You are on page 1of 6

ОБРАБОТКА НА ЛЕКТИРАТА

„АЛЕКСАНДРА“ ОД ТОМЕ АРСОВСКИ БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ Томе Арсовски


(23.09.1928 г., Косовска Митровица – 22.04.2007 г., Скопје) е македонскипоет,
раскажувач, драмски писател и преведувач. Бил роден во Косовска Митровица1,
поради тоашто татко му имал службена работа таму. Основното образование и 2
класа реална гимназија2 во Пеќ3, а по избувнувањето наВтората Светска Војна на
Балканот, тој се вратил во Кавадарци, односно местото од кадепотекнуваат
неговите родители. Таму го довршил гимназиското образование и отишол во
Русија, односно тогашниот СССРда студира 1 година на Геолошкиот Факултет, па
продолжил во Белград да студира на Рударско-геолошкиот Факултет, а дипломирал
во Скопје на Филолошкиот Факултет, на катедрата заславистика4. Од 1951 г.,
неколку сезони работел во МНТ, потоа се вработил во културната рубрика
надневникот „Нова Македонија“ и на крај работел од 1957 г., во Радио-телевизијата
Скопје, какоуредник на драмската програма на радиото, кое подоцна прераснало
во телевизија. Таму работелсѐ до пензионирањето во 1988 г. Во јавноста настапил
првин со книгата песни „Грст смеа“. Како драмски писател за прв патсе истакна со
драмското дело „Александра“, а неговата драма „Парадоксот на Диоген“ се
потврдинеговата умешност при пишувањето на драми. Покрај драмите, тој се
истакнал и при пишувањето на раскази и романи за деца ивозрасни. За деца и
млади напишал 2 драми-комедии: „Дедо Мраз и Феферона“ и „Марко Крале
иФеферона“ и објавил 11 романи за млади. Напишал и 3 збирки поезија за деца.
Негови дела се: - „Патување во Таџетакомо“, - „Кристална планета“ - „Подводен
град“, - „Бушави години“, - „Пролет зад мојот прозорец“, - „Млади и диви“...

1 Косовска Митровица е град и општина во северниот дел на Косово.2 Реална


гимназија е гимназија во која повеќе се изучувале природните науки, како што се
математика,биологија...3 Пеќ е град и општина во западниот дел на Косово.4
Славистика е наука која ги проучува Словените, јазиците што ги говорат и нивната
културата. ОБРАБОТКА НА ЛЕКТИРАТА ВОВЕД

„Александра“ е драма која содржи 6 чинови (појави). Според жанрот, делово


припаѓа вокатегоријата на драма, бидејќи од начинот на кој е напишано делово,
може да се изведе сценскодело (театарска претстава, филм...). Во книгава е
опишана Александра, која е ќерка на познатиотадвокат Никола Бигорски. Но, тука е
и бугарскиот начелник на полицијата Борис Ганов кој ефашист, а воедно и ја сака
Александра, иако таа не го сака него. Кон крајот на книгата, Александрасе
придружува на партизанскиот одред и го казнува Ганов за неговите фашистички
дела. Книгава епрвата драма на писателот Томе Арсовски и напишана е во 1958 г.

МОТИВ
Мотивот што го инспирирал авторот да го напише ова дело е самата Втора Светска
Војна иодносот на фашистите и нацистите кон нефашистичкото и цивилното
население. Овој факт можеда се потврди со стилот во кој говори началникот на
бугарската полиција во градот, БорисГанов. Во неговиот говор може да се
забележат остри критики и зборови кон партизаните(борците против фашизмот) и
има делови каде тој се восхитува на фашистичките дела инивните воени походи.
Па, по ова може да се види дека книгава се однесува на ВторатаСветска Војна.

ТЕМА

Темата, односно предметот на обработка во ова дело е Втора Светска Војна и


односотна фашистите и нацистите кон нефашистичкото и цивилното население.

ИДЕЈА

Идејата што сака да ни ја препорача авторот преку неговото дело е дека не треба
да сеоднесуваме и да бидеме лоши, бидејќи кога-тогаш тоа зло ќе ни се врати на
нас. Па затоа,треба да бидеме добри и да се потрудиме (се разбира, што е во наша
можност) да немавојни, бидејќи тие откако ќе завршат, ќе биде потребен долг
период да помине за тие дапоминат во сеќавањето на луѓето.

ЛОКАЛИЗАЦИЈА

Дејството кое што е опишано во лектирата се одвива во еден провинциски град


воМакедонија, во периодот меѓу 1943-1944 г.

ЛИКОВИ: Ликови што се споменуваат во лектирата се: 1. Никола Бигорски –


адвокат и татко на г. лик 2. Александра – г. лик 3. Владо – партизан, а подоцна и
сојузник на г. лик 4. Мајорот5 - шеф на бугарската полиција во градот 5. Камбуров –
полициски поручник, а потоа и капетан 6. Дежурниот – дежурен човек во
полициската станица 7. Офицер 8. Маргарита – слугинка во домот на Бигорски 9.
Герман – сојузник на Владо во антифашистичката борба 10. Граѓани Споредни
ликови кои не се 11. Офицери споменуваат многу во делото, 12. Полицајци но се
корисни при сценска 13. Народ изведба

I СЛИКА (ЧИН)

I СЛИКА (ЧИН) се одвива во претсобјето (ходникот) во домот на адвокатот


Бигорски,кој е украсен со елипсовидна маса на која има цвеќе и прибор за
пишување, витрина со пијалоци,огледало, мебел, закачалка, малечки завеси на
прозорите и стаклена врата која води конградината.Надвор бил убав јунски ден, а
Маргарита се симнувала по скалите со покриена кошница, пришто го сретнала
Владо, па така зборувале за Александра, која набрзо се фрлила воразговорот.
Тогаш, Владо ја прашувал Александра за презимето, нејзиното „детско“однесување
и флертувањето со бугарскиот мајор Борис Ганов, кој навидум изгледал
културен,паметен и добар, но всушност бил спротивно од тоа.Извесно време по
разговорот, дошол татко ѝ на Александра – Никола Бигорски, кој ѝ далгерманско
чоколадо, кое било подарок од мајорот. Тогаш дошол и мајорот , кој веднаш
гиизвестил членовите на семејството дека бил убиен професорот Марков, а за да
не го гледа иза да не слуша, мајорот го избркал Владо да го поправи расипаниот
телефон. Тогаш тојодржал долг говор каде го опишува антифашистичкиот отпор кој
го чувствувал професорот,што пак наишло на остри критики кај фашистичкиот
мајор. Подоцна, рекол и декаНацистичка Германија била премногу моќна, за некој
да ѝ се спротистави, а особено неБалканскиот Полуостров, што му одговара на
мајорот.Штом го завршил говорот, Александра му поставувала прашања во врска
со неговиот„фашистички“ стил на однесување и мислење, на што мајорот бил
стаписан да ѝ одговори. Па,за да ја придобие на своја страна, тој ѝ дал пари, која
таа веднаш потоа му ги дала парите наВладо, преку Маргарита.

II СЛИКА (ЧИН)

5 Мајорот,всушност се вика Борис Ганов. II СЛИКА (ЧИН) се одвива во полициската


канцеларија на Борис Ганов, која има биро,телефони, полициски шкаф, тркалезна
масичка и гостинска фотелја. Во просторијата,Мајорот потпишувал, а Камбуров
средувал документи.Работејќи, Ганов со надразлив тон го прашал Камбуров во
врска за претресот во неговиот, авоедно и домот на Александра, бидејќи и тој
живеел таму. Камбуров безспешно се обидувал дасе одбрани, но било безуспешно.
Камбуров го известил мајорот и дека има нови податоци воврска со случајот
„Ринин“6. ПОтоа, Камбуров му вели на Борис дека има болен затвореник
воќелијата бр. 13, на што мајорот реагира пасивно, бидејќи не го интересира за
здравјето назатворениците.Еден од офицерите во полициската станица, му рекол
на мајорот дека има наредба за блокадана Владимир Горски – Ринин и уште еден,
што му одговара на мајорот, бидејќи тој се плеткалмногу во неговата куќа, т.е.
куќата на Александра.После таа вест, Дежурениот во полициската станица му рекол
на мајорот дека требало давлезе газдата на книжарницата, Лозанов, а кратко
време подоцна, еден офицер му рекол декаболниот затворениок умрел, поради
инает. Мајорот, поради тешката работа му се пожалилна Камбуров, на што тој не
знаел што да одговори. Кога Дежурниот му кажал на мајорот заЛозанов тој се
изнервирал многу за тоа, а мајорот го нервирало и тоа што еднодванаесетгодишно
дете го прекинало протокот на струјата, која го оставила местото долговреме без
истата.Извесно време потоа, во канцеларијата пристигнал адвокатот Бигорски, кој
го известилмајорот дека ќе протестира, поради претресот во неговата куќа, на што
мајорот сакал да сеоправда. Подоцна, му дошле и пропусниците на мајорот за него
и Александра, за време начасовите, кои што биле забранети за движење.Штом
излегол од канцеларијата правникот, поради некои недоразбирања, мајорот
гопредупредил Камбуров дека е 2 чина подолу од него и дека треба да внимава
како се однесува.Но, неговата нервоза траела кратко, односно сѐ додека Ганов не
дознал дека од Миле Лозановбиле купени 2 топа хартија за печатење.

III СЛИКА (ЧИН)

III СЛИКА (ЧИН) се одвива во сцена иста како и првата слика (чин), само што
напочетокот на чинот, дејството се одвива во собата на Александра, каде таа си ја
чешлалакосата, а одненадеж во собата влегла Маргарита, која очигледно била во
алкохолизиранасостојба и ѝ велела некакви непотребни и глупави работи на
Александра, а на нејзе ѝ рекла идека Владо ќе ја чека нејзе во паркот. После,
Александра и Маргарита си зборувале за приватниработи (најмногу поврзани со
Маргарита). Среде разговорот упаднал таткото на Александра,кој нервозно ја
прашал неа за новите правила во куќата (кои ги воспоставил мајорот, којживеел кај
нив) и лагата која требало да ја кажува на сите дека таа била во Скопје или декатаа
била болна и се разбира, ја прашал за врската која таа ја имала со Владо.
Александра сетрудела да се одбрани, но на крај исходот на нивните спротиставени
мислења резултирал сокараница и Александра да излезе надвор доцна во ноќта и
се упатила кон паркот.

IV СЛИКА (ЧИН)6 Случајот „Ринин“ бил случај кој го покренал мајорот, поради тоа
што Владо често одел дома кај него, а сотоа и кај Александра. IV СЛИКА (ЧИН) се
одвива ноќе, во паркот, каде во преден план само се гледаат еднаклупа и една
грмушка. Александра е облечена како кон крајот на претходниот чин, при што
енервозна. Подоцна, дошол и Мајорот, кој пак бил следен од уште двајца помошни
агенти.На клупата седеле заедно и двајцата, при што Александра се однесувала
луто и вознемирено,додека пак Борис бил опуштен, со што се трудел и неа да ја
опушти, но безуспешно.Александра нервозно го прашувала за неговото
однесување и со повишен тон му викала дека воМакедонија тој бил туѓинец и дека
требало да си оди. Трудејќи да се одбрани од нафрлувањатана Александра,
зборувал за неговата „тешка“ положба во полицијата, за неговото минатошто го
имал во Софија, неговото пролетерство7..., на што Александра му враќала
иронично.Наеднап, обидувајќи се мајорот да ја прегрне и да ја бакне, Александра
му удрила шлаканица, пошто тој си отишол, при што потоа дошле Владо и Герман.
Владо издал наредба да бидатоднесени сите работи од кај визбата на Александра
да биде префрлено во воденицата наСенчо. Герман, кога го видел и виното, сакал
и тоа да го однесе, но Владо му забранил. Вомеѓувреме, Александра му раскажала
на Владо како се чувствува во однос на задачата што јаимала, но Владо ја тешел да
издржи уште малку. Наеднаш, пристигнал мајорот со голем бројна полицајци од
станицата и го привел Владо и го затворил во ќелијата број 13, а Александраја
оставил на слобода.

V СЛИКА (ЧИН)

V СЛИКА (ЧИН) се одвива во полициската канцеларијата на Мајорот, каде што


тојчитал весник.На телефонот, службениците го информирале одредени работи во
врска со Александра, пришто ѝм наредил да ја најдат за 10 часа (со налутен тон), по
што дошол и Камбуров, со когозборувале одредени работи поврзани за неа и за
тоа дека требало да го испратат Владо воцентралниот затвор, на што остро
изреагирал мајорот. Наредил да ја најдат Александра ида дознаат што било можно
повеќе податоци од Владо.Изненадено, зборувајќи, мајорот дознал дека Владо бил
онесвестен, па се освестил, па посакалда го види него малку и да позборува со
него.Извесно време подоцна, Камбуров му дал извештај на мајорот за извршената
акција воподрумот на Александра и дошол Владо, кој цел бил со модрици и со
испокината облека.Мајорот, смирено, а на време и со повишен тон, разговорале со
Владо, во врска со најразличнитеми, како што биле: запленетата стока во подрумот
на куќата на Александра, фашизмот,напредокот на Сојузничките сили, поразите на
Германија и Италија на бојното поле, заХитлер..., а кон крајот говореле и за
Александра и нејзиниот татко, што би можело да се кажедека било кулминација на
целиот разговор, по што набрзо мајорот наредил да го измачуваатуште. Камбуров
му дал извештај на мајорот за извршената акција во подрумот
наАлександра.Дошол и адвокатот, кој му укажал на мајорот дека повеќе не сака да
соработува со него,бидејќи смета дека си ја завршил својата работа и дека не сакал
да биде предавник.Кон крајот на чинот, Камбуров му рекол на мајорот дека Ринин
умрел, на што мајоротодговорил дека треба да го закопаат некаде или да го фрлат
во Вардар.

7 Пролетерство, односно пролетеријат е залагање за работничка класа, што е еден


од фундаменталнитеелементи на комунизмот. VI СЛИКА (ЧИН)

VI СЛИКА (ЧИН) се одвива во салонот на Бигорски, каде имало банкет, во


којучествувале разни цивили, офицери и дами, вклучувајќи ги и полно
униформираните Камбурскии Борис Ганов. Послужувале Маргарита и еден човек,
кој бил облечен во бело. Во аголот ималопијано, а врз него грамофон (на кој се
свирела Лили Марлен), чаши, конзерви... Атмосфератабила полупијана.Гостите си
зборувале меѓусебе, се додека Ганов (кој бил делумно алкохолизиран) не
испукалнеколку истрели на таванот (за да привлече внимание) и да зборува за
„успешната акцијапротив комунистичката банда“, додека Камбуров му давал знаци
на мајорот да запре созборувањето. Но, наеднаш дежурниот човек од полициската
станица му дал телеграма наКамбуров, во која пишувало дека тој е мајор, како и
Борис. На тоа Борис негативно изреагирали почнал да зборува уште непотребни
работи, сѐ додека публиката не почнала да гокритикува. Мајорот бил во толку
алкохолизирана состојба, што почнал и да пука конпијаното, на што Камбуров
издал наредба двајца офицери да го отстранат од прославата,додека пак Ганов
продолжил да зборува уште.Извесно време подоцна, се слушнала многу силна
експлозија надвор, а на надворешната вратастоела Александра, со шмајзер8 во
десната рака ги известила луѓето дека од страна наНародноослободителната
Војска9 бил разнесен полицискиот участок10, а моменталнитепукотници биле од
престрелката кај затворот.На крајот од чинот, Александра го спречила мајорот од
тоа да побегне и го уапсила, а другичленови на НОВ го собрале оружјето од
останатите полицајци.

КРАЈ

8 Шмајзер (Schmeisser), или МР 40 е познато германско оружје кое спаѓа во


категоријата автоматско оружје(автоматска пушка).9 НОВ била војска која се
создала за време на Втората Светска Војна, чија цел била да се бори
противфашистичкиот окупатор.10 Участок (полициски) бил вид на затвор.

You might also like