можеби ќе треба да биде кажано

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 35

неколку пати која активност доаѓа следна или да им се даде пет минути предупредување
пред да треба да настане или да се примени промената - транзицијата. За други,
социјални „приказни“ се корисни за да се промени процесот полесно.

Комуникацијата со децата со пречки во развојот може да потрае повеќе време отколку


комуникација со децата со типичен развој. Секое дете е различно и се бараат различни
методи на комуникација.

1.13 КОМУНИКАЦИЈА СО РОДИТЕЛ/СТАРАТЕЛ

Во комуникација со родителите секогаш покажете дека го почитувате она што тие


го прават за своето дете и дека тие прават најдобро за него. Иако чувствувате дека нешто
не е онака како што треба да постапуваат, но сепак покажете доза на емпатија –
сочувство со нивната ситуација, дека разбирате како се чувствуваат и дека ќе се
потрудите да им помогнете во надминување на потешкотиите со кои се соочуваат.
Родителите тешко се соочуваат со реалноста и за своите деца имаат аспирации и
очекувања во развојот исто како и за останатите деца со типичен развој. Покажете почит
кон нивното мислење, иако не се согласувате со тоа. Зајакнете ја довербата кај
родителите кон вас и трудете се заедно да се соочите и да ги надминете потешкотиите со
кои се соочувате. Информациите кои им ги давате на родителите треба да ги содржат
јаките страни на детето – она што детето може да го прави, што се труди да научи, колку
напредува итн. Внимателно слушајте ги родителите и прашувајте ги што мислат за
одредени активности или проблеми поврзани со развојот и постигнувањата на детето.
Покажете им на родителите дека навистина се грижите за нивното дете и при разговор со
нив секогаш користете го името на детето.

Потребно е да организирате средба со родителите на децата за разговор за осетливи


теми и при тоа треба да внимавате :

 Да го запознаете родителот за која тема ќе разговарате


 Обезбедете место и простор кој ќе биде пријатен и за родителот и за вас
 Добро размислете што и како ќе му кажете на родителот
 Почитувајте ја приватноста и доверливоста на разговорот

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 36

 Охрабрете ги родителите да зборуваат отворено и искрено за своите деца


 Имајте трпение и слушајте внимателно
 Користете ги вештините за активно слушање
 Дајте им на родителите повратен одговор, совет, насока, правилна информација
 Внимавајте на „говорот на телото“
 Бидете отворени за сугестиите на родителите
 Ставете со во нивна улога, па потоа размислете како ќе им ги соопштите
осетливите информации
 Проценете колку се спремни за прием на „новите“ информации
 Користете едноставни зборови
 Бидете искрени и професионални
 Бидете смирени, но покажете загриженост
 Зборувајте во позитивна конотација
 Очекувајте различни реакции од родителите

1.14 ПРЕВЕНИРАЊЕ НАСИЛСТВО ПОМЕЃУ ВРСНИЦИ

Скоро секој ден кога гледаме или слушаме вести, сведоци сме на извештаи и
приказни за деца кои извршиле акти на насилство често против другите деца.
Истражувањата покажале дека насилно или агресивно однесување често се учи рано во
животот. Сепак, родители, членови на семејството и други кои се грижат за децата може
да им помогнат да научат да се справат со емоциите без употреба на насилство.
Родителите и другите исто така може да преземат чекори за да се намали или да се
минимизира насилството.

Предлози за справување со насилство кај деца

Родителите имаат непроценлива улога во намалување на насилството


одгледувајќи ги своите деца во безбеден и со љубов исполнет дом. Неколку предлози кои
можат да помогнат. Можеби не сте во можност да ги следите сите упатства, но со тоа што
ќе се потрудите да се однесувате правилно, ќе придонесете да го воспитате детето да
има позитивен поглед и начин на живот. Ова е важно за сите деца, особено за децата со
пречки во развојот.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 37

Давајте им на децата постојано љубов и внимание. Секое дете има потреба од цврст,
исполнет со љубов однос со родителите или друго возрасно лице за да се чувствува
безбедно и сигурно како би можело да развие чувство на доверба, кое е многу важно за
развивање на односи меѓу дете – воспитувач – родител. Проблемите во однесување или
деликвентно однесување во помала мера ќе се развијат кај деца чии родители не се
вклучени и посветени во нивното одгледување и воспитување, посебно во раните години.
Не е лесно да истакнувате посветеност и љубов, цело време, особено ако сте млад,
самохран родител или посебно ако детето е болно или ако имате дете со пречки во
развојот.

Надгледувајте го детето. Децата зависат од своите родители – старатели,


воспитувачи, кои треба да ги охрабруваат, заштитуваат, поддржуваат во напорите додека
да станат самостојни. Без соодветно надгледување децата неможат да ги добијат
насоките кои им се потребни за правилен развој. Голем број на студии покажуваат дека
децата без соодветен надзор и воспитание често имаат проблеми во однесувањето.
Трудете се да знаете каде е вашето дете постојано и со кого се дружи. Кога не сте во
можност да бидете покрај вашето дете, замолете некое лице во кое имате доверба да се
грижи, или да внимава на него. Не го оставајте дома само, дури ни на кратко.

Децата кои се на училишна возраст и постарите деца, поттикнувајте ги да


учествуваат во организирани воншколски активности како што се спортски тимови,
едукативни програми или организирани рекреативни дружења. Бидете дел од
придружбата каде детето учествува за да можете да видите како се однесува во
соработка со други деца и возрасни.

Научете го вашето дете како соодветно да се однесува кога другите, да не користи


навредливи изрази или закани или пак агресивно однесување со удирање. Објаснете му
на детето дека тоа не е соодветно однесување и дека треба да се избегнуваат ситуации
или други деца кои се однесуваат на тој начин.

Бидете пример за детето со своето однесување. Децата секогаш учат од пример.


Однесувањето, вредностите и ставовите на родителите и браќата и сестрите имаат силно
влијание врз децата. Вредности за почит, чесност и гордост во вашето семејство, ќе биде
важен извор и поттик, особено ако детето е изложено на негативен притисок од
врсниците, доколку живее во насилно соседство или има негативни настани во групата
или во училиштето. Повеќето деца понекогаш се однесуваат агресивно и може грубо да

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОДГОТОВКА НА РАБОТНОТО МЕСТО 38

се однесуваат кон друго дете. Бидете строги со вашето дете доколку се соочите со
можност за манифестирање на насилно однесување. Запомнете, многу е важно да го
пофалите вашето дете кога тоа ќе успее да го совлада и да го реши проблемот на
конструктивен начин, без насилство. Децата во своето однесување поверојатно е дека ќе
го повторуваат доброто однесување, ако се наградени со внимание и пофалби.
Родителите понекогаш поттикнуваат агресивно однесување без да се свесни за тоа. На
пример, некои родители веруваат дека е добро за машко дете да научи да се бори.
Научете го вашето дете дека е подобро да го реши проблемот со аргументи, со мирни
зборови, а не со тупаници, закани или со користење на предмети. И најважно, не го
тепајте вашето дете.

Бидете доследни во спроведувањето на правилата и дисциплината. Кога некоја


постапка или однесување ќе биде прифатено како правило, почитувајте го тоа. Децата
имаат потреба од структура со јасни очекувања за нивното однесување. Поставувањето
на правила, а потоа ако не го поттикнувате да ги почитува е збунувачки за детето и
воспоставува матрица во нивната глава - „па види со што може да се извлечеш".
Родителите треба да ги вклучат децата во поставувањето на правилата секогаш кога е
тоа можно. Објаснете им на вашите деца што е она што го очекуваме од нив, а што се пак
последиците за непочитување на правилата. Ова ќе ви помогне да научат да се
однесуваат на начин што е добро за нив и за оние околу нив.

Насилството – во домот. Насилство во домот може да биде застрашувачко и штетно за


децата. Децата треба да живеат во безбеден и со љубов исполнет дом, каде што тие не
треба да растат во страв. Дете кое го видело насилство во домот, не мора секогаш да
стане насилно, но тој или таа може во иднина со поголема веројатност да се обиде да го
реши конфликтот со насилство.
Работете кон создавање на дом како безбедно, ненасилно место и секогаш обесхрабрете
го насилното однесување меѓу браќа и сестри. Имајте на ум, дека непријателски,
агресивни караници помеѓу родителите ги плашат децата и даваат лош пример за нив.

Обидете се децата да не гледаат премногу насилство во медиумите. Истражувањата


покажуваат дека гледањето многу насилство на телевизија, во филмовите и во видео
игри може да има негативен ефект врз децата. Како родител, можете да ги контролирате
дали и колку децата ќе гледаат содржини со насилство во медиумите.

Еве неколку идеи како да го реализирате тоа:

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 39

- Ограничување на гледање телевизија во времетраење од 1 до 2 часа на ден;


- Бидете сигурни дека знаете што гледаат децата на ТВ, кои филмови тие ги гледаат
и кои видови на видео игри ги играат;
- Разговарајте со вашите деца за насилството што тие го гледаат на ТВ емисии, во
филмовите и видео игрите;
- Да им помогне да се разбере колку болно тоа би било во реалниот живот и кои се
сериозни последици од насилното однесување;
- Разговарајте со нив за начини за решавање на проблеми, без насилство;
- Помогнете им на вашите деца да бидат против насилството.

Поддржете ги децата да се исправат против насилството. Поучете ги, да одговорат со


смирен, афирмативен говор кога другите користат навреда, се закануваат или ќе удрат
друго лице. Помогнете да разберат дека е потребно повеќе храброст и за да се
спротивстави на насилство отколку да му се придружат и да станат насилни.

2 ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО

2.1 РАЗВОЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕ ОД 0 – 3 ГОДИНИ

Моторен развој – детето има контрола во вршење на физиолошки потреби,


самостојно е во хранењето, способно е за препознавање на деловите на телото и нивно
именување, се качува и слегува по скали, правилно може да држи молив.
Социоемоционален развој – детето може да прави разлика помеѓу познати и
непознати лица, сака да игра со други деца, сака да се грижи само за себе, го знае својот
пол.
Когнитивен развој – детето може да групира различни предмети според една
карактеристика, ги препознава омилените песни и се труди да ги пее, шара со боички или
молив по површината на листот.
Говор – Детето знае да состави реченица од три и повеќе зборови, сака да
разгледува сликовници и други печатени материјали, го зголемува фондот на зборови и
се труди правилно да ги користи

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 40

2.2 РАЗВОЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕ ОД 3 – 7 ГОДИНИ

Моторен развој – детето прескокнува повисоки препреки, умее да се движи во


просторот безбедно без да се судри со другите, користи ножички, може да користи
прецизни активности како на пример да стави паста на четка за заби, по линија да стави
лепило од туба итн.
Социоемоционален развој – детето игра игри со улоги, учествува во социјални
игри со другите деца, сака да му помага на другарче, сака да помага во домот.
Когнитивен развој – детето ги разбира релациите во просторот напред – назад,
над - под, до – на, должина, големина, ги препознаваат цифрите на броевите, знаат да
бројат напред и назад до десет, цртаат на зададена тема, се движат по ритам и
танцуваат.
Говор – детето раскажува според цртеж или серија слики, драматизира, има
развиен поврзан и правилно артикулиран говор, ги изговара сите согласки и самогласки,
ги препознава буквите, знае да пишува некои од нив, може и да чита.

2.3 РАЗВОЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕ ОД 7 – 14 ГОДИНИ

Моторен развој – кај детето се зголемува физичката сила, брзина и координација


на движењата. Има брз развој на основните вештини, се јавува потреба за учење и
вежбање (на пример практикување на спортски активности).

Когнитивен развој – Детето е способно да го разбере односот дел и целина, може


да ги претстави овие односи низ конкретни примери, развиени се мисловните процеси, ги
разбира причинско – последичните процеси и активности.

Говор - До навршување на четиринаесеттата година децата во потполност го


владеат јазикот во секоја смисла како фонетски, синтаксички, граматички. Речникот е
доволно голем дури и со специјализирани поими, знаат да опишат одредени феномени.

Социо – емоционален развој - Се зајакнуваат врските и односите помеѓу


врсниците, посебно од ист пол, но почнува интеракција иако во помала мера со врсници

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 41

од различен пол. Во комуникација со врсниците користат вербален начин на разбирање и


надминување на недоразбирањата. Се менуваат фази во развојот од повлеченост до
зголемена дружељубивост, пред сé со врсници, се појавуваат и првите сексуални
чувства. Ги прифаќа и се придржува до основните норми на однесување во
општествената средина.

2.4 ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО


РАЗВОЈОТ

Погоре во текстот се дадени некои карактеристики кои се среќаваат кај деца со


типичен развој на одредена возраст. Доколку имаме отстапување на еден или повеќе
показатели тогаш треба да се реагира со посета на стручна служба заради утврдување на
состојбата, а потоа реализирање на активности за подобрување или надминување на
истата. Негувателот/ката доколку се посомнева дека детето за кое се грижи не покажува
развојни постигнувања согласно возраста, треба да го следи детето во наредниот период
со цел да ги потврди своите сомнежи и да го извести родителот-старателот за тоа.

Показатели за можни развојни потешкотии до три години:

- често паѓа при качување по скали


- неоформен говор или многу нејасен говор
- неможе да направи „кула“ со повеќе од четири коцки
- има потешкотии во ракување со ситни предмети
- не може да јаде само со лажица или да пие самостојно од чаша
- не се вклучува во игри со останатите деца од групата
- не сака да го допира никој
- не воспоставува контакт со поглед
- не прима инструкции

Показатели за можни развојни потешкотии до седум години:


- не може да скока во место
- не може да држи молив
- се удира по телото без самоконтрола кога е вознемирено

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 42

- може да седи на едно место и да прави еднолични движења како клатење во


место или движење напред – назад, касање на раката
- има потешкотии во јадење, спиење, облекување
- ги избегнува децата, стои само во некој дел од просторијата
- може да покажува агресивно однесување во одредени моменти
- лесно се вознемирува

Децата постари од оваа возраст се веќе идентификувани и имаат своја историја и


дефинирана состојба и со нив треба да се реализираат активности за подобрување на
целокупниот развој.

2.5 ФАЗИ ОД РАЗВОЈ НА ЛИЦЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ (ФИЗИЧКИ, МОТОРЕН,


ПЕРЦЕПТИВЕН, КОГНИТИВЕН, СОЦИЈАЛЕН, ЕМОЦИОНАЛЕН)

Под развојно нарушување се подразбира секој забележителен недостаток во


развојот, атипичен развој и отстапување во споредба со нивните врсници. Невролошките
нарушувања подразбираат заостанувања во моторниот развој, развојот на
комуникација и говорот, сознајниот, социо-емоционалниот развој и развој на само -
помош или грижата за себе.

2.5.1 ФИЗИЧКИ – МОТОРЕН РАЗВОЈ

Потешкотиите во телесниот развој најчесто се поврзани со тешки и трајни


оштетувања на моторниот систем, оштетување на централниот и периферниот нервен
систем или хронични заболувања, кои го нарушуваат здравјето на детето.

Развој на грубата моторика

Развојот на грубата моторика вклучува стекнување на вештини како што се:


превртување, седење, ползење, одење и трчање. Грубата моторика им овозможува на
овие лица да се движат.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 43

- Активности кои се користат за изградба на грубата моторика


 Направете пат каде децата ќе се возат, направете лавиринт или нацртајте со
креда;
 Играјте со балони, со топка (со нив се овозможува лицата да се движат многу,
да скокаат);
 Играјте игри за рамнотежа со домашна греда или со цртање на линија по која
треба да се движите;
 Истражувајње на материјали, преку оние кои можат фрлени како хартија,
весници или ткаенина.
 Креирајте игри преку кои ќе учат (како трчање кон одреден предмет,
преместување на одреден предмет);
 Организирајте трки;
 Вклучување на музиката и танцување по неа…

Развој на фината моторика

Фината моторика се развива преку допир, фаќање и рачна манипулација, така


лицата ги доживуваат карактеристиките на лицат , предметите и животната средина.

- Активности кои се користат за развој на фината моторика


 Игри со тесто (пластелин), игри со чекан играчка или чепкалка за заби;
 Игри со сечење;
 Нижење на перли или копчиња, топчиња;
 Игра со хартија (цртање на дланките);
 Мотање на волница итн…

2.5.2. ПЕРЦЕПТИВЕН РАЗВОЈ

Перцепцијата е ментален процес со кој ги опфаќаме предметите и појавите од


надворешниот свет како една целина, врз основа на информациите од сетилните органи.
Во областа на перцепцијата, постојат три главни подгрупи: визуелни, аудитивни и
тактилни (кинестетички).

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 44

Визуелната перцепција - е способност да се идентификуваат, организираат и


интерпретираат сетилните податоци од страна на поединецот преку сетилото за вид.
Потешкотии во визуелната обработка може да доведат до следниве потешкотии во
училиште:

1. Визиомоторните потешкотии можат да доведат до појава на лош ракопис и


вештини за препишување и слаба меморија на она што е напишано, поради
вложување на поголеми напори кои се потребни, за да се добијат информации
пред да се почне со запишување.

- Активности кои помагаат да се развијат визуелните перцептивни вештини


вклучуваат:
 Поврзување на точки, загатки за пронаоѓање на збор или крстозборки
 Најди ги скриените слики
 Градење со Лего коцки

2. Аудитивна перцепција е способност да се идентификуваат, организираат и


интерпретираат сетилните податоци од страна на поединецот преку сетилото за
слух. Потешкотии во аудитивната дискриминацијата може да доведе до
потешкотии во стекнување, разбирање и користење на говорниот јазик,
потешкотиите во аудитивно – визуелната координација може да доведе до
неможност да се гледа и да слуша или да се слуша и да пишува во исто време.

- Активности кои помагаат да се развијат аудитивните перцептивни вештини,


вклучуваат:
 Играње и пеење на песни;
 Учење на звуци поврзани со познати животни и предмети (како на пример,
часовникот отчукува, овцата вели бее...);
 Читање или раскажување на приказни, а потоа прашајте го неколку поважни
работи поврзани со приказната;
 Зборувајте или пеејте со висок тон, а потоа со низок тон на гласот и барајте да
ве имитираат;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 45

2.5.2 КОГНИТИВЕН РАЗВОЈ

Какво искуство ќе стекнат лицата со пречки во развојот кога се мали, како ќе го


градат своето знаење, како ќе го развиваат своето размислување, како ќе доаѓаат до нови
идеи — сево ова зависи од повозрасните и околината која ги опкружува.

Животна средина помалку го поттикнува развојот на лицето со посебни потреби,


не ги охрабрува напорите на детето да се развие соодветен алтернативен облик на
однесување или не се наградени како што треба. Колку се поразвиени когнитивните
способности, толку е позрело моралното однесување.

Терминот когнитивни пречки опфаќа различни интелектуални или когнитивни


дефицити, вклучувајќи ги и интелектуалната попреченост (ментална ретардација),
доцнење во развојот, попреченост во развојот, потешкотии во учењето. Сето ова
резултира во значителни функционални ограничувања во следните животни активности
како што се: грижа за себе, рецептивен и експресивен јазик, учење, мобилност, само-
насока, способност за самостојно живеење и економска самостојност.

- Активности кои помагаат да се развијат когнитивните вештини, вклучуваат:

 Идентификувајте звуци
 Научете го лицето да идентификува звуци што ќе ги слушне во текот на денот
(на пример со пеење на птици, свирка од автомобил, течење на вода). Така ќе
започнат да сфаќаат како звуците се однесуваат на некој предмет во неговата
секојднев
 Вежбајте ја азбуката
 Вежбајте броење
 Вежбајте ги формите и боите
 Посетете интересни места

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 46

2.5.3 СОЦИЈАЛЕН – ЕМОЦИЈАЛЕН РАЗВОЈ

Социјалниот развој опфаќа како лицата го сознаваат својот однос во однос на


другите, како создаваат пријателства, како ги разбираат општествените правила и како се
однесуваат кон другите.

Емоционалниот развој се однесува на тоа како лицата ги сфаќаат сопствените и


туѓите чувства и ја развиваат способноста на поистоветување - да гледат на работите од
гледна точка на друго лице.

Лицата со потешкотии во развојот имаат потешкотии во социо - емоционалниот


развој. Кога во согласност со когнитивниот развој се одвива емоционалниот и социјалниот
развој во погодна средина, која е прилагодена на потребите на детето, тоа покажува
прилагодено однесување во зависност од неговиот интелектуален потенцијал.

Се препорачуваат следните пет стратегии за да им се помогне на лицата со пречки во


развојот:

1. Да научат емпатија

2. Да учат одговорност преку поттикнување со придонеси

3. Учење на вештини да донесуваат одлуки и решавање на проблеми преку кои ќе


се зајакне само-дисциплината

4. Oхрабрување и позитивни повратни информации (positive feedback)

5. Помогнете им на лицата да научат да се справуваат со грешки

Овозможете им на лицата за себе да го направат она за што тие се способни, без разлика
дали тоа е облекување, правење ужина, чистење, пишување на нивните имиња,
решавање на проблем. Поставете јасни граници за неприфатливо однесување и
објаснете со рационални објаснувања во клима на взаемно почитување и грижа. Децата
треба да се учат да ги изразат своите чувства вербално, како и решавање на социјалните
проблеми со другите преку разговор.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 47

2.5.4 РАЗВОЈ НА ЈАЗИКОТ – РЕЦЕПТИВЕН , ЕКСПРЕСИВЕН И РАЗВОЈ НА


ПИСМЕНОСТА

Јазикот и говорот се средство за комуникација помеѓу луѓето. Преку говорот


децата примаат и бараат објаснувања, ги изразуваат своите желби и потреби, а
возрасните ги учат да го корегираат нивното искуство. Јазично – говорниот развој зависи
од развојот на различни говорни подрачја и способности како што се моториката,
социјализацијата, перцепцијата, дискриминацијата и вниманието.

Забавениот развиток на говорот се нарекува уште и „заостанат говорен развиток“


или „недоволно развиен говор“ и тој опфаќа широк дијапазон на заостанување во
говорниот развиток. Најтешкиот степен на ваквото заостанување се нарекува алалија или
„незборување“. Под терминот забавен развиток на говорот се подразбираат полесни
форми на заостанување во развитокот на говорот. Тука е основно да напоменеме дека
детето го разбира говорот и се служи со реченица, но таа не е во сообразност со
неговата возраст. На пример, дете од три и пол години веќе би требало да се служи со
правилна граматична реченица. Говорот на децата со пречки во развојот се развива со
побавно темпо и го следат голем број на карактеристики:

- подоцна проговоруваат
- аграматичност
- оскуден речник и отежнато разбирање

Како да го поттикнуваме говорниот развиток кај лицата со пречки во развојот

Прво треба да се започне со вежби за насочување и задржување на вниманието.


На прво место е задржување на вниманието за изворот на звукот. Понатаму го
насочуваме слушното внимание на зборови што детето веќе ги разбира, иако не ги
изговара. Усвојувањето на првите зборови ќе го поттикнеме така што ќе ги избереме оние
зборови што детето спонтано најчесто ги изговара. За да се развие говорот правилно,
важно е мускулите на лицето, устата, јазикот, да можат да извршат различни движења.
Добро развиена орално - моторна праксија е еден од условите за правилен изговор на
гласовите. Созревањето на оралната праксија го следи физиолошки развој на детето.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 48

Како да се поттикне развојот на оралната праксија?

Покрај вежбите, кои се наведени подолу, оралната праксија ја вежбаме и преку


џвакањето (корка леб, бисквити) и дувањето (балони од сапуница).

Пример на игри:

- Мала топка од хартија со дување да ја придвижат по подлогата, може да се


организира натпревар кој попрв ќе ја дувне топката;
- До работ на масата залепете чаша, детето треба да дува за да се движи топката и
треба да стигне до чашата (исто така може да се користат мали топчиња
стиропор);
- На пластична плоча да се измеша вода и темпера, детето треба да дува со помош
на цевка, треба да се направат различни шари на плочата (исто така може да се
направи и на хартија).

Вежби кои се користат за подобрување на оралната праксијаа може да се вршат дома


пред огледало преку игра. Развојот на говорот и јазикот на почетокот се спроведува
строго индивидуално и прилагодено според способностите на секое дете поединечно.
Програмата опфаќа општи и специфични облици на учење на говорот и јазикот.
Напредокот на детето се набљудува на секои три месеци, кога детално се разработува и
планот за учење за следниот период. Посебно внимание во рехабилитацијата на рана
возраст треба да се посвети на работата на дефектолозите со родителите. Следењата
покажуваат дека развојот не тече линеарно, туку амплитудно. Во одреден период, на
пример, детето почнува да изговара слогови, а потоа со месеци ги изговара само нив.
Површно гледано, детето воопшто не напредува. Тогаш, одеднаш се појавува збор. Долго
време детето изговара само еден или неколку зборови. Повторно изгледа дека нема
никаков напредок и тој бавен надворешен развој делува готово обесхрабрувачки. Сепак,
некои облици на активности покажуваат дека во внатрешниот развој детето постојано
напредува.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 49

2.5.5 ПСИХО – СОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ КАЈ ЛИЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО


РАЗВОЈОТ

Поради недостаток на интеграција на различните функции на централниот нервен


систем и губење на доминацијата на кортексот се јавува незрелост на нервно –
мускулната структура, сиромашна диференцијација на гностичките функциии и
сиромашен емоционален и социјаен развој, кои се карактеристики на дисхармоничен
развој на личноста. Пореметувањата во однесувањето уште се нарекуваат воспитна
запоставеност, антисоцијалното однесување и деликвентно однесување. Неповолните
животни услови предизвикаат нарушување на однесувањето на една личност од кои се
обидува да избега или агресивно се однесува кон изворот на проблемот.

Ваквиот развој доведува до:

- Повисок ризик од настанување на пореметувања во однесувањето и психотични


пореметувања кај оваа популација. Зголемена е ранливоста на лицата со пречки
во развојот;
- Успорен развој на говорот со ограничени способности во соопштување на потреби
и чувства;
- Ограничено емоционално созревање и развој на личноста поради застој во
развојот на авто-концепт;
- Ниска самодоверба што ја поддржува посебното образование, што води кон
доживување на различноста кај овие лица во однос на другите и можеби до
нарушување во доживување на самиот себе;
- Релативна неспособност во однос на неспособноста да се разберат реалните
барања што ги ограничува во социјалната адаптација;
- Ранливоста во зрелоста;
- Непослушност, агресија, лутина, физичка агресија;
- Отсуство од настава на училиште, отсуство од работа, недостаток на желба да се
оди на училиште и да се учи;

Централниот проблем за лицата со пречки во развојот, претставува успорениот развој на


говорот со успорениот развој на когнитивниите функции. Ова во социјални ситуации ги
прави овие лица ранливи фактот дека тие не ги препознаваат и сосема обичните
социјални ситуации спрема кои соодветно се однесуваат другите лица. Овие лица според
тоа го доживуваат како искуство на одбивање и агресивност на животната средина.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 50

Истовремено живеејќи во ваква социјална средина, особено ако тоа е несоодветна


социјална средина, овие деца не се во можност да го откријат идентитификациониот
модел во нивниот развој. Секако во добро организиран воспитен и едукативен процес
спаѓаат и облиците на дружење на овие лица со другите лица во оние сегменти во кои се
релативно рамноправни со нив. Лицата со пречки во развојот се отпорни на оние аспекти
на фрустрација кои ги разбираат и на кои можат адекватно да одговорат. Зголемената
ранливост кај овие деца се јавува при ненадејно напуштање на неговата група во
отворена социјална „конкуренција“ на училиште или кај прекумерна фрустрација која ги
надминува нивните адаптивни способности.

2.6 ПРОЦЕНКА НА СПОСОБНОСТИ КАЈ ЛИЦА/УЧЕНИЦИ?

Процесот за проценка на способностите на децата со пречки во развојот,


подразбира одредување на индивидуалните можности и потреби на лице со пречки во
развојот/поединецот, односно какви се силата и можностите на лицето и што сè тоа умее
да направи. Проценката е неопходен показател за родителите, стручните лица и сите
инволвирани субјекти во грижата за лицето, како и за самиот воспитно-образовен процес.
Таа е важен (клучен) сегмент за планирање и изведување на соодветни активности и
вреднување на постигнатите резултати, за креирање на индивидуален образоваен план
(ИОП). Проценката ни овозможува да дојдеме до низа на податоци кои потекнуваат од
различни извори и кои опфаќаат елементи од сите области на развојот на лицето
(меѓусебен однос на лицето и околината, мотивација, когнитивен и говорно-јазичен
развој). Проценката ја врши Стручен тим составен од дефектолог, психолог, социјален
работник и логопед и истата се движи во насока на:

- Функционална проценка на развојниот статус на детето (интелектуален,


емоционален и социјален);

- Проценка на образовните (училишни) достигнувања и способностите за учење;

- Проценка на однесувањето во секојдневните училишни активности и играта со


врсниците преку набљудување;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 51

- Проценка на нивото на социјални достигнувања (прифатеност, градење на


социјални релации со врсници и возрасни);

- Изработка на документација со која и формално ќе бидат дефинирани типот и


формата на соработка помеѓу „редовните“ градинки и училишта и посебното
училиште (протоколи за соработка, дозвола на родителите за работа на
дефектологот со детето со пречки во развојот).

2.7 ПРИФАТЛИВО ОДНЕСУВАЊЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Тешкотии во совладување на наставата

- Послабо ја разбира суштината;

- Не разликува битно од небитно;

- Не е во состојба логички да ги поврзе фактите;

- Постои потполна психичка блокада;

- Често отсуствуваат од настава;

- Имаат потешкотии со памтењето;

- Одбиваат да работат, само молчат спори се, брзо се заморуваат, преоптеретени


се.

Начини на решавање на потешкотиите во совладување на наставните содржини

- Давање на задачи кои се премерени на способностите на ученикот;

- Давање на доплнително време за решавање на задачите;

- Охрабрување и пофалба за успешна работа;

- Повеќе појаснување, вежби и повторување;

- Повеќе интересни плакати, паноа, дидактичен материјал;

- Работа низ игра;

- Намалување на обемот на материјалот;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 52

- Посебен пристап кон ученикот при повторување и оценување;

- Примена на наставни ливчиња.

Воспитни проблеми

- Склоност кон деструктивно однесување;


- Активна и пасивна изолација (децата не ги прифаќаат, но и тие нив);
- Отежната комуникација;
- Другите деца ги исмејуваат и тешко може да се спречат;
- Склоност кон непромислени испади;
- Бараат бескрајно внимание;
- Ги прекинуваат наставниците среде реченица.

Начини на решавање на воспитните проблеми


- Соработка со педаго – психолошката служба во училиштето;
- Соработка со здравствената служба во градот;
- Влијание на другите ученици да го прифатат детето;
- Поттикнување на децата да не му се потсмеваат и навредувааат;
- Соработка со семејството;
- Вклучување во групна работа;
- Трпение, внимание, разбирање;
- Дружење вон настава;
- Развивање на самопочитување низ пофалба;
- Разговор со останатите ученици кога детето не е присутно;
- Атмосфера во кое секое дете има шанса да ги покаже своите најдобри особини;
- Доследност.

Насоки за работа

- Овозможете му на детето да работи по делови;


- Обезбедете доволно време за вежбање и повторување;
- Користете кратки реченици за она што е важно;
- На детето давајте му едноставни задачи со јасно образложение;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 53

- Постепеност во работата;
- Користете слики, модели, шеми;
- Содржините да се поврзат со секојдневниот живот и искуството на детето;
- Содржините да се приближат на конкретен и едноставен начин;
- Теоретските содржини да се сведат на најбитното.

Постигнувања согласно попреченоста – кај некои деца е успех постигнување на контрола


во вршење на физиолошките потреби, кај други видови попреченост е успех можноста
самостојно да се облекува и храни, за успех и постигнување се смета и адаптација и
социјализација во простор и средина, што придонесува за можност и поттик за
продолжување со работата и зголемување на нивото на сложеност на задачите и
очекувањата кај децата.

2.8 ЗАНЕМАРУВАЊЕ НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Да се препознае дали едно дете е правилно и добро негувано и одгледувано не е


тешко, затоа што тоа може да се види надворешно со посматрање и при секоја средба, но
и неговото однесување покажува многу за неговата состојба. Тоа дете е среќно, радосно,
љубопитно, разговорно и има потреба од комуникација. Многу е тешко да се препознае
дете кое е занемарено или злоставено доколку нема видливи забележливи знаци.
Доколку детето е хигиенски запоставено и запуштено тоа се гледа надворешно, односно
облеката му е неуредна, детето е неизмиено, неисчешлано, може да носи омалена или
несоодветна облека според временските услови. Меѓутоа може да биде и злоставено,
односно физички или психички малтретирано. Ако се забележуваат несоодветни и
необјаснети модринки по телото, гребаници, рани и други видови на видливи промени
тогаш задолжително негувателот/ката треба да стапи во контакт со надлежните
институции, пред сé службата за социјални грижи, а тие понатаму ќе постапат според
одреден протокол. Многу е потешко да се препознае психичко злоставување кај дете,
посебно кај дете со пречки во развојот и затоа негувателот/ката треба да ги познава
основите на детскиот развој од социо – емоционален аспект, како би можела да
препознае дека нешто се случува со детето и за истите да стапи во контакт со
социјалните служби. Ова е од посебно значење во развојот на детето затоа што и покрај

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ОСНОВНИ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕТЕТО 54

вложениот труд и напор нема да се постигнат никакви резултати во насока на


подобрување на општата состојба кај детето со посебни потреби.

Психички злоставеното дете може да покажува несоодветно однесување со


манифестирање на агресивност, касање, кубење, самоповредување, паника, страв,
неконтролирано плачење, нагла реакција при средба со лицето кое го злоставува или пак
повлеченост, незаинтересираност, поглед без ведрина и живост, дури и губење на
одредени функции, како говор или пак назадување во целиот процес и ниво на
постигнувања до кои сме дошле.

2.9 ЈА ЗНАЕ УЛОГАТА НА НЕГУВАТЕЛ/КА

Негувател/ка на деца со пречки во развојот се обучени да се грижат за деца со


пречки во развојот, и тоа: со ментална попреченост или други пречки во развојот,
вклучувајќи Даунов синдром, первазивни развојни нарушувања, аутизам, Рет синдром,
Аспергеров синдром и други. Овие нарушувања обично се хронични, кои може да
настанат со повреда за време на раѓањето или пак да се вродени со што ќе имаат
влијание на способноста да учат и да ги вршат основните животни потреби и да стекнат
основни вештини. Покрај работата со децата со пречки во развојот, овие негуватели/ки,
исто така, треба да им помогнат со одредени совети на членовите на семејството.
Работата на негувателот/ката вклучува: помош на децата со пречки во развојот во
исхраната, вршење на физиолошки функции, поттикнување на нивната независна
мобилност, обезбедува едукативни активности со детето за кое се грижи, но работи и на
своја постојана образовна надградба преку следење на нови достигнувања, форми и
методи за работа со овие деца, се запознава со состојбата на детето за кое се грижи, за
неговите здравствени потреби и му помага на детето со пречки во развојот со развивање
на говорот, јазикот и комуникациските вештини. Негователот/ката на деца со пречки во
развојот може да се вклучи во работата на повеќе места како во градинка, училиште или
во домашни услови. Негувателот/ката кои работат со деца со пречки во развојот треба
да поседуваат голема доза на трпение и сочувство за луѓето со кои работат. Тие исто
така треба да бидат во можност да го протолкуваат или да ги предвидат потребите на

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 55

децата со пречки во развојот, особено на оние деца кои не се во можност да


комуницираат.

3 ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ

3.1 УЛОГАТА НА НЕГУВАТЕЛ/КА ПРИ ДАВАЊЕ ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА


ВОСПИТУВАЊЕ

Воспитување

Воспитувањето е најширок педагошки процес кој ја опфаќа целокупната


личност. Воспитувањето во текот на историскиот развој на човековото општество се
состоело во грижата за постарите лица, за младите луѓе да се подготват за
општествената заедница и слободно да се вклучат во општествените односи и да го
продолжат она што претходните генерации го започнале. Воспитувањето е цел, процес
и средство. Цел е, бидејќи секое општество поставува одредени барања кои се
остваруваат преку процесот на воспитување. Процес е бидејќи почнува од раѓањето и
трае во текот на целиот живот. Средство е бидејќи благодарение на воспитувањето
личноста се оспособува за креативни активности, одредена професија и општествениот
ангажман. Воспитувањето е својство само на човекот. Секогаш е плански и општествено
насочено. Учесници во процесот на воспитување се воспитаник и учител преку чија
комуникација и интеракција се остварува и вреднува вкупниот развој на секоја личност.

Воспитувањето претставува свесно, систематски и плански организирано


развивање на физички, интелектуални, емоционални,работни и општествени
функции кај децата и возрасните.

Образование

Образованието е потесен концепт од воспитувањето, а поширок од наставата.


Образованието е сложен процес и подразбира:

- Усвојување на знаења (за природата, за општеството и човекот)


- Развивање на способности (интелектуални, работни)

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 56

- Стекнување на вештини (читање, пишување, сметање, посматрање)


- Стекнување навики (работни, морални)
- Развивање на научни погледи за светот

Настава

Наставата е една од најстарите човечки активности и претставува плански и


систематски, институционално реализиран воспитно - образовен процес заснован на
општествено одредени цели кои се остваруваат преку интеракција помеѓу наставникот и
ученикот со примена на разновидни методи,постапки,облици и средства за работа. Во
исто време наставата е и единствен процес за сеопфатно обликување и развивање на
личноста, која е во склад со индивидуалните можности и способности на секоја личност.

Специјална едукација

Образованието на децата и младите со пречки во развојот во нашата земја


поминала преку неколку фази, од индивидуално образование (ако родителите се во
можност да го обезбедат) до нивно вклучување во единствен школски систем.

3.2 ВОСПИТНО – ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ НА РМ

Воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни


потреби претставува интегрален дел на единствениот образовен систем и се планира врз
идентични или многу слични определби и генерални принципи. Врз статусот на овој вид
образование влијаат општо познатите фактори, релевантни за секое образование
(општествените, политичките, економските, културните), но и различните идеологии од
што произлегуваат различни концепции и модели. Демократските правци во светот, кои
се се поизразени, мошне позитивно се рефлектираат и врз оваа област, што е воочливо
преку бројните заложби како што се: рамноправност, интеграција, модернизација,
перманентност на образованието и друго. Без оглед на степенот на развиеноста и
општественото уредување, земјите во светот се поангажирано и поорганизирано се

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 57

мобилизираат за решавањето на проблемите на децата и лицата со посебни образовни


потреби и задоволување на нивните специфични потреби.

Извесно е дека воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни


образовни потреби во Република Македонија не се потпира врз долга традиција. Во
развојниот период од шеесетина години преземени се следните активности:

- нормативно е регулиран флексибилен систем на воспитание и образование;

- создадена е мрежа на установи што ги задоволува постојните потреби;

- утврден е систем на финансирање;

- обезбеден е задолжителен тимски преглед од соодветни стручни комисии за секое

дете пред упатување во соодветна институција;

- воспитно - обазовниот процес се реализира според наставни планови и програми

кои содржат специфичности, со што не се доведуваат во прашање општите

образовни цели.

Актуелната концепциска поставеност на воспитанието и образованието на децата и


младинците со посебни образовни потреби е регулирана и интегрирана во Законот за
основно образование, Законот за средно стручно образование и глобално, може да се
презентира како:

- крајната цел на воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни


образовни потреби е иста или слична на оние од „редовната популација”;

- воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни


потреби организирано е во посебни установи и училишта, посебни паралелки при
редовните училишта, како и во „редовните класови”, заедно со неговите врсници;

- задолжителноста на основното воспитание и образование се однесува и на децата


и младинците со посебни образовни потреби, освен за оние со умерени и тешки
пречки во психичкиот развој за кои, исто така, е организиран воспитно - образовен
процес, програмиран и адаптиран на нивните индувидуални можности и потреби;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 58

- наставните планови и програми се адаптирани (модифицирани, редуцирани,


растоварени), во различна мера, согласно видот и степенот на попреченоста;

- законска и стручна заложба е што помасовно овие ученици да се образуваат во


местото на живеење, што значи условите да се доближат до нив, а не тие до
условите, во случаи кога тоа е можно;

- децата со посебни образовни потреби ги имаат истите права на образование како


и другите, согласно своите интелектуални и други можности, амбиции и интереси.

Ваквата нормативна поставеност на воспитанието и образованието на децата и


младинците со посебни образовни потреби, е добра основа за негово понатамошно
доградување и усовршување. Ако се направи споредба со образовната политика за овие
ученици, со развиените земји, може да се констатира дека, во глобала, многу нормативни
решенија се идентични или многу блиски со оние кај нас. Разликите се согледуваат во
степенот и квалитетот на нормативното оживотворување, што се должи на економското и
културното ниво, традицијата, предрасудите, како и низа останати фактори.

Појдовни основи за унапредување на Концепцијата за воспитание и образование на


децата и младинците со посебни образовни потреби во Република Македонија

При изготвување на насоките за унапредување на Концепцијата, како појдовни


основи се третираат, искуството на развиените земји во светот, најновите научни
сознанија, како и резолуциите на меѓународните тела и организации (УНЕСКО, ООН).

Од анализата на споменатите извори, а врз основа на општоприфатените принципи,


може да се проектираат концепциските рамки на воспитанито и образованието на децата
и младинците со посебни образовни потреби во нашата земја, притоа имајќи ги во вид
светските трендови и евроинтеграциските процеси, како:

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 59

1. Законодавна интегрираност, односно непостоење на паралелни закони што ќе го


регулираат воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни
образовни потреби, и

2. Инеграција на децата и младинците со посебни образовни потреби во сите сфери


на општественото живеење, односно надминување секаков вид сегрегација,
секаде каде што е тоа можно.

Предноста на таквата интеграција се аргументира со следното:

- децата и младинците со посебни образовни потреби не се изолирани од своите


врсници, тие имаат можност да се доживеат као дел од одделението и колективот;

- училиштето се насочува кон создавање услови за најфлексибилен однос кон сите


ученици, а особено кон оние кои имаат специфични воспитно - образовни потреби.

Движењето за инклузија се заснова на принципот на индивидуализација во


програмирањето, пристапот во самиот процес на реализација, со што се обезбедува
најоптимален развој во сите сфери за секоја индивидуа. Воспитно- образовната инклузија
не подразбира само физичко сместување на децата и младинците со посебни образовни
потреби во редовното училиште, туку и вклучување во работата и животот на
училиштето, што се постигнува со обезбедување на низа претпоставки.

Паралелно со процесот на инклузија, потребно е да се развиваат адекватни служби што


ќе обезбедат тимски приод при разрешувањето на проблемите во редовното училиште,
вклучување дефектолог во училиштето, како и обезбедување на специфичните потреби,
согласно тешкотиите со кои се соочува ученикот, односно, потребна е соодветна опрема,
посебно адаптиран простор, општи и посебни наставни средства. Наставниците во
редовните училишта треба да стекнат основни неопходни знаења за препознавање на
тие деца и младинци и да се оспособат да им пружат соодветна помош во рамките на
училиштето во соработка со останатите стручњаци од тимот, дефектологот во
училиштето, како и стручњаци од релевантни установи и институции. Доколку не се
обезбедат наведените претпоставки, може да се случи децата и младинците со посебни
образовни потреби да останат на маргините, односно таквиот статус драстично да влијае
и да доведе до нивна алиенизација и стигматизација.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 60

Денес во светот се среќаваат најразлични облици на надминување на


сегрегационите облици на воспитание и образование на децата и младинците со посебни
образовни потреби. Во нашата земја процесот на инклузија на учениците со посебни
образовни потреби се заснова на позитивните светски искуства адаптирани на нашиот
национален контекст.

Во прилог на оживотворување на општата демократизација и хуманизација се


погласно се потенцира општата заложба ,,образование за сите”, што значи примена на
фундаменталното право на образование. Принципот на образование за сите го признава
правото на соодветно образование согласно можностите на децата и младинците без
оглед на степенот на нивниот хендикеп или специјална потреба. Имајќи во вид дека
посебните потреби се од различен вид и степен, заложбата образование за сите не
подразбира вклучување во воспитно - образовниот систем на децата со умерени и тешки
пречки во развојот, кои не поседуваат способности за школско учење. Тоа пак, не ја
исклучува можноста и потребата од организирање соодветни модели на организирано
специјално учење во функција на социјализацијата, напротив, тоа е општествена обврска,
а нивно неприкосновено природно право.

Една од темелните интенции за кои се погласно и се поаргументирано се зборува


во литературата и на сите стручни собири кои ја третираат оваа тематика е опфатот на
децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби со ран третман и
предучилишно воспитание и образование. Научната заснованост на раната детекција и
опфатот на децата со развојни проблеми и посебни образовни потреби со соодветен
третман и организирани форми на предучилишно воспитание и образование е
елабориран во многу научни трудови, додека практиката тоа го докажала на терен.
Целта на раната интервенција (третман) се изразува во максималното развивање и
користење на биопсихосоцијалните потенцијали во функција на компензирање на
изгубениот орган (способност), во период од животот кога може пресудно да се влијае.
Процесите на компензација не се насочени на директно надоместување на недостатокот
(што често е незаменливо), туку на премостување на тешкотиите што се јавуваат како
последица на недостатокот, односно супструктурата кај некои лица може да развие толку
силен компензаторски механизам, така што станува импулс и обезбедува развој.

Со развојот на научната мисла, се појасно се истакнува неопходноста од


интердисциплинарен или трансдисциплинарен приод во многу научни подрачја, зошто се

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 61

согледува сложеноста на определени феноменомени и ограчиноста на можноста тоа да


го проучува една наука (научна дисциплина). Трансдисциплинарниот приод во
дефектологијата има не само содржинско значење, туку тој станува и значајно
методолошко начело што произлегува од единственото правилно сфаќање на човекот
воопшто. Практичната примена на ваквиот приод во дефектолошката практика ја
обезбедува потребната рамнотежа во одмерувањето на видот и степенот на помошта во
различни етапи од животот на децата, младинците и лицата со посебни образовни
потреби, без ризик од пренагласување на некоја од нив. Имајќи ги во вид моментните
неповолни економски движења и состојби, што со сета сериозност го погодуваат
развојниот свет, овој приод има поексплицитна примена во решавањето на посебните
потреби на децата и младинците со посебни потреби (средства, кадар, финансии), што
упатува на интерсекторска координација, што беше особено нагласена и на советувањето
во Париз. Досегашното искуство покажа дека е невозможно да се унапредува теоријата и
практиката ако пред се, не се применат научно засновани евалуации на секој сегмент на
образованието и ако практичарите паралелно не се оспособуваат за трансфер на
резултатите од научните истражувања во практиката. Без тоа не може да се очекува некој
побитен напредок.

Видови попречености во развојот на децата и младинците за кои се организира


посебно образование

Во Република Македонија во Законот за основно и во Законот за средно


образование се оперира со терминот ученици со посебни потреби кои се вклучени во
посебното образование, а тоа се деца и младинци со оштетен вид, оштетен слух, деца со
телесен инвалидитет, пречки во психичкиот развој, проблеми во поведението, деца и
младинци со аутизам, како и деца и младинци со комбинирани пречки (мултихендикеп).

1. Деца и младинци со оштетен вид

Главна специфичност на развојот на децата и младинците со оштетен вид,


особено со оние со тотално слепило е тешкото пореметување на визуелните и просторни
претстави, ограниченост во движењето, до беспомошност во просторот. Сите останати

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 62

способности кај слепото дете можат правилно да функционираат. Најизразената


особеност на личноста на слепото дете е согледана во противречноста што постои
помеѓу релативната беспомошност во просторот и способноста вербално целосно и
адекватно да комуницира. Така, говорот и врз него заснованото комуницирање
претставуваат основно средство за комуникација кај слепите деца.

2. Деца и младинци со оштетен слух

Децата и младинците со оштетен слух во физичка смисла се многу поадаптибилни


од слепите деца и младинци. Светот во човековата свест е првенствено претставен као
визуелен феномен. Инерпретирано од биолошки аспект, оштетувањето слухот
претставува далеку помал недостаток од оштетувањето на видот. Но, тоа кај човекот не е
така. Лишено од говорот, лицето со оштетен слух е во поголема мера изолирано од
општественото живеење, од социјалното искуство, отколку слепото лице.
Обучувањето на децата со оштетен слух се заснова на читање на говор од уста, т.е. врз
способноста на децата да ја забележуваат и разбираат визуелната слика на говорот.

3. Деца и младинци со телесен инвалидитет

Телесно инвалидните деца и младинци се оние коишто најмалку имааат потреба


од некој вид на специфично образование. Тешкотиите во врска со нивното воспитание и
образование претежно се од физичка природа (не можат да одат во училиште, да
пишуваат, да работат). Кај нив потенцијална опасност претставува можноста да се изгуби
психичката рамнотежа како последица на посебниот социјално - психолошки статус.
Затоа основна задача на воспитанието е да ги спречи појавите на таквите чувства како
што е: инфериорност, самосожалување итн. што доста негативно би влијаело врз нивната
социјализација.

4. Деца и младинци со пречки во психичкиот развој

Воспитанието и образованието на овие деца и младинци создава најмногу


проблеми затоа што од етиолошки аспект тие претставуваат мошне хетерогена
категорија. Кај дел од нив е оштетен централниот нервен систем, најголем дел

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 63

наследуваат скромен интелектуален потенцијал (хередидатарен фактор), но заедничка


им е скромната можност за компензација и крајно ограничениот когнитивен развој.

5. Деца и младинци со аутизам

Учениците со аутизам имаат квалитативни оштетувања на планот на вербалната и


невербалната комуникација. Овие ученици имаат проблем во сферата на
воспоставувањето на социјалната комуникација и соработка со потесното окружување и
пошироко. Нивните активности се малубројни, додека сферите на интерес се многу
ограничени.

6. Деца и младинци со комбинирани пречки (мултихендикеп)

Воспитанието и образованието на овие деца и младинци има многу поголеми


потешкотии, што е природно, ако се има во вид повеќекратното оштетување, како на
пример (вид, слух, говор и други оштеувања). Сепак, треба да се напомене дека и лице
со повеќекратни сериозни оштетувања може да има високи достигнувања на едукативен
план, доколку интелектуално и ментално е супериорно и доколку соодветно и рано се
започне неговото воспитување, рехабилитација и образование.

Организација на воспитанието и образованието на учениците со посебни образовни


потреби

Воспитанието и образованието на децата и младинците со посебни образовни


потреби скоро во целост ја следи шемата на редовното образование:

- посебно предучилишно воспитание и образование;

- посебно основно образование;

- посебно средно стручно образование.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 64

I. Посебно предучилишно воспитание и образование

Во рамките на предучилишното образование, во рамките на посебните основни училишта


и посебните паралелки при редовните училишта, постојат подготвителни одделенија за
деца со:

- оштетен вид;
- оштетен слух;
- пречки во психичкиот развој;
- телесен инвалидитет;
- хронично болни;
- аутизам.

II. Посебно основно образование

Во нашата земја постојат посебни основни училишта и посебни паралелки при редовните
училишта во кои се едуцираат ученици со:

- оштетен вид;
- оштетен слух;
- пречки во психичкиот развој;
- аутизам;
- нарушено социјално однесување.

III. Посебно средно стручно образование

Посебното средно стручно образование се реализира во посебните средни стручни


училишта за ученици со:

- оштетен вид;
- оштетен слух;
- пречки во психичкиот развој.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 65

Деца со пречки во развојот во претшколска возраст се воспитуваат и


образуваат:

- Во посебни воспитни групи во редовни предшколски установи или

- Во установи или воспитни групи во основните школи за ученици со пречки во

развојот.

Основно образование се стекнува:

- Во посебни (специјални) основни школи за ученици со одредени пречки во


развојот (за ученици со оштетен вид, слух, со моторни оштетувања и со
интелектуални оштетувања) или
- Во редовни основни школи заедно со врсници кои немаат оштетувања.

Средношколско образование (професионално образование) се стекнува:

- Во посебни специјални школи за деца со пречки во развојот кои се организирани


според видот на хендикепот;
- Во посебни одделенија во редовна средна школа или

- Во редовни средни школи како и нивните врсници кои немаат оштетување.

Учениците со оштетен слух, деца со ментална ретардација и ученици со некои облици


на моторички портеметувања, се образуваат и воспитуваат со специјален наставен план
и програма. Учениците со оштетен вид се воспитуваат и образуваат според редовен
наставен план и програма,односно како и учениците кои немаат оштетен вид.
Едукативниот процес опфаќа образовна работа со лицата со пречки во развојот. Врз
основа на план и програма се спроведува образувањето и оспособувањето, а преку
воспитно - корективна работа се спроведуваат елементи кои подоцна го конституирале
клиничкиот дел на рехабилитацијата. Едукативниот дел на рехабилитацијата го
сочинуваат: предшколско образование, основно образование, професионална обука и
пракса.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 66

Потешкотии во учењето

Потешкотии во учењето е класификација која вклучува неколку области на


функционирање во која лицето има тешкотии во учењето во типичен начин, обично е
предизвикана од страна на непознат фактор или фактори. Со оглед на „тешкотии во
учењето во типичен начин", ова не ја исклучува можноста да учат на еден поинаков
начин. Разликата е во степенот, фреквенцијата и интензитетот на пријавени симптоми.
Кога се користи терминот „потешкотии во учењето ", се опишува група на заболувања кои
се карактеризираат со несоодветен развој на јазикот и говорните вештини. Видовите на
потешкотии во учењето вклучуваат потешкотии во читањето (дислексија), математиката -
сметањето (дискалкулија) и пишувањето (дисграфија).

3.3 МЕТОДИ И ФОРМИ ЗА РАБОТА СО ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Сите деца имаат потреба од љубов, охрабрување и поддршка, така и децата со


пречки во развојот, притоа дополнително е потребно како позитивно засилување може да
им се помогне да се осигура да стекнат чувство на самопочит, самодоверба и
решителност да продолжат понатаму дури и кога работите се тешки.

Во потрага по начини, форми и методи како да им се помогне на децата со пречки во


развојот, присетете се дека сте во потрага по начини да им помогнете да си помогнат
самите себеси. Вашата работа како родител или негувател не е да се најде „лек" за
попреченост, туку да им даде на децата социјални и емоционални алатки кои им се
потребни за да ги надминат сите предизвици. На долг рок, соочувајќи се и надминувајќи
ги предизвиците со кои се соочува, како што е попреченост во учење и други пречки во
развојот, може да им помогнат на децата да израснат во посилни и повеќе
приспособливи. Секогаш имајте во предвид дека начинот на кој се однесувате и се носите
со предизвиците има големо влијание во прифаќањето и однесувањето на децата со
пречки во развојот. Еден добар став нема да ги реши проблемите поврзани со учењето,
но тоа може да им даде на децата надеж и доверба дека работите може да се подобрат и
дека на крајот ќе успеат.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 67

Подучување со раскажување - објаснување

Овој начин е учење на детето како да направи нешто преку објаснување и


раскажување. Инструкциите не се секогаш најдобар начин да ги научиме децата како да
направат нешто, па може да се каже дека за децата со пречки во развојот ова
претставува уште поголем предизвик.

- Пред да започнете

Направете едноставен план на задачата која сакате вашето дете да ја научи. Ако
задача вклучува неколку делови, упатства треба да се распоредат во серија на
едноставни чекори. Објаснете што точно сакате вашето дете да се направи. Какво
однесување очекувате од детето? На пример, не велете - „дали се подготви за
училиште?, наместо тоа ќе кажете – „измиј го лицето, измиј ги забите, а потоа облечи се
за на училиште“. Обидете се да започнете со 1 - 2 конкретни упатства, а потоа додадете
повеќе чекори. Доколку детето има проблеми со разбирање зборови, користете слика или
постер за да се објасни она што го сакате од него.

- Како да постапувате

Давајте упатства само кога го имате вниманието на вашето дете. Ако вашето
дете може да направи контакт со очите, охрабрете го да погледне во вас, додека вие
зборувате. Користете го јазикот кој вашето дете го разбира. Користете реченици кратки и
едноставни. Овозможете доволно време (до една минута) за вашето дете да одговори, а
потоа дајте му многу пофалби кога тоа ги следи вашите насоки. Треба да се каже точно
што е тоа она што го направило правилно. Бидете внимателни во врска со тонот на
гласот. Вашето дете може да се оддалечи од емоционалните пораки во вашиот глас - на
пример, ако сте фрустрирани и вознемирени. Детето може да се фокусира на овие
манифестации повеќе отколку на она што го кажувате.

- Кога задачата е завршена

Избегнете давање на многу негативни коментари, ако вашето дете не ја постигне


зададената задача. Наместо тоа, треба само да се истакне 1 - 2 работи што може да ги
направи поинаку следниот пат. Како вашето дете учи обидете се да давате помалку
инструкции или дури да стигнете до фаза за изоставање на инструкциите целосно,

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 68

односно детето да успее самостојно да ја заврши зададената задача. Ако во планираната


задача работата не оди според очекувањата, почекајте неколку дена и потоа обидете се
повторно.

Метод - учење со покажување преку модел

Децата учат што да прават и како тоа да го прават со следење на нашиот пример
гледаат од нас. Ние ги учиме - подучуваме децата на многу нешта покажувајќи им како и
што да прават. На пример, полесно е да се „покаже", наместо да му се „каже" на детето
како да ги прибере играчките, како се мијат чашите итн. Овој метод исто така може да се
користи како форма за да се научат децата со пречки во развојот како да комуницираат
со другите - на пример, со негувателот/ката кој/а се грижи за нив, наставници или други
лица со кои доаѓаат во контакт. Овој метод е одличен начин за да се учат вештини кои е
тешко да се објаснат со зборови, како што е говорот на телото и тонот на гласот. Учење
со покажување може да им помогне на децата кои имаат проблеми со воспоставување на
контакт со очите со вас - на пример, децата со аутизам, децата со аутистичен спектар на
нарушувања, некои деца со тешки пречки во развојот како церебрална парализа и други
форми на попреченост. Користењето на овој метод значи дека овие деца можат да ги
гледаат вашите постапки и начин на однесување, така што ќе им покажете што да прават,
како да прават, поприфатливо отколку само кажување.

- Пред да започнете

Не започнувајте сé додека детето не ве гледа и го немате неговото внимание.


Дозволете прво детето да ве види да се фокусира кон вас, а потоа работете со бавни
движења, така што детето ќе може јасно да го види она што го правите. Ако дете се труди
да ги прави вашите активности додека ве гледа вас, дозволете да седи покрај вас или да
работи додека го гледате од позади.

- Како да постапувате

Активноста нема да успее ако е комплицирана. Започнете со најлесниот дел дајте


му на детето време да се обиде на свој начин, пред да продолжи да се движи кон
следниот чекор кој треба да е малку посложен. Истакнете ги важните делови од она што
го правите, на пример, „Види колку сум ...". Користете „размислување на глас“

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 69

коментирајќи на пример, „Тоа не беше сосема правилно - Мислам дека ќе се обидеме тоа
повторно да го направиме“.

- Кога задачата е завршена

Дајте му на детето можност да ја изврши задачата - активноста, откако ве


гледало додека сте ја реализирале активноста. Повторете го покажувањето – вршењето
на активноста, ако за тоа има потреба детето да го види повторно. Пофалби и
охрабрување се потребни после секоја успешно реализирана активност.

Метод на постапност – чекор по чекор

Некои задачи или активности се сложени или треба да се случат во низа. За


реализација на овие активности задачата може да се распореди во помали чекори и да
ги учат децата еден по еден чекор.

Следи пример како може да се распореди активноста - задачата на облекување:

- Ставете ја облеката на видно место – на пример на креветот


- Детето треба да се облече по следниот редослед
 Облечи ја долната облека – гаќи, маица
 Облечи ги чорапите, кошулата, панталоните, џемперот

Идејата за учење чекор-по-чекор е да се научи по еден чекор. Кога детето го научило


првиот чекор, а потоа го учи следниот чекор, а потоа следниот, и така натаму.
Продолжуваме да одиме понатаму додека детето не научи само да ја направи целата
задача самостојно. Можете да ги користите инструкциите и покажувањето за да им
помогнете на децата да го научат секој чекор.

Можеби треба да се користат гестови и вербални инструкции - на пример, ставајќи ги


рацете врз рацете на детето преку правилни заеднички движења го водите детето до
завршување на активноста. Можете да престанете со вашата помош откако детето ќе
добие идеја за реализација на активноста, но продолжете да му кажувате на детето што

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 70

да прави. Откако детето научило нова вештина, можете постепено да ги отстраните


гестикулациите и вербалните инструкции.

Метод со чекори наназад

Тоа е често е добра идеја да се совлада комплицирана задача како облекување,


почнувајќи со последниот чекор, наместо со првиот. Ова се нарекува учење наназад.

3.4 СТЕКНУВАЊЕ НАВИКИ ЗА НАВРЕМЕНОСТ , ТОЧНОСТ И ИСПОЛНИТЕЛНОСТ


КОН ОБВРСКИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО

Навиката е рутинска форма на однесување што се случува на потсвесно ниво и за


која ние не треба да мислиме (да го вклучиме свесното размислување за решавање на
даден проблем или проблем ситуација). Тоа се сите оние однесувања кои се вршат од
страна на неопходност, сами на себе, често без активно вклучување на нашата свест.
Ваквото однесување, му припаѓа на еден од наједноставните форми на учење, бидејќи по
неколку повторувања одредено однесување во иста ситуација, го прифаќаме како
правило (мозокот престанува да праќа идеи како да реагираме, туку автоматски реагира
на овој начин).

Кај стекнувањето на навиките кај лицата со попречености, рутината, доследна


употреба и водењето во праксата се клучевите на успехот за стекнувањето на навика. Кај
лицата со пречки во развојот потребно е да се развијат добри навики. Учењето на лицата
со пречки во развојот да стекнуваат рутини да управуваат со нивните материјали дава
можност да се развијат организациските вештини, кои се од клучно значење за
исполителност на обврските кон училиштето.

Кај лицата со пречки во развојот треба:

- Организирање на времето, материјалите и информациите;

- Експлицитни инструкции за тоа како да се иницира развојот на одредени навики и


потребно е преку пракса да се спроведе како ќе се стекне одредена навика;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 71

- Да ги поттикнувате лицата да ги признаваат своите успеси, со што се развива


чувството на контрола, кое придонесува за развој на нивната самодоверба дека
можат да успеат во исполнување на обврските кои ги бара училиштето.

На овој начин лицата стекнуваат способности да ги организираат, да ги паметат и


применуваат своите знаења. При стекнувањето на овие навики кај лицата со пречки во
развојот потребно е:

- Опкружувањето и дневната рутина во целост треба да се прилагодат на учениците


со посебни потреби;
- Активноста треба да се насочи кон обезбедување сигурна и позната средина;
- Обезбедување личен простор во училницата;
- Редуцирање на сето она што може да пречи на сетилата и непотребно да го
привлекува вниманието на ученикот;
- Минимизирање на промените;
- Избегнување на изненадувањата;
- Внимателно подготвување на ученикот за премин од една кон друга активност, за
промена на распоредот или за која било друга промена.

3.5 АКТИВЕН И ПАСИВЕН ОДМОР

Најчесто децата со пречки во развојот имаат вишок на енергија која треба


правилно да се насочи и контролира со оглед на тоа дека не смееме да ги оставиме сами
на себе, затоа треба правилно да се организира периодот за одмор во текот на денот. Не
секое дете сака да легне и да спие во текот на денот како дел од времето предвидено за
одмор, затоа треба да примениме техники преку кои на детето, иако активно, сепак ќе му
овозможат одмор – таканаречен активен одмор. Дел од тие активности можат да бидат:

- Нека лежи детето на подот на грбот;


- Нека ги затвори очите и нека лежи во тишина;
- Додека лежи на подот со затворени или отворени очи нека ја заврти главата на
едната страна и бројте до три, потоа нека ја задржи главата во централна
позиција, повторно избројте до три, па нека ја заврти главата на другата страна и
пак избројте до три;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 72

- Нека ги рашири рацете и нека ја направи буквата Т, и нека остане во таа позција
со броење до пет;
- Нека направи голем број еден со тоа што ќе ги испружи рацете високо над главата
и ќе броите до пет;
- Со раширени раце и нозе нека ја направи буквата Х, така што ќе ги рашири рацете
и нозете колку може повеќе и ќе броите до пет;
- Нека ги собере колената кон градите и нека проба да ги опфати со рацете и да ги
привлече кон себе колку е можно повеќе, а потоа нека ги истегне нозете напред;
- Нека ги отвора и затвора очите и устата;
- Нека се обиде сите вежби да ги задржи броејќи барем до три, а потоа полека нека
ги опушти било рацете или нозете;
- Додека лежи мирно на подот нека вдиши длабоко и нека издиши полека;
- Нека лежи на едната страна од телото а потоа нека се заврти полека на другата
страна од телото.

На овој начин детето ќе се смири и секако ќе се одмори. Овие активности треба да


предизвикаат чувство на задоволство за да може да се реализираат, во спротивно детето
ќе одбива секаква соработка ако нешто му предизвикува болка или непријатност. Затоа
негувателот/ката треба да ги следи реакциите на детето и штом ќе примети дека во некој
момент детето манифестира отпор, треба да прекине со активноста и откако детето ќе се
смири може да продолжи со активностите за одмор на детето. Ако пак детето има уреден
ритам на денот и во одредено време од денот може да лежи во кревет или можеби да
спие , тогаш пасивен одмор треба да се организира секојдневно во исто време од денот,
во проветрена просторија, на исто место – кревет. Постелнината треба да биде чиста,
редовно да се менува, а по потреба и секојдневно, зависно од попреченоста и потребите
на детето. Доколку детето има омилена покривка – ќебе или играчка со која спие, тогаш
треба да му овозможиме да бидат со него за да не предизвикаме вознемиреност кај
детето и со тоа да го нарушиме дневниот ритам за одмор. Во тој случај детето и во
останатиот дел од денот ќе биде вознемирено, раздразливо, ќе одбива секаков вид на
соработка. Затоа почитувањето на навиките кои ги има детето за време на пасивниот
одмор се од голема важност за успешно негување и грижа за дете со посебни потреби.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 73

3.6 ПРИЈАТНА АТМОСФЕРА ЗА РАБОТА

Просторијата во која ќе се реализираат активностите со детето со пречки во


развојот треба да биде организиранана на начин кој ќе овозможи да бидат задоволени
потребите на детето. Во специјализирани установи мебелот и просторот се организирани
според нормативи и стандарди пропишани со закон, додека во домашни услови
просторот и мебелот треба да се адаптира според можностите, но и потребите на детето.
Сепак треба да се нагласи дека најважно од сé е на детето со пречки во развојот да му се
даде топлина, милост и да му се покаже љубов, за да детето стекне доверба во
негувателот/ката која ќе се грижи за него. Со покажување на нежност, пофалби и
посветеност кон работата, и со импровизирани помагала и играчки ќе има напредок во
состојбата и развојот на детето, додека пак ако тоа го нема и најсовремените помагала и
средства ќе бидат само декор во просторијата. Ведро, расположено и насмеано лице, кое
шири позитивност, кое го охрабрува, поттикнува детето во реализација на активностите,
се радува на секој макар и најмал знак на успех, ќе постигне многу во позитивни
достигнувања кај детето соодветно на состојбата во која тоа се наоѓа. Активното учество
на негувателот/ката во сите активности, како партнер на детето, покажувањето како треба
да се направи некоја постапка заедно со детето е важно за стекнување на позитивни
навики и вештини кои се неопходни за развојот на детето со пречки во развојот.

3.7 ЕТИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ НА НЕГУВАТЕЛОТ/КАТА

Што е Кодексот на етика?

Кодексот на етика ги опишува стандардите на праксата кои се очекуваат од група


на луѓе кои се во таа професија. Членови на професијата, се очекува да се заложат за
задоволување на потребите на своите клиенти, а не да ги искористат своите позиции на
моќ. Кодекс на етика, според тоа, ги дефинира стандардите на праксата кои се очекуваат
од стручните лица, па според тоа тие се познати како кодекси за работа. Кодексот често
се темели врз основа на општите принципи кои ја поткрепуваат работата на професијата.
Важно е да се каже дека правилата на кодексот треба да бидат конкретни, можни за
спроведување и да може да се верификуваат, така што нивната примена во практиката ќе

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 74

може да се види, да се следи, да се проверува и оценува. Основната цел на создавање


на кодекс на етика е да се поттикне на достигнување на највисоките стандарди за
заштита на децата и младите луѓе, а најголемиот тест за нивната ефикасност е дали тие
имаат влијание на пракса. Во содржината на Кодексот на етика за работниците за
згрижување на деца со пречки во развојот е со цел акцентот да биде ставен на потребите
на децата и нивните семејства и на начините на кои може најдобро да ги исполнат тие
потреби, да ја вршат својата работа ефикасно и зајакнување на нивните професионални
вредности, како што се почитување, заштита и грижа за децата и семејствата со кои тие
работат.

3.7.1 ЕТИЧКИ ПРИНЦИПИ ЗА ЛИЦАТА КОИ РАБОТАТ СО ДЕЦА СО ПОСЕБНИ


ПОТРЕБИ

1. Вреднување и почитување на секое дете или млад човек како индивидуа во


неговото/ нејзиното право, во неговата/нејзината улога како член на
неговото/нејзиното семејство, а во неговата/нејзината улога како член на
заедницата, во која тој/таа живее;

2. Почитување на односот на дете или млад човек со неговите/нејзините родители,


неговите/нејзините браќа и сестри, други членови на неговото/нејзиното семејство
и други значајни личности, имајќи ги во предвид неговите/нејзините природни
врски и меѓусебно зависни права и одговорности;

3. Олеснување на оптимален раст и развој на секое поединечно дете или млад човек
да го постигне својот потенцијал во сите аспекти на функционирање;

4. Помагање на секое дете или млад човек за кого се грижи или сноси одговорност,
со спречување на создавање или појава на проблеми, каде што тоа е можно,
нудејќи заштита каде што е потребно и со обезбедување на заштита и
рехабилитација за да се отстранат или да ги реши проблемите со кои се
соочуваат;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ПОМОШ ВО ПРОЦЕСОТ НА ВОСПИТУВАЊЕ 75

5. Користете информации на соодветен начин, со почитување на приватноста на


децата и младите, одржување на доверливоста каде што е потребно, со
почитување на правото на децата и младите да бидат информирани за прашања
во врска со самите себе и избегнување на злоупотреба на личните податоци;

6. Спротивставете му се на секогаш на било каква форма на дискриминација,


угнетување и експлоатација на децата и младите, како и зачувување на нивните
права;

7. Одржување на личен и професионален интегритет, развивање на вештини и


знаења со цел да работат со компетентност, работа во кооперација со колегите,
следење на квалитетот на услугите и да придонесе за развојот на услугата и на
политиката и размислување во областа на заштита на децата.

Сите други стандарди кои се очекуваат на грижа за децата работници произлегуваат од


овие седум клаузули.

3.8 СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИ – ЛОБИРАЊЕ

Професијата негувател/ка на деца со пречки во развојот покрај вештините за


правилно и професионално работење со деца со пречки во развојот, треба да ги познава
и можностите кои им се на располагање на родителите и децата од областа на социјална
заштита, здравствена заштита, да знае кои институции на локално ниво се одговорни за
решавање на проблеми во текот на развојот на децата со посебни потреби. За таа цел
треба да биде информирана за можностите кои ги нудат Центрите за социјална работа,
Агенцијата за вработување, Локалната самоуправа, здруженија на родители, невладини
организации и други институции и организации кои со заедничко дејствување ќе им
помагаат на родителите на децата со пречки во развојот во остварување на дадените
законски права и можности или пак ќе придонесат за законски измени или дополнување
на законски решенија во насока на подобрување и зголемување на правата на децата со
пречки во развојот од различна област. Родителите и другите лица – негуватели, кои се
грижат за децата со пречки во развојот, може да стапат во контакт и со различни

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 76

ресурсни центри за поддршка. Групите за поддршка во денешно време преку интернет и


социјалните мрежи, се еден од можните начини за комуникација со други родители и
стручни лица кои се соочуваат со слични потешкотии и проблеми, да се советуваат,
комуницираат, да си даваат меѓусебна поддршка и сигурност со секојдневни разговори,
посета на форуми и други можни начини. Интернетот е моќна алатка за истражување на
други можности и погодности кои ги нуди и овозможува државата или локалната
заедница, кои би им помогнале на родителите во соочување со нивните потешкотии.

4 НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

4.1 ПРАВИЛНА НЕГА НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Нега и грижа за дете со пречки во развојот е едно од најважните искуства кои еден
родител или негувател/ка може да ги помине во текот на животот. Важно е да се
напомене дека не смеете да дозволите стресот во текот на работата да ја поткопа вашата
посветеност и самодоверба. Затоа што задачите кои се пред вас како хранење, нега,
рутински задачи пред спиење и самиот чин на спиење може да бидат голем предизвик,
особено ако детето е со комбинирана попреченост и заради тоа има потреба од
посложени активности во негувањето. Во некои случаи, детето може да биде со хендикеп
– инвалидитет кој ќе го има цел живот, кој вклучува постојана помош во активностите од
секојдневниот живот. Со оваа состојба детето не може да се развие во самостојна
личност која ќе се грижи за своите потреби. Затоа, ова дете ќе има потреба од помош
непрекинато, што драматично ќе се одрази не само на неговиот живот, туку и на животот
на целото семејство. Особено ако во семејството има и други деца кои заедно живеат во
домот, тие можат да чувствуваат дека нивните потреби не се задоволени или не им е
посветено доволно време и внимание. Исто така и родителите може да страдаат, затоа
што еден од родителите поминува многу време со детето со пречки во развојот, а не како
дел од брачната зедница. Многу луѓе во оваа ситуација веќе нема да биде во можност да
работат, затоа што ќе мора да се грижат за детето, а негата и грижата за детето може да
биде колку цело работно време може да биде одговорност на полно работно време.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 77

САМОДОВЕРБАТА КАЈ ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Во зависност од когнитивните можности на детето со пречки во развојот,


самодовербата може, но не мора да биде засегната. Доколку детето било со добра
здравствена состојба и без никакви ограничувања, промената на состојбата која ги
довела во некаква форма на попреченост, тогаш самодовербата на детето може да биде
нарушена драстично.
За дете кое не е свесно за својата попреченост или не разбира дека тоа е
различно од другите, не може да има било какви проблеми со самодовербата. Од друга
страна, детето со лесна попреченост, како што е потешкотии во учењето, може да има
многу проблеми со самодоверба што се должи на свеста за својот проблем и пониските
очекувања кои се поставуваат за нивната реализација. Секој поединечен случај е
различен, но важно е да се има во предвид дека сите деца со пречки во развојот може да
страдаат од проблеми со самодовербата, па затоа е важно да се биде свесен за тоа, и да
се промовираат и потенцираат позитивните атрибути на детето и да се пофалат неговите
достигнувања за поттикнување на правилен и позитивен однос.
Како негувател/ка на детето со пречки во развојот, сами ќе се уверите колку нега
му е потребно. Со текот на времето потребата и зависноста од негувател/ка може да се
зголемува зависно од тоа како состојбата на детето се менува. Би било добро да се
посоветувате со родителите или лекарот на детето за потребната нега која треба да му ја
овозможите на детето. Прилагоденоста, односно достапноста до просториите каде е
згрижено детето е многу важна, како би можеле да му помогнеме во секојдневните
активности.

4.2 МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

4.2.1 ПОТТИКНУВА СТЕКНУВАЊЕ НА ЗДРАВИ НАВИКИ ( ОДРЖУВАЊЕ НА ЛИЧНА


ХИГИЕНА , ОБЛЕКУВАЊЕ ) КАЈ ЛИЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Детето презема активности поврзани со лична нега и хигиена. Начинот на кој


малите деца ги учат навиките поврзани со лична нега и хигиена се стекнува во
семејството. Но, експозицијата на различна социјална и физичка околина и надвор од
семејството исто така влијае врз начинот на кој децата ги формираат своите ставови,
вредности и однесувања. Достигнувањето на овој стандард се остварува преку нудење

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 78

активности што ќе го поддржат постепеното осамостојување на детето во изведување на


секојдневните активности поврзани со личната нега и хигиена. Во овој сегмент е особено
важно постоење на позитивен модел во околината во која се движи детето, како и
воспитувач кој користи метод на директно подучување, поттикнување на изведување на
активноста и постојана рефлексија и вербална комуникација зошто е важно таквото
однесување. Лична хигиена е еден од најефикасните начини да се заштитиме себеси и
другите од болести. Хигиената не ја одржува само личноста чиста, туку хигиената и
помага на кожата во борба против инфекции, хигиената спречува повреди, хигиената
отстранува супстанции од кожата кои би можеле да предизвикаат раст на бактерии и
хигиената ги одржува устата и непцата здрави. Личната хигиена го прави лицето да се
чувствува повеќе удобно и опуштено. Лице кое е чисто и добро негувано е пријатно да
бидево нашата околина.
Додека повеќето од децата со пречки во развојот се способни да се грижат за
своите лични хигиенски потреби, на многу од нив им е потребна помош. Во
обезбедувањето на помош, од самиот почеток е важно да се почитуваат две важни
работи:
- Детето со пречки во развојот се очекува да научи да се грижи за себе, на начин да
не биде премногу зависно од други лица, и
- да се почитуваат желбите за лична хигиена на лицата.

Одржување на личната хигиена ја подобрува физичка и емоционална добросостојба на


поединецот. Сепак, кога станува збор за деца кои се зависни од негувател/ка во
одржувањето на хигиената на нивната кожа, нокти, коса и чиста уста, детето може да
доживее губење на независноста и самодоверба. Секогаш треба да имаме за цел да се
постигне степен на самоконтрола и да може детето да се грижи само за себе, соодветно
на неговата состојба. Иако може да потрае подолго време додека детето со пречки во
развојот да направи одредена задача, потребно е да му се овозможи самостојно да ја
заврши задачата. На пример, кај некој кој е парализиран од половината надолу и се уште
има движење на рацете, може да ги четка своите заби и лицето. Ова му овозможува на
детето да не стане целосно зависно и да дојде до губење на способностите за
самопомош. Овие активности, исто така им помагаат на лицата да се чувствуваат
способни. Начинот на кој ќе им се помогне со нега и хигиена на децата со пречки во
развојот им помага во зајакнување на самодовербата и може да се зајакне чувството на
вреднување.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 79

Капење

Капењето може да биде пријатно и освежувачко искуство. Капењето може да има


терапевтско дејство преку подобрување на протокот на крв, олеснување на непријатноста
и помагање на лицата да се релаксираат. Секогаш треба да се обидете да се
приспособите на желбите на рутините за капење на детето. Неколку начини со кои може
да им се помогне на лицата за користење на туш или када, во зависност од степенот на
потребната асистенција во капењето:
- Соберете ги сите потребни материјали пред време, пред да го внесете детето во
кадата или тушот;
- Осигурајте се дека температурата во бањата е адекватна, вратата да биде
затворена, за да се осигура приватност колку што е можно;
- Уверете се дека има нелизгачка безбедносна подлога (или друга површина) на
дното на тушот или кадата за да се спречи паѓање.
- Поставете столче или седиште во тушот за лицата да можат да седнат додека се
тушираат;
- Ставете нелизгачка површина (не крпа) на подот пред тушот или кадата;
- Проверете ја температурата на водата и притисокот на водата и да се направи
корекција пред детето да се внесе во кадата или под тушот. Никогаш не
вклучувајте топла вода наеднаш кога детето е во кадата или тушот. Бидете свесни
за било какви здравствени проблеми кои можат да бидат предизвикани од
температурата на водата;
- Бидете свесни дека влегувањето во и надвор од кадата може да биде тешко и
проблематично за детето и треба да се понуди или да се пружи помош ако е
потребно.

Миење на косата

Треба да се поттикнуваат децата да се грижат за својата коса, така што тие можат
да добијат уреден и атрактивен изглед. За миење, сушење и обликување на косата може
да бидат доволни од 30 - 60 минути. Косата треба да се чешла секој ден, за да се
стимулира циркулацијата на скалпот и да се врши дистрибуција на природните масла до
крајот на врвовите на косата. Миењето на косата е важен сегмент од одржувањето на
личната хигиена кај детето, но зависно од состојбата косата треба да се мие неколку пати

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 80

неделно, дури ако е потребно и секојдневно, со благ, неиритирачки шампон. Меѓутоа


можно е миењето на косата да предизвикува несакани реакции кај детето, како на пример
вознемиреност, плачење и др., па тогаш миењето се сведува на минимум, но секако мора
да се спроведува. Тогаш негувателот/ката треба да изнајде креативен начин, со кој чинот
на миење на косата ќе стане поприфатлив за детето.

Миење на рацете

Измијте ги рацете под млаз вода и чистете ги под ноктите насобраните нечистотии
со помош на специјално дизајнирани четки за таа намена. Направете масажа на ноктите
и кутикулите со лосион. Бидете сигурни да го масирате делот и областа каде што ноктите
се поврзуваат со прстот. Оваа масажа ја стимулира циркулацијата, а тоа им помага во
зајакнување на ноктите и се спречува да дојде до задебелување на ноктите. Потопете ги
ноктите во топла, вода со сапуница од 3 - 5 минути. Ова ќе ги направи кутикулите и
ноктите помеки и полесно ќе може да се манипулира. Притиснете ги кутикулите назад
нежно. Грубото повлекување на кутикулите може да предизвика инфекција.
Обликувањето и сечењето на ноктите не треба да биде премногу блиску до страната на
прстот за да не се предизвика повреда на кожата и кожата околу ноктите. Сечење на
ноктите е со цел да ги направи некршливи.

Орална хигиена

Добрата нега на устата е важна за здравјето и благосостојбата на секого, но тоа е


особено важно за здравјето и благосостојбата на лицата со пречки во развојот. Кај
човекот на поголема возраст, меките ткива на забите имаат тенденција да се
зацврстуваат. Перцепцијата на болката се намалува, па е потешко да се откријат болни
забоболки. Добрата орална хигиена ги спречува заболувањата на устата и лошиот здив и
ги штити мукозните мембрани да станат суви и испукани. Лошата орална хигиена може да
придонесе за слаб апетит, што доведува до губење на тежината и појава на
неухранетост. Исклучително е важно да се поттикне кај децата со пречки во развојот да ги
мијат забите секој ден, особено пред спиење. Редовното четкање на забите и
користењето на конец ги зајакнува непцата и може да се подобри протокот на крв и
подобрување на апетитот. Покрај тоа, индивидуите ќе изгледаат и ќе се чувствуваат
подобро. Стоматолог треба да се посетува еднаш годишно.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 81

Користење на тоалет

Со спроведување тн. „тоалет обука " мислиме на помагање на лицата да научат да


останат чисти и суви. Со тренингот детето ќе научи кога треба да изврши нужда, за да не
изврши нужда во неговата облека или на подот. Детето им кажува на луѓето кога тој/таа
треба да изврши нужда или (ако е физички способно) ги носи на посебно место (тоалет,
нужникот или надвор од куќата), ја отстранува облеката, „оди", се чисти на вообичаен
начин, се облекува и прави се што е потребно за да се да се ослободи од отпадот.
„Тоалет обуката" е важна за развојот на независноста и достоинството на лицето. Сепак,
тоа е многу често занемарено кај лицата со пречки во развојот. Често можеме да видиме
деца од 5, 10, па дури и 15 години, кои се уште се во пелени, кои сеуште се целосно
зависни од други лица. Со инструкции и охрабрување, овие лица можат да стекнат навики
за користење на тоалет за неколку дена или недели. На која возраст лицата ќе можат да
користат тоалет варира во голема мера од дете на дете. Лицата кои се со забавен развој
или физички хендикеп често доцнат со учење да останат чисти и суви. Ова може делумно
да се должи на нивниот хендикеп. Но, често е затоа што родителите не се во можност да
му ја обезбедат соодветната помош на лицето. Со помош, повеќето деца со пречки во
развојот може да станат целосно обучени на возраст од 3 до 5 години.

- Започнете кога детето е подготвено

Времето на започнување не треба да биде одложено, исто така, не треба да се


стартува премногу рано. Ако телото на детето се уште не е во можност за контрола на
мочниот меур и дебелото црево, може да доведе до неуспех и фрустрација и за детето и
за родителите. Дете со нормален развој е „подготвено" на возраст од 2 или 2 и пол
години. Но, кај некои деца тој процес може да се одложи до 3 или 4 годишна возраст, а
понекогаш и многу подоцна.

Постојат три едноставни тестови со кои може да се утврди дали детето е спремно, за да
се научи да ги извршува физиолошките потреби:

1. Контрола на мочниот меур - Дали детето често мокри?; Дали останува суво и по
неколку часа?; Дали знае кога ќе изврши физиолошка потреба? (по изгледот на
лицето, се држи меѓу нозете, итн). Ако детето ги прави овие 3 работи (или барем

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 82

во првите 2) тоа веројатно има доволно контрола на мочниот меур за да се


овозможи обука.

2. Подготвеност да соработуваат - За да тестирате дали има доволно разбирање


и соработка, барајте детето да направи неколку едноставни нешта: легни, седи,
покажи на одредени делови од телото, стави ја играчката во кутија и имитирај
акција како плескање со рацете. Ако го прави сето тоа доброволно, веројатно тоа е
ментално подготвено за обука за користење на тоалет.
3. Физичка подготвеност – Дали може детето да собере мали предмети лесно?
Дали може да зборува или да се движи прилично добро? Дали може да седи или
седнато на столче да ја одржуваат рамнотежата? Ако е така, тоа е веројатно
физички во можност да ги извршува физиолошките потреби самостојно. Во
спротивно, веројатно ќе може да се обучува, но можеби ќе биде потребна и
физичка помош.

Адаптација на тоалетите

За многу лица со пречки во развојот може да им се помогне да станат независни


при користење на тоалет, ако се направени посебни помагала или адаптаци. Во случај
кога детето има проблеми со спуштање на панталоните често се користи носење на
лабава фитинг облека со поголема еластичност. Тоалетите исто така, може да се
прилагодат со седишта според големината на лицето. Монтирање на рачка блиску до
тоалетот. Големината на вратата од тоалетот треба да биде доволно широка, за да може
да се внесе инвалидска количка. За лица со потежок хендикеп, може да бидат направени
специјално дизајнирани столици.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 83

4.3 ИСХРАНА НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Како што веќе се претставени основните елементи на прехранбените производи,


како јаглехидрати, протеини, масти, витамини, минерали, со нивно правилно
комбинирање и балансирано внесување може да се помогне во правилниот раст и развој
на децата со пречки во развојот. Освен основните познавања, негувателот/ката треба да
биде информирана за состојбата на детето, за која што може да има потреба од
специјална листа на јадења и посебен вид на производи, што секако претпоставува
стекнување на знаења од таа област. За таа цел заедно со родителите и по препорака од
стручни лица треба да помогне во составување на листа за јадења кои што ќе му
овозможат на детето задоволство од чинот на конзумирање на оброците. Согласно
состојбата на детето со посебни потреби, понекогаш е потребно храната да биде во течна
или кашеста форма заради полесно конзумирање. Заради видот на состојбата кај некои
деца може да биде пропишана специјална диета до која треба стриктно да се придржува
негувателот/ката за да има подобрување на состојбата или пак да не се предизвика
влошување на истата.

Многу често и децата со типичен развој, а посебно децата со пречки во развојот се


„прибирливи“ кога станува збор за исхраната. Заеднички проблеми за сите деца се:

- Тешкотии при голтање и цврстината на храната;


- Тешко прифаќање на нов вид на храна;
- Ограничен внес на обоена храна, цврстина на храната, температурата на храната;
- Тешкотии со времето на оброкот, потребата од посебен прибор за јадење како
чинија, лажица и др., распоред на храната во чинијата.

Начини како да се надминат овие потешкотии:

- Најголем дел од децата сакаат кога активностите се одвиваат по одреден


редослед и тоа постојано во исто време од денот, на исто место;

- Направете постер на видно место на кое ќе биде напишан или претставен со слики
точниот распоред кога и каде ќе јаде детето, како треба да се однесуваат за време
на јадењето, што ќе го направи времето за примање на оброк пријатно,

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 84

предвидливо и нема да предизвикува негативни емоции кај детето со пречки во


развојот;

- Детето не треба да биде воздржано, туку седењето кое го поттикнува седењето


покрај масата може да биде корисна активност;

- Да се обезбеди мирна и пријатна атмосфера за време на престојот додека се


прима оброкот;

- Некои деца јадат повеќе додека слушаат музика за време на хранењето, за други
тоа може да биде вознемирувачко, затоа негувателот/ката треба да ги препознае
желбите на детето;

- Работете на зголемување на асортиманот на производи во детската прехрана, која


треба да се проширува на веќе прифатените видови на пример различни видови
на леб или пецива;

- Не претпоставувајте дека детето по автоматизам ќе одбие некој вид на храна ако


се најде во ново опкружување на пример – кај баба му јаде чорба, ама дома не
сака;

Поставување на мали цели за достигнување кои на детето со посебни потреби,


ќе му овозможат чекор по чекор да достигнат повисоки цели, на пример пред да го
охрабрите детето да јаде зеленчук, можеби ќе треба најпрво да започне со многу мала
количина ставена во чинијата. Количината може да биде многу мала, колку зрно грашок,
но тоа на детето ќе му даде сигурност во стекнување на нови предизвици во својата
средина. Промените во навиките за внесување на нови прехранбени производи е тежок
процес кој ќе се одвива споро, и не секоја стратегија ќе биде успешна за секое дете.
Модификацијата на однесувањето треба да се усогласи и прилагоди согласно состојбата
на секое дете со посебни потреби одделно и според севкупната семејна ситуација.
Познавањето на составот на различни производи, алтернативни надоместоци и
додатоци е стручност која мора да се организира во соработка со стручно лице –
нутриционист, како би се осигурале дека детето ги внесува сите потребни прехрамбени
состојки потребни за подобрување на неговата состојба. Често здравствена состојба на
детето бара и специјални видови на прехрамбени производи, специјални диети,

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 85

специјални листи на јадења кои ги подготвува стручно лице или тим, а за чие
подготвување негувателот/ката треба да може правилно да ги подготви. Такви се на
пример:

1. Безглутенската диета
2. Исклучување на фенолни соединенија и храна богата со салицилати
3. Исклучување на прехранбените адитиви
4. Диета без квасец и др.

Затоа е важно да се советувате со педијатар, лекар по општа пракса или нутриционист –


диететичар, пред да се започне со било каква промена во исхраната кај дете со пречки во
развојот. Квалификуваниот диететичар, на пример, ќе даде насоки за импликациите на
промена на исхраната кај некое дете со пречки во развојот кое секако ќе се сретне со
одреден вид на потешкотии. Веројатно ќе препорача секоја промена во исхраната на
почетокот да се внесе на пробна основа, за да не дојде до несакани реакции кај детето со
пречки во развојот, за да постепено се зголемува и истовремено да се зачува и адекватен
внес на прехранбени состојки во детскиот организам.

4.4 СПРОВЕДУВА АКТИВНОСТИ СО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕТЕТО ВО ПОДГОТОВКА И


КОНЗУМИРАЊЕ НА ОБРОК

Подготовката на оброк, готвењето во целина треба да се спроведува во една


смирена и опуштена атмосфера која кај децата ќе предизвика пријатни чувства и ќе
сакаат повторно да се вратат на оваа активност со задоволство. Најпрво воведете го
детето во активности кои ќе ја поттикнат неговата љубопитност и желба за вклучување во
работа во кујна при подготовка на оброци. Прво, нека помага при распакување на
производите кои сте ги донеле од самопослуга или пазар, потоа нека помага при миење
на овошје или зеленчук кои ќе го користите во подготовката на оброк. Поттикнете го
интересот на детето и овозможете му активно да учествува со безбедно користење на
предметите од кујната. Кога ќе започнете да готвите тогаш започнете со едноставни
јадења кои имаат мал број на состојки, кои се спремаат во неколку чекори и времето на
готвење е краткотрајно. Ако овие активности се долготрајни, тогаш може да доведат до
обесхрабрување на детето за вклучување во вакви активности.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 86

Децата учат со следење на примери со многу постапно спроведување на


активностите чекор по чекор. Техниките за работа треба да бидат совладани пред да се
започне со готвењето, што значи детето треба да може да користи прибор од кујнски
елементи. Ако треба да се излупи морков најпрво негувателот/ката треба да земе еден
морков, а потоа и на детето му се дава морков, му покажувате како правилно треба да се
држи морковот, како се држи алатката за лупење, па со правилни и спори движења му
покажувате како се користи. Детето треба да ве следи и да ги повтори движењата полека.
Со повеќекратно повторување на активноста истата се совладува, па така следниот пат
кога ќе треба да се подготви морков детето ќе ги препознае користените предмети и ќе
сака да ја повтори активноста. Така со повторување и користење во различни ситуации
детето ќе научи како да помогне при подготовката на едноставни салати, овошни или
зеленчукови, во подготовка на пецива со месење на тесто итн.

4.5 ТЕХНИКИ НА ХРАНЕЊЕ НА ДЕТЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Согласно состојбата на детето со пречки во развојот, неговите можности за


самостојно консумирање на храна или потребата од помош притоа, ќе му биде показател
на негувателот/ката како треба да се однесува при процесот на хранење. Детето треба
да се постави во положба така што ќе може да ја прима храната, ако е до двегодишна
возраст тогаш можеби ќе има потреба од држење во раце при хранење, додека подоцна

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 87

детето треба да се смести во специјално прилагодено столче, секако ако е во состојба да


седи самостојно. Негувателот/ката треба да знае дали детето е во состојба да јаде
цврста храна која треба да се џвака или пак храната треба да биде процесирана. Кога на
детето ќе му даде храна, ја става со лажичката на страната во устата, доколку потешко ја
џвака, тогаш негувателот/ката му помага во тој процес, така што со кружни движења на
надворешната страна од образот му помага на детето храната да се ситни низ забите а
потоа и да ја голтне. Ако пак има потешкотии со голтањето тогаш со лесно, нежно
притискање по должина на хранопроводот го поттикнува да ја голтне храната полесно.
За стекнување на вештини за хранење покрај специјално столче за децата со пречки во
развојот, треба да се обезбеди користење на специјално дизајнирани лажици, чинија која
ќе се стави во одреден отвор на столчето – маса како не би можело детето да ја турне и
храната да ја истури.
Секогаш ставете го детето во седечка или полуседечка полжба пред да почнете да
го храните или да му дадете нешто да пие, како би ја избегнале можноста од гушење.
Учете го да користи чаша за пиење на течности, за да го поттикнете тоа давјте му да пие
она што му е омилено, млеко, природен сок. Давајте му да пие секојдневно и тоа голтка
по голтка како би ја совладало оваа вештина. Нека користи чаша со рачка која ќе може
сигурно да ја држи како би можело безбедно да пие. Помогнете му на детето секојдневно
да јаде и да пие правилно. Научете го едновремено и на основни манири за време на
јадењето – да не плука додека јаде, да не истура вода од устата додека е на масата.
Дозволете му да направи избор на храната што ќе ја јаде. Научете го детето да бара
храна или вода кога ќе осети глад или жед на начин кој му одговара, може вербално, со
гестикулирање или знаковен јазик, со слика . Сите деца со посебни потреби нема да може
потполно да се осамостојат, но барем ќе им се подобри општата состојба во најдобар
можен степен.

Учење на вештини за исхрана

Учењето вештини за исхрана може да биде предизвик за многу лица. Начинот на


кој лицето ќе реагира на исхраната може да биде под влијание на повеќе фактори како
што се медицинските услови, физички способности, или отпорност на пробувањето на
нова храна, поради нејзиниот вкус. Важно е да се консултира со медицински тим на
лицето за конкретни информации за тоа кои пијалоци и храна треба или не треба да се
даваат на лицето. Исто така професионални терапевти за развој на говорот и јазикот им

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 88

помагаат на децата со пречки во развојот да научат да јадат и пијат. Детето треба да


научи многу вештини, со цел да јаде и пие самостојно. Очекувањата детето да ги научи
сите вештини на исхрана одеднаш не е реално. Наместо тоа, целта се сведува на една
или две специфични вештини да се научат да се извршуваат самостојно, како носењето
лажицата до устата или пиење. Делумното учество значи да се направат некои чекори во
процесот и тоа прави некои чекори. На пример, може да се стави храна на неговата
лажица, но тогаш тој има одговорност за носење на лажицата до устата. Со текот на
времето, постепено може да го зголемите неговото ниво на учество во стекнувањето на
вештини за исхрана.

Предлози да им се помогне на децата со пречки во развојот да се развијат вештини за


исхрана :

- Овозможете му на детето да се храни со прстите, пред воведување на прибор;

- Започнете со храна или пијалоци кои детето ги сака, за да се зголеми неговата


мотивација;

- Бидете сигурни дека детето се чувствува физички сигурно. Професионалните


терапевти можат да дадат сугестии за најдобрите опции за седење за него. Тие ќе
имаат идеи за тоа како да се позиционира или да се стабилизира детето во својот
стол, па тоа да не е загрижено за паѓање;

- Кога му помагате или му покажувате како да се направи нешто, правете така што
вашите раце и неговите се движат во иста насока;

- Поставете огледало пред вас и детето така што полесно може да се види неговата
уста

4.6 НАРУШУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО


РАЗВОЈОТ

Во секое организирано општество, не само од социјален и хуманитарен аспект туку


и од економски причини, современата медицинска наука може многу да помогне на
лицата со пречки во развојот за да постанат активни членови на општеството. Иако

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 89

границата не е јасно одредена за нормалното физичко и психичко здравје, здравствената


заштита има за задача, исто така, и превенција на секаков вид оштетување и кај деца и
кај возрасни. Потполна здравствена заштита е можна само ако се решаваат и низа
социјално- економски проблеми кои се причина или последица на попреченоста. Основен
принцип во здравствената заштита на лицата со пречки во развојот е дека секое лице
има право до максимум да ги развие своите преостанати физички и умни способности и
тогаш кога веќе настанале извесни оштетувања. Голем број попречености можат да се
превенираат примарно (да се спречи да дојде до попреченост), а сите можат да се
превенираат секундарно (рано откривање, рана дијагноза и терапија со цел за
ограничување на трајните последици од веќе настанатите оштетувања). Секундарната
превенција е синоним за рана рехабилитација.
Лицата со попреченост често се подложни на дополнителни здравствени состојби
како резултат на нивното примарно оштетување. На пример, хронични болести, како што
се физичката неактивност, дебелина, висок притисок и висок холестерол, се поприсутни
кај лицата со пречки во развојот. Голем број на здравствени проблеми на лицата со
пречки во развојот, вклучувајќи и дијабетес, срцеви заболувања и дебелина, во голема
мера можат да се спречат и не се директно поврзани со попреченоста. Не постои
очигледна причина, врз основа на дијагностицирана состојба, дека лицата со пречки во
разцојот треба да имаат повисоки стапки на овие болести. Секогаш може да има некои
разлики во здравјето поради инвалидитетот на една личност, но луѓето можат да имаат
пречки во развојот и исто така, да бидат здрави. Пациентите со ментална ретардација
често имаат повеќе, а понекогаш комплицирани здравствени проблеми. Признавањето на
попреченоста како диспаритетна здравствена група е начин на посветување на внимание
на група која јасно има неисполнети потреби. Соодветната законска регулатива би
можела да придонесе за:

- Подобрен пристап до здравствената заштита и социјалните услуги за лицата со


хендикеп;

- Дополнителни обуки за здравствените работници, зајакнување на работна сила и


подобрување на грижата за лицата со хендикеп;

- Подобрени јавни здравствени програми дизајнирани за инклузија на лицата со


пречки во развојот;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 90

- Подготвеност за итни ситуации; лицата со пречки во развојот можат да бидат


особено ранливи во итни случаи или катастрофални ситуации.

Повеќето луѓе со хендикеп може да останат здрави со учење за здрав начин на живот.
Ако лицето со попреченост има потреба од посета на доктор, постојат многу работи што
можете да ги направите за да бидете сигурни дека лицето ќе ја добие здравствената
помош која му е потребна :

- Треба да знаете како се чувствува лицето кога се чувствува добро и кога не се


чувствува добро;

- Зборувајте отворено со неговиот лекар за вашите грижи околу здравјето на ова


лице;

- Земете ги сите здравствени досиеја со вас при посета на доктор.

Совет: Најчесто при грижа на лице со пречки во развојот, информирајте се за


медикаментозната терапија која ја прима и начинот на која се дава, што се предизвикува
алергогени состојби кај овие лица. Кај лицата со пречки во развојот најчесто се јавува
нетолеранција на глутен, поради што се исфрла глутенската исхрана.

Нетолеранција на глутен и целијакија

Доколку имате некои од наведените симптоми, не мора да поминувате низа


прегледи со години, туку само пробајте извесен период да го исфрлите глутенот од
исхраната. Доколку забележите подобрување, тогаш значи дека токму глутенот е она што
ви пречи. Најчесто тешко се утврдува кога е во рана фаза, доколку одите на испитување,
но со промена на режимот на исхрана може да си го подобрите здравјето. Безглутенската
храна се смета и за поздрава, па им се препорачува и на оние кои немаат проблем со
глутенската алергија. Интолеранцијата на глутен во подоцнежна фаза преминува во
цилијакија или глутенска ентеропатија. Најчесто е хронична, гастроентеролошка,
автоимуна болест која е карактеристична појава кај организмите кои не поднесуваат
глутен. Симптомите се долготрајни проливи или чести непријатни столици, болки во
стомакот, губење килограми, губење апетит и слаба мускулна маса. Кај адолесцентите
кои патат од целијаклија се забележува заостанат развој во пубертетот. Кај бебињата
може да се јави за неколку месеци по воведувањето на глутенската храна во исхраната.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


НЕГА И ЗДРАВЈЕ НА ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 91

Најчесто тоа се случува поради тоа што родителите не се придржуваат до календарот на


исхрана за бебиња. Нивните црева не се доволно развиени за варење на тие намирници,
па така може да дојде до целијакија. Единствен лек за цилијакијата е безглутенската
храна.

Кои житарици може да ги јадете?

Ова е списокот житарици кои НЕ содржат глутен: амарант, леблебија, пченка,


пченкарно брашно, просо, ориз, оризово брашно, кинеска шеќерна трска, соја (но, не и
соја сосови), тапиока, киноа, скроб или брашно од компир.

Ова е список на намирници кои треба да ги избегнувате: јачмен, јачменов слад,


булгар, кускус, пченица, бело брашно, дурум, овес, гриз, `рж.

4.7 ИНФОРМИРАЊЕ НА РОДИТЕЛОТ/СТАРАТЕЛОТ ЗА СИМПТОМИТЕ –


ПРОМЕНИТЕ КАЈ ДЕТЕТО СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Негувателот/ката која се грижи за дете со пречки во развојот, покрај другите


активности кои треба да ги реализира, треба да ја знае здравствената состојба на детето,
што значи дали и какви проблеми има, дали постојат алергиски реакции на некој вид на
храна, дали има специјален режим на исхрана итн. Овие податоци треба да ги знае за да
не дојде до нескани промени со давање на храна која може да предизвика алергиски
реакции, или пак да предизвика други потешкотии кај детето како повраќање, покачена
температура и слично. Доколку сепак се случи некаква промена во однесувањето кај
детето со пречки во развојот, задолжително најпрво треба да го извести родителот,
искрено и точно за сé што и како се случило, а ако пак реакцијата кај детето е многу бурна
тогаш истовремено треба да го извести и лекарот кој се грижи за детето, па тој ќе даде
насоки за првична реакција додека да се однесе детето во установа.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


АКТИВНОСТИ НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 92

5 АКТИВНОСТИ НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

5.1 ИГРАТА – ОСНОВЕН МЕТОД ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АКТИВНОСТИ КАЈ ДЕТЕ СО


ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Игрите се ефективна алатка за поттикнување на развојот во сите области кај


децата со пречки во развојот. Кога децата ќе научат и ќе знаат како да ја играат играта,
тие може да ја играат независно. Голем број на игри за на маса, играчки кои се важни за
развивање на когнитивните, моторните и други вештини и способности, како и многу
електронски игри се достапни на пазарот или на интернет, но тие не секогаш го
поддржуваат и поттикнуваат развојот на вештини кои децата треба да развијат. Во исто
време, многу компјутерски игри не можат да ја поттикнат социјалната интеракција, која е
значајна при успешно вклучување во средината било да е тоа градинка или училиште.

Зошто е важно да се применуваат игрите

- Вежбање и повторување

Децата со пречки во развојот често имаат потреба од долготрајно практикување


на одредени активности за стекнување на вештини, покрај тоа што ќе го добијат како
практична примена во градинката или во училиштето во природната средина. Исто така,
знаеме дека децата со посебни потреби имаат потешкотии во стекнување вештини, па
игрите кои ќе ги користат за стекнување на математички можности и знаења или
стекнување на способност за читање – описменување, ако се организирани преку игра ќе
ги мотивира децата да ги користат овие активности почесто, со што ќе се стекнат и
социјални вештини за интеракција во средината.

- Социјални вештини обука и пракса

Многу деца со пречки во развојот, хендикеп, особено кај деца со аутизам -


спектар на нарушувања, имаат потешкотии со социјалните интеракции. Игрите на маса го
поттикнуваат развивањето на способноста за следење на правила како што се чекање на
редослед, земање на елементи или пак губење на ред, тоа се навики и вештини со кои се
соочуваат и децата со типичен развој. Играта може да биде дизајнирана за поддршка на
социјални вештини, како што се социјална игра вештина која бара од детето успешно да

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


АКТИВНОСТИ НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 93

изврши општествена задача ( „Да каже здраво на пријател" и слично кога ќе се сретне на
улица) или можете да направите некои картички за развивање на социјални вештини по
примерот од постојните игри (На пример картичките од популарната игра на Монопол).

5.2 ВИДОВИ НА ИГРИ ЗА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Бинго - Децата ја сакаат играта бинго. Децата со пречки во развојот сакаат да


играат бинго, бидејќи тоа не бара да се знаат многу правила, а откако секој ќе помине низ
секоја игра, добива позитивен поен на скалата на добиени поени. Оваа игра бара децата
да слушаат, да идентификуват броеви, зборови или слики на таблата, кои пак ќе ги стават
во определени полиња (со што се развиваат и моторни вештини) и да ја препознае
патеката на покриените – заштитени полиња. Многу бинго игри може да се направат и во
домашни услови, а децата сакаат да ги играат и да се забавуваат, а воедно стекнуваат и
вештини и знаења од повеќе области.

Слична на играта бинго е играта ВОЛШЕБНА ТОРБИЧКА - Игрите со Волшебна


торбичка се многу разновидни и интересни за децата. Правилото на играта е, детето да
ги затвори очите, да ја стави раката во торбичката, да го извади предметот без да гледа,
да го именува. Еве неколку примери за игри со Волшебната торбичка:

а) Именување на играчки

На децата им ја покажуваме волшебната торбичка (во торбичката има по една


играчка за секое дете, на пример: кола, зајаче, кукла, и сл.) и секое дете (доколку играта
се применува во градинка или училиште) да дојде и да земе по еден предмет од
торбичката. Зависно од попреченоста на детето, од детето може да се очекува да го
именува предметот, да даде подетален опис, на пример: домашно или диво животно, да
го класифицира – родот на птици, животни од другите краеви, со што му е покриено
телото, за што служи, што е заедничко со другите животни итн. Земањето на предметот
од торбичката, држењето во ракам овозможува развој на моторички вештини кај детето
покрај развивањето на говорот, когнитивните способности, социо – емоционалните
способности, односно влијае на севкупниот развој кај детето.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


АКТИВНОСТИ НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 94

б) Именување предмети за лична хигиена:

Во торбичето се става: сапун, чаша, четка за заби, чешел, крпа за бришење, паста
за заби, огледалце итн. Детето со допир го именува предметот.

Оваа игра буквално може да се користи при обработка на сите воспитно-образовни


содржини и креативноста на негувателот/ката може да изнајде голем број на варијации,
со што ќе го поттикне развојот на детето со посебни потреби и ќе го збогати неговото
искуство.

5.3 ДНЕВНИ АКТИВНОСТИ КАЈ ЛИЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ НА ОТВОРЕН


ПРОСТОР

Физички активности за лица со пречки во развојот

Физичка активност е од суштинско значење да не одржи силни и здрави.


Активностите се спроведуваат со цел да се одржи добро здравје, да се намали ризикот од
висок крвен притисок, срцеви заболувања и дијабетес. Колку повеќе сме активни, толку
поголема е веројатноста дека нема да ја покачиме нашата тежина и нема да го изложиме
нашето здравје на ризик. Колку сме поактивни, стануваме посилни. Освен што ни
помагаат активностите да ја следиме нашата тежина, вежбите можат да бидат поттик за
нашето добро расположение, енергија и самодоверба . Тоа е исто така одличен начин да
се излезе и да запознаат нови луѓе. Активноста не е само за да се стане физички
посилен. Исто така може да ја подобри координацијата, рамнотежата, агилноста,
концентрацијата, издржливоста, брзината и реакција, со користење на различни делови
од мозокот. Таа може да помогне да се намали стресот и да се подобри спиењето.

За да останат здрави или да се подобри здравјето на децата со пречки во развојот треба


да се направат три видови на физичка активност секоја недела:

1) Аеробни вежби и вежби за зајакнување на коските и мускулите

Износот на физичка активност што треба да ја направи децата со пречки во


развојот секоја недела се утврдува со возраста, психо – физичката состојба и советите
од лекарите за здравствената состојба на детето. За да се одржи на основно ниво

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


АКТИВНОСТИ НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 95

здравјето на овие лица, треба да направите секојдневно најмалку физичка активност


секој ден. Тоа треба да се движи од умерена активност, како што се возење велосипед и
активности на игралиште, па се до посилни активности, како што се трчање, скокање…
Поенергичните активности можат да помогнат да се изградат силни мускули и коски, кои
вклучуваат трчање, скокање, како и гимнастика, боречки вештини и фудбал. Кај децата со
пречки во развојот треба да се намали времето кое го поминуваат седејќи, гледање
телевизија, играње на компјутерски игри и патување со автомобил, кога тие би можеле да
пешачат наместо тоа.

Што се смета за умерена активност?

Примери на активности кои бараат умерен напор за повеќето деца со пречки во


развојот се:

- одење во училиште
- игра на игралиште
- шетање на кучето
- возење велосипед
- Обиди со аеробни тренинзи со видеа итн.

Што се смета за посилна активност?

Силна активност е поврзана со подобрување на општото здравје, посилни коски и


мускули, како и повисоко ниво на самодоверба. Постојат добри докази дека посилната
активност може да донесе корист на здравјето, над онаа на умерена активност. На
мислење е дека една минута од силна активност ги обезбедува истите здравствени
придобивки како две минути на умерена активност. Примери на активности кои бараат
енергични напори за повеќето лица со пречки во развојот се:

- Игра - брканица
- Енергичен танц
- Гимнастика
- Фудбал
- Боречки вештини, како што се карате , брзо трчање итн .

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


АКТИВНОСТИ НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 96

Ако не сте сигурни дека овие лица со пречки во развојот ќе прифатат одење во
теретана или обавување на активностите надвор во непосредна близина на домот можат
да се најдат начини за обавување на активности во домот на ова лице во посебно
опремено катче за оваа намена со користење на еластични гумени ленти , пилатес топки,
степери, вртење хулахоп, дигање на тегови со мала тежина со која опрема ќе се работи
да се изгради сила и флексибилност кај овие лица и подобрување на фината и грубата
моторика. Исто така може дома да се гледат ДВД-а со разни активности (како аеробик),
книги, веб-сајтови и да се поттикнуваат овие лица да земат учество во овие активности.

Кои активности ги зајакнуваат мускулите?

Мускулна сила е потребна за дневните активности и да се изградат и одржуват


силни коски, го регулираат шеќерот во крвта и крвниот притисок , и помага во одржување
на здрава тежина. За лицата со пречки во развојот , активности за зајакнување на
мускулите се оние кои бараат од нив да работат на против отпор, како што се
подигнување на тежина. Примери на активности на зајакнување на мускулите вклучуваат:

- Лулање на игралиште;
- Гимнастика;
- Јаже или качување по дрво, фудбал, рагби, кошарка, тенис, дигање на тегови
итн….

Кои активности ги зајакнуваат коските?

Активностите за зацврстување на коската влијаат на коската која го промовира


растот на коските и нејзината сила. Примери на активности за зацврстување на коската за
лицата со пречки во развојот вклучуваат:

- Скокање и качување, во комбинација со користење на опремата на игралиштата и


играчки;
- Скокање со јаже;
- Одење;
- Гимнастика;
- Танц;
- Фудбал;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


АКТИВНОСТИ НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 97

- Кошарка;
- Боречки вештини….

Кои се придобивките од секојдневните активности ?

- Го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем;


- Одржува здрава тежина;
- Го подобрува здравјето на коските;
- Ја подобрува самодовербата;
- Развива нови социјални вештини.

5.4 ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВОНШКОЛСКИ АКТИВНОСТИ И МАНИФЕСТАЦИИ

Покрај воспитно - образовниот часовен систем кој секогаш почнува и завршува со


огласување на училишното ѕвонче, во комплетниот процес на рехабилитација особено
место завземаат воннаставните активности. Тие ги опфаќаат следниве содржини:

- слободни ученички активности;

- екскурзии и излети;

- општествено - корисна работа;

- заштита и унапредување на здравјето на учениците и култура на живеење;

- следење и унапредување на воспитно – образовната работа и

- општествено – културна дејност.

Целта на овие активности е поголема мотивација на учениците, поттикнување на


натпреварувачкиот дух, социјализација на учениците и развивање на чувство за тимска
работа. Тие играат значајна улога во развојот на личноста на ученикот. Сите овие
активности се директно поврзани со нашата крајна цел, а тоа е градење на етичките и
културните вредности на секој поединец, анимирање на целокупната личност на ученикот
и негово квалитетно и организирано вклучување како рамноправен член во

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


АКТИВНОСТИ НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 98

општествената средина. Досегашната пракса ни покажува дека квалитетно


организираното слободно време преку разни секции и работилници позитивно се
рефлектира на откривањето на нивните афинитети, способности и идната
професионална ориентација.

5.5 РАЗВИВАЊЕ КУЛТУРНИ И СПОРТСКО – РЕКРЕАТИВНИ НАВИКИ

Учество во културниот живот

За да може децата со пречки во развојот да учествуваат во културната дејност на


рамноправна основа, државата треба да настојува да обезбеди услови во кои децата со
пречки во развојот ќе може да ги презентираат своите креативни, уметнички и
интелектуални способности. Поттикнувањето на дејствувањето на децата со пречки во
развојот поаѓа од подигнувањето на нивото на општествената свест за различностите и
вредностите на нивните клултурни активности, како и поддршка за целосна независност
во уметничкото и креативното изразување, но и обезбедување на финансиска подрршка
на сите облици на културно дејствување. Со тоа сака да се постигне целосно
остварување на правата на учесниците во сите аспекти на културниот живот.
Посебна цел - Остварување на полноправно учество на лицата со инвалидност во
културно-забавниот живот.

Мерки:

- Да се приспособат законските прописи поефикасно да се спроведува


вклучувањето на лицата со пречки во развојот во културниот живот и активности;

- Да се овозможи развој и афирмација на креативните можности на лицата со


пречки во развојот и да им се овозможи рамноправно вклучување во културниот
живот, заедно со други учесници;

- Подршка на специфичната издавачка дејност во Брајова и во звучна техника за


слепите лица;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


АКТИВНОСТИ НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 99

- Основање на Национална библиотека на слепите лица;

- Систематски да се следи преку медиумите работата и достигнувањата на лицата


со пречки во развојот во културата;

- Да се овозможи пристап на лицата со пречки во развојот до установите во


културата (музеи, галерии, театри, кина, концертни сали и друго) и следење на
нивните програми со употреба на современи технички достигнувања;

- Да се овозможи на лицата со пречки во развојот пристап и стручна информација,


односно доживување на културното богатство.

Рекреација и спорт

Игрите, рекреацијата и спортот кај децата и младите со пречки во развојот и


посебни образовни потреби, како и кај лицата со инвалидност, придонесуваат кон
подобрување на нивната општа состојба на организмот, самопотврдување,
социјализација и активно вклучување во општествениот и стопанскиот живот. Од особено
значење за спроведување на рекреативните и спортските активности за децата, младите,
учениците и студентите и другите лица со пречки во развојот е дејствувањето на
националните инвалидски спортски федерации како спортски здруженија кои имаат
добиено решение за дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт на Република
Македонија, согласно Законот за спорт и Законот за инвалидски организации.
Во Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност, во член 30 точка 5 се
опишани соодветни мерки кои државите потписнички се обврзуваат да ги преземат во
однос на учеството на лицата со инвалидност во културниот живот, рекреацијата,
разонодата и спортот. Меѓутоа, во Република Македонија евидентен е недостаток на
спортско - рекреативни објекти потполно прилагодени за пристап и спроведување на
спортско - рекреативните активности на децата, младите и возрасните лица со
инвалидност, во смисла на просторно уредување (надворешно и внатрешно), како и
опременоста со специфични спортски реквизити. Евидентен е и недостаток на посебни
наставни програми за телесна вежба за децата, учениците и студентите со инвалидност
во процесот на образованието, како и во воннаставната активност.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


АКТИВНОСТИ НА ДЕТЕ СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ 100

Посебна цел - Остварување на полноправно учество во игри и спортско-рекреативни


активности на децата, учениците, студентите со инвалидност, како и овозможување на
еднакви услови за спортување на врвните спортисти со инвалидност на домашни и
меѓународни натпревари.

Мерки:

- Да се овозможи на децата со пречки во развојот еднаква можност за учество во


игри, разонода, слободни и спортски активности, вклучувајќи ги тие активности и
како дел од наставната програма;

- Да се овозможи на лицата со инвалидност еднаква можност за учество во


рекреативни, спортски игри и разонода;

- Да се овозможи учество на лицата со инвалидност во редовните спортски


активности во сите степени на спортување;

- Да се осигура пристап на лицата со инвалидност до и во спортските,


рекреативните и туристичките објекти;

- Да се осигура можност за организирање, развој и учество во спортски и


рекреативни активности наменети за лицата со инвалидност и во таа смисла да се
обезбедат просторни, кадровски и материјални услови за организирано
дејствување на организациите за планирање и спроведување на масовниот спорт,
спортската рекреација на лицата со инвалидност на локално, регионално и
државно ниво;

- Да се обезбедат еднакви услови и можности за квалитетен тренажен процес,


подготовки и учество на домашни и меѓународни првенства на врвните спортисти
со инвалидност под еднакви можности и услови како и за врвните спортисти без
инвалидност.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА И ПРВА ПОМОШ 101

6 ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА И ПРВА ПОМОШ

6.1 РАЗЛИКУВА ВИДОВИ ОПАСНОСТИ ВО РАБОТНИОТ ПРОСТОР И ПРИМЕНУВА


МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОВРЕДИ

Право и обврска на секој вработен е да се грижи за сопствената безбедност и


здравје и за безбедноста и здравјето на детето со пречки во развојот за кое се грижи, во
согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на работодавачот, да
биде запознаен со мерките за безбедност и здравје при работа и да биде обучен за
нивната примена, да дава предлози, мислења и забелешки за безбедноста и здравјето
при работа на стручното лице и овластената здравствена установа, согласно Законот за
безбедност и здравје при работа. Негувателот/ката мора да ги почитува пропишаните
мерки за безбедност и здравје при работа и да ја користи пропишаната опрема за лична
заштита.
Како што е напоменато во поглавјето за организирање на работното место, исто
така негувателот/ката треба да ги знае основните постапки за уредување и безбедност на
работното место кои ќе придонесат за заштита на здравјето на детето со пречки во
развојот, но и лична заштита од опасности во работниот простор. Освен користењето на
опрема за лична заштита, треба да ги препознае и отстрани сите можни предмети кои би
биле или би претставувале потенцијална опасност за негувателот/ката и за детето со
пречки во развојот за кое се грижи. Ова се однесува на работното место без разлика дали
тоа е организирано во детска градинка, центар за ран детски развој, училиште или
домашни услови. Задолжително треба да се отстранат сите предмети кои имаат остри
рабови на својата површина (маса, комоди и други елементи од мебел), елементи или
предмети кои имаат или се направени од стакло – поточно се лесно кршливи (покриена
маса со стакло, шишиња, чаши и др.), ситни играчки (украси за коса, ланче со монистри,
ситни елементи од играчки или играчки кои може да се расклопат како тркалца од
колички), кои што делови детето може да ги стави во уста, нос, уво, да се скршат
стаклените елементи па да дојде до повреда – исекотина. Треба да внимава кујнските
елементи како електричен шпорет и други грејни тела да бидат заштитени и оддалечени
од дофат на детето како не би дошло до повреда од изгореници или струен удар. Сé што
може да биде потенцијална опасност негувателот/ката треба да ја предвиди и отстрани за
да може безбедно да се посвети на работата со детето. Треба да внимава подот да биде
сув да не се случи лизгање на детето и при падот да дојде до некоја скршеница или друга
повреда на коски или мускули. Негувателот/ката треба да знае правилно да ги користи и

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


Одделни поими употребени во овој закон - Закон за заштита и спасување го имаат следново
ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА И ПРВА ПОМОШ 102
значење:

употребува средствата и апаратите, според дадените упатства од производителот без


разлика дали се тоа хемиски средства или технички апарати, како би обезбедил безбедна
средина за работа и престој за детето со пречки во развојот.

6.2 ПОСТАПКАТА ЗА ЕВАКУАЦИЈА И СПАСУВАЊЕ

Одделни поими употребени во овој закон - Закон за заштита и спасување го имаат


следново значење:

1. „Природни непогоди" се настани предизвикани од неконтролирано дејство на


природните сили кои го загрозуваат животот и здравјето на луѓето и животните и
предизвикуваат штети на имотот, културното наследство и животната средина
(земјотреси, поплави, лизгање на земјиште, снежни лавини, наноси, луњи,
уривање на високи брани и насипи, суша, атмосферски и други непогоди).

2. „Епидемии, епизоотии и епифитотии" се настани кои доведуваат до интензивни и


масовни појави на одредени заболувања кај луѓето, животните и растенијата.

3. „Други несреќи" се настани кои се резултат на одредени превиди и грешки во


извршувањето на секојдневните стопански и други активности, како и невнимание при
ракување со опасни материи и средства при производство, складирање и транспорт
на истите (пожари, големи несреќи во патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај,
несреќи во рудници, индустриски несреќи предизвикани од експлозии и други
техничко - технолошки причини, паѓање на радиоактивни врнежи, прашини и талози,
излевање на нафта и нафтени деривати и други отровни хемикалии, експлозии на
гасови, запаливи течности и гасови, како и други гориви материи кои со воздухот
создаваат експлозивни смеси и други експлозивни материјали од поголем размер).

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


4. „Заштита од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи" е
преземање на организациски, технички и други4.мерки и употреба
„Заштита на технички
од природни и други
непогоди, средства 103
епидемии,
за непосредна лична и колективна заштита на луѓето,
епизоотии, животните,
епифитотии растенијата,
и други несреќи"имот
е
преземање на организациски, технички и други
4. „Заштита од природни непогоди, мерки епидемии, епизоотии,
и употреба епифитотии
на технички и други
и други средства
за непосредна лична и колективна заштита на
несреќи" е преземање на организациски, технички и други мерки и употреба на
луѓето, животните, растенијата, имот
технички и други средства за непосредна лична и колективна заштита на луѓето,
животните, растенијата, имотот, културното наследство и животната средина од
последиците од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други
несреќи.

5. „Спасување" е преземање на мерки и постапки за заштита на луѓето чиј живот или


здравје се загрозени, на животните, растенијата, имотите и културното наследство од
последиците од природните непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други
несреќи.

6. "Помош" е преземање на мерки и услуги на стручни лица, спасувачки единици и


служби, употреба на заштитна и спасувачка опрема, како и средства за помош.

7. „Опаснаматерија" е секоја материја во тврда, гасовита или течна состојба која ќе


продре во околината, непосредно ќе го загрози животот или здравјето на луѓето,
односно ќе предизвика уништување или штета на имотот и има штетни последици на
животната и работната средина. Опасни материи се отровни, канцерогени,
оксидациски и надразливи, радиоактивни, заразни, експлозивни, лесно запаливи или
материи кои предизвикуваат палење во допир со други материи.

8. "Опасност од несреќа" е веројатност дека ќе се случи несреќа и ќе го загрози


животот или здравјето на луѓето и на животните и ќе предизвика уништување или
штета на имотот, културното наследство и животната средина.

Мерките за заштита и спасување се:

- Евакуација;
- Засолнување;
- Згрижување на настраданото и загрозеното население;
- Радиолошка, хемиска и биолошка заштита;
- Спасување од урнатини;
- Заштита и спасување од поплави;
- Заштита и спасување од пожари;
- Заштита од неексплодирани убојни и експлозивни средства;

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


6. "Помош" е преземање на мерки и услуги на стручни лица, спасувачки единици и служби,
6. "Помош" е преземање на мерки и услуги на 104
употреба на заштитна и спасувачка опрема, како и средства за помош.
стручни лица, спасувачки единици и служби,
употреба на заштитна и спасувачка опрема, како
- Прва медицинска помош; и средства за помош.
- Заштита и спасување на животни и производи од животинско потекло;
- Заштита и спасување на растенија и производи од растително потекло;
- Асанација на теренот и
- Други мерки за заштита и спасување што би се појавиле при и по природните
непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, а не се предвидени
со овој закон.

Ова се дел од законски пропишаните одредби, но она што треба да го знае


негувателот/ката како треба да постапи во случај на природна непогода за време на
својата работа со детето со пречки во развојот – односно као да се заштити себеси но и
детето за кое се грижи. Тоа значи, треба да внимава при користење на апаратите со кои
ракува како не би предизвикал пожар, несакани хемиски реакции заради неправилно
користење на хемиските средства за одржување на хигиена во домот или во работните
простории, или пак заштита при природни непогоди како земјотрес или поплава.

6.3 КОРИСТЕЊЕ ОПРЕМА ЗА ДАВАЊЕ НА ПРВА ПОМОШ ПРИ РАЗНИ ВИДОВИ НА


ПОЛЕСНИ ПОВРЕДИ

При настанување на повреда, што секако може да се случи во секојдневната


работа од различна природа, негувателот/ката треба да знае како да постапи. Притоа
треба на видно место да има запишано:

- адреса на матичниот лекар на детето и телефонски број, што е неопходно кога се


има во предвид дека се грижи за дете со пречки во развојот, така што сите совети
и насоки кои ќе ги добие од лекарот се правилно постапување во моментот и
навремена реакција;

- адреса на најблиската амбуланта, ако има потреба да знае каде треба да се


однесе детето.

Во детската градинка, центарот за ран детски развој или во домот, треба да има комплет
опрема за давање на прва помош при повреда кој треба да ги содржи следните
елементи:

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


6. "Помош" е преземање на мерки и услуги на стручни лица, спасувачки единици и служби,
6. "Помош" е преземање на мерки и услуги на 105
употреба на заштитна и спасувачка опрема, како и средства за помош.
стручни лица, спасувачки единици и служби,
употреба на заштитна и спасувачка опрема, како
- ножици; и средства за помош.
- ханзапласт во различни големини;
- стерилни гази;
- завои со различна големина;
- 3% раствор на хидроген или јод за чистење на рани;
- Антипиретик – парацетамол;
- антихистаминик по препорака на лекар

Освен повредите кои може да настанат во текот на работата со деца со пречки во


развојот, негувателот/ката треба да биде запознат/а со општата здравствена состојба на
детето како би знаела дали детето добива грчеви при покачена телесна температура или
пак добива грчеви како последица на епилептични напади, дали е алергично на некој вид
на храна и други состојби за кои треба да знае како треба да се постапи. Важно е да знае
дека при добивање на грчеви од било каков вид, детето треба да се постави во лежечка
положба завртено на едната страна, да му се овозможи доток на свеж воздух, без да се
паничи, да се тресе или да му се вади јазик, туку после завршувањето на нападот да се
повика родителот, матичниот лекар и да се однесе до најблиската амбуланта – болница.
Ако пак приметите осип по телото после примање на одреден вид на храна на која
дотогаш детето немало алергиски реакции веднаш консултирајте го матичниот лекар,
родителот на детето и ако имате антихистаминик како сируп дајте му на детето и веднаш
одведете го во најблиската амбуланта, болница. Навремената реакција и давањето на
правилна прва помош е момент кој може да придонесе за спречување на потешки
промени и последици кај детето со посебни потреби.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


6. "Помош" е преземање на мерки и услуги на стручни лица, спасувачки единици и служби,
6. "Помош" е преземање на мерки и услуги на 106
употреба на заштитна и спасувачка опрема, како и средства за помош.
стручни лица, спасувачки единици и служби,
употреба на заштитна и спасувачка опрема, како
ГРЧЕВИ и средства за помош.

- СИМПТОМИ

 Грчење на телото
 Тресење
 Губење на свест
 Пречки во дишење

- ПРВА ПОМОШ

 Повикајте 194
 Обезбедете прооден дишен пат (подигање на вилица напред и нагоре и лесно
зафрлање на главата наназад)
 Не буткајте прсти во устата на детето
 Поставете го во странична (бочна) положба

ТУЃО ТЕЛО ВО ДИШЕН ПАТ

- СИМПТОМИ
 Кашлање
 Глад за воздух
 Вознемиреност
 Губење на свест

- ПРВА ПОМОШ
 Повикајте 194
 Стимулирајте кашлање
 Поставете го детето со главата надолу
 Направете 5 (пет) удари на грбот (помеѓу лопатките)
 Проценете ги реакциите на детето
 Ако горенаведените постапки не помогнат се прави Хајмлихов зафат - 5 (пет)
притискања на стомакот.

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ


6. "Помош" е преземање на мерки и услуги на стручни лица, спасувачки единици и служби,
6. "Помош" е преземање на мерки и услуги на 107
употреба на заштитна и спасувачка опрема, како и средства за помош.
стручни лица, спасувачки единици и служби,
употреба на заштитна и спасувачка опрема, како
АЛЕРГИСКИ РЕАКЦИИ и средства за помош.

- СИМПТОМИ
 Црвенило по кожа
 Чешање
 Оток на лице (очни капаци, уста, јазик, грло)
 Отежнато дишење

- ПРВА ПОМОШ
 Ставете ладна облога (ако е убод од инсект)
 Дадете една лажичка сируп - Лоратидин (ако алергијата е предизвикана од
храна, полен и др)

КРВАРЕЊА

- ПРВА ПОМОШ
 На местото на крварењето направете притисок со чиста ткаенина
 Ако крварењето е од носот не ја зафрлајте главата на детето наназад

ПРИРАЧНИК ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

You might also like