You are on page 1of 10

28.5.2022 г.

МАКЕДОНСКО БИОЛОШКО ДРУШТВО


ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ 5.одд.

1. Кој исказ дава објаснување зошто постои ден и ноќ на Земјата?

а) Земјата се врти околу својата оска


б) Сонцето се врти околу својата оска
в) Оската на Земјата е коса
г) Земјата се врти околу Сонцето

1 бод

2. На сликата светлосните зраци од Сонцето се прикажани како ја осветлуваат Земјата.


Претпостави дека денес е најдолгиот ден во Македонија. Обележи ја на сликата оската на
Земјата, северната хемисфера, јужната хемисфера и екваторот. Означи ги со зборови
твоите одговори.

Точен одговор се зема ако: Дијаграмот со Екваторот е наклонет во правец на


Сонцето под агол меѓу 10 и 45 (2 бода) , Земјината оска е наклонета во правец
на Сонцето во опсег од 10 до 45 од вертикалата (2 бода) и северната и јужната
хемисфера точно означени (или една само е означена, а другата се подразбира)

6 бода

3. Човек во темна соба гледајќи надвор може да види друг човек надвор на дневна светлина.
Човекот од надвор не може да го види човекот во темната просторија. Ова е така затоа што:

а) нема доволно светлина што се рефлектира од човекот во собата


б) светлинските зраци не можат да поминат два пати низ стаклото
в) надворешната светлина не поминува низ прозорците
г) сончевата светлина не е толку интензивна како светлината добиена од вештачките извори

1 бод
4. Ако аголот помеѓу упадниот и рефлектираниот зрак изнесува 50°, тогаш упадниот агол е:

а) 50° б) 100° в) 75° г) 25°


1 бод

5. На пладне пешачиш. Забележуваш планинар што фрла сенка на сончев ден, како што е
прикажано подолу. Според сенката одреди во кој месец се случува ова?

а) крај на април почеток на мај


б) крај на јуни почеток на јули
в) крај на јануари почеток на февруари

1 бод

6. На сликата е претставено гумено пајче, кое е поставено пред огледало.


Каков ќе биде ликот на пајчето во огледалото?

а. б. в. г.
Точен одговор: Г

1 бод
7. Планетите во Сончевиот систем имаат различно времетраење на годината. Кој редослед на
планетите е точен ако сакаме да ги поставиме од планета со најмало времетраење на
годината до планета со најголемо времетраење на годината?

а) Земја, Марс, Венера


б) Марс, Земја, Венера
в) Венера, Земја, Марс
г) Венера, Марс, Земја

2 бода

8. Да претпоставиме дека Земјата се врти два пати побрзо околу својата оска. Во тој случај, кое
од овие тврдења е точно?

а) Деновите ќе бидат два пати подолги.


б) Сонцето ќе изгрева и ќе заоѓа на исток.
в) Деновите ќе бидат два пати пократки.
г) На Земјата ќе има осум годишни времиња.

2 бода

9. На стаклена чаша полна со јаболков сок паѓа светлински сноп. Заокружи кој од понудените
одговори најдобро го опишува поведението на светлината!

а) Цела светлина ќе помине низ чашата со јаболков сок


б) Дел од светлината ќе помине низ чашата со јаболков сок
в) Светлината ќе биде целосно блокирана од чашата со јаболков сок
д) Светлината ќе биде целосно рефлектирана од чашата со јаболков сок

1 бод

10. Што се случува ако зелен молив осветлиме со зелена и жолта светлина?

а) И двете бои се рефлектираат


б) И двете бои се апсорбираат
в) Зелената ќе се апсорбира, а жолтата ќе се рефлектира
г) Зелената ќе се рефлектира, а жолтата ќе се апсорбира
1 бод
11. Да претпоставиме дека револуцијата на Земјата се случува двапати побавно. Во тој случај,
кое од овие тврдења е точно?

а) Деновите ќе бидат два пати подолги.


б) Сонцето ќе изгрева и ќе заоѓа на исток.
в) На земјата ќе има четири годишни времиња кои подолго ќе траат
г) На Земјата ќе има осум годишни времиња.
1 бод

12. На цртежот е прикажано огледало и светлинки зрак. Нацртај како огледалото ќе го


рефлектира зракот и објасни зошто е тоа така. На цртежот да се нацртаат сите потребни
елемент за објаснувањето!

Забелешка: доколку упадниот и рефлектираниот агол имаат иста големина се


даваат 2 бода, ако е доцртана нормалата спрема која се мерат аглите
дополнително се даваат два бода. За овие 4 бода доцртаната стрелка треба да
почнува кај што завршува дадената. За објаснувањето со зборови дека
големината на аголот на рефлексија треба да биде иста со големината на
упадниот агол дополнителни 2 бода.

6 бода
13. На сликата подолу дадени се два извори на светлини А и В и тела кои се непрозрачни.
Според сликата можеме да определиме како:

а) сенката зависи од големината на непрозрачните тела


б) сенката зависи од оддалеченоста меѓу екранот и телото
в) сенката зависи од оддалеченоста на изворот на светлина
г) ниту едно од горе наведените
1 бод
14. Папајата (Carica papaya) е вид на растение кое се развива во тропските предели. Ова
растение формира два типа на цветови. Едниот тип на цвет се формира на една единка додека
другиот тип на цвет на друга едника. На фотографиите А) и Б) се прикажани единки од видот
Carica papaya. Единката прикажана на сл. А формира цветови кои се прикажани на сл. В, додека
единката прикажана на сл. Б формира цветови кои се прикажани на сл. Г. Разгледај ја градбата
на цветовите и одговори на следните прашања.

Сл. А Сл. В Сл. Б Сл. Г

Цветовите на овој вид растение може да


Цветот прикажан на сл. В) поседува:
се опрашуваат преку:
a) машки
а) самоопрашување
б) женски
б) вкрстено опрашување
в) машки и женски органи.
в) самоопрашување и вкрстено
опрашување.

Единката прикажана на сл. А


Поленот се ослободуваа од цветовите
а) ќе формира плод прикажани на фотографија В или/и А__ .
б) нема да формира плод

Поленот се движи во правец од единката


Стигмата е присутна кај цветот прикажан на прикажана на фотографија __А____ кон
фотографија Г или/и Б. едниката прикажана на фотографија
__Б___.

Поленовата цевка која настанува од поленот се формира во половиот орган присутен во


цветот прикажан на фотографија __Г____.

7 бода
15. На фотографиите подолу се дадени различни типови на плодови. Според нивната градба
поврзи ги плодовите со најсоодветниот начин на распространување. (Еден тип на
распространување може да се поврзе со повеќе видови на плодови.)

1- а 2 -б
3. в

4в 5а

а) Со ветер б) Со вода в) Со животни г) Прскање

5 бода

16. Во продолжение е даден текст кој се однесува на истражување за влијанието на водата и


сонцето врз растот на едно растение. Прочитај го внимателно текстот, а потоа одговори на
следните прашања.

„Двајца истражувачи шетајќи во природа здогледале растение кое обилно расте покрај река во
сенка, додека во самата близина на реката каде почвата е директно изложена на сонце,
растение не се развива. Научниците се запрашале дали причината поради која растението не
расте во близина на реката е изложеноста на сонце или помалата количина на вода во
почвата. За да одговорат на прашањето научниците поставиле експеримент. Засеале семе од
растението во 4 сада кои биле исполнети со почва со исти состав. Два од садовите (Сад 1, Сад
2) ги поставиле на сонце, додека останатите два сада (Сад 3 и Сад 4) ги поставиле на сенка.
Растенијата во садот 1 и садот 3 ги наводнувале континуирано (секој ден) додека растенијата
во садот 2 и садот 4 ги наводнувале еднаш во неделата. Научниците секој месец ја мереле
висината на растенијата. Резултатите се дадени во табелата.“

Сад Месец 1 Месец 2 Месец 3 Месец 4 Месец 5 Месец 6

Растение во Сад 1 3 cm 4 cm 10 cm 21 cm 30 cm 49 cm

Растение во Сад 2 3 cm 3 cm 8 cm 8 cm 8 cm 8 cm

Растение во Сад 3 3 cm 5 cm 10 cm 25cm 34 cm 52 cm

Растение во Сад 4 3 cm 3 cm 8 cm 10 cm 10 cm 10 cm
Прикажи ги резултатите графички!

Растението од садот 1 претстави го со полна задебелена линија ;

Растението од садот 2 претстави го со полна тенка линија ________ ;

Растението од садот 3 претстави го со испрекината линија и

Растението од садот 4 претстави го со линија од точки

Кој фактор го ограничува растењето на растението?

Ниската количина на вода во почвата (се признава како точен одговор и само ако
е наведено вода)_________________________

Дали експериментот е со една или повеќе променливи? Со повеќе променливи

6 бода
17. На следниот график се прикажани резултатите од еден експеримент за промената на
агрегатните состојби на една супстанца. На y-оската може да се отчитаат вредностите за
температурата, изразени во степени целзиусови, а на x-оската вредностите за времето,
мерено во минути. Некои поважни точки на графикот се означени со буквите А-Е.

Врз основа на графикот подолу одговори на следниве прашања:

I. Супстанцата на која се однесува графикот на собна температура (20-25 °С) е во:

а) цврста агрегатна состојба


б) течна агрегатна состојба
в) гасовита агрегатна состојба
г) не може да се определи

II. Помеѓу точките А и В, супстанцата постои во:

а) цврста агрегатна состојба


б) течна агрегатна состојба
в) гасовита агрегатна состојба
г) не може да се определи

III. Супстанцата почнува да врие во точката:

а) A
б) B
в) C
г) D
д) E
IV. Супстанцата почнува да се топи во точката:

а) A
б) B
в) C
г) D
д) E

V. Одејќи од точката А кон точката Е:

а) се ослободува топлина
б) се доведува топлина
в) топлината прво се ослободува, а потоа се доведува
г) топлината прво се доведува, а потоа се ослободува

VI. Температурата на топење на супстанцата изнесува ______________.

Одговор: 70 °С
(Одговорот се признава само ако има и бројна вредност и единица. Ако има
само бројна вредност, одговорот не се признава.
Заради возраста на учениците да се признаваат одговори меѓу 65 и 75 °С)

VII. На сликата подолу е даден график на истата супстанца, но одејќи наназад.

Температурата на мрзнење на супстанцата изнесува ______________.

Одговор: 70 °С
(Одговорот се признава само ако има и бројна вредност и единица. Ако има само
бројна вредност, одговорот не се признава.
Заради возраста на учениците да се признаваат одговори меѓу 65 и 75 °С)
7 бода

You might also like