You are on page 1of 2

Управување со индивидуално однесување

Организациско однесување|Фокуси на ОО.


 Организациско однесување – работните активностите на луѓето;
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 Индивидуално однесување - ставови, личности, перцепции, учење и мотивација.
 Групно однесување - норми, улоги, градење тимови, лидерство и конфликт.
 Организациски аспекти - структура, култура и политики и практики на човечките
ресурси.

Цели на организациското однесување


 Цел на OO e да објаснат, предвидат и влијаат на однесувањата како:
-Организациско граѓанско однесување - однесување кое не е формален услов
за работа, но е подобро за функционирање на орг;
-Продуктивност на вработените - мерка за перформансите и за ефикасност и
ефективност;
-Лошо однесување – какво било намерно однесување на вработен кое е
потенцијално штетно за орг. или за поединците во орг.;
-Заминувања (Turnover) - своеволно и наметнато трајно повлекување од
организацијата;
-Задоволство од работата – генерален став на вработениот кон неговата работа;
-Абсентизам - непојавување на работа;

Ставови на работа
 Ставови – отценувачки изјави, поволни или неповолни, коишто се однесуваат на
предмети, луѓе или настани. Ставот е изграден од:
-Когнитивна компонента – дел од ставовите којшто се состои од мислења,
знаење или информации кои ги поседува поединецот;
-Бихевиорална компонента –дел од ставот којшто се однесува на намерата да се
однесува на определен начин кон некој или нешто;
-Афективна компонента – оној дел од ставот којшто е емоционален, поврзан со
чувства;

Вклученост/Посветеност/Подршка во работата
 Вклученост - степенот до кој вработен се поистоветува со работата, активно
учествува, и смета дека извршувањето на работата е важно.
 Посветеност - степенот до кој вработен се идентификува со една орг. и нејзините
цели и сака да ја задржи припадноста во таа орг.
 Поддршка – генерално верување на вработените дека нивната орг. го вреднува
нивниот придонес и се грижи за нивната добросостојба.

Емоции|Емоционална Интелигенција|Димензии
 Емоции – интензивни чувства кои се насочени кон некој или нешто.
 Емоционална интелигенција (EI) – способност да се забележи и да се управува
со емоционални знаци и информации.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

15 Тема
 Само-свесност - Способноста да се биде свесен за тоа што го чувствуваме;
 Само-управување - Способноста да управуваме со сопствените емоции и
импулси;
 Само-мотивирање - Способноста да издржиме кога се соочуваме со проблеми и
падови;
 Социјални вештини - Способноста да се справиме со емоциите на другите;
 Емпатија - Способноста да чувствуваме како се чувствуваат другите;

Перцепција|Фактори на формирање
 Перцепција - процес со кој ние и даваме значење на нашата животна средина
преку организирање и толкување сетилни впечатоци;
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 Perceiver - личност што перципира;
 Target - целта што се надгледува;
 Situation - ситуацијата во која се личноста и целта;

Учење|Теории на учење|Обликување
 Учење – каква било релативно трајна промена во однесувањето која се јавува како
резултат на искуство;
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 Оперантно условување – учење кое вели дека однесувањето е функција од
неговите последици. Теории на моделот:
-Се учи со давање награди во зависност од однесувањето;
-Однесувањето кое е наградено веројатно ќе се повтори;
-Однесувањето кое се казнува или игнорира нема да се повтори;
 Социјално учење - учење кое вели дека луѓето можат да научат преку
набљудување и директно искуство. Процеси на влијание на моделот:
-Преку внимавање - атрактивноста или сличност на моделот;
-Со задржување - Колку добро модел може да биде запаметен;
-Моторна репродукција - репродукција на акции на моделот;
-Зајакнување - награди поврзани со моделот на однесување;
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 Обликување на однесување – учење преку постепени чекори со користење
засилување или недостаток на засилување. Чекори:
-Позитивно засилување - го наградува саканото однесување;
-Негативни засилување - ги отстранува несаканите последици кога се добива
саканото однесување;
-Казна - казнување на несакано однесување;
-Елиминирање - елиминирање на засилувањето за несакано однесување;

15 Тема

You might also like