You are on page 1of 5

С.О.У.

‘’ Орде Чопела ‘’ – Прилеп

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ

СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

ТЕМА : ГИМНАСТИКА

ИЗРАБОТИЛ : МЕНТОР :

Влатко Ангелески Кети Зероска

Прилеп 2020 година


ГИМНАСТИКА

Гимнастика — спорт во кој се изведуваат физички вежби за кои е


потребна комбинација на физичка сила, брзина и кондиција. Во современата
гимнастика се изведуваат вежби на разбој, греда, партер, коњ со рачки и без
рачки (прескок), кругови и вратило. Гимнастиката се развивала врз основа на
вежби кои се изведувале во античко време, како јавнување и симнување од коњ
и циркуски вештини. Раководниот орган на гимастиката во Македонија е
Федерацијата на гимнастички спортови (ФГСМ).
Во 1774, Прусот Јохан Бернард Базедов вовел неколку телесни вежби во
рамките на наставата во училиштето во Саксонија во коешто работел. Од тој
момент започнува осовременувањето на гимнастиката. Во германските држави
спортот брзо се развивал. Започнале да се создаваат и првите помагала, а
пионери во тоа биле Швеѓанецот Јохан Фридрих Гуц Мут (1759-1839) и
Фридрих Лудвиг Јан (1778-1852).
Јан создал и неколку техники од кои произлегле и денешните вежби
(вратило, разбој, греда, скокови). Швеѓанецот Пер Хенрик Линг воведува и
вежби со кругови, стапови и топчиња каде што се важни ритамот и
координацијата. Во Европа, првиот клуб е отворен во Берлин во 1881 година, а
во САД, овој спорт бил актуелизиран пред граѓанската војна од страна на Дадли
Ален Сарџент кој бил учител по гимнастика на неколку американски
универзитети. Но, сепак слободно може да се каже дека во САД гимнастиката
била пренесена од емигрантите од Европа.
Во современата гимнастика исклучени се способностите трчање,
пливање и подигање тегови кои биле дел од гимнастиката во античко време.

2
Форми
Спортска гимнастика

Во артистичката гимнастика постојат натпреварувања во машка и женска


конкуренција. Мажите се натпреваруваат во 6 дисциплини: партер, кругови,
вратило, разбој, коњ со рачки и прескок; а жените во 4: партер, греда,
двовисински разбој и прескок.

Женски дисциплини

Прескок : Во прескок, гимнастичарките трчаат 25m (околу 82 стапки) до


прескочниот коњ или отскочна табла од која држејќи се со рацете изведуваат
вежба во воздух префрлајќи се од другата страна на помагалото. Егзибицијата
во воздух може да вклучува едно или две повеќекратни салта или култови, или
пак може да биде само вртење на воздух. При доскокот многу е важно
гимнастичарката стабилно да застане со две нозе, бидејќи во спротивно тоа се
казнува од страна на судиите.

3
Во 2001 година, старото помагало „коњ“ беше заменето со ново,
отскочна табла која е поцврста, постабилна и со поголема површина (1m со 1m)
и овозможува поголема стабилност и сигурност при изведувањето на прескокот.
Со оваа промена на помагалото, гимнастичарите се обидуваат да изведат
посложени и потешки вежби.
Двовисински разбој : Во дисциплината двовисински разбој, гимнастичарките
изведуваат вежби на две хоризонтални шипки со различна висина којашто е
фиксно утврдена за разлика од растојанието помеѓу нив кое може да биде
различно. Гимнастичарките на шипките се нишаат, кружат, поместуваат,
движат под и над шипката и скокаат од една на друга за време на својот настап
којшто го завршуваат со скок со кој потребно е да се приземјат со двете нозе.
Гимнастичарките често се качуваат на шипките користејќи помошна даска.

Греда : На греда гимнастичарките во рок од 60 до 80 секунди изведуваат


разни скокови, движења, вежби и акробации. Според Меѓународната
гимнастичка федерација, гредата треба да биде долга 500cm, широка 10cm и
поставена на висина од 125cm. За настап на греда потребна е рамнотежа,
флексибилност и сила.
Партер : Оваа дисциплина се состои од вежби на партер во форма на
квадрат со димензии 12m со 12m во рок од 70 до 90 секунди кои
гимнастичарките ги изведуваат со придружба на музика.

Машки дисциплини

Партер : Како и гимнастичарките така и гимнастичарите во оваа


дисциплина изведуваат вежби на партер во форма на квадрат со димензии 12m
со 12m, но во пократок рок од 60 до 70 секунди. Исто така, тие настапуваат и
без придружба на музика. Правилата велат дека гимнастичарот при својата
вежба на партер смее само еднаш да биде во аголот на квадратот.

4
Коњ со рачки : Оваа дисциплина е една од најтешките во гимнастиката.
Таа се изведува на помагалото коњ со рачки кое е долго 163cm и е поставено на
висина од 110cm. Гимнастичарот со двете раце се држи за рачките или на
самото помагало и изведува кружни движења и движења со своите нозе.
Вежбата завршува со акробација во воздух и доскок кој треба да биде стабилен
со двете нозе. Оваа дисциплина најверојатно настанала со цел да се проверат
способностите на идните коњаници. За оваа дисциплина потребна е сила,
брзина, издржливост и добра подготвеност.
Кругови : Круговите се помагала поставени на висина од 250cm, а се со
должина од 325cm, односно се заврзани на висина од 575cm од подот.
Растојанието помеѓу круговите е 50cm. На нив гимнастичарите, држејќи се со
двете раце изведуваат различни вежби со движење на своите нозе и
превртувања. За дофат на високопоставените кругови, гимнастичарите се
подигнуваат од друго лице. За време на вежбата, круговите не смеат да се
нишаат, што бара голема сила и издржливост. Вежбата на овие помагала
завршува со доскок.
Прескок : Прескокот гимнастичарите го изведуваат со помош на коњ без
рачки или отскочна плоча до којашто стигнуваат со трчање на растојанието
долго 25m. Држејќи се со рацете за помагалото, гимнастичарите со скок, во
воздух изведуваат вежба која содржи повеќекратни салта или пак само вртење.
Вежбата завршува со доскок од другата страна на помагалото којшто треба да
биде стабилен. Многу е важна и поставеноста на рацете и рамената, како и
целосната рамнотежа на телото од што всушност и зависи квалитетот на
изведените акробации.

You might also like